личности на годината за 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/lichnosti-na-godinata-za-2023/ За подобро да се разбереме Sun, 31 Dec 2023 11:34:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png личности на годината за 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/lichnosti-na-godinata-za-2023/ 32 32 Уметност, памет и хуманост е тоа што ни треба: „Република“ ги избра личностите за 2023 година https://republika.mk/vesti/kultura/umetnost-pamet-i-humanost-e-toa-shto-ni-treba-republika-gi-izbra-lichnostite-za-2023-godina/ Sun, 31 Dec 2023 07:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=728093

Светот ќе го спаси убавината. Омилениот цитат на многумина е извадок од „Идиот“, ремек-делото на рускиот писател Фјодор Достоевски. Ја испраќаме 2023 во која беше тешко да се избере личност или настан кој ќе ја одбележи годината. Ние во „Република“ се решивме за убавината, добрината, хуманоста и уметноста. Бидејќи тие ќе го спасат светот. Личностите кои ги избравме се наш, личен, субјективен избор.

Пијанистот со светски глас, Симон Трпчески, математичарот Дамајан Давков, кој освои прво место на Интернационалната олипијада за математика, режисерката Тамара Котевска, Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и писателот Влада Урошевиќ се изборот на личности за 2023 година за кои се одлучи редакцијата на „Република“. Сите петмина се еднакво важни и успешни.

Симон Трпчески 

Врвниот македонски пијанист Симон Трпчески во 2023 година покрај многуте успешни концерти кои ги изведе на светските сцени, оваа година заедно со ВДР Симфонискиот оркестар од Келн и романскиот диригент Кристијан Мачелару ги сними монументалните концерти на Јоханес Брамс. Двојниот албум со двата концерти за пијано и оркестар од Јоханес Брамс го издаде британскиот „Лин рекордс“, а светските медиуми пишуваа блескави критики. Новото издание на Трпчески беше прогласено за албум на неделата на познатото лондонско радио „Класик ФМ“.

Пијанистот со светски глас, летово, во родното село на неговата мајка, Секирник, Струмичко настапи со „Македонисимо“, проект на кој тој е неизмерно горд. Со „Македонисимо“ тој имаше балканска турнеја, а за него се значајни изведбите на двата Брамсови концерта со Лондонскиот симфониски оркестар.

Трпчески во јуни првпат гостуваше во Грција, каде што имаше концерт со државниот Солунски симфониски орекстар.

Дамјан Давков

2023 година беше мошне успешна 15-годишниот математичар Дамјан Давков. Штипјанецот, кој како основец освојуваше високи пласмани во повисоки категории, сега е средношколец во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Освен математиката, одлично му оди и инфоррамтиката. Тој го освои првото злато за Македонија на 64. Интернационална математичка олимпијада што летово се одржа во Чиба, Јапонија. Давков беше дел од македонкиот тим во кој Алексиј Тасиќ освои сребрен медал, Никола Цветаноски и Никола Спировски – бронзи, а Јан Стојановски и Бранко Јангеловски пофалници за успешно учество. Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.

Дамјан на 27. Јуниорска балканска математичка олимпијада освои златен медал со максимален број поени.

Давков оваа година освои златен медал на 7. Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2023) која се одржа во Кутаиси, Грузија. Тоа беше прво злато за Македонија и најголем досегашен успех за нашите млади информатичари на престижниот интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години. Покрај златото на Давков, забележително претставување имаа и останатите тројца членови на македонскиот тим: Владимир Грчев, сега осмоодделенец од Кочани, кој освои олимписка пофалница, како и Никола Стојковски и Андрија Младеновиќ од Скопје кои ги делеа само 5 поени од освојување на олимписка пофалница.

Тамара Котевска 

Во 2020 година македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска ја испиша историјата кога доби две номинации за престижната награда „Оскар“, за најдобар документарец и најадобар странски филм. Три години подоцна Костевска стана првата македонска авторка која доби покана да одржи говор на престижниот Венециски филмски фестивал. Котевска зборуваше за филмови кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена. На Фестивалот Котевска го претстави својот нов долгометражен документарец „The Walk“ (Патешествието), кој премиерно беше прикажан на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC). „Патешествието“ (The Walk), е филм за глобалната сензација Амал – триметарската кукла што претставува дете-бегалче од Сирија, која го обиколила светот подигнувајќи ја свеста за бегалците.

Борче Стаменов 

Здружението „Донирај компјутер“ на Борче Стаменов од Кавадарци недамна го прослави седмиот роденден. За тоа време Борче и екипата успеале да подарат 2.710 компјутери, да израдуваат деца со новогодишни пакетичиња, украси, елки, лампиони, гардероба и друго.

Хуманизмот на Стаменов беше препознаен конечно и од државата, па тој неодамна ја доби државната награда „Мето Јовановски“ за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Иницијативата стари, па потоа надградувани компјутери да се донираат на семејства кои не можат да си дозволат да купат почнала сосема случајно, кога една самохрана мајка го замолила Стаменов да ѝ помогне со половен компјутер за нејзините деца. Оттогаш Борче со свој тим, ентузијастички и волентерски работат на тоа секое дете чие семејство не е во можност да му обезбеди компутер, тој да му го донира. Стар, но надграден и сосема солиден. Откако во 2016 година сам поправил и подарил 20 компјутери без никаква логистика, упатил апел за стари компјутери. На апелот се пријавуваат компании и физички лица. Денес Борче е херој кој е идеен творец на благородната иницијатива која израдувала мноу деца, но и нивните родители.

Влада Урошевиќ 

Академик Влада Урошевиќ (89) е еден од најзначајните македонски книжевни и културни дејци. Во 2023 година тој стана добитник на две мошне значајни и престижни литературни награди, „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) и „Роман на годината“ за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ во издание на „Арс Ламина“.

Во 2023 тој ја доби и наградата „13 Ноември“ која ја доделува Град Скопје и наградата автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи.

Академик Урошевиќ твори во речиси секој жанр и секоја форма: поезија, расказ, роман, есеј, патопис, книжевна и ликовна критика, книжевна теорија и превод. Зад себе има три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките и есеите за македонските писатели и две книги за фантастиката во сликарството. Се афирмира и како антологичар на повеќе изданија. За своите дела и преводи е добитник на многубројни награди и признанија: трипати на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на „Струшките вечери на поезијата“, двапати на наградата „Стале Попов“, двапати на наградата „Григор Прличев“ за најдобар препев. Освен домашните, носител е и на неколку странски признанија. За својот книжевен и преведувачки опус, пак, именуван е првин за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред од Владата на Република Франција. Книгите на Влада Урошевиќ се преведени на повеќе јазици: англиски, бугарски, германски, дански, полски, руски, словенечки, српски, хрватски, француски и шпански.

The post Уметност, памет и хуманост е тоа што ни треба: „Република“ ги избра личностите за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Светот ќе го спаси убавината. Омилениот цитат на многумина е извадок од „Идиот“, ремек-делото на рускиот писател Фјодор Достоевски. Ја испраќаме 2023 во која беше тешко да се избере личност или настан кој ќе ја одбележи годината. Ние во „Република“ се решивме за убавината, добрината, хуманоста и уметноста. Бидејќи тие ќе го спасат светот. Личностите кои ги избравме се наш, личен, субјективен избор. Пијанистот со светски глас, Симон Трпчески, математичарот Дамајан Давков, кој освои прво место на Интернационалната олипијада за математика, режисерката Тамара Котевска, Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и писателот Влада Урошевиќ се изборот на личности за 2023 година за кои се одлучи редакцијата на „Република“. Сите петмина се еднакво важни и успешни. Симон Трпчески  Врвниот македонски пијанист Симон Трпчески во 2023 година покрај многуте успешни концерти кои ги изведе на светските сцени, оваа година заедно со ВДР Симфонискиот оркестар од Келн и романскиот диригент Кристијан Мачелару ги сними монументалните концерти на Јоханес Брамс. Двојниот албум со двата концерти за пијано и оркестар од Јоханес Брамс го издаде британскиот „Лин рекордс“, а светските медиуми пишуваа блескави критики. Новото издание на Трпчески беше прогласено за албум на неделата на познатото лондонско радио „Класик ФМ“. Пијанистот со светски глас, летово, во родното село на неговата мајка, Секирник, Струмичко настапи со „Македонисимо“, проект на кој тој е неизмерно горд. Со „Македонисимо“ тој имаше балканска турнеја, а за него се значајни изведбите на двата Брамсови концерта со Лондонскиот симфониски оркестар. Трпчески во јуни првпат гостуваше во Грција, каде што имаше концерт со државниот Солунски симфониски орекстар. Дамјан Давков 2023 година беше мошне успешна 15-годишниот математичар Дамјан Давков. Штипјанецот, кој како основец освојуваше високи пласмани во повисоки категории, сега е средношколец во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Освен математиката, одлично му оди и инфоррамтиката. Тој го освои првото злато за Македонија на 64. Интернационална математичка олимпијада што летово се одржа во Чиба, Јапонија. Давков беше дел од македонкиот тим во кој Алексиј Тасиќ освои сребрен медал, Никола Цветаноски и Никола Спировски – бронзи, а Јан Стојановски и Бранко Јангеловски пофалници за успешно учество. Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски. Дамјан на 27. Јуниорска балканска математичка олимпијада освои златен медал со максимален број поени. Давков оваа година освои златен медал на 7. Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2023) која се одржа во Кутаиси, Грузија. Тоа беше прво злато за Македонија и најголем досегашен успех за нашите млади информатичари на престижниот интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години. Покрај златото на Давков, забележително претставување имаа и останатите тројца членови на македонскиот тим: Владимир Грчев, сега осмоодделенец од Кочани, кој освои олимписка пофалница, како и Никола Стојковски и Андрија Младеновиќ од Скопје кои ги делеа само 5 поени од освојување на олимписка пофалница. Тамара Котевска  Во 2020 година македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска ја испиша историјата кога доби две номинации за престижната награда „Оскар“, за најдобар документарец и најадобар странски филм. Три години подоцна Костевска стана првата македонска авторка која доби покана да одржи говор на престижниот Венециски филмски фестивал. Котевска зборуваше за филмови кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена. На Фестивалот Котевска го претстави својот нов долгометражен документарец „The Walk“ (Патешествието), кој премиерно беше прикажан на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC). „Патешествието“ (The Walk), е филм за глобалната сензација Амал – триметарската кукла што претставува дете-бегалче од Сирија, која го обиколила светот подигнувајќи ја свеста за бегалците. Борче Стаменов  Здружението „Донирај компјутер“ на Борче Стаменов од Кавадарци недамна го прослави седмиот роденден. За тоа време Борче и екипата успеале да подарат 2.710 компјутери, да израдуваат деца со новогодишни пакетичиња, украси, елки, лампиони, гардероба и друго. Хуманизмот на Стаменов беше препознаен конечно и од државата, па тој неодамна ја доби државната награда „Мето Јовановски“ за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Иницијативата стари, па потоа надградувани компјутери да се донираат на семејства кои не можат да си дозволат да купат почнала сосема случајно, кога една самохрана мајка го замолила Стаменов да ѝ помогне со половен компјутер за нејзините деца. Оттогаш Борче со свој тим, ентузијастички и волентерски работат на тоа секое дете чие семејство не е во можност да му обезбеди компутер, тој да му го донира. Стар, но надграден и сосема солиден. Откако во 2016 година сам поправил и подарил 20 компјутери без никаква логистика, упатил апел за стари компјутери. На апелот се пријавуваат компании и физички лица. Денес Борче е херој кој е идеен творец на благородната иницијатива која израдувала мноу деца, но и нивните родители. Влада Урошевиќ  Академик Влада Урошевиќ (89) е еден од најзначајните македонски книжевни и културни дејци. Во 2023 година тој стана добитник на две мошне значајни и престижни литературни награди, „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) и „Роман на годината“ за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ во издание на „Арс Ламина“. Во 2023 тој ја доби и наградата „13 Ноември“ која ја доделува Град Скопје и наградата автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи. Академик Урошевиќ твори во речиси секој жанр и секоја форма: поезија, расказ, роман, есеј, патопис, книжевна и ликовна критика, книжевна теорија и превод. Зад себе има три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките и есеите за македонските писатели и две книги за фантастиката во сликарството. Се афирмира и како антологичар на повеќе изданија. За своите дела и преводи е добитник на многубројни награди и признанија: трипати на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на „Струшките вечери на поезијата“, двапати на наградата „Стале Попов“, двапати на наградата „Григор Прличев“ за најдобар препев. Освен домашните, носител е и на неколку странски признанија. За својот книжевен и преведувачки опус, пак, именуван е првин за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред од Владата на Република Франција. Книгите на Влада Урошевиќ се преведени на повеќе јазици: англиски, бугарски, германски, дански, полски, руски, словенечки, српски, хрватски, француски и шпански.

The post Уметност, памет и хуманост е тоа што ни треба: „Република“ ги избра личностите за 2023 година appeared first on Република.

]]>