лидерска Archives - Република https://republika.mk/tema/liderska/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Jun 2023 09:50:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лидерска Archives - Република https://republika.mk/tema/liderska/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Средбата Мицкоски-Ковачевски ќе биде тет-а-тет, ќе и претходат разговори со пратениците, коалицијата и ИК на партијата https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sredbata-mitskoski-kovachevski-ke-bide-tet-a-tet-ke-i-prethodat-razgovori-so-pratenitsite-koalitsijata-i-ik-na-partijata/ Mon, 05 Jun 2023 09:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=647969

Во Клубот на пратениците во среда ќе се одржи најавената средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, средбата ќе биде тет-а-тет.

-До средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе изврши широки консултации со Пратеничката група, партиите дел од Коалицијата и Извршниот комитет на партијата. Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор, истакнуваат од опозициската партија.

Очекуваме, како што наведуваат од партијата, Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство.

Владата денеска соопшти дека премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во среда во 11 часот во Клубот на пратеници ќе ја одржат најавената средба.

Од Владата соопштија дека на средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Средбата Мицкоски-Ковачевски ќе биде тет-а-тет, ќе и претходат разговори со пратениците, коалицијата и ИК на партијата appeared first on Република.

]]>

Во Клубот на пратениците во среда ќе се одржи најавената средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, средбата ќе биде тет-а-тет. -До средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе изврши широки консултации со Пратеничката група, партиите дел од Коалицијата и Извршниот комитет на партијата. Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор, истакнуваат од опозициската партија. Очекуваме, како што наведуваат од партијата, Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство. Владата денеска соопшти дека премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во среда во 11 часот во Клубот на пратеници ќе ја одржат најавената средба. Од Владата соопштија дека на средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Средбата Мицкоски-Ковачевски ќе биде тет-а-тет, ќе и претходат разговори со пратениците, коалицијата и ИК на партијата appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја објави одлуката дали ќе учествува на лидерската средба https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-deneska-kje-ja-objavi-odlukata-dali-kje-uchestvuva-na-liderskata-sredba/ Sat, 05 Nov 2022 06:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=569769

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави дека во текот на денот од партијата ќе го соопштат ставот дали ќе ја прифатат поканата за учество на лидерската средба свикана за в понеделник од премиерот Димитар Ковачевски.

Мицкоски појасни дека одлуката ќе биде донесена откако ќе направи консултации со коалициските партнери, со пратеничката група и со Извршниот комитет на партијата.

Очекувам дека телефонски ќе имам можност да се консултирам со коалициските партнери, со пратеничката група, со Извршниот комитет и во саботс ќе соопштиме дали ќе одиме и ако не, зошто не одиме, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по извршениот увид во градежните активности за асфалтирање на Бруснички пат во населеното место Брусник во Битола.

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, испрати покана за лидерска средба со претседателите на сите политички партии застапени во парламентот за 7 ноември, која треба да се одржи во Собранието, со цел, како што рече, да се разговара за европскиот пат на земјава, како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк политички и општествен консензус.

Прашан како партијата ќе ја оствари целта за предвремени избори, Мицкоски вели дека тоа ќе го сторат „со обезбедување на 61 пратеник во Собранието“, на што напорно работат.

Во однос на тоа дали во евентуалната идна влада на ВМРО-ДПМНЕ би коалицирале со ДУИ, Мицкоски вели дека како партнери ги посакуваат партиите од албанскиот опозициски блок.

Тоа не сме кажале никогаш дали ќе коалицириме со ДУИ или со која било друга политичка партија, може и да не коалицираме со ДУИ. Наша цел и амбиција во делот на албанскиот блок е албанската опозиција, но има правило на Бадентер и ние мора да го почитуваме и ќе се водиме по тоа правило за да можеме да ги спроведеме реформите. Доколку имаме коалиција со политичката партија ДУИ, тогаш секако дека тие луѓе кои што се инкриминирани и за кои имаме основано сомнение, нема да бидат ниту во мојот кабинет, ниту ќе бидат дел од институциите. Но, ќе направиме се што е во наша моќ албанската опозиција да биде нашиот коалициски партнер, рече Мицкоски

The post ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја објави одлуката дали ќе учествува на лидерската средба appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави дека во текот на денот од партијата ќе го соопштат ставот дали ќе ја прифатат поканата за учество на лидерската средба свикана за в понеделник од премиерот Димитар Ковачевски. Мицкоски појасни дека одлуката ќе биде донесена откако ќе направи консултации со коалициските партнери, со пратеничката група и со Извршниот комитет на партијата.
Очекувам дека телефонски ќе имам можност да се консултирам со коалициските партнери, со пратеничката група, со Извршниот комитет и во саботс ќе соопштиме дали ќе одиме и ако не, зошто не одиме, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по извршениот увид во градежните активности за асфалтирање на Бруснички пат во населеното место Брусник во Битола.
Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, испрати покана за лидерска средба со претседателите на сите политички партии застапени во парламентот за 7 ноември, која треба да се одржи во Собранието, со цел, како што рече, да се разговара за европскиот пат на земјава, како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк политички и општествен консензус. Прашан како партијата ќе ја оствари целта за предвремени избори, Мицкоски вели дека тоа ќе го сторат „со обезбедување на 61 пратеник во Собранието“, на што напорно работат. Во однос на тоа дали во евентуалната идна влада на ВМРО-ДПМНЕ би коалицирале со ДУИ, Мицкоски вели дека како партнери ги посакуваат партиите од албанскиот опозициски блок.