линии Archives - Република https://republika.mk/tema/linii/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Apr 2024 08:19:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png линии Archives - Република https://republika.mk/tema/linii/ 32 32 ЈСП Скопје од четврток ги вклучува и линиите „100“ и „200“ https://republika.mk/vesti/skopje/jsp-skopje-od-chetvrtok-gi-vkluchuva-i-liniite-100-i-200/ Tue, 16 Apr 2024 08:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=766573

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

За таа цел, од четврток (18.04.2024 год.), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.

И двете линии ќе сообраќаат до 24.04.2024 год. (среда), а билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.

Возен ред на линија „100“ (Ново Лисиче – СЦ „Борис Трајковски“)

Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

Траса на движење: улица „Февруарски поход“, булевар „В.Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Возен ред на линија „200“ (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“)

Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.

Траса на движење: улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

The post ЈСП Скопје од четврток ги вклучува и линиите „100“ и „200“ appeared first on Република.

]]>

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“. За таа цел, од четврток (18.04.2024 год.), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион. И двете линии ќе сообраќаат до 24.04.2024 год. (среда), а билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз. Возен ред на линија „100“ (Ново Лисиче – СЦ „Борис Трајковски“) Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч. Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч. Траса на движење: улица „Февруарски поход“, булевар „В.Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса. Возен ред на линија „200“ (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“) Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч. Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч. Траса на движење: улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

The post ЈСП Скопје од четврток ги вклучува и линиите „100“ и „200“ appeared first on Република.

]]>
Откриени нови 168 мистериозни геоглифи во Наска во Перу https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkrieni-novi-168-misteriozni-geoglifi-vo-naska-vo-peru/ Thu, 15 Dec 2022 19:47:38 +0000 https://republika.mk/?p=586172

Истражувачи од јапонскиот Универзитет Јамагата, со помош на дронови откриле 168 нови геоглифи во пустината Наска во Перу. Околу 50 од овие големи цртежи прикажуваат хуманоидни фигури, а другите се на птици, китови убијци, мачки и змии. Некои се само обични линии или трапезоидни цртежи.

Тешко е да се каже кога се создадени цртежите, но садовите од глина пронајдени покрај цртежите потекнуваат од периодот помеѓу 2 век п.н.е. и 2 век од нашата ера.

Со најновите додатоци откриени од јапонските истражувачи, официјалниот број на познатите цртежи од Наска сега изнесува 358. Многу од старите цртежи се на рамен терен, што ги прави тешко да бидат пронајдени. Со оглед на тоа што линиите се создадени со отстранување на камења и остатоци за да се открие контрастната обоена почва одоздола, ерозијата само го отежнува нивното откривање. Во таков случај се користат дронови.

Дроновите им овозможиле на експертите да ги видат линиите на Наска со поголема јасност од кога било досега. Некои од информациите што ги собираат истражувачите, дури се анализирани со програми за вештачка интелигенција кои можат да издвојат различни модели побрзо и посигурно од човечкото око.

Линиите на Наска се една од најинтригантните мистерии во историјата, а откривањето на повеќе од нив можеби ќе го доближи човештвото до сфаќање на нивната цел. Од некоја необјаснива причина, помеѓу 500 п.н.е. и 500 година заедниците во јужниот дел на Перу почнале да цртаат едноставни линии, форми и фигури во пејзажот, од кои многу може да се видат во целост само од птичја перспектива.

Линиите се толкуваа на многу начини во текот на децениите, но најчестото објаснување е дека тие биле наменети за боговите на небото кои гледаат одозгора на луѓето. Друга популарна теорија сугерира дека овие фигури и цртежи биле наменети за ритуални астрономски цели и некако ги рефлектирале ѕвездите.

The post Откриени нови 168 мистериозни геоглифи во Наска во Перу appeared first on Република.

]]>

Истражувачи од јапонскиот Универзитет Јамагата, со помош на дронови откриле 168 нови геоглифи во пустината Наска во Перу. Околу 50 од овие големи цртежи прикажуваат хуманоидни фигури, а другите се на птици, китови убијци, мачки и змии. Некои се само обични линии или трапезоидни цртежи. Тешко е да се каже кога се создадени цртежите, но садовите од глина пронајдени покрај цртежите потекнуваат од периодот помеѓу 2 век п.н.е. и 2 век од нашата ера. Со најновите додатоци откриени од јапонските истражувачи, официјалниот број на познатите цртежи од Наска сега изнесува 358. Многу од старите цртежи се на рамен терен, што ги прави тешко да бидат пронајдени. Со оглед на тоа што линиите се создадени со отстранување на камења и остатоци за да се открие контрастната обоена почва одоздола, ерозијата само го отежнува нивното откривање. Во таков случај се користат дронови. Дроновите им овозможиле на експертите да ги видат линиите на Наска со поголема јасност од кога било досега. Некои од информациите што ги собираат истражувачите, дури се анализирани со програми за вештачка интелигенција кои можат да издвојат различни модели побрзо и посигурно од човечкото око. Линиите на Наска се една од најинтригантните мистерии во историјата, а откривањето на повеќе од нив можеби ќе го доближи човештвото до сфаќање на нивната цел. Од некоја необјаснива причина, помеѓу 500 п.н.е. и 500 година заедниците во јужниот дел на Перу почнале да цртаат едноставни линии, форми и фигури во пејзажот, од кои многу може да се видат во целост само од птичја перспектива. Линиите се толкуваа на многу начини во текот на децениите, но најчестото објаснување е дека тие биле наменети за боговите на небото кои гледаат одозгора на луѓето. Друга популарна теорија сугерира дека овие фигури и цртежи биле наменети за ритуални астрономски цели и некако ги рефлектирале ѕвездите.

The post Откриени нови 168 мистериозни геоглифи во Наска во Перу appeared first on Република.

]]>
ЈСП ги презеде автобуските линии 19, 20, 22, 52 и 54 https://republika.mk/vesti/skopje/jsp-gi-prezede-avtobuskite-linii-19-20-22-52-i-54/ Wed, 09 Nov 2022 10:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=571820

Откако Макекспрес минатата недела ги прекина автобуските линии 19, 20, 22, 52 и 54 поради, како што беше соопштено, неисплатени долгови од страна на ЈСП Скопје, од градското претпријатие соопштија дека ги преземаат овие линии, а со приватното претпријатите го раскинувале договорот.

Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договор со приватниот превозник Макекспрес, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии.
Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје, соопшти Град Скопје.

Во соопштението се нагласува дека договорот со приватниот превозник се раскина поради непочитување на обврските од договорот со кој беа уредени условите за начинот на јавен превоз.

ЈСП Скопје и Град Скопје во ниту еден момент нема да дозволат корисниците на јавниот превоз да останат без услугата, независно од сите околности“, се нагласува во информацијата.

The post ЈСП ги презеде автобуските линии 19, 20, 22, 52 и 54 appeared first on Република.

]]>

Откако Макекспрес минатата недела ги прекина автобуските линии 19, 20, 22, 52 и 54 поради, како што беше соопштено, неисплатени долгови од страна на ЈСП Скопје, од градското претпријатие соопштија дека ги преземаат овие линии, а со приватното претпријатите го раскинувале договорот.
Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договор со приватниот превозник Макекспрес, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии. Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје, соопшти Град Скопје.
Во соопштението се нагласува дека договорот со приватниот превозник се раскина поради непочитување на обврските од договорот со кој беа уредени условите за начинот на јавен превоз.
ЈСП Скопје и Град Скопје во ниту еден момент нема да дозволат корисниците на јавниот превоз да останат без услугата, независно од сите околности“, се нагласува во информацијата.

The post ЈСП ги презеде автобуските линии 19, 20, 22, 52 и 54 appeared first on Република.

]]>