Литера 2024 Archives - Република https://republika.mk/tema/litera-2024/ За подобро да се разбереме Fri, 17 May 2024 08:29:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Литера 2024 Archives - Република https://republika.mk/tema/litera-2024/ 32 32 Претставување на творештвото на илустраторот Мурат Калкаван, средба со писатели, Саем на сликовници на „Литера“ https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavuvane-na-tvoreshtvoto-na-ilustratorot-murat-kalkavan-sredba-so-pisateli-saem-na-slikovnitsi-na-litera/ Fri, 17 May 2024 08:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=779077

Творештвото на турскиот илустратор Мурат Калкаван ќе биде промовирано денеска на пладне на третиот ден на 6. Меѓународниот литературен фестивал „Литера“ во Младинскиот културен центар. Калкаван, илустратор и уметник, роден е во Истанбул во 1983 година. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Мармара, тој се занимава со илустрација за проекти за рекламни агенции, брендови и издавачи на детски книги. Работел како уметнички директор за многу независни проекти за игри и произведувал визуелни слики кои го изразуваат неговиот стил.

Калкаван го изразува својот свет нагласувајќи ги живописните бои и хумористичните елементи во неговите илустрации и го комбинира овој пристап со различни техники и уникатни карактери. Продолжува да работи од неговото студио во Скопје.

Калкаван во 18 часот ќе одржи и работилница за деца на возраст од 8 до 12 години со наслов „Моето замислено чудовиште“.

Во 12 часот ќе биде промовирана и сликовницата „Здраво, јас сум Досада“ на авторката Гаје Оздамар и илустраторката Шејда Унал од Турција. Сликовницата е во издание на „Арс Либи“.

Во 14 часот следува средба со македонски автори за деца, што ќе ја модерира Aлександра Тодоровиќ. Со своите читатели ќе се сретнат: Елизабета Баковска, Живко Грозданоски, Александра Симова и Денис Јанкуловски.

Во 17 часот следува работилница за деца „Летаме заедно“ – како се изработува сликовница, работа во тимови. Работилницата е наменета за деца од 9 до 13 години.

Во 17.30 часот следува промоцијата на книгата „Бунтот на бројките“ од Јована Матевска Атанасова, а гостинка ќе биде илустраторката Љупка Стојкова.

Во 18:30 часот следува работилница „10 минути пред спиење“ – Водич за родители како полесно да ги заспијат децата, што ја организира „Бата прес“, а во 19:30 часот – Цртаме тивка книга што ќе ја води Софија Семенпеева-Трајановска.

Вчерашниот ден на фестивалот беше исполнет со богата програма, наменета за најмалите деца, до забавна програма за возрасни. Ученици од ОУ „Кирил и Методиј“ учествуваа на работилница посветена на Скопје, што ја водеше Александра Тодоровиќ, а се запознаа и со писателката Зејнеп Севде, која е гостинка на фестивалот. На темата „Големи приказни од мали земји“ „Литера“ организираше трибина на која разговараа: Никола Маџиров, Гоце Наумов, Живко Грозданоски и Јулијана Величковска. Илустраторката и писателка Гизем Ѓозде Учар одржа импресивна работилница со студенти и илустратори.

Во рамките на фестивалот се одржува прв пат и Саем на сликовници и книги за деца, на кој учествуваат: „Арс Ламина“, „Чудна шума“, „Бата прес“ и „Артконект“. Саемот е отворен до 20 часот, а ќе трае и утре во текот на денот.

Фестивалот ќе биде затворен утре со доделување на наградите за најдобри изданија за деца.

Партнер на фестивалот е долгогодишниот пријател на Литера, Халкбанк АД Скопје, потоа за реализација на истиот помогнаа и Turkish Airlines и Рамсторе Македонија, Maarif International Schools, долгогодишните соработници Органик Нар и печатница Софија Богданци. Покровител на настанот е македонското Министерство за култура.

The post Претставување на творештвото на илустраторот Мурат Калкаван, средба со писатели, Саем на сликовници на „Литера“ appeared first on Република.

]]>

Творештвото на турскиот илустратор Мурат Калкаван ќе биде промовирано денеска на пладне на третиот ден на 6. Меѓународниот литературен фестивал „Литера“ во Младинскиот културен центар. Калкаван, илустратор и уметник, роден е во Истанбул во 1983 година. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Мармара, тој се занимава со илустрација за проекти за рекламни агенции, брендови и издавачи на детски книги. Работел како уметнички директор за многу независни проекти за игри и произведувал визуелни слики кои го изразуваат неговиот стил. Калкаван го изразува својот свет нагласувајќи ги живописните бои и хумористичните елементи во неговите илустрации и го комбинира овој пристап со различни техники и уникатни карактери. Продолжува да работи од неговото студио во Скопје. Калкаван во 18 часот ќе одржи и работилница за деца на возраст од 8 до 12 години со наслов „Моето замислено чудовиште“. Во 12 часот ќе биде промовирана и сликовницата „Здраво, јас сум Досада“ на авторката Гаје Оздамар и илустраторката Шејда Унал од Турција. Сликовницата е во издание на „Арс Либи“. Во 14 часот следува средба со македонски автори за деца, што ќе ја модерира Aлександра Тодоровиќ. Со своите читатели ќе се сретнат: Елизабета Баковска, Живко Грозданоски, Александра Симова и Денис Јанкуловски. Во 17 часот следува работилница за деца „Летаме заедно“ – како се изработува сликовница, работа во тимови. Работилницата е наменета за деца од 9 до 13 години. Во 17.30 часот следува промоцијата на книгата „Бунтот на бројките“ од Јована Матевска Атанасова, а гостинка ќе биде илустраторката Љупка Стојкова. Во 18:30 часот следува работилница „10 минути пред спиење“ – Водич за родители како полесно да ги заспијат децата, што ја организира „Бата прес“, а во 19:30 часот – Цртаме тивка книга што ќе ја води Софија Семенпеева-Трајановска. Вчерашниот ден на фестивалот беше исполнет со богата програма, наменета за најмалите деца, до забавна програма за возрасни. Ученици од ОУ „Кирил и Методиј“ учествуваа на работилница посветена на Скопје, што ја водеше Александра Тодоровиќ, а се запознаа и со писателката Зејнеп Севде, која е гостинка на фестивалот. На темата „Големи приказни од мали земји“ „Литера“ организираше трибина на која разговараа: Никола Маџиров, Гоце Наумов, Живко Грозданоски и Јулијана Величковска. Илустраторката и писателка Гизем Ѓозде Учар одржа импресивна работилница со студенти и илустратори. Во рамките на фестивалот се одржува прв пат и Саем на сликовници и книги за деца, на кој учествуваат: „Арс Ламина“, „Чудна шума“, „Бата прес“ и „Артконект“. Саемот е отворен до 20 часот, а ќе трае и утре во текот на денот. Фестивалот ќе биде затворен утре со доделување на наградите за најдобри изданија за деца. Партнер на фестивалот е долгогодишниот пријател на Литера, Халкбанк АД Скопје, потоа за реализација на истиот помогнаа и Turkish Airlines и Рамсторе Македонија, Maarif International Schools, долгогодишните соработници Органик Нар и печатница Софија Богданци. Покровител на настанот е македонското Министерство за култура.

The post Претставување на творештвото на илустраторот Мурат Калкаван, средба со писатели, Саем на сликовници на „Литера“ appeared first on Република.

]]>
Отворено 6. издание на „Литера“: Светот им припаѓа на децата https://republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-6-izdanie-na-litera-svetot-im-pripaga-na-detsata/ Thu, 16 May 2024 09:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=778685

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги, приказни и уметност, тие нè носат на магични патувања, истражувајќи нови светови со различни карактери и учејќи вредни лекции попат. Јас сум татко на две деца и од сопствено искуство знам дека детската литература и илустрациите имаат неверојатна можност да ги просветлат младите умови и да ја прегрнат инклузивноста, поставувајќи основа за општество со поголемо разбирање. Преку иницијативи како фестивалот „Литера“, ги зајакнуваме културните врски и градиме мостови на пријателство меѓу нашите нации – рече амбасадорот на Турција Фатих Улусој на отворањето на 6. Меѓународен фестивал на литература и илустрација за деца „Литера“ на која земја во фокус е Турција. Изложба на дела на тројца илустратори од Турција – Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и македонската уметница Наташа Андонова е отворена во Галеријата на Младинскиот културен центар. Уметници, родители, деца беа присутни на отворањето и уживаа во новата приказна на „Литера“ која годинава е под мотото „Летаме заедно“.

Светот им припаѓа на децата. „Литера“ е заедничко волшебно патување во кое се впуштивме без да предвидиме со што ќе се соочиме. Во „Литера“ е вложен огромен труд, многу непроспиени ноќи, извозени километри и многу, многу ум, рече Софија Семенпеева-Трајановска, идеен творец на фестивалот.

Визијата на „Литера“ е многу амбициозна и вашата поддршка ни е вистински ветар во грб. Со тимот си ветивме дека ќе бидеме борци и истрајни во намерата, зашто важноста на литературата и илустацијата има клучно значење за растот и развојот на новите генерации. Публиката за култура се создава од мали нозе. Здраво општество и културни вредности се градат со работа уште на најмала возраст. Многу макотрпно и посветено го одиме патот на „Литера“, зашто е важно каков свет им оставаме на нашите деца. Важно е да им градиме свет со љубов. Секој од вас вечерва да си отиде со прашањето кои вредности им ги оставаме на децата, а утре донесете ги сите деца да слушаат приказни и создаваат волшепство. Сите деца се вредни, да ги почитуваме различности и да веруваме дека градиме културно и инклузивно општество за сите – истакна Семенпеева-Трајановска.

На отворањето публиката имаше можност да се запознае одблиску со четворица автори гости на фестивалот. За Гизем Ѓозде Учар, „врската и соработката меѓу земјите е важна. Сите приказни се поврзани преку луѓето, кои имаат иста основа, исто јадро. Нивното споделување е многу важно за сите нас“.

Писателката Зејнеп Севде ни сподели како физиката што била нејзина прва определба во животот ја споила со книжевноста.

Основата на сите науки е во физиката и во нејзините основи може да се најде и книжевноста. Сепак, подоцна им се посветив на студиите по социологија – рече Севде.


Мурат Калкаван е турски уметник што една година живее во Скопје. Вели дека се уште се чувствува како турист и градот сè уште го изненадува.

Културите ни се слични, турската и македонската култура комуницираат меѓу себе, толку се слични. Се надополнуваат. Многу работи тука ме инспирираат и одушевуваат – рече Калкаван.

Авторка на фестивалскиот постер годинава е Наташа Андонова, илустраторката што лани ја доби наградата за најдобар илустратор за 2023 година. Таа ја истакна димензијата на „Литера“ која ни овозможува да ги видиме големите доајени илустратори одблиску, но и да се запознаеме со автори од други земји.

Сакам да упатам голема благодарност до „Литера“ и за минатогодишната награда поради која сум тука вечерва. „Литера“ ми овозможува да почувствувам работата на другите наши автори. Среќна сум што моите издавачи „Темплум“ и „Гаврош“ имаа верба во мене за да можам да го постигнам ова – рече Андонова.

Во склоп на фестивалот вчера беше отворен и Саемот на литература за деца за прв пат во рамки на Литера.

[caption id="attachment_778698" align="alignnone" width="1200"] Преку иницијативи како фестивалот „Литера“, ги зајакнуваме културните врски и градиме мостови на пријателство меѓу нашите нации, рече амбасадорот на Турција Фатих Улусој[/caption]

Партнер на фестивалот е долгогодишниот пријател на Литера, Халкбанк АД Скопје, потоа за реализација на истиот помогнаа и Turkish Airlines и Рамсторе Македонија, долгогодишните соработници Органик Нар и печатница Софија Богданци. Покровител на настанот е македонското Министерство за култура.

 

The post Отворено 6. издание на „Литера“: Светот им припаѓа на децата appeared first on Република.

]]>

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги, приказни и уметност, тие нè носат на магични патувања, истражувајќи нови светови со различни карактери и учејќи вредни лекции попат. Јас сум татко на две деца и од сопствено искуство знам дека детската литература и илустрациите имаат неверојатна можност да ги просветлат младите умови и да ја прегрнат инклузивноста, поставувајќи основа за општество со поголемо разбирање. Преку иницијативи како фестивалот „Литера“, ги зајакнуваме културните врски и градиме мостови на пријателство меѓу нашите нации – рече амбасадорот на Турција Фатих Улусој на отворањето на 6. Меѓународен фестивал на литература и илустрација за деца „Литера“ на која земја во фокус е Турција. Изложба на дела на тројца илустратори од Турција – Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и македонската уметница Наташа Андонова е отворена во Галеријата на Младинскиот културен центар. Уметници, родители, деца беа присутни на отворањето и уживаа во новата приказна на „Литера“ која годинава е под мотото „Летаме заедно“. Светот им припаѓа на децата. „Литера“ е заедничко волшебно патување во кое се впуштивме без да предвидиме со што ќе се соочиме. Во „Литера“ е вложен огромен труд, многу непроспиени ноќи, извозени километри и многу, многу ум, рече Софија Семенпеева-Трајановска, идеен творец на фестивалот.
Визијата на „Литера“ е многу амбициозна и вашата поддршка ни е вистински ветар во грб. Со тимот си ветивме дека ќе бидеме борци и истрајни во намерата, зашто важноста на литературата и илустацијата има клучно значење за растот и развојот на новите генерации. Публиката за култура се создава од мали нозе. Здраво општество и културни вредности се градат со работа уште на најмала возраст. Многу макотрпно и посветено го одиме патот на „Литера“, зашто е важно каков свет им оставаме на нашите деца. Важно е да им градиме свет со љубов. Секој од вас вечерва да си отиде со прашањето кои вредности им ги оставаме на децата, а утре донесете ги сите деца да слушаат приказни и создаваат волшепство. Сите деца се вредни, да ги почитуваме различности и да веруваме дека градиме културно и инклузивно општество за сите – истакна Семенпеева-Трајановска.
На отворањето публиката имаше можност да се запознае одблиску со четворица автори гости на фестивалот. За Гизем Ѓозде Учар, „врската и соработката меѓу земјите е важна. Сите приказни се поврзани преку луѓето, кои имаат иста основа, исто јадро. Нивното споделување е многу важно за сите нас“. Писателката Зејнеп Севде ни сподели како физиката што била нејзина прва определба во животот ја споила со книжевноста.
Основата на сите науки е во физиката и во нејзините основи може да се најде и книжевноста. Сепак, подоцна им се посветив на студиите по социологија – рече Севде.
Мурат Калкаван е турски уметник што една година живее во Скопје. Вели дека се уште се чувствува како турист и градот сè уште го изненадува.
Културите ни се слични, турската и македонската култура комуницираат меѓу себе, толку се слични. Се надополнуваат. Многу работи тука ме инспирираат и одушевуваат – рече Калкаван.
Авторка на фестивалскиот постер годинава е Наташа Андонова, илустраторката што лани ја доби наградата за најдобар илустратор за 2023 година. Таа ја истакна димензијата на „Литера“ која ни овозможува да ги видиме големите доајени илустратори одблиску, но и да се запознаеме со автори од други земји.
Сакам да упатам голема благодарност до „Литера“ и за минатогодишната награда поради која сум тука вечерва. „Литера“ ми овозможува да почувствувам работата на другите наши автори. Среќна сум што моите издавачи „Темплум“ и „Гаврош“ имаа верба во мене за да можам да го постигнам ова – рече Андонова.
Во склоп на фестивалот вчера беше отворен и Саемот на литература за деца за прв пат во рамки на Литера. [caption id="attachment_778698" align="alignnone" width="1200"] Преку иницијативи како фестивалот „Литера“, ги зајакнуваме културните врски и градиме мостови на пријателство меѓу нашите нации, рече амбасадорот на Турција Фатих Улусој[/caption] Партнер на фестивалот е долгогодишниот пријател на Литера, Халкбанк АД Скопје, потоа за реализација на истиот помогнаа и Turkish Airlines и Рамсторе Македонија, долгогодишните соработници Органик Нар и печатница Софија Богданци. Покровител на настанот е македонското Министерство за култура.  

The post Отворено 6. издание на „Литера“: Светот им припаѓа на децата appeared first on Република.

]]>
Вечерва во МКЦ со отвора „Литера 2024“, првпат ќе има и Саем за литература за деца https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-mkts-so-otvora-litera-2024-prvpat-ke-ima-i-saem-za-literatura-za-detsa/ Wed, 15 May 2024 07:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=778138

Повеќе од 150 илустрации на илустраторите од Турција - Гизем Ѓозде Учар и Серхат Албамја, како и на македонската илустраторка Наташа Андонова од вечерва во 19 часот ќе бидат изложени во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Со оваа изложба што е мало патување низ турската современа илустрација за деца ќе биде отворено 6. Меѓународен фестивал за литература и илустрација „Литера 2024“ под мотото „Летаме заедно“.

На пладне во холот на МКЦ ќе биде отворен и Саем на литература за деца на кој македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа, ќе се организираат средби со автори и промотивни настани. Годинава Турција е земја во фокусот.

По завршувањето на фестивалот, изложбата на илустрации ќе се премести во „Рамстор мол“ во центарот на Скопје.

Гостите на шестата „Литера“ се врвни уметници во Турција. Гизем Ѓозде Учар, авторка и илустраторка, има впечатлива кариера и влијателно присуство во светот на литературата за деца во Турција. Таа е од најзначајните современи гласови во литературата за деца. Ќе одржи мастерклас на 16 мај во 10 часот наменет за илустратори и студенти.

Мурат Калкаван, илустратор и уметник, роден е во Истанбул во 1983 година. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Мармара, тој се занимава со илустрација за проекти за рекламни агенции, брендови и издавачи на детски книги. Работел како уметнички директор за многу независни проекти за игри и произведувал визуелни слики кои го изразуваат неговиот стил. Продолжува да работи од неговото студио во Скопје. Неговото творештво ќе биде промовирано на 17 мај во 12 часот.

За жал, од здравствени причини Серхат Албамја го откажа доаѓањето во Скопје, но неговите уметност ќе биде претставена пред македонската публика.

Гостинка на фестивалот ќе биде и турската писателка за деца Зејнеп Севде, со која публиката ќе може да се сретне на 16 мај во 12 часот.

Илустраторката Наташа Андонова ќе одржи ликовна работилница за деца „Летаме заедно“ на 18 мај во 10 часот.

Исто така, „Литера“ и годинава ќе го задржи својот концепт организирајќи трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, на која ќе се зборува како македонските автентични приказни да ги направиме препознатливи приказни пред светот.

 

 

 

 

The post Вечерва во МКЦ со отвора „Литера 2024“, првпат ќе има и Саем за литература за деца appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 150 илустрации на илустраторите од Турција - Гизем Ѓозде Учар и Серхат Албамја, како и на македонската илустраторка Наташа Андонова од вечерва во 19 часот ќе бидат изложени во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Со оваа изложба што е мало патување низ турската современа илустрација за деца ќе биде отворено 6. Меѓународен фестивал за литература и илустрација „Литера 2024“ под мотото „Летаме заедно“. На пладне во холот на МКЦ ќе биде отворен и Саем на литература за деца на кој македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа, ќе се организираат средби со автори и промотивни настани. Годинава Турција е земја во фокусот. По завршувањето на фестивалот, изложбата на илустрации ќе се премести во „Рамстор мол“ во центарот на Скопје. Гостите на шестата „Литера“ се врвни уметници во Турција. Гизем Ѓозде Учар, авторка и илустраторка, има впечатлива кариера и влијателно присуство во светот на литературата за деца во Турција. Таа е од најзначајните современи гласови во литературата за деца. Ќе одржи мастерклас на 16 мај во 10 часот наменет за илустратори и студенти. Мурат Калкаван, илустратор и уметник, роден е во Истанбул во 1983 година. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Мармара, тој се занимава со илустрација за проекти за рекламни агенции, брендови и издавачи на детски книги. Работел како уметнички директор за многу независни проекти за игри и произведувал визуелни слики кои го изразуваат неговиот стил. Продолжува да работи од неговото студио во Скопје. Неговото творештво ќе биде промовирано на 17 мај во 12 часот. За жал, од здравствени причини Серхат Албамја го откажа доаѓањето во Скопје, но неговите уметност ќе биде претставена пред македонската публика. Гостинка на фестивалот ќе биде и турската писателка за деца Зејнеп Севде, со која публиката ќе може да се сретне на 16 мај во 12 часот. Илустраторката Наташа Андонова ќе одржи ликовна работилница за деца „Летаме заедно“ на 18 мај во 10 часот. Исто така, „Литера“ и годинава ќе го задржи својот концепт организирајќи трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, на која ќе се зборува како македонските автентични приказни да ги направиме препознатливи приказни пред светот.        

The post Вечерва во МКЦ со отвора „Литера 2024“, првпат ќе има и Саем за литература за деца appeared first on Република.

]]>