Лилјана Пандеца Archives - Република https://republika.mk/tema/liljana-pandetsa/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 09:01:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лилјана Пандеца Archives - Република https://republika.mk/tema/liljana-pandetsa/ 32 32 Разговор со Лилјана Пандева за збирката раскази „Луѓенца“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ https://republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-liljana-pandeva-za-zbirkata-raskazi-lugentsa-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi/ Mon, 04 Mar 2024 09:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=750968

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со авторката Лилјана Пандева, чија збирка раскази „Луѓенца“, издание на „ПНВ Публикации“, е книга на месецот во Библиотеката. Разговорот со Пандева ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Збирката „Луѓенца“ содржи седумнаесет мајсторски раскажани раскази за колку обични, толку и необични луѓе, што можеби секојдневно ги среќаваме на улица.

Станува збор за приказни што импонираат како со тематската актуелност, меѓусебната суптилна поврзаност меѓу приказните, така и со раскошната палета на наративни стратегии – вели Владимир Мартиновски.

Лилјана Пандева е родена во 1964 година во Ново Село, Струмица. Таа е дипломиран професор по македонска и јужнословенски книжевности и македонски јазик. Доктор е на филолошки науки. Автор е на повеќе дела, меѓу кои: „Новогодишни едночинки“, драмолети за деца во стих, поетската збирка „Љубов од А до Ш и обратно“, на збирките раскази „Возовите на Луцерн“, „Канцелариски колумни“, „Класифицирано“, „Заорани“, „Луѓенца“, „Хранителки“, на романите „Од агендата на Калина Калин“, „Дневници на една љубов“, „Два Божика“, „Доилката“, добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ, на поемата „Капетаните“ за која ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема, добитник е на Наградата 13 Ноември на Град Скопје за 2021 година, во областа култура за придонес во македонската современа книжевност и како лектор по македонски јазик, како и на повеќе награди за краток расказ. Автор е и на поголем број научни трудови од областа на македонистиката и книжевната критика. Нејзините дела се преведени на повеќе странски јазици.

The post Разговор со Лилјана Пандева за збирката раскази „Луѓенца“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со авторката Лилјана Пандева, чија збирка раскази „Луѓенца“, издание на „ПНВ Публикации“, е книга на месецот во Библиотеката. Разговорот со Пандева ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Збирката „Луѓенца“ содржи седумнаесет мајсторски раскажани раскази за колку обични, толку и необични луѓе, што можеби секојдневно ги среќаваме на улица.