Лице в Лице Archives - Република https://republika.mk/tema/lice-v-lice/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 08:27:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лице в Лице Archives - Република https://republika.mk/tema/lice-v-lice/ 32 32 Кампањата на „Лице в лице“ за матичните броеви избрана за најдобра во Ливерпул https://republika.mk/zivot/kariera/kampanata-na-litse-v-litse-za-matichnite-broevi-izbrana-za-najdobra-vo-liverpul/ Fri, 13 Sep 2024 08:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=815908

Списанието „Лице в лице“ доби награда за најдобра кампања на годинешните награди што ги доделува Меѓународната мрежа за уличен печат. Наградата беше доделена пред два вечери во Ливерпул, Англија.

Категоријата за Најдобра кампања е за уличните весници и списанија кои покренале свесност за проблемите со кои се соочуваат нивните продавачи или кои застапувале за промена со која ќе се подобри работата на нивните продавачи. Дел од натпреварот беа над 90 списанија од 35 земји од целиот свет.

Списанијата се натпреваруваа во шест категории: најдобра насловница, најдобар напис, најдобра кампања, најдобра поддршка за продавачот, најдобар придонес од продавач, најдобра фотографија.

Од „Лице в лице“ информираат дека биле меѓу петте финалисти и во категоријата Најдобра насловна страница со насловница посветена на економското зајакнување на жените, дизајнирана од Ружица Мандичевска (Руки Чуки).

Кампања што ја започна ‘Лице в лице’ доби и значајна медиумска поддршка и соработка со здруженија кои обезбедуваа бесплатна правна помош. По долгите правни битки, проблемот остана нерешен сѐ до мај 2023 година, кога смртта на Мемет Камбер предизвика јавно негодување и засилени напори за застапување. Во јуни 2023 година, по овие напори, беше усвоена измена на Законот за матична евиденција, овозможувајќи им на лицата родени во земјата конечно да добијат лични документи. Една година подоцна, повеќето продавачи ги добија своите документи, а земјата се приближи кон тоа да стане првата во Европа што ќе стави крај на бездржавјанството“, велат од списанието.

Ова движење што го започна „Лице в лице“ на списанието му ја донесе и државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права во декември 2023 година.

Пред оваа иницијатива, социјалните ментори беа ангажирани за да обезбедат поддршка на младите продавачи на „Лице в лице“, водејќи ги кон отворен пазар на труд и исполнување на нивното право на работа. Тоа вклучуваше шест месеци интензивна поддршка, со цел продавачите да најдат можности за вработување и да се интегрираат на пазарот на труд, притоа излегувајќи од системот на социјална зависност и станувајќи активни учесници способни да заработуваат за живот.

The post Кампањата на „Лице в лице“ за матичните броеви избрана за најдобра во Ливерпул appeared first on Република.

]]>

Списанието „Лице в лице“ доби награда за најдобра кампања на годинешните награди што ги доделува Меѓународната мрежа за уличен печат. Наградата беше доделена пред два вечери во Ливерпул, Англија. Категоријата за Најдобра кампања е за уличните весници и списанија кои покренале свесност за проблемите со кои се соочуваат нивните продавачи или кои застапувале за промена со која ќе се подобри работата на нивните продавачи. Дел од натпреварот беа над 90 списанија од 35 земји од целиот свет. Списанијата се натпреваруваа во шест категории: најдобра насловница, најдобар напис, најдобра кампања, најдобра поддршка за продавачот, најдобар придонес од продавач, најдобра фотографија. Од „Лице в лице“ информираат дека биле меѓу петте финалисти и во категоријата Најдобра насловна страница со насловница посветена на економското зајакнување на жените, дизајнирана од Ружица Мандичевска (Руки Чуки).
Кампања што ја започна ‘Лице в лице’ доби и значајна медиумска поддршка и соработка со здруженија кои обезбедуваа бесплатна правна помош. По долгите правни битки, проблемот остана нерешен сѐ до мај 2023 година, кога смртта на Мемет Камбер предизвика јавно негодување и засилени напори за застапување. Во јуни 2023 година, по овие напори, беше усвоена измена на Законот за матична евиденција, овозможувајќи им на лицата родени во земјата конечно да добијат лични документи. Една година подоцна, повеќето продавачи ги добија своите документи, а земјата се приближи кон тоа да стане првата во Европа што ќе стави крај на бездржавјанството“, велат од списанието.
Ова движење што го започна „Лице в лице“ на списанието му ја донесе и државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права во декември 2023 година. Пред оваа иницијатива, социјалните ментори беа ангажирани за да обезбедат поддршка на младите продавачи на „Лице в лице“, водејќи ги кон отворен пазар на труд и исполнување на нивното право на работа. Тоа вклучуваше шест месеци интензивна поддршка, со цел продавачите да најдат можности за вработување и да се интегрираат на пазарот на труд, притоа излегувајќи од системот на социјална зависност и станувајќи активни учесници способни да заработуваат за живот.

The post Кампањата на „Лице в лице“ за матичните броеви избрана за најдобра во Ливерпул appeared first on Република.

]]>
Државната награда „Мето Јовановски“ за „Лице в лице“ и Борче Стаменов https://republika.mk/vesti/kultura/drzhavnata-nagrada-meto-jovanovski-za-litse-v-litse-i-borche-stamenov/ Mon, 04 Dec 2023 12:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=719439

Државната награда „Мето Јовановски“ за 2023 година се доделува на платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и на хуманитарецот и основач на невладината организација „Донирај компјутер“ Борче Стаменов соопшти Министерството за култура.

Наградата се доделува за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Претседателка на Одборот е Александра Цветановска.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември 2023 година (недела) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

 

The post Државната награда „Мето Јовановски“ за „Лице в лице“ и Борче Стаменов appeared first on Република.

]]>

Државната награда „Мето Јовановски“ за 2023 година се доделува на платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и на хуманитарецот и основач на невладината организација „Донирај компјутер“ Борче Стаменов соопшти Министерството за култура. Наградата се доделува за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Претседателка на Одборот е Александра Цветановска. Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември 2023 година (недела) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.  

The post Државната награда „Мето Јовановски“ за „Лице в лице“ и Борче Стаменов appeared first on Република.

]]>
Меџити: Случајот со Мемет Камбер не е пријавен во Министерството за здравство https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-sluchajot-so-memet-kamber-ne-e-prijaven-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Thu, 01 Jun 2023 12:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=646834

Во Министерството за здравство нема никаква пријава за случајот со детето Мемет Камбер, информира министерот за здравство Фатмир Меџити.

Тој на денешна прес-конференција во клиниката ТОУРАЛЕЦ запрашан за случајот со детето Мемет Камбер рече дека до службите во Министерството не стигнало никаква пријава за конретниот случај.

https://republika.mk/vesti/skopje/pochina-21-godishniot-memet-prodavach-na-litse-v-litse-kogo-skopjani-go-poznavaat-od-debarmaalskite-ulitsi/

Службите проверија, нема ништо такво пријавено во Министерството за здравство. Не знам сега дали треба во Министерството за труд и социјална политика да се провери. Во нашето Министерство нема пријавено ништо за таков случај и службите ме известија со тоа само што го слушнавме од медиумите, изјави министерот.

Мемет Камбер, продавач на магазинот „Лице в лице“, почина на 19-годишна возраст на КАРИЛ, тој немал можност да прави здравствени прегледи, бидјеќи немал документи за лична идентификација.

The post Меџити: Случајот со Мемет Камбер не е пријавен во Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за здравство нема никаква пријава за случајот со детето Мемет Камбер, информира министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој на денешна прес-конференција во клиниката ТОУРАЛЕЦ запрашан за случајот со детето Мемет Камбер рече дека до службите во Министерството не стигнало никаква пријава за конретниот случај. https://republika.mk/vesti/skopje/pochina-21-godishniot-memet-prodavach-na-litse-v-litse-kogo-skopjani-go-poznavaat-od-debarmaalskite-ulitsi/
Службите проверија, нема ништо такво пријавено во Министерството за здравство. Не знам сега дали треба во Министерството за труд и социјална политика да се провери. Во нашето Министерство нема пријавено ништо за таков случај и службите ме известија со тоа само што го слушнавме од медиумите, изјави министерот.
Мемет Камбер, продавач на магазинот „Лице в лице“, почина на 19-годишна возраст на КАРИЛ, тој немал можност да прави здравствени прегледи, бидјеќи немал документи за лична идентификација.

The post Меџити: Случајот со Мемет Камбер не е пријавен во Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
Почина 21-годишниот Мемет, продавач на „Лице в лице”, кого скопјани го познаваат од дебармаалските улици https://republika.mk/vesti/skopje/pochina-21-godishniot-memet-prodavach-na-litse-v-litse-kogo-skopjani-go-poznavaat-od-debarmaalskite-ulitsi/ Wed, 24 May 2023 14:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=644273

Со тага и неверување споделуваме со вас дека поради здравствени компликации почина Мемет, нашиот продавач од редовите на Daycare Centre for street children/ Дневен Центар за деца на улица, соопштија од „Лице в Лице“.

Публиката на „Лице в лице“ го гледаше често во неговото омилено Дебар Маало, стои на социјалните мрежи.

Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него.
Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, тука беше да сподели трик, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа. Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер. Сочувство до семејството и блиските, се вели во објавата.

 

The post Почина 21-годишниот Мемет, продавач на „Лице в лице”, кого скопјани го познаваат од дебармаалските улици appeared first on Република.

]]>

Со тага и неверување споделуваме со вас дека поради здравствени компликации почина Мемет, нашиот продавач од редовите на Daycare Centre for street children/ Дневен Центар за деца на улица, соопштија од „Лице в Лице“. Публиката на „Лице в лице“ го гледаше често во неговото омилено Дебар Маало, стои на социјалните мрежи.
Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него. Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, тука беше да сподели трик, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа. Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер. Сочувство до семејството и блиските, се вели во објавата.  

The post Почина 21-годишниот Мемет, продавач на „Лице в лице”, кого скопјани го познаваат од дебармаалските улици appeared first on Република.

]]>
Јубилејно 50. издание на „Лице в лице“: Инвестирањето во инклузивни работни места значи и позадоволни вработени https://republika.mk/vesti/makedonija/jubilejno-50-izdanie-na-lice-v-lice-investiranjeto-vo-inkluzivni-rabotni-mesta-znachi-i-pozadovolni-vraboteni/ Wed, 03 Aug 2022 12:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=536368

Постои одржливо решение за компаниите кои се соочуваат со недостаток на работна сила, кое обезбедува повеќе бенефити. Отворените работни позиции може да бидат одговорени од постоечки работен потенцијал кој треба да биде соодветно насочуван. Најважната улога треба да ја имаат професионалниот и социјалниот ментор, чија цел, преку синергиската поврзаност, е успешно интегрирање на потешковработливите лица на пазарот на трудот.

Ова е само една од пораките на јубилејното 50-то издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“, кое излезе од печат и е посветено на тема: создавање услови за инклузивни работни места.

Според консултантот за одржлив развој и меѓусекторски партнерства, Небојша Илијевски, интензивната миграција на работната сила кон западните земји, донесе и неочекувана, колатерална придобивка за земјава, па присилени да се снаоѓаат за да ги пополнат работните позиции што остануваат празни, менаџерите на компаниите се фокусираа на пазарот на труд на кој досега се гледаше на пејоративен начин, осуден на неуспех – лица со попреченост, жртви на насилство, младинци од улица, лица што се лекуваат од зависности, поранешни затвореници…

Вообичаено, компаниите вклучуваа ваква работна сила во рамките на својата општествена одговорност, или како одговор на понудените субвенции од државата. Голем дел од ваквите вработувања придонесуваа лицата од маргините да се вработени, а најчесто без работа, без поддршка и со често несензибилизиран однос од газдите и од колегите. Најчесто тие брзо се откажуваа од работата правејќи си дури и поголем проблем во однос на визијата за сопствената можна улога во општеството - вели Илијевски за „Лице в лице“.

Тој додава дека токму програмата социјално менторство е директен, афирмативен одговор на овој проблем со кој живееме со децении и дека се вклопува во моментната ситуација на пазарот на труд за да им понуди на компаниите одржливо решение за отворените работни позиции.

Ако досега разговаравме на начин на кој компаниите беа замолувани да ги земаат овие наши сограѓани како работна сила, сега сме во позиција на компаниите што стануваат сè поотворени, што се уверат во работните способности на оваа работна сила, да им понудиме работници во согласност со нивните потреби и со капацитети што беа развивани во текот на подолг временски период. Дополнително, компаниите добиваат крајно неочекувана услуга – директна поддршка на менаџерскиот тим, колегите и на самиот вработен што има цел задржување на работното место и постојано унапредување на способностите на работникот - нагласува тој.

Искуствата покажуваат дека за секого има соодветно работно место, важно е само да се препознаат афинитетите кај поединците, нивните потенцијали, да се направи приспособување на нивните потреби и да се работи на промена на одредени навики што го отежнуваат задржувањето на пазарот на труд.

Инвестирањето во инклузивни работни места и во инклузивен пазар на труд значи позадоволни вработени. Таквите вработени посреќни си заминуваат дома и стануваат подобри за своето семејство, околина. Јас верувам дека инклузивните работни места носат придобивки за општеството на долг рок зашто ваквиот пристап не создава само подобри работници, туку и подобри луѓе и подобри и поконструктивни граѓани - нагласува Марина Миладинова за „Лице в лице“, една од управителите на „Албатрос“.

Отворањето на бизниси во земјава за создавање инклузивна работна средина, бизниси свртени кон вработените и кон животната средина, освен кон профитот, е, исто така, промена на патот кон создавање поодржливо општество, вели Климентина Илијевски, главна уредничка на „Лице в лице“ и извршна директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, иницијатор на програмата социјално менторство.

Јубилејното, 50. издание ја означува и јубилејната 10-годишнина од основањето на платформата за одржлив развој „Лице в лице“. По тој повод до крајот на годината ќе се одржи и настан со кој ќе се одбележи партнерското дејствување на сите пријатели, поддржувачи, сојузници на „Лице в лице“, кои низ годините наназад се приклучуваа на мисијата за кокреирање инклузивно и праведно општество.

Низ бројки, 10. роденден на „Лице в лице“ се одбележува со 50 изданија, 3.200 инклузивни страници, 150 вредни продавачи низ улиците на осум градови во земјава, 250.000 испечатени примероци и огромен број соработници и поддржувачи.

The post Јубилејно 50. издание на „Лице в лице“: Инвестирањето во инклузивни работни места значи и позадоволни вработени appeared first on Република.

]]>

Постои одржливо решение за компаниите кои се соочуваат со недостаток на работна сила, кое обезбедува повеќе бенефити. Отворените работни позиции може да бидат одговорени од постоечки работен потенцијал кој треба да биде соодветно насочуван. Најважната улога треба да ја имаат професионалниот и социјалниот ментор, чија цел, преку синергиската поврзаност, е успешно интегрирање на потешковработливите лица на пазарот на трудот. Ова е само една од пораките на јубилејното 50-то издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“, кое излезе од печат и е посветено на тема: создавање услови за инклузивни работни места. Според консултантот за одржлив развој и меѓусекторски партнерства, Небојша Илијевски, интензивната миграција на работната сила кон западните земји, донесе и неочекувана, колатерална придобивка за земјава, па присилени да се снаоѓаат за да ги пополнат работните позиции што остануваат празни, менаџерите на компаниите се фокусираа на пазарот на труд на кој досега се гледаше на пејоративен начин, осуден на неуспех – лица со попреченост, жртви на насилство, младинци од улица, лица што се лекуваат од зависности, поранешни затвореници…
Вообичаено, компаниите вклучуваа ваква работна сила во рамките на својата општествена одговорност, или како одговор на понудените субвенции од државата. Голем дел од ваквите вработувања придонесуваа лицата од маргините да се вработени, а најчесто без работа, без поддршка и со често несензибилизиран однос од газдите и од колегите. Најчесто тие брзо се откажуваа од работата правејќи си дури и поголем проблем во однос на визијата за сопствената можна улога во општеството - вели Илијевски за „Лице в лице“.
Тој додава дека токму програмата социјално менторство е директен, афирмативен одговор на овој проблем со кој живееме со децении и дека се вклопува во моментната ситуација на пазарот на труд за да им понуди на компаниите одржливо решение за отворените работни позиции.
Ако досега разговаравме на начин на кој компаниите беа замолувани да ги земаат овие наши сограѓани како работна сила, сега сме во позиција на компаниите што стануваат сè поотворени, што се уверат во работните способности на оваа работна сила, да им понудиме работници во согласност со нивните потреби и со капацитети што беа развивани во текот на подолг временски период. Дополнително, компаниите добиваат крајно неочекувана услуга – директна поддршка на менаџерскиот тим, колегите и на самиот вработен што има цел задржување на работното место и постојано унапредување на способностите на работникот - нагласува тој.
Искуствата покажуваат дека за секого има соодветно работно место, важно е само да се препознаат афинитетите кај поединците, нивните потенцијали, да се направи приспособување на нивните потреби и да се работи на промена на одредени навики што го отежнуваат задржувањето на пазарот на труд.
Инвестирањето во инклузивни работни места и во инклузивен пазар на труд значи позадоволни вработени. Таквите вработени посреќни си заминуваат дома и стануваат подобри за своето семејство, околина. Јас верувам дека инклузивните работни места носат придобивки за општеството на долг рок зашто ваквиот пристап не создава само подобри работници, туку и подобри луѓе и подобри и поконструктивни граѓани - нагласува Марина Миладинова за „Лице в лице“, една од управителите на „Албатрос“.
Отворањето на бизниси во земјава за создавање инклузивна работна средина, бизниси свртени кон вработените и кон животната средина, освен кон профитот, е, исто така, промена на патот кон создавање поодржливо општество, вели Климентина Илијевски, главна уредничка на „Лице в лице“ и извршна директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, иницијатор на програмата социјално менторство. Јубилејното, 50. издание ја означува и јубилејната 10-годишнина од основањето на платформата за одржлив развој „Лице в лице“. По тој повод до крајот на годината ќе се одржи и настан со кој ќе се одбележи партнерското дејствување на сите пријатели, поддржувачи, сојузници на „Лице в лице“, кои низ годините наназад се приклучуваа на мисијата за кокреирање инклузивно и праведно општество. Низ бројки, 10. роденден на „Лице в лице“ се одбележува со 50 изданија, 3.200 инклузивни страници, 150 вредни продавачи низ улиците на осум градови во земјава, 250.000 испечатени примероци и огромен број соработници и поддржувачи.

The post Јубилејно 50. издание на „Лице в лице“: Инвестирањето во инклузивни работни места значи и позадоволни вработени appeared first on Република.

]]>