личн податоци Archives - Република https://republika.mk/tema/lichn-podatotsi/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 08:50:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png личн податоци Archives - Република https://republika.mk/tema/lichn-podatotsi/ 32 32 На интернет објавени лични податоци на над 300 мексикански новинари, протекле од Канцеларијата на претседателот https://republika.mk/vesti/svet/na-internet-objaveni-lichni-podatotsi-na-nad-300-meksikanski-novinari-protekle-od-kantselarijata-na-pretsedatelot/ Sat, 27 Jan 2024 08:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=737369

Експерт за кибер безбедност соопшти дека податоците на повеќе од 300 мексикански новинари биле објавени на интернет, пренесуваат странските агенции.

Според Виктор Руиз, основач на компанијата за кибер безбедност СИЛИКН, тоа се новинари кои присуствувале на дневните прес-конференции на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. Експертот тврди дека информациите за нив доаѓаат од базата на податоци на Претседателството.

Протекувањето на податоците предизвика загриженост кај поборниците за слобода на медиумите.

Една од датотеките објавени на интернет содржеше список со адреси на луѓето и целосни имиња“, вели Руиз.

Списокот беше објавен на форум каде хакерите тргуваат со бази на податоци. Во случајот на новинарите, пак, пристапот до објавените информации е бесплатен.

Претседателството беше информирано, но се чини дека нема реакција“, додава експертот за кибер безбедност.

Невладината „Член 19“, која се бори за слобода на изразување, на социјалната мрежа Х соопшти дека од повеќе извори добила потврда за протекувањето на податоците.

Со оглед на фактот дека Мексико е една од најсмртоносните земји за новинарите, со 163 убиени и 32 исчезнати новинари, протекувањето не само што го загрозува достоинството и приватноста на засегнатите новинари, туку и нивната физичка безбедност“, посочува невладината организација.

Мексиканскиот национален институт за пристап до информации објави истрага за наводното истекување на податоци, повикувајќи се на законот за заштита на личните податоци.

The post На интернет објавени лични податоци на над 300 мексикански новинари, протекле од Канцеларијата на претседателот appeared first on Република.

]]>

Експерт за кибер безбедност соопшти дека податоците на повеќе од 300 мексикански новинари биле објавени на интернет, пренесуваат странските агенции. Според Виктор Руиз, основач на компанијата за кибер безбедност СИЛИКН, тоа се новинари кои присуствувале на дневните прес-конференции на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. Експертот тврди дека информациите за нив доаѓаат од базата на податоци на Претседателството. Протекувањето на податоците предизвика загриженост кај поборниците за слобода на медиумите.