лига на коференција Archives - Република https://republika.mk/tema/liga-na-koferentsija/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 09:06:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лига на коференција Archives - Република https://republika.mk/tema/liga-na-koferentsija/ 32 32 Во Атина пиле не смее да прелета пред финалето на Лигата на конференции https://republika.mk/sport/fudbal/vo-atina-pile-ne-smee-da-preleta-pred-finaleto-na-ligata-na-konferentsii/ Wed, 29 May 2024 14:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=782696

– Под драконски безбедносни мерки, според портпаролката на грчката полиција на ниво на Олимписки игри, со ангажирани над 5.000 полицајци, дронови и хеликоптери, затворени улици околу стадионот „АЕК Арена“, неколку контролни зони за навивачите и специјален план на полицијата, денеска е Атина во пресрет на финалето на Конференциската лига меѓу Олимпијакос и Фиорентина, јави дописничката на МИА од Атина.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот на АЕК „Опап арена“, сега преименуван во „АЕК Арена“ во атинската населба Неа Филаделфија, на кој ќе присуствуваат нешто повеќе од 27.000 гледачи.

Стадионот од неделата е затворен, откако беа направени и последните безбедносни проверки, а од грчката полиција вчера, на прес-конференција ги соопштија безбедносните мерки коментирајќи дека странува збор за „празник на спортот“ и Грција мора да се погрижи се да помине во најдобар ред „бидејќи сликите од Атина ќе се емитуваат ширум светот“.

Портпаролката на полиција Константина Димоглиду, говорејќи за државната телевизија ЕРТ утрово истакна дека Грција изготвила посебен оперативен план,

- Безбедносните мерки се на многу високо ниво. Би рекла дека се на ниво на Олимписки игри, рече Димоглиду.

За денешниот натпревар постојат три вида на билети, црвени, сини и бели, првите се за навивачите на Олимпијакос вторите за оние на Фиорентина, а неутралните гледачи имаат бели билети.

Согласно мерките на полицијата предвидени се две различни места за собирање на навивачите на двата тима т.н. Fan Meeting Points, а движење на навивачите ќе биде контролирано, со полициска придружба и со линија од метрото и автобуси кои ќе сообраќаат само за натпреварот и за оние кои имаат билети.

Навивачите на Олимпијакос планирано е да се соберат на специјално одреден простор во близина на спортската сала во Пиреас, од каде организирано ќе се упатат накај стадионот, додека пак збирното место за навивачите на Фиорентина е во друг дел од Атина, на Олимпискиот стадион и под строги безбедносни мерки ќе бидат транспортирани до стадионот со автобуси.

Оние со бел билет, неповрзани со двата тима, ќе можат да ја користат специјалната метро линија.

Сторги ќе бидат мерките и вон и во стадионот, а на сите гледачи со обезбеден билет при влезот ќе им се вршат неколку проверки.

Паралелно, ќе бидат затворени и улиците во околината на стадионот, додека пак жителите на конкретната населба, добија специјални акредитации за движење.

Навивачите на Олимпијакос, кои не обезбедија билет за финалето, натпреварот ќе можат да го следат на големи видеобинови поставени на три различни локации во Пиреас, предградието на „црвено-белите“, каде што, доколку тимот ја победи Фиорентина и ја освои Конференциската лига, ќе се одржи и прославата.

Токму учеството на Олимпијакос во финалето предизвика особено голем интерес во Грција, а градот, веќе пулсира во ритамот на утрешното финале.

Како што вчера објави МИА, на плоштадот „Коѕиа“ пред општинската зграда во центарот на Атина започна „UEFA Europa Conference League Fan Festival“ за фудбалските фанови со поставени фудбалски терен, разни фудбалски игри за најмладите, но и постарите, а она што е најинтересно за сите – пехарот што ќе го добие победникот.

Навивачите на двата тима, но и неутралните љубители на фудбалот, имаат можност да се сликаат со пехарот, до кој се поставени и официјалните дресови на Олимпијакос и Фиорентина.

The post Во Атина пиле не смее да прелета пред финалето на Лигата на конференции appeared first on Република.

]]>

– Под драконски безбедносни мерки, според портпаролката на грчката полиција на ниво на Олимписки игри, со ангажирани над 5.000 полицајци, дронови и хеликоптери, затворени улици околу стадионот „АЕК Арена“, неколку контролни зони за навивачите и специјален план на полицијата, денеска е Атина во пресрет на финалето на Конференциската лига меѓу Олимпијакос и Фиорентина, јави дописничката на МИА од Атина. Натпреварот ќе се одигра на стадионот на АЕК „Опап арена“, сега преименуван во „АЕК Арена“ во атинската населба Неа Филаделфија, на кој ќе присуствуваат нешто повеќе од 27.000 гледачи. Стадионот од неделата е затворен, откако беа направени и последните безбедносни проверки, а од грчката полиција вчера, на прес-конференција ги соопштија безбедносните мерки коментирајќи дека странува збор за „празник на спортот“ и Грција мора да се погрижи се да помине во најдобар ред „бидејќи сликите од Атина ќе се емитуваат ширум светот“. Портпаролката на полиција Константина Димоглиду, говорејќи за државната телевизија ЕРТ утрово истакна дека Грција изготвила посебен оперативен план,
- Безбедносните мерки се на многу високо ниво. Би рекла дека се на ниво на Олимписки игри, рече Димоглиду.
За денешниот натпревар постојат три вида на билети, црвени, сини и бели, првите се за навивачите на Олимпијакос вторите за оние на Фиорентина, а неутралните гледачи имаат бели билети. Согласно мерките на полицијата предвидени се две различни места за собирање на навивачите на двата тима т.н. Fan Meeting Points, а движење на навивачите ќе биде контролирано, со полициска придружба и со линија од метрото и автобуси кои ќе сообраќаат само за натпреварот и за оние кои имаат билети. Навивачите на Олимпијакос планирано е да се соберат на специјално одреден простор во близина на спортската сала во Пиреас, од каде организирано ќе се упатат накај стадионот, додека пак збирното место за навивачите на Фиорентина е во друг дел од Атина, на Олимпискиот стадион и под строги безбедносни мерки ќе бидат транспортирани до стадионот со автобуси. Оние со бел билет, неповрзани со двата тима, ќе можат да ја користат специјалната метро линија. Сторги ќе бидат мерките и вон и во стадионот, а на сите гледачи со обезбеден билет при влезот ќе им се вршат неколку проверки. Паралелно, ќе бидат затворени и улиците во околината на стадионот, додека пак жителите на конкретната населба, добија специјални акредитации за движење. Навивачите на Олимпијакос, кои не обезбедија билет за финалето, натпреварот ќе можат да го следат на големи видеобинови поставени на три различни локации во Пиреас, предградието на „црвено-белите“, каде што, доколку тимот ја победи Фиорентина и ја освои Конференциската лига, ќе се одржи и прославата. Токму учеството на Олимпијакос во финалето предизвика особено голем интерес во Грција, а градот, веќе пулсира во ритамот на утрешното финале. Како што вчера објави МИА, на плоштадот „Коѕиа“ пред општинската зграда во центарот на Атина започна „UEFA Europa Conference League Fan Festival“ за фудбалските фанови со поставени фудбалски терен, разни фудбалски игри за најмладите, но и постарите, а она што е најинтересно за сите – пехарот што ќе го добие победникот. Навивачите на двата тима, но и неутралните љубители на фудбалот, имаат можност да се сликаат со пехарот, до кој се поставени и официјалните дресови на Олимпијакос и Фиорентина.

The post Во Атина пиле не смее да прелета пред финалето на Лигата на конференции appeared first on Република.

]]>
Атина ќе гори: Денеска се игра финалето на Конференциската лига https://republika.mk/sport/fudbal/atina-ke-gori-deneska-se-igra-finaleto-na-konferentsiskata-liga/ Wed, 29 May 2024 07:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=782613

Денешното финале на УЕФА Конференциската лига меѓу Олимпијакос и Фиорентина што ќе се одржи во Атина, предизвика особено голем интерес во Грција, не само поради тоа што грчката метропола е домаќин, туку и поради тоа што еден од финалистите се црвено-белите од Пиреас, а градот веќе пулсира во ритамот на утрешното финале, јави дописничката на МИА од Атина.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот на АЕК „Опап арена“, сега преименуван во „АЕК Арена“ на кој ќе присуствуваат нешто повеќе од 27.000 гледачи, а Атина од денеска се подготвува за финалето, како во забавниот дел, за љубителите на фудбалот, така и во безбедносниот, за се да помине во најдобар ред.

Дописничката на МИА од Атина ги посети двете главни локации во пресрет натпреварот – плоштадот „Коѕиа“ пред општинската зграда во центарот на Атина каде што утрово започна „UEFA Europa Conference League Fan Festival“ и стадионот во атинската населба Неа Филаделфија.

На дводневниот фестивал за фудбалските фанови поставени се фудбалски терен, разни фудбалски игри за најмладите, но и постарите, а она што е најинтересно за сите – пехарот што ќе го добие победникот.

Навивачите на двата тима, но и неутралните љубители на фудбалот, имаат можност денеска и утре да се сликаат со пехарот, до кој се поставени и официјалните дресови на Олимпијакос и Фиорентина.

- Се сликав со пехарот бидејќи утревечер ќе биде наш. Сигурно е дека ќе го освоиме, вели за МИА млад Грк кој со дрес од Олимпијакос се сликаше со трофејот, изразувајќи убеденост дека атинскиот тим ќе биде убедлив во дуелот со Фиорентина.

И додека во фан зоната пред општината е раздвижено и опуштено, на десетина километри од центарот на Атина во северозападниот дел на градот е мирно, стадионот АЕК арена е под драконски безбедносни мерки и никој, без соодветна акредитација не може да се доближи.

Стадионот од неделата е затворен откако беа направени и последните безбедносни проверки, утрово тренинг одржаа фудбалерите на Олимпијакос, а попладнево првиот тренинг ќе го имаат гостите од Фиренца.

Од грчката полиција денеска, на прес-конференција ги соопштија безбедносните мерки за утрешниот натпревар, коментирајќи дека странува збор за „празник на спортот“ и Грција мора да се погрижи се да помине во најдобар ред „бидејќи сликите од Атина ќе се емитуваат ширум светот“.

Портпаролката на полиција Константина Димоглиду информираше дека мерките предвидуваат две различни локации за собирање на навивачите на двата тима т.н. „Fan Meeting Points“, а движење на навивачите ќе биде контролирано, со полициска придружба и со линија од метрото и автобуси, што ќе сообраќаат само за натпреварот и за оние кои имаат билети.

Навивачите на Олимпијакос имаат црвени билети, на Фиорентина сини, додека пак неутралните гледачи имаат бели билети.

Навивачите на Олимпијакос планирано е да се соберат на специјално одреден простор во близина на спортската сала во Пиреас, од каде организирано ќе се упатат накај стадионот, додека пак збирното место за навивачите на Фиорентина во друг дел од Атина, на Олимпискиот стадион и под строги безбедносни мерки ќе бидат транспортирани до стадионот со автобуси.

Оние со бел билет, неповрзани со двата тима ќе можат да ја користат специјалната метро линија.

Строги ќе бидат мерките и вон и во стадионот, а на сите гледачи со обезбеден билет при влезот ќе им се вршат неколку проверки.

Паралелно, од утре наутро ќе бидат затворени и улиците во околината на стадионот, додека пак жителите на конкретната населба, според грчките медиуми добиле специјални акредитации за движење.

Според истите информации, за безбедноста ќе се грижат над 5.000 полицајци, хеликоптери, дронови, додека пак една атинска болница нема да работи со други пациенти и утре ќе биде во готовност во случај да биде потребна масовна интервенција.

The post Атина ќе гори: Денеска се игра финалето на Конференциската лига appeared first on Република.

]]>

Денешното финале на УЕФА Конференциската лига меѓу Олимпијакос и Фиорентина што ќе се одржи во Атина, предизвика особено голем интерес во Грција, не само поради тоа што грчката метропола е домаќин, туку и поради тоа што еден од финалистите се црвено-белите од Пиреас, а градот веќе пулсира во ритамот на утрешното финале, јави дописничката на МИА од Атина. Натпреварот ќе се одигра на стадионот на АЕК „Опап арена“, сега преименуван во „АЕК Арена“ на кој ќе присуствуваат нешто повеќе од 27.000 гледачи, а Атина од денеска се подготвува за финалето, како во забавниот дел, за љубителите на фудбалот, така и во безбедносниот, за се да помине во најдобар ред. Дописничката на МИА од Атина ги посети двете главни локации во пресрет натпреварот – плоштадот „Коѕиа“ пред општинската зграда во центарот на Атина каде што утрово започна „UEFA Europa Conference League Fan Festival“ и стадионот во атинската населба Неа Филаделфија. На дводневниот фестивал за фудбалските фанови поставени се фудбалски терен, разни фудбалски игри за најмладите, но и постарите, а она што е најинтересно за сите – пехарот што ќе го добие победникот. Навивачите на двата тима, но и неутралните љубители на фудбалот, имаат можност денеска и утре да се сликаат со пехарот, до кој се поставени и официјалните дресови на Олимпијакос и Фиорентина.
- Се сликав со пехарот бидејќи утревечер ќе биде наш. Сигурно е дека ќе го освоиме, вели за МИА млад Грк кој со дрес од Олимпијакос се сликаше со трофејот, изразувајќи убеденост дека атинскиот тим ќе биде убедлив во дуелот со Фиорентина.
И додека во фан зоната пред општината е раздвижено и опуштено, на десетина километри од центарот на Атина во северозападниот дел на градот е мирно, стадионот АЕК арена е под драконски безбедносни мерки и никој, без соодветна акредитација не може да се доближи. Стадионот од неделата е затворен откако беа направени и последните безбедносни проверки, утрово тренинг одржаа фудбалерите на Олимпијакос, а попладнево првиот тренинг ќе го имаат гостите од Фиренца. Од грчката полиција денеска, на прес-конференција ги соопштија безбедносните мерки за утрешниот натпревар, коментирајќи дека странува збор за „празник на спортот“ и Грција мора да се погрижи се да помине во најдобар ред „бидејќи сликите од Атина ќе се емитуваат ширум светот“. Портпаролката на полиција Константина Димоглиду информираше дека мерките предвидуваат две различни локации за собирање на навивачите на двата тима т.н. „Fan Meeting Points“, а движење на навивачите ќе биде контролирано, со полициска придружба и со линија од метрото и автобуси, што ќе сообраќаат само за натпреварот и за оние кои имаат билети. Навивачите на Олимпијакос имаат црвени билети, на Фиорентина сини, додека пак неутралните гледачи имаат бели билети. Навивачите на Олимпијакос планирано е да се соберат на специјално одреден простор во близина на спортската сала во Пиреас, од каде организирано ќе се упатат накај стадионот, додека пак збирното место за навивачите на Фиорентина во друг дел од Атина, на Олимпискиот стадион и под строги безбедносни мерки ќе бидат транспортирани до стадионот со автобуси. Оние со бел билет, неповрзани со двата тима ќе можат да ја користат специјалната метро линија. Строги ќе бидат мерките и вон и во стадионот, а на сите гледачи со обезбеден билет при влезот ќе им се вршат неколку проверки. Паралелно, од утре наутро ќе бидат затворени и улиците во околината на стадионот, додека пак жителите на конкретната населба, според грчките медиуми добиле специјални акредитации за движење. Според истите информации, за безбедноста ќе се грижат над 5.000 полицајци, хеликоптери, дронови, додека пак една атинска болница нема да работи со други пациенти и утре ќе биде во готовност во случај да биде потребна масовна интервенција.

The post Атина ќе гори: Денеска се игра финалето на Конференциската лига appeared first on Република.

]]>