листи Archives - Република https://republika.mk/tema/listi/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 17:40:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png листи Archives - Република https://republika.mk/tema/listi/ 32 32 ДИК ги потврди листите со кандидати за пратеници https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-gi-potvrdi-listite-so-kandidati-za-pratenitsi/ Thu, 11 Apr 2024 17:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=765061

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница ги потврди листите со кандидати за пратеници на Парламентарните избори закажани за 8 мај.

Членот на ДИК, Борис Кондарко на почетокот на седницата појасни дека ниеден рок не е доведен во прашање и посочи оти сите рокови ќе бидат запазени и од нивна страна ќе бидат преземени сите активности согласно Изборниот законик. Тој информира дека за утре ја планираат ждрепката за редните броеви на гласачкото ливче за Парламентарните избори.

Ова е обемна и сложена операција која бара објективно повеќе време и судовите се реално оптоварени со работа за проверки и постапување за да ни ги доставуваат тие податоци, ја известуваме јавноста да нема забуни дека евентуално се пречекорени одредени рокови. Значи, ДИК е во рамки на предвидени рокови. Се вклопуваме целосно во Роковникот за сите изборни дејствија и што ќе следуваат по утврдувањето на листите, рече Кондарко.

На денешната 95. седница ДИК утврди дека во сите шест изборни единици имаат поднесено листи за пратеници Коалицијата за „Европска иднина“ предводена од СДСМ и Коалицијата, Коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ ИНТЕГРА и ПЦЕР, Партијата Македонска Ера Трета – македонски независни листи-суверинисти, политичката партија Левица, Коалицијата „Европски фронт“ – предводена од ДУИ и коалицијата, Коалицијата „Влен“ (Вреди), Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Движењето ЗНАМ За наша Македонија.

Политичката партија Демократи има поднесено листа пратеници во пет изборни единици, политичката партија Аваја во ИЕ 3, 4, 5 и 6, Твоја партија во ИЕ 1, 2, 3 и 4, Родина Македонија во ИЕ 1, 2, 4, 5 и 6, а Партијата Единствена Македонија – Европско граѓанско движење има поднесено листа за кандидати за пратеници само за Шестата изборна единица.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека Партијата Нова алтернатива прави корекции и не е уште комплетирана листата, но потенцира дека уште траат роковите за исправки кои треба да ги извршат партиите.

Неколку листи не можеа да бидат потврдени затоа што не е завршена постапката заради одредени причини кои се однесуваат до политичките партии, а некои до државните органи кои треба да им доставуваат информации, рече Даштевски.

Едногласно беше усвоено Барањето за акредитација за набљудувачи за Претседателските и за Парламентарните изборите од амбасадите на Унгарија, Холандија и Црна Гора во Скопје, албанскиот сервис на Гласот на Америка, ОБСЕ/ОДИХР Канцеларија за демократски институции и човекови права и Амбасадата на Црна Гора во Скопје.

Седницата на ДИК треба да продолжи по дадената пауза од претседателот Даштевски, со точката за Утврдување на изгледот на гласачкото ливче за изборите за претседател на Република Македонија.

The post ДИК ги потврди листите со кандидати за пратеници appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница ги потврди листите со кандидати за пратеници на Парламентарните избори закажани за 8 мај. Членот на ДИК, Борис Кондарко на почетокот на седницата појасни дека ниеден рок не е доведен во прашање и посочи оти сите рокови ќе бидат запазени и од нивна страна ќе бидат преземени сите активности согласно Изборниот законик. Тој информира дека за утре ја планираат ждрепката за редните броеви на гласачкото ливче за Парламентарните избори. Ова е обемна и сложена операција која бара објективно повеќе време и судовите се реално оптоварени со работа за проверки и постапување за да ни ги доставуваат тие податоци, ја известуваме јавноста да нема забуни дека евентуално се пречекорени одредени рокови. Значи, ДИК е во рамки на предвидени рокови. Се вклопуваме целосно во Роковникот за сите изборни дејствија и што ќе следуваат по утврдувањето на листите, рече Кондарко. На денешната 95. седница ДИК утврди дека во сите шест изборни единици имаат поднесено листи за пратеници Коалицијата за „Европска иднина“ предводена од СДСМ и Коалицијата, Коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ ИНТЕГРА и ПЦЕР, Партијата Македонска Ера Трета – македонски независни листи-суверинисти, политичката партија Левица, Коалицијата „Европски фронт“ – предводена од ДУИ и коалицијата, Коалицијата „Влен“ (Вреди), Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Движењето ЗНАМ За наша Македонија. Политичката партија Демократи има поднесено листа пратеници во пет изборни единици, политичката партија Аваја во ИЕ 3, 4, 5 и 6, Твоја партија во ИЕ 1, 2, 3 и 4, Родина Македонија во ИЕ 1, 2, 4, 5 и 6, а Партијата Единствена Македонија – Европско граѓанско движење има поднесено листа за кандидати за пратеници само за Шестата изборна единица. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека Партијата Нова алтернатива прави корекции и не е уште комплетирана листата, но потенцира дека уште траат роковите за исправки кои треба да ги извршат партиите. Неколку листи не можеа да бидат потврдени затоа што не е завршена постапката заради одредени причини кои се однесуваат до политичките партии, а некои до државните органи кои треба да им доставуваат информации, рече Даштевски. Едногласно беше усвоено Барањето за акредитација за набљудувачи за Претседателските и за Парламентарните изборите од амбасадите на Унгарија, Холандија и Црна Гора во Скопје, албанскиот сервис на Гласот на Америка, ОБСЕ/ОДИХР Канцеларија за демократски институции и човекови права и Амбасадата на Црна Гора во Скопје. Седницата на ДИК треба да продолжи по дадената пауза од претседателот Даштевски, со точката за Утврдување на изгледот на гласачкото ливче за изборите за претседател на Република Македонија.

The post ДИК ги потврди листите со кандидати за пратеници appeared first on Република.

]]>
Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ https://republika.mk/vesti/makedonija/sedum-partii-i-koalitsii-dosega-podnele-kandidatski-listi-za-pratenitsi-do-dik-rokot-istekuva-na-polnok/ Tue, 02 Apr 2024 18:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=761437

До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево листи за кандидати за пратеници доставиле „Работничката партија“ за сите изборни единици, партијата „Твоја“ која има листи за пратеници во Првата, Втората, Третата и Четвртата изборна единица, како и „Аваја“ за Третата, Четвртата, Петтата и Шестата изборна единица.

Претходно, денеска листи поднесоа за сите изборни единици СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, како и партијата Родина.

Рокот за доставување листи за пратеници истекува на полноќ. Единаесетите редовни парламентарни избори ќе се одржат на 8 мај.

The post Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ appeared first on Република.

]]>

До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево листи за кандидати за пратеници доставиле „Работничката партија“ за сите изборни единици, партијата „Твоја“ која има листи за пратеници во Првата, Втората, Третата и Четвртата изборна единица, како и „Аваја“ за Третата, Четвртата, Петтата и Шестата изборна единица. Претходно, денеска листи поднесоа за сите изборни единици СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, како и партијата Родина. Рокот за доставување листи за пратеници истекува на полноќ. Единаесетите редовни парламентарни избори ќе се одржат на 8 мај.

The post Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ appeared first on Република.

]]>
Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, незадоволен од листата за ИЕ2 на која за него немало место https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-oo-sdsm-gorche-petrov-nezadovolen-od-listata-za-ie2-na-koja-za-nego-nemalo-mesto/ Sun, 24 Mar 2024 11:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=758097

Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, незадоволен од листата за ИЕ2, на која за него немало место. Тој на социјалните медиуми напиша оти правдата е спора, но секогаш доаѓа.

Деновиве сведочиме на бројни изјави на незадоволство откако СДСМ ги објави изборните листи. Изборните листи на Ковачевски предизвикаа лавина незадоволство и реакции на незадоволни членови на СДСМ и коалицијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/izbornite-listi-na-kovachevski-predizvikaa-lavina-nezadovolstvo-i-reaktsii-na-nezadovolni-chlenovi-na-sdsm-i-koalitsijata/?fbclid=IwAR1plthHxvjHpNI0Jj1rLJnSHGjrwv6EKBaVb6p-f1jSQvgLF9ofhtaOzAE

The post Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, незадоволен од листата за ИЕ2 на која за него немало место appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, незадоволен од листата за ИЕ2, на која за него немало место. Тој на социјалните медиуми напиша оти правдата е спора, но секогаш доаѓа. Деновиве сведочиме на бројни изјави на незадоволство откако СДСМ ги објави изборните листи. Изборните листи на Ковачевски предизвикаа лавина незадоволство и реакции на незадоволни членови на СДСМ и коалицијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/izbornite-listi-na-kovachevski-predizvikaa-lavina-nezadovolstvo-i-reaktsii-na-nezadovolni-chlenovi-na-sdsm-i-koalitsijata/?fbclid=IwAR1plthHxvjHpNI0Jj1rLJnSHGjrwv6EKBaVb6p-f1jSQvgLF9ofhtaOzAE

The post Претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, незадоволен од листата за ИЕ2 на која за него немало место appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ја потврди само Лукаревска за носител на листа, другите не ги открива https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ja-potvrdi-samo-lukarevska-za-nositel-na-lista-drugite-ne-gi-otkriva/ Thu, 21 Mar 2024 12:53:59 +0000 https://republika.mk/?p=756996

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ни денеска, два дена пред партискиот конгрес, не ги откри имињата на носителите на листите за парламентарните избори. Само потврди дека Сања Лукаревска сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но не кажа во која.

Во однос на информациите во јавноста дека наводно Лукаревска е преместена во третата изборна единица, а во втората се враќа Оливер Спасовски, Ковачевски децидно кажа дека „никој никаде не е преместен“.

Никој никаде не е преместен. Сите наши видни членови вршат функции кои имаат државно значење. Лукаревска е заменик претседател на партијата и директор на УЈП, исклучително чесно и одговорно ја извршуваше својата работа во текот на мандатот и тоа многу јасно се гледа од анкетите и таа сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но во која, тоа ќе оставиме да одлучат раководството на партијата, Централниот и Извршниот одбор, а на крајот, секако, и Конгресот. Состаноците ќе бидат во сабота, прво ќе се одржи состанок на ИО, потоа седница на ЦО, а во попладневните часови ќе почне и Конгресот. Ова е статутарна процедура, не е првпат, туку вака се одвива изборот на кандидати за пратеници и носители на пратенички листи од првите избори. Убеден сум дека делегатите на конгресот ќе ги изберат најдобрите кандидати кои на достоен начин ќе го претставуваат и СДСМ и нашата проевропска коалиција - истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања откако засади дрвце во Капиштец, во рамки на акцијата на Општина Центар по повод Денот на пролетта.

На прашањето кои се неговите предлози и во кого тој, како лидер на партијата, гледа носители, Ковачевски рече дека нема да одговори.

Ова е прашање кое нема да ви го одговорам зашто и кога се работеше за претседателски кандидат на државата, се држев до етичкиот аспект и до статутарните одредби на СДСМ, бидејќи финалниот збор го даваат органите на партијата, а не само еден човек. Како што беше со претседателскиот кандидат Пендаровски кој едногласно беше утврден со гласање на конгресот, исто ќе биде и за носителите и на кандидатите за пратенички листи - подвлече Ковачевски.

Во врска со анкетата на МРТВ, според која ВМРО-ДПМНЕ има многу поголемо водство на СДСМ, Ковачевски оцени дека се прави од институт близок до ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што се случува таму наликува точно на она што се случуваше до 2016 година. За тие анекти ќе ви кажам дека на исти луѓе им се јавуваат и на мобилен и на фиксен телефон, и така ги добиваат резултатите. За тоа дека се работи за лажни анкети најдобро потврдува денот на собирањето на потписите за претседателски кандидати, кога ВМРО-ДПМНЕ и таму очекуваше да има пет пати повеќе потписи, за на крај ние да собереме над 22 000 потписи. Тие објавија дека собрале повеќе, но на крај, се испостави дека нивниот претседателски кандидат ќе биде кандидиран само со потписи на пратениците што очигледно потврдува дека и тие потписи не биле толку колку што биле објавени или имало некој друг инженеринг околу нивното собирање - рече Ковачевски.

Прашан дали израелскиот експерт Асаф Еисин е консултант на СДСМ, дали тој ќе ја води кампањата, колку чинат неговите услуги и од кои пари ќе бидат платени, Ковачевски одговори дека нема таков консултант.

Немам таков консултант, јас имам консултант кој се вика Александар. Мојата кампања, како и до сега, ја извршува шефот за комуникации на СДСМ, Александар, веројатно сите го знаете. Видеата на социјалните медиуми ги работат наши сограѓанки. Ниту Александар е Израелец, ниту овие девојки се Израелки. Мојата кампања и на претседателскиот кандидат Пендаровски ја работат баш тие луѓе. Не знам што точно одговориле од Кабинетот на Пендаровски, но ви кажувам кој ги работи моите кампањи и кој комуницира со сите вас. Не знам што точно сте го прашале и што точно одговорил - потенцира Ковачевски.

Пред изјавата за медиумите, лидерот на СДСМ засади дрвце. Осврнувајќи се на акцијата за зазеленување на Општина Центар, оцени дека Скопје е во запуштена состојба.

Скопје е запуштено, како да нема градоначалник и Совет. Среќен сум што во мојот мандат екологијата беше високо на агендата, посебно од аспект на обновливите извори на енергија - истакна Ковачевски.

The post Ковачевски ја потврди само Лукаревска за носител на листа, другите не ги открива appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ни денеска, два дена пред партискиот конгрес, не ги откри имињата на носителите на листите за парламентарните избори. Само потврди дека Сања Лукаревска сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но не кажа во која. Во однос на информациите во јавноста дека наводно Лукаревска е преместена во третата изборна единица, а во втората се враќа Оливер Спасовски, Ковачевски децидно кажа дека „никој никаде не е преместен“.
Никој никаде не е преместен. Сите наши видни членови вршат функции кои имаат државно значење. Лукаревска е заменик претседател на партијата и директор на УЈП, исклучително чесно и одговорно ја извршуваше својата работа во текот на мандатот и тоа многу јасно се гледа од анкетите и таа сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но во која, тоа ќе оставиме да одлучат раководството на партијата, Централниот и Извршниот одбор, а на крајот, секако, и Конгресот. Состаноците ќе бидат во сабота, прво ќе се одржи состанок на ИО, потоа седница на ЦО, а во попладневните часови ќе почне и Конгресот. Ова е статутарна процедура, не е првпат, туку вака се одвива изборот на кандидати за пратеници и носители на пратенички листи од првите избори. Убеден сум дека делегатите на конгресот ќе ги изберат најдобрите кандидати кои на достоен начин ќе го претставуваат и СДСМ и нашата проевропска коалиција - истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања откако засади дрвце во Капиштец, во рамки на акцијата на Општина Центар по повод Денот на пролетта.
На прашањето кои се неговите предлози и во кого тој, како лидер на партијата, гледа носители, Ковачевски рече дека нема да одговори.
Ова е прашање кое нема да ви го одговорам зашто и кога се работеше за претседателски кандидат на државата, се држев до етичкиот аспект и до статутарните одредби на СДСМ, бидејќи финалниот збор го даваат органите на партијата, а не само еден човек. Како што беше со претседателскиот кандидат Пендаровски кој едногласно беше утврден со гласање на конгресот, исто ќе биде и за носителите и на кандидатите за пратенички листи - подвлече Ковачевски.
Во врска со анкетата на МРТВ, според која ВМРО-ДПМНЕ има многу поголемо водство на СДСМ, Ковачевски оцени дека се прави од институт близок до ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што се случува таму наликува точно на она што се случуваше до 2016 година. За тие анекти ќе ви кажам дека на исти луѓе им се јавуваат и на мобилен и на фиксен телефон, и така ги добиваат резултатите. За тоа дека се работи за лажни анкети најдобро потврдува денот на собирањето на потписите за претседателски кандидати, кога ВМРО-ДПМНЕ и таму очекуваше да има пет пати повеќе потписи, за на крај ние да собереме над 22 000 потписи. Тие објавија дека собрале повеќе, но на крај, се испостави дека нивниот претседателски кандидат ќе биде кандидиран само со потписи на пратениците што очигледно потврдува дека и тие потписи не биле толку колку што биле објавени или имало некој друг инженеринг околу нивното собирање - рече Ковачевски.
Прашан дали израелскиот експерт Асаф Еисин е консултант на СДСМ, дали тој ќе ја води кампањата, колку чинат неговите услуги и од кои пари ќе бидат платени, Ковачевски одговори дека нема таков консултант.
Немам таков консултант, јас имам консултант кој се вика Александар. Мојата кампања, како и до сега, ја извршува шефот за комуникации на СДСМ, Александар, веројатно сите го знаете. Видеата на социјалните медиуми ги работат наши сограѓанки. Ниту Александар е Израелец, ниту овие девојки се Израелки. Мојата кампања и на претседателскиот кандидат Пендаровски ја работат баш тие луѓе. Не знам што точно одговориле од Кабинетот на Пендаровски, но ви кажувам кој ги работи моите кампањи и кој комуницира со сите вас. Не знам што точно сте го прашале и што точно одговорил - потенцира Ковачевски.
Пред изјавата за медиумите, лидерот на СДСМ засади дрвце. Осврнувајќи се на акцијата за зазеленување на Општина Центар, оцени дека Скопје е во запуштена состојба.
Скопје е запуштено, како да нема градоначалник и Совет. Среќен сум што во мојот мандат екологијата беше високо на агендата, посебно од аспект на обновливите извори на енергија - истакна Ковачевски.

The post Ковачевски ја потврди само Лукаревска за носител на листа, другите не ги открива appeared first on Република.

]]>
ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата наскоро ќе ги објават кандидатите носители на изборните листи за претстојните парламентарни избори https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-koalitsijata-naskoro-ke-gi-objavat-kandidatite-nositeli-na-izbornite-listi-za-pretstojnite-parlamentarni-izbori/ Tue, 14 Nov 2023 13:11:35 +0000 https://republika.mk/?p=701453

ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата наскоро ќе ги објават кандидатите носители на изборните листи за претстојните парламентарни избори, информираше денеска претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Општина Битола.

Тој уште еднаш го повтори партискиот став за организирање на претседателски и парламентарни избори во ист ден.

Се уште официјално не сме ги определиле носителите на изборните листи, иако јас сам за себе се претставив како потенцијален носител на листата кандидати за пратеници во изборната единица број 1. Набргу од денеска, јавноста ќе ги знае носителите на останатите изборни единици. Ние, исто така се подготвуваме за конвенцијата за избор на претседателски кандидат зад кој ќе застанат ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата - истакна Мицкоски.

На новинарско прашање во врска со пресудата кон пратеникот Бране Петрушевски за јавно искажано мислење од парламантарната говорници, лидерот на ВМРО - ДПМНЕ посочи дека нивната партија ќе почне процес за разрешување на судијата од Куманово.

Судијата од Куманово пресудил против пратеникот Бране Петрушевски без притоа да води сметка за уставот и имунитетот, и затоа ние како ВМРО - ДПМНЕ овој случај ќе го истераме се до крај, односно се додека овој судија не биде разрешен. Тоа е важно затоа што ако тој донесува нестручна и антиуставна пресуда, тогаш може да замислите уште колку нарачки ќе добие за да суди по нечија наредба. Овој процес ќе се одвива се додека судијата не биде разрешен - изјави Мицкоски.

Прудружуван од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, градоначалникот Тони Коњановски и членови на раководството на таа партија, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски изврши увид на проекти од инфраструктурата во населеното место Долно Оризари, изградбата на нов кружен тек во Битола, а вечер ќе се обрати на собир на граѓани што ќе се одржи во Нова Битола.

The post ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата наскоро ќе ги објават кандидатите носители на изборните листи за претстојните парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата наскоро ќе ги објават кандидатите носители на изборните листи за претстојните парламентарни избори, информираше денеска претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Општина Битола. Тој уште еднаш го повтори партискиот став за организирање на претседателски и парламентарни избори во ист ден.