Линдита Никола Archives - Република https://republika.mk/tema/lindita-nikola/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 06:30:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Линдита Никола Archives - Република https://republika.mk/tema/lindita-nikola/ 32 32 Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата https://republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelkata-na-albanskiot-parlament-lindita-nikola-podnese-ostavka-od-funktsijata/ Sat, 27 Jul 2024 06:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=800647

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, доцна синоќа поднесе оставка од функцијата.

Таа самата ја соопшти веста додека зборуваше во Собранието, откривајќи дека причината за оваа оставка е поврзана со нејзината здравствена состојба.

– Почитувани колеги од парламентарното мнозинство и почитувани колеги од парламентарната опозиција. Овде денеска завршува мојот 3-годишен ангажман на чело на Собранието. Поради мојата здравствена состојба, не можам да ја извршувам високата должност на вториот државен функционер на државата, со потребната посветеност што ја повлекува оваа должност, рече Никола од собраниската говорница.

Секојдневно, додаде, се трудев да дадам се од себе за да се обезбеди непречено одвивање на работата во оваа сала.

– Ако некому сум оставила поинаков впечаток, го уверувам дека тоа не ми била намерата. Ако сум згрешила, не сакајќи, се извинувам. Кон сите го имам убавото чувство на почит што сите ми ја упатувате. Ви благодарам на сите, посочи таа.

Линдита Никола(59) е позната универзитетска професорка. Пред да биде избрана за парламентарец таа беше министерка за образование.

The post Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата appeared first on Република.

]]>

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, доцна синоќа поднесе оставка од функцијата. Таа самата ја соопшти веста додека зборуваше во Собранието, откривајќи дека причината за оваа оставка е поврзана со нејзината здравствена состојба.