литар гориво Archives - Република https://republika.mk/tema/litar-gorivo/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Mar 2022 11:04:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png литар гориво Archives - Република https://republika.mk/tema/litar-gorivo/ 32 32 Пренџов: Веднаш, по скратена постапка да се намали цената за литар гориво https://republika.mk/vesti/makedonija/prendzov-vednash-po-skratena-postapka-da-se-namali-cenata-za-litar-gorivo/ Mon, 07 Mar 2022 11:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=468897

Власта го одби предлогот на ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ за намалување на акцизата кај горивата за 50%, ова денеска преку изјава од Собранието го истакна пратеникот од редовите на вмро-дпмне Љупчо Пренџов.

Власта одби дизел горивото да поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари. Вчера, ова пред целата македонска јавност ни беше соопштено од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими. Тие безочно лажат кога велат дека водат политика која подразбира парите да се враќаат кај граѓаните. Она што де-факто се случува е државен грабеж кон секој еден граѓанин во македонското општество. Акцизата за бензините изнесува 22 денари, а ДДВ плаќаме 13 денари. Тоа се 35 денари по литар бензин давачки кон државата. Акцизата за дизел горивото изнесува 15,5 денари, а ДДВ плаќаме 11,5 денари. Тоа се 27 денари по литар дизел гориво кон државата. Во време на криза, во време на четири кризни состојби во Република Македонија и дополнителна инфлациска криза во најава, ова претставува вистински грабеж од страна на власта кон граѓаните и стопанството, вели Пренџов.

Тој додава дека наместо разни оправдувања и изговори, како и весели математики од страна на владините претставници, бараме веднаш намалување на финансискиот товар кон граѓаните и стопанството.

-Оваа прилика сакам да ја искористам за демаскирање на аргументите дека возиме најевтино гориво во Европа и да му порачам на политичарот Бислимовски дека во Македонија просечната нето плата е 486 евра, во Србија е 634 евра, во Босна и Херцеговина 535 евра, во Бугарија 660 евра, а во Црна Гора 686 евра. Овие бројки јасно и недвосмислено покажуваат дека граѓаните на Република Македонија возат со најскапо гориво во регионот. Обидите за манипулација на граѓаните од страна на власта не поминуваат. Потребно е веднаш, по скратена постапка да се намали цената за литар гориво. На крајот, во пресрет на денешното јубилејно 10-то по ред покачување на цената на горивата, сакам да им порачам наместо да ги дерете граѓаните преку акцизи и зголемени даноци, престанете со тендерите во четири очи, како и со личното и партиско богатење, вели Пренџов.

The post Пренџов: Веднаш, по скратена постапка да се намали цената за литар гориво appeared first on Република.

]]>