Културен настан насловен „Лиминални простори-лиминални тела“ кој ги спојува танцот и филмот ќе се одржи на 30 ноември, сабота, со почеток во 20 часот на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во организација на Здружението на уметници „Културен центар Медиа Артес“.
Настанот ќе започне со проекцијата на краткиот експериментален филм ‘Лима’ (13 минути), кој низ танцовиот медиум се обидува да им вдахне живот или да им даде поглед од нов ракурс на неколку простори во Охрид, кои припаѓаат на модернистичкото наследство. Режисерот Батухан Ибрахим и кореографката Ивана Балабанова го осмислија и создадоа овој филм кој, играјќи си со спомените, минатото и трансформативната моќ на она што било и може да биде, прикажува една дисторзирана перцепција на просторот, телото и времето. Препуштајќи се на ритамот на овие простори, слушајќи ги нивните приказни и следејќи ја емоцијата, филмот креира еден нов свет во кој носталгијата се претвора во надеж“, се вели во соопштението.
Извршен продуцент е Јасмина Билаловиќ, а концептот е на Ивана Балабанова, Батухан Ибрахим, Јасмина Билаловиќ, по оригинална идеја на Балабанова. Режисер е Ибрахим, асистент на режија е Марија Бошковска, а директор на фотографија е Стефан Ѓорѓиевски. Во „Лима“ играат Тереза Лазарев, Стефани Шааршмидт и Софи Ларсон, композицијата е на Алесандро Ола, костимографки се Ивана Балабанова, Снежана Чоловиќ и Маја Ѓуреска, шминкер – Павел Маслов, фотографка е Ања Калин, а видеото е на Мартин Михајлов – „Марсбен продукција“.
По филмската проекција, ќе следи танцовиот перформанс „Лиминално тело-2“, дело на кореографката Балабанова.
Овој перформанс го истражува концептот на лиминалност како одраз на современото човечко искуство. Вкоренет во танцот, но збогатен со влијанија од музиката и театарот, делото го истражува внатрешниот пејзаж на поединци кои егзистираат во состојба на постојана трансформација, фатени меѓу транзициите и кои се борат да се прилагодат во светот што ги обзема. ‘Лиминално тело-2’ не е само апстрактен концепт, туку одговор на притисоците на модерниот живот – обид да се ослободиме од културните, социјалните и капиталистичките ограничувања“, посочуваат организаторите.
Во „Лиминално тело-2“ играат Тереза Лазарев и Стефани Шааршмит, музиката е на Алесандро Ола, сценографијата на Мартин Манев, костимите на Маја Ѓурчиноска и Антонија Гугинска. Светло-мајстори се Игор Митревски и Борис Вељаноски, а тон-мајстор е Митко Серафимоски.
Вечерта ќе заврши со краток разговор со авторите, кој ќе им овозможи на присутните да ги споделат своите впечатоци и да добијат увид во креативниот процес потребен за создавање на овие дела“, додаваат оттаму.
Влезот за настанот е бесплатен, но потребно е претходно да се резервира место преку испраќање на е-пошта на [email protected] или порака на бројот 070/250 500.
Фото: Ања Калин
Настанот е дел од последниот работен пакет „Напуштени места“, во склоп на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, насловен „Напуштени места“.
Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија и Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
The post „Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид appeared first on Република.
]]>Настанот ќе започне со проекцијата на краткиот експериментален филм ‘Лима’ (13 минути), кој низ танцовиот медиум се обидува да им вдахне живот или да им даде поглед од нов ракурс на неколку простори во Охрид, кои припаѓаат на модернистичкото наследство. Режисерот Батухан Ибрахим и кореографката Ивана Балабанова го осмислија и создадоа овој филм кој, играјќи си со спомените, минатото и трансформативната моќ на она што било и може да биде, прикажува една дисторзирана перцепција на просторот, телото и времето. Препуштајќи се на ритамот на овие простори, слушајќи ги нивните приказни и следејќи ја емоцијата, филмот креира еден нов свет во кој носталгијата се претвора во надеж“, се вели во соопштението.Извршен продуцент е Јасмина Билаловиќ, а концептот е на Ивана Балабанова, Батухан Ибрахим, Јасмина Билаловиќ, по оригинална идеја на Балабанова. Режисер е Ибрахим, асистент на режија е Марија Бошковска, а директор на фотографија е Стефан Ѓорѓиевски. Во „Лима“ играат Тереза Лазарев, Стефани Шааршмидт и Софи Ларсон, композицијата е на Алесандро Ола, костимографки се Ивана Балабанова, Снежана Чоловиќ и Маја Ѓуреска, шминкер – Павел Маслов, фотографка е Ања Калин, а видеото е на Мартин Михајлов – „Марсбен продукција“. По филмската проекција, ќе следи танцовиот перформанс „Лиминално тело-2“, дело на кореографката Балабанова.
Овој перформанс го истражува концептот на лиминалност како одраз на современото човечко искуство. Вкоренет во танцот, но збогатен со влијанија од музиката и театарот, делото го истражува внатрешниот пејзаж на поединци кои егзистираат во состојба на постојана трансформација, фатени меѓу транзициите и кои се борат да се прилагодат во светот што ги обзема. ‘Лиминално тело-2’ не е само апстрактен концепт, туку одговор на притисоците на модерниот живот – обид да се ослободиме од културните, социјалните и капиталистичките ограничувања“, посочуваат организаторите.Во „Лиминално тело-2“ играат Тереза Лазарев и Стефани Шааршмит, музиката е на Алесандро Ола, сценографијата на Мартин Манев, костимите на Маја Ѓурчиноска и Антонија Гугинска. Светло-мајстори се Игор Митревски и Борис Вељаноски, а тон-мајстор е Митко Серафимоски.
Вечерта ќе заврши со краток разговор со авторите, кој ќе им овозможи на присутните да ги споделат своите впечатоци и да добијат увид во креативниот процес потребен за создавање на овие дела“, додаваат оттаму.Влезот за настанот е бесплатен, но потребно е претходно да се резервира место преку испраќање на е-пошта на [email protected] или порака на бројот 070/250 500. Фото: Ања Калин Настанот е дел од последниот работен пакет „Напуштени места“, во склоп на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, насловен „Напуштени места“. Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија и Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
The post „Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид appeared first on Република.
]]>