лице Archives - Република https://republika.mk/tema/lice/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 08:18:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лице Archives - Република https://republika.mk/tema/lice/ 32 32 Дваесет и две годишник од Карбинци кривично ќе се гони, објавил фотографија на која едно лице држи пиштол во раце https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dvaeset-i-dve-godishnik-od-karbintsi-krivichno-ke-se-goni-objavil-fotografija-na-koja-edno-litse-drzhi-pishtol-vo-ratse/ Mon, 15 Jul 2024 08:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=796884

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека ќе се поднесе кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“ против лице од Карбинци.

Вчера во 01.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Г.П.(22) од с.Козјак, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа биле објавени фотографии на кои едно лице, во урбана средина, држел пиштол во рацете, информираше Тошковски.

По преземени оперативни мерки лицето било пронајдено и приведено, а по извршениот увид на местото кое го посочил биле пронајдени чаури. Во врска со настанот од М.Т.(27) од Штип бил одземен пиштол „Зораки“, кој по наредба на јавен обвинител бил даден на вештачење.
Г.П. бил задржан во полициска станица и во координација со Основното јавно обвинителство Штип, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување на општа опасност, посочи Тошковски.

The post Дваесет и две годишник од Карбинци кривично ќе се гони, објавил фотографија на која едно лице држи пиштол во раце appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека ќе се поднесе кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“ против лице од Карбинци. Вчера во 01.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Г.П.(22) од с.Козјак, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа биле објавени фотографии на кои едно лице, во урбана средина, држел пиштол во рацете, информираше Тошковски. По преземени оперативни мерки лицето било пронајдено и приведено, а по извршениот увид на местото кое го посочил биле пронајдени чаури. Во врска со настанот од М.Т.(27) од Штип бил одземен пиштол „Зораки“, кој по наредба на јавен обвинител бил даден на вештачење. Г.П. бил задржан во полициска станица и во координација со Основното јавно обвинителство Штип, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување на општа опасност, посочи Тошковски.

The post Дваесет и две годишник од Карбинци кривично ќе се гони, објавил фотографија на која едно лице држи пиштол во раце appeared first on Република.

]]>
Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер https://republika.mk/zivot/servisi/transportirano-bolno-litse-od-ungarija-do-makedonija-so-meditsinski-helikopter/ Tue, 16 Apr 2024 12:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=766744

Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице за понатамошна подолготрајна нега.

Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице, македонски државјанин, којшто бил професионален возач и во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во индуцирана – вештачка кома во Унгарија, во градот (Szeged).

Во телефонскиот контакт со ќерката на болното лице, беше добиена информација дека било стапено, од нејзина страна, со надлежните медицински установи во Македонија, од каде што и посочиле дека е потребен безбеден транспорт и интензивна подолготрајна нега.

Притоа, на барањето е одговрено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска.

Ова е дел од активностите при што државните водухопловни ресурси, во случајот полициските хеликоптери, со мали модификации и опремување со специфична опрема, се употребуваат повеќенаменски, односно покрај за гаснење пожари сега се употребуваат и за медицински транспорт.

Припадниците на Хеликоптерската единица на МВР, е евидентно дека покажуваат високо ниво на храброст и вештина при гаснењето на пожарите на отворено, а сега и голема вештина за безбеден транспорт на болни граѓани на големи растојанија.

The post Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер appeared first on Република.

]]>

Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице за понатамошна подолготрајна нега. Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице, македонски државјанин, којшто бил професионален возач и во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во индуцирана – вештачка кома во Унгарија, во градот (Szeged). Во телефонскиот контакт со ќерката на болното лице, беше добиена информација дека било стапено, од нејзина страна, со надлежните медицински установи во Македонија, од каде што и посочиле дека е потребен безбеден транспорт и интензивна подолготрајна нега. Притоа, на барањето е одговрено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска. Ова е дел од активностите при што државните водухопловни ресурси, во случајот полициските хеликоптери, со мали модификации и опремување со специфична опрема, се употребуваат повеќенаменски, односно покрај за гаснење пожари сега се употребуваат и за медицински транспорт. Припадниците на Хеликоптерската единица на МВР, е евидентно дека покажуваат високо ниво на храброст и вештина при гаснењето на пожарите на отворено, а сега и голема вештина за безбеден транспорт на болни граѓани на големи растојанија.

The post Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер appeared first on Република.

]]>
Вежбате за да го одложите стареењето, но хирурзите имаат лоши вести за вас кои трчате https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/vezhbate-za-da-go-odlozhite-stareeneto-no-hirurzite-imaat-loshi-vesti-za-vas-koi-trchate/ Tue, 07 Mar 2023 17:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=616429

Пластичен хирург предупредува дека постои физичка активност која често се практикува, а предизвикува побрзо стареење.

Половина од моите пациенти ме сакаат поради тоа што им го кажувам, а половина ме мразат“, вели д-р Џералд Имбер во видеото објавено на ТикТок, пренесува „Индекс Фит“.

Д-р Имбер, кој е специјализиран за процедури за лице и тело, тврди дека во прашање е – трчањето.

Притоа, тој објаснува дека повремено трчање е добро, но сè повеќе од неколку километри секој втор ден е премногу.

Дали некогаш сте виделе долгогодишен тркач кој немал слабо, виснато лице? Тоа се случува“, додава тој.

Според докторот, трчањето не влијае само на цртите на лицето, туку и на другите делови од телото.

Колената, зглобовите и грбот се трошат“, тврди тој.

И покрај сите негативни ефекти кои трчањето може да ги има врз телото, овој доктор призна дека вежбањето има придобивки и го повтори своето тврдење дека сѐ е во ред доколку трчањето се практикува умерено.

Инаку, триатлонецот д-р Кија Мовасаги тврди дека изгледот на лицето на тркачите е предизвикана од слабата фигура и постојаното изложување на сонце.

Овие карактеристики ги имаат и градинарите, скијачите, градежните работници, сурферите, морнарите, тенисерите, велосипедистите и голферите. Како што старееме, нашата кожа произведува помалку колаген и еластин, а изложеноста на УВ зраците го забрзува тој процес“, вели таа.

The post Вежбате за да го одложите стареењето, но хирурзите имаат лоши вести за вас кои трчате appeared first on Република.

]]>

Пластичен хирург предупредува дека постои физичка активност која често се практикува, а предизвикува побрзо стареење.
Половина од моите пациенти ме сакаат поради тоа што им го кажувам, а половина ме мразат“, вели д-р Џералд Имбер во видеото објавено на ТикТок, пренесува „Индекс Фит“.
Д-р Имбер, кој е специјализиран за процедури за лице и тело, тврди дека во прашање е – трчањето. Притоа, тој објаснува дека повремено трчање е добро, но сè повеќе од неколку километри секој втор ден е премногу.
Дали некогаш сте виделе долгогодишен тркач кој немал слабо, виснато лице? Тоа се случува“, додава тој.
Според докторот, трчањето не влијае само на цртите на лицето, туку и на другите делови од телото.
Колената, зглобовите и грбот се трошат“, тврди тој.
И покрај сите негативни ефекти кои трчањето може да ги има врз телото, овој доктор призна дека вежбањето има придобивки и го повтори своето тврдење дека сѐ е во ред доколку трчањето се практикува умерено. Инаку, триатлонецот д-р Кија Мовасаги тврди дека изгледот на лицето на тркачите е предизвикана од слабата фигура и постојаното изложување на сонце.
Овие карактеристики ги имаат и градинарите, скијачите, градежните работници, сурферите, морнарите, тенисерите, велосипедистите и голферите. Како што старееме, нашата кожа произведува помалку колаген и еластин, а изложеноста на УВ зраците го забрзува тој процес“, вели таа.

The post Вежбате за да го одложите стареењето, но хирурзите имаат лоши вести за вас кои трчате appeared first on Република.

]]>
Продолжува потрагата по лицето што скокна во Вардар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prodolzuva-potragata-po-liceto-shto-skokna-vo-vardar/ Mon, 12 Dec 2022 14:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=584836

Центарот за управување со кризи информира дека продолжува потрагата по лицето што вчера скокна во реката Вардар.

По направената координација од страна на ЦУК со МВР, ДЗС, локалните самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвениот крст, денеска се врши потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на струјата на речното корито исклучиво од страна на специјализираните единици на МВР со чамец, се наведува во соопштението од ЦУК.

Според ЦУК, тимовите на Црвениот крст и ДЗС денеска не учествуваат во потрагата, затоа што густата крајбрежна вегетација не дозволува и ја отежнува визуелната потрага од двете страни на речното корито.

Од Центарот додаваат дека доколку лицето и денеска не биде пронајдено, за утре е планирано да се вклучи еден тим од ДЗС, специјализиран за вакви потраги и акции на вода, во пребарување на течението на реката Вардар, од село Таор кон Велес.

The post Продолжува потрагата по лицето што скокна во Вардар appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи информира дека продолжува потрагата по лицето што вчера скокна во реката Вардар. По направената координација од страна на ЦУК со МВР, ДЗС, локалните самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвениот крст, денеска се врши потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на струјата на речното корито исклучиво од страна на специјализираните единици на МВР со чамец, се наведува во соопштението од ЦУК. Според ЦУК, тимовите на Црвениот крст и ДЗС денеска не учествуваат во потрагата, затоа што густата крајбрежна вегетација не дозволува и ја отежнува визуелната потрага од двете страни на речното корито. Од Центарот додаваат дека доколку лицето и денеска не биде пронајдено, за утре е планирано да се вклучи еден тим од ДЗС, специјализиран за вакви потраги и акции на вода, во пребарување на течението на реката Вардар, од село Таор кон Велес.

The post Продолжува потрагата по лицето што скокна во Вардар appeared first on Република.

]]>