лица со попреченост Archives - Република https://republika.mk/tema/lica-so-poprechenost/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 16:28:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лица со попреченост Archives - Република https://republika.mk/tema/lica-so-poprechenost/ 32 32 Искрена прегратка на Перински со младиот Христијан: Сите имаме еднакви права, без оглед на разликите https://republika.mk/vesti/makedonija/iskrena-pregratka-na-perinski-so-mladiot-hristijan-site-imame-ednakvi-prava-bez-ogled-na-razlikite/ Mon, 11 Nov 2024 16:25:00 +0000 https://republika.mk/?p=836455

Првам но не и последна средба. Искрени прегратки за пријатели навек -напиша министерот за локална самоуправа, Златко Перински откако денеска оствари средба со Христијан Митевски, младо момче од Штип, личност со попреченост.

Перински објави видео на кое во прегратка го дочекува младиот Христијан, момче полно со позитивна енергија, идеи, полн со живот.

Утринава имав инспиративна средба со младиот штипјанец Христијан, лице со попреченост, преполно со ведар дух и позитивна енергија, преку кого сите треба да учиме за прифаќање на различностите и поголема инклузивност на лицата со попреченост. Интересен понеделник во Министерството, ги сменивме улогите. Тој беше министер, јас обичен граѓанин. Разговаравме за неговиот роден Штип, за развојот на градот, за инклузивноста, за патот на Македонија кон Европската Унија... - напиша Перински за момчето кое ги руши сите бариери.

Лицата со попреченост имаат право на живот, имаат право да се еднакви во општеството, да се прифатени и сакани. Така и Перински подвлече:

Сите имаме еднакви права, без оглед на разликите.
И желбите се остварливи, ако силно ги посакуваме.

Ти благодарам Христијан, со твоите зборови и енергија ми даде мотивација да продолжам напред во остварување на зацртаните цели.

The post Искрена прегратка на Перински со младиот Христијан: Сите имаме еднакви права, без оглед на разликите appeared first on Република.

]]>

Првам но не и последна средба. Искрени прегратки за пријатели навек -напиша министерот за локална самоуправа, Златко Перински откако денеска оствари средба со Христијан Митевски, младо момче од Штип, личност со попреченост.
Перински објави видео на кое во прегратка го дочекува младиот Христијан, момче полно со позитивна енергија, идеи, полн со живот.
Утринава имав инспиративна средба со младиот штипјанец Христијан, лице со попреченост, преполно со ведар дух и позитивна енергија, преку кого сите треба да учиме за прифаќање на различностите и поголема инклузивност на лицата со попреченост. Интересен понеделник во Министерството, ги сменивме улогите. Тој беше министер, јас обичен граѓанин. Разговаравме за неговиот роден Штип, за развојот на градот, за инклузивноста, за патот на Македонија кон Европската Унија... - напиша Перински за момчето кое ги руши сите бариери.
Лицата со попреченост имаат право на живот, имаат право да се еднакви во општеството, да се прифатени и сакани. Така и Перински подвлече:
Сите имаме еднакви права, без оглед на разликите. И желбите се остварливи, ако силно ги посакуваме. Ти благодарам Христијан, со твоите зборови и енергија ми даде мотивација да продолжам напред во остварување на зацртаните цели.

The post Искрена прегратка на Перински со младиот Христијан: Сите имаме еднакви права, без оглед на разликите appeared first on Република.

]]>
Во државата имаме 149 илјади лица со попречености, со министерката Јаневска разговаравме за измени на шест закони кои ќе бидат во функција на децата со попреченост, велат од коалицијата „Менуваме“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-drzhavata-imame-149-iljadi-litsa-so-poprechenosti-so-ministerkata-janevska-razgovaravme-za-izmeni-na-shest-zakoni-koi-ke-bidat-vo-funktsija-na-detsata-so-poprechenost-velat-od-koalitsijata-menuvame/ Wed, 24 Jul 2024 11:55:10 +0000 https://republika.mk/?p=799844

Претставниците од коалицијата „Менуваме“ денеска остварија средба со министерката за образование Весна Јаневска, на која предложија графичката и ПТТ струка во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопје да се замени со гимназиско образование, информатика и средно музичко образование. Од коалицијата се на ставот дека е потребна промена на МКФ-службите бидејќи истата не е соодветна, а важно е и да се врати педагошкото домување.

Програмскиот координатор на коалицијата „Менуваме“ Суаред Алишан по средбата изјави дека сите нивни барања и предлози наидоа на разбирање кај министерката за образование и во најбрзо време нивните барања ќе бидат доставени во законски предлог текст до Министерството за образование и наука.

По покана на министерката за образование Весна Јаневска денеска имавме состанок каде што разговаравме во однос на шесте закони кои треба да бидат изменети и ставени во функција на децата со попреченост. Предложивме во „Димитар Влахов“ во Скопје, картонажата која што е застарена програма и ПТТ да се заменат со средно гимназиско образование, средно музичко образование и информатичко програмирање. И тоа како можат слепите лица да бидат добри програмери и да работат на дата база. Разговаравме за тоа колку е важно педагошкото домување да се врати за да бидат згрижени децата во интернат, а зборувавме и за МКФ, рече Алишан.

Од коалицијата бараат и реформирање на МКФ-службите, кои изминативе неколку години почнаа да работат за да ја спроведуваат Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје.

Како што посочи Алишан, проценката е дека МКФ не е содветна, не е со методологија работа и проценка со дете, туку е работа со родител, што е спротивно на Конвенцијата за правата на деца со хендикеп.

Сметаме дека согласно денешниов разговор можеме да имаме промени и можам да кажам дека од оваа година сите дечиња со попреченост коишто сакаат, може да се запишат во нивните училишта каде што припаѓаат, дали се училишта за лица со оштетен вид или училишта за оштетен слух и говор, додаде Алишан.

Тој додаде дека на средбата е предложено и да се воведат наставни програми во високото образование во Институтот за специјални едукатори и рехабилитатори, поточно да се создадат услови за специјализирање.

Предлагаме задолжително во Факултетот за социјална работа и политика и Медицинскиот факултет да се воведат струките дифлологија, сурдологија и олигофремологија. Секој човек треба да ги препознава овие струки, во државата имаме 149 илјади лица со попречености, што се голема заедница, додаде Алишан.

Прашан дали имаме доволен број образовни асистенти, Алишан рече дека во државата има две илјади деца, а во моментот има 650 асистенти. Еден асистент, како што рече, работи со две до три деца.

Тој најави дека овие промени можат да почнат согласно законот кој ќе биде доставен до Министерството за образование и наука. Како што рече, инсистираат да почнат промените од оваа година, или барем да почнат да се реализираат гимназиското и музичко образование.

The post Во државата имаме 149 илјади лица со попречености, со министерката Јаневска разговаравме за измени на шест закони кои ќе бидат во функција на децата со попреченост, велат од коалицијата „Менуваме“ appeared first on Република.

]]>

Претставниците од коалицијата „Менуваме“ денеска остварија средба со министерката за образование Весна Јаневска, на која предложија графичката и ПТТ струка во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопје да се замени со гимназиско образование, информатика и средно музичко образование. Од коалицијата се на ставот дека е потребна промена на МКФ-службите бидејќи истата не е соодветна, а важно е и да се врати педагошкото домување. Програмскиот координатор на коалицијата „Менуваме“ Суаред Алишан по средбата изјави дека сите нивни барања и предлози наидоа на разбирање кај министерката за образование и во најбрзо време нивните барања ќе бидат доставени во законски предлог текст до Министерството за образование и наука.
По покана на министерката за образование Весна Јаневска денеска имавме состанок каде што разговаравме во однос на шесте закони кои треба да бидат изменети и ставени во функција на децата со попреченост. Предложивме во „Димитар Влахов“ во Скопје, картонажата која што е застарена програма и ПТТ да се заменат со средно гимназиско образование, средно музичко образование и информатичко програмирање. И тоа како можат слепите лица да бидат добри програмери и да работат на дата база. Разговаравме за тоа колку е важно педагошкото домување да се врати за да бидат згрижени децата во интернат, а зборувавме и за МКФ, рече Алишан.
Од коалицијата бараат и реформирање на МКФ-службите, кои изминативе неколку години почнаа да работат за да ја спроведуваат Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје. Како што посочи Алишан, проценката е дека МКФ не е содветна, не е со методологија работа и проценка со дете, туку е работа со родител, што е спротивно на Конвенцијата за правата на деца со хендикеп.
Сметаме дека согласно денешниов разговор можеме да имаме промени и можам да кажам дека од оваа година сите дечиња со попреченост коишто сакаат, може да се запишат во нивните училишта каде што припаѓаат, дали се училишта за лица со оштетен вид или училишта за оштетен слух и говор, додаде Алишан.
Тој додаде дека на средбата е предложено и да се воведат наставни програми во високото образование во Институтот за специјални едукатори и рехабилитатори, поточно да се создадат услови за специјализирање.
Предлагаме задолжително во Факултетот за социјална работа и политика и Медицинскиот факултет да се воведат струките дифлологија, сурдологија и олигофремологија. Секој човек треба да ги препознава овие струки, во државата имаме 149 илјади лица со попречености, што се голема заедница, додаде Алишан.
Прашан дали имаме доволен број образовни асистенти, Алишан рече дека во државата има две илјади деца, а во моментот има 650 асистенти. Еден асистент, како што рече, работи со две до три деца. Тој најави дека овие промени можат да почнат согласно законот кој ќе биде доставен до Министерството за образование и наука. Како што рече, инсистираат да почнат промените од оваа година, или барем да почнат да се реализираат гимназиското и музичко образование.

The post Во државата имаме 149 илјади лица со попречености, со министерката Јаневска разговаравме за измени на шест закони кои ќе бидат во функција на децата со попреченост, велат од коалицијата „Менуваме“ appeared first on Република.

]]>
Велковски во Струмица: Лицата со попреченост бараат целосен ремонт на системот на социјална заштита https://republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-vo-strumitsa-litsata-so-poprechenost-baraat-tselosen-remont-na-sistemot-na-sotsijalna-zashtita/ Mon, 29 Apr 2024 13:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=772243

Во рамките на редовните средби со невладиниот сектор, денеска во Струмица, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оставри средби со граѓански организации кои застапуваат права на маргинализирани групи.

Креирањето на паметна социјална политика значи да се изгради партнерски однос помеѓу државата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор. Граѓанските организации се од исклучително значење за нас бидејќи тие најдобро ги познаваат потребите на ранливите групи, а особено децата кои живеат со здравствени и социјални проблеми, потенцираше министерот Велковски.

Преставниците на граѓанскиот сектор потенцираа дека системот на социјална заштита за лицата со пропреченост изминативе години е неправеден, а одредени групи се оставени на маргините.

Мораме да го подоброме функционирањето на системот за да не се соочуваме со парцијални решенија кои ќе носат времени решенија. Министерството мора да изработи регистар на лица со попреченост, заклучија преставниците на граѓанскиот сектор.

Системот на социјална заштита треба да се развива, во насока на градење на сеопфатни социјални услуги на локално ниво, и тоа како во урбаните, така и во руралните средини. Но, за ова потребни ни се силни провајдери на локално ниво. Набрзо после изборите мора да се започне и со темелни реформи кои ќе бидат олеснување на лицата со попреченост, потенцираше Велковски.

Меѓу граѓанските организации со кој министерот оствари средба се: Здружението на лица со телесна попреченост Размислувај Различно Струмица, хуманитарното Здружение на граѓани за деца со аутизам, Здружение на глуви и наглуви, Здружение на слепи лица, Здружение на лица со хендикеп Мобилност и Здружение на лица со Даунов синдром.

The post Велковски во Струмица: Лицата со попреченост бараат целосен ремонт на системот на социјална заштита appeared first on Република.

]]>

Во рамките на редовните средби со невладиниот сектор, денеска во Струмица, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оставри средби со граѓански организации кои застапуваат права на маргинализирани групи.
Креирањето на паметна социјална политика значи да се изгради партнерски однос помеѓу државата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор. Граѓанските организации се од исклучително значење за нас бидејќи тие најдобро ги познаваат потребите на ранливите групи, а особено децата кои живеат со здравствени и социјални проблеми, потенцираше министерот Велковски.
Преставниците на граѓанскиот сектор потенцираа дека системот на социјална заштита за лицата со пропреченост изминативе години е неправеден, а одредени групи се оставени на маргините.
Мораме да го подоброме функционирањето на системот за да не се соочуваме со парцијални решенија кои ќе носат времени решенија. Министерството мора да изработи регистар на лица со попреченост, заклучија преставниците на граѓанскиот сектор.
Системот на социјална заштита треба да се развива, во насока на градење на сеопфатни социјални услуги на локално ниво, и тоа како во урбаните, така и во руралните средини. Но, за ова потребни ни се силни провајдери на локално ниво. Набрзо после изборите мора да се започне и со темелни реформи кои ќе бидат олеснување на лицата со попреченост, потенцираше Велковски. Меѓу граѓанските организации со кој министерот оствари средба се: Здружението на лица со телесна попреченост Размислувај Различно Струмица, хуманитарното Здружение на граѓани за деца со аутизам, Здружение на глуви и наглуви, Здружение на слепи лица, Здружение на лица со хендикеп Мобилност и Здружение на лица со Даунов синдром.

The post Велковски во Струмица: Лицата со попреченост бараат целосен ремонт на системот на социјална заштита appeared first on Република.

]]>
По инцидентот на скопскиот паркинг, Иницијатица за повластено паркирање на лица со попреченост на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/skopje/po-intsidentot-na-skopskiot-parking-initsijatitsa-za-povlasteno-parkirane-na-litsa-so-poprechenost-na-vmro-dpmne/ Fri, 17 Mar 2023 18:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=620822

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колацијата во Советот на Град Скопје на следната седница ќе предложат иницијатива за можност за повластено паркирање на лица со попреченост. Од партијата соопштуваат дека иницијативата доаѓа по вчерашното случување каде лице со попреченост кое од друг град го посетува Град Скопје, се паркира на место означено за лица со попреченост и покрај уредно платен надомест за паркирање е казнето.

https://republika.mk/vesti/skopje/veleshanka-so-oznacheno-vozilo-ispratila-sms-pa-platila-3000-za-blokator-i-50-za-sms-shto-parkirala-na-mesto-za-invalidi-zashto-ne-e-od-skopje/

Советничката група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија до претседателот на Совет на Град Скопје поднесе барање за дополнување на дневниот ред со точка предлог иницијатива за изменување на Програмата за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски Паркинг“ Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година, се вели во соопштението.

Од партијата посочуваат дека целта на оваа иницијатива е ЈП „Градски паркинг“ Скопје да обезбеди можност за паркирање на лица со попреченост под исти услови независно од нивното место на живеење и да ја прошири листата на дијагнози на лица со попреченост.

The post По инцидентот на скопскиот паркинг, Иницијатица за повластено паркирање на лица со попреченост на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колацијата во Советот на Град Скопје на следната седница ќе предложат иницијатива за можност за повластено паркирање на лица со попреченост. Од партијата соопштуваат дека иницијативата доаѓа по вчерашното случување каде лице со попреченост кое од друг град го посетува Град Скопје, се паркира на место означено за лица со попреченост и покрај уредно платен надомест за паркирање е казнето. https://republika.mk/vesti/skopje/veleshanka-so-oznacheno-vozilo-ispratila-sms-pa-platila-3000-za-blokator-i-50-za-sms-shto-parkirala-na-mesto-za-invalidi-zashto-ne-e-od-skopje/
Советничката група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија до претседателот на Совет на Град Скопје поднесе барање за дополнување на дневниот ред со точка предлог иницијатива за изменување на Програмата за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски Паркинг“ Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година, се вели во соопштението.
Од партијата посочуваат дека целта на оваа иницијатива е ЈП „Градски паркинг“ Скопје да обезбеди можност за паркирање на лица со попреченост под исти услови независно од нивното место на живеење и да ја прошири листата на дијагнози на лица со попреченост.

The post По инцидентот на скопскиот паркинг, Иницијатица за повластено паркирање на лица со попреченост на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Битола прв град на Балканот со туристичка понуда за лица со попреченост https://republika.mk/vesti/makedonija/bitola-prv-grad-na-balkanot-so-turistichka-ponuda-za-litsa-so-poprechenost/ Sat, 07 Jan 2023 09:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=594341

Здружението на лица со телесен инвалидитет од Битола, Демир Хисар и Ресен-МОБИЛНОСТ и Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење ГАУС Институт-Битола, со проект поддржан од ЕУ, изработија алатки за пристапен туризам, наменети за лицата со попреченост.

Битола е прв град на Балканот со туристичка понуда за лица со попреченост и тоа ќе овозможи во наредниот период да се зголеми посетата во градот од државата и од странство, и да се информираат за најважните културно-историски споменици и објекти во Битола.

– За лицата со попреченост изработени се туристичка сигналитика за десет најзначајни културно-историски споменици во Битола, наменета за лица со попречености и тие веќе се предадени на Општина Битола да ги постави на пристапни локации пред соодветните знаменитости. Изработена е апликација за мобилни уреди, туристички водич за Битола за лица со попречености и печатен туристички водич за Битола за слепи лица и лица со оштетен вид. Инвалидитет, инвалидност или попреченост, привремено или трајно, може да има секој од нас. Сепак, бројни примери од светот покажуваат дека попреченоста не е никаква пречка за „нормален“ живот, особено денес, кога со помош на технологијата, со минимални интервенции, може да се постигне и да се примени универзален дизајн. Дизајн, како што кажува самото име, наменет за сите. Тој дизајн треба да ни биде заедничка цел, а таа цел е достижна, само ако соработуваме и делуваме заедно. Впрочем, така гласи и нашето мото во целиот свет – Ништо за нас, без нас!, вели примариус Нико Јанков, претседател на здружението Мобилност-Битола.

Проектот „Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“, кој МОБИЛНОСТ Битола го имплементира во рамки на ИПА Интеррег Програма за прекугранична соработка „Грција-Македонија 2014-2020“ и е ко-финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички. Целта на проектот е да мотивира трансформација на една територија во инклузивна и пристапна туристичка дестинација, како и да го поддржи одржливиот развој на туризмот за природното и културното наследство во прекуграничниот регион.

– Во светот глобален тренд е инклузијата на лицата со попреченост, односно да не се одделуваат од средината, туку средината да им биде пристапна и во таа смисла пристапниот туризам е голема новина на светско ниво и притоа светските туристички центри наоѓаат начин да го овозможат целосно или делумно се што е видливо и достапно да биде можно и за лицата со попречености. Битола е првиот град во државата и на Балканот со ваква организирана туристичка понуда, посочи идејниот творец и проектант на алатките, универзитетскиот професор Игор Неделковски од ГАУС Институт-Битола.

Тактилните табли ќе бидат поставени пред градската Саат Кула, Храм Свети Димитрија, Исак Џамија, Католичка Црква, Музејот, Хераклеја и други објекти и институции во Битола кои предизвикуваат најголем интерес кај посетители од државата и странство.

-Сите ние имаме исти потреби, а една од нив е и потребата да патуваме и откриваме нови места. Од друга страна пак, пречките т.е. бариерите не се исти за сите. За некои најобична скала е едно големо СТОП, кое ја оневозможува посетата на некој објект или локација. Истото важи и за непостоењето на соодветни информации и содржини или несоодветниот начин на нивна презентација. Битола е пожелна дестинација за многу посетители и наша задача како домаќини е да отстраниме што е можно повеќе од бариерите и да ја направиме посетата на градот пријатно искуство за секој, вели м-р Јове Парговски, изработувач на алатките.

Тој нагласува дека еден од трендовите на светско ниво во областа на туризмот се само-водечките тури, во кои мобилниот телефон е ваш водич низ посакуваната дестинација.

-Скоро сите ние денес користиме паметни мобилни телефони, кои со можностите кои ги нудат се далеку повеќе од телефон, т.е може слободно да се класифицираат како персонални уреди кои буквално ги носиме секаде со нас, кои добро ги познаваме и сме навикнати на нив. Во случајот со самоводечките тури, тие може да послужат како наш личен водич, кој по преземањето на апликацијата и избирањето на соодветната тура не води низ нашето патување. Во случајот тоа е турата „Битола – тура низ центарот на градот“ поставена на апликацијата izi.Travel, додава тој.

Парговски појаснува дека турата почнува пред Музејот и по Широк Сокак го води посетителот до останатите културно историски споменици. Штом корисникот се доближи до одреден објект, апликацијата ја знае неговата локација и автоматски се активира аудио нарација на македонски или англиски јазик. За лицата со оштетен слух употребени се видеа на знаковен јазик, со што оваа тура им се прави пристапна и ним, а воедно за секој објект се поставени и информации во однос на физичката пристапност до истиот. -За слепите лица се изработени водичи на Браево писмо со имплементирани тактилни слики, а особено горди сме на металните тактилни паноа, кои треба да се постават пред секој објект, вели тој.

Металните тактилни паноа се изработени од нерѓосувачки челик и на нив е поставена тактилна слика, најчесто предната фасада на објектот и текст на Браево писмо на македонски и англиски јазик. Имајќи предвид дека само околу шест проценти од слепите лица знаат да читаат Браево, се препорачува повторно користењето на претходно споменатата апликација, каде описите се поставени во облик на аудио нарации.

-На овој начин, турата успеавме да ја направиме теоретски пристапна за 100 отсто од слепите лица, кои доволно е само да поседуваат најобичен паметен телефон, а од друга страна се отвора и можноста за понатамошно унапредување на овој пристап. Имено, доколку би постоела патека за слепи лица по Широк Сокак, на овој начин е можно и нивно самостојно движење по главната пешачка улица во Битола. Со дополнителна употреба на NFC тагови во поединечните објекти и институции, се отвара и можноста за навигација и самостојно движење и низ затворени објекти, нешто што воопшто не е скап процес и за што се надевам дека ќе го успееме да го реализираме за брзо време, појасни Парговски, изработувач на алатките.

Најголемо задоволство од реализацијата на овој проект и неговата функционалност имаат членовите на Здружението на слепи лица-Битола и здруженија од други градови за што потврдата стигна токму од нивната членка Весна Софронијевска која смета дека сега во Битола има одлични можности за посета на градот и од слепи лица кои досега само слушале за импозантните културно историски објекти и споменици во овој град и затоа заедно со тимот на реализатори на проектот повикува на поголема посетеност од страна на лицата со попреченост од државата и странство да дојдат во Битола.

The post Битола прв град на Балканот со туристичка понуда за лица со попреченост appeared first on Република.

]]>

Здружението на лица со телесен инвалидитет од Битола, Демир Хисар и Ресен-МОБИЛНОСТ и Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење ГАУС Институт-Битола, со проект поддржан од ЕУ, изработија алатки за пристапен туризам, наменети за лицата со попреченост. Битола е прв град на Балканот со туристичка понуда за лица со попреченост и тоа ќе овозможи во наредниот период да се зголеми посетата во градот од државата и од странство, и да се информираат за најважните културно-историски споменици и објекти во Битола. – За лицата со попреченост изработени се туристичка сигналитика за десет најзначајни културно-историски споменици во Битола, наменета за лица со попречености и тие веќе се предадени на Општина Битола да ги постави на пристапни локации пред соодветните знаменитости. Изработена е апликација за мобилни уреди, туристички водич за Битола за лица со попречености и печатен туристички водич за Битола за слепи лица и лица со оштетен вид. Инвалидитет, инвалидност или попреченост, привремено или трајно, може да има секој од нас. Сепак, бројни примери од светот покажуваат дека попреченоста не е никаква пречка за „нормален“ живот, особено денес, кога со помош на технологијата, со минимални интервенции, може да се постигне и да се примени универзален дизајн. Дизајн, како што кажува самото име, наменет за сите. Тој дизајн треба да ни биде заедничка цел, а таа цел е достижна, само ако соработуваме и делуваме заедно. Впрочем, така гласи и нашето мото во целиот свет – Ништо за нас, без нас!, вели примариус Нико Јанков, претседател на здружението Мобилност-Битола. Проектот „Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“, кој МОБИЛНОСТ Битола го имплементира во рамки на ИПА Интеррег Програма за прекугранична соработка „Грција-Македонија 2014-2020“ и е ко-финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички. Целта на проектот е да мотивира трансформација на една територија во инклузивна и пристапна туристичка дестинација, како и да го поддржи одржливиот развој на туризмот за природното и културното наследство во прекуграничниот регион. – Во светот глобален тренд е инклузијата на лицата со попреченост, односно да не се одделуваат од средината, туку средината да им биде пристапна и во таа смисла пристапниот туризам е голема новина на светско ниво и притоа светските туристички центри наоѓаат начин да го овозможат целосно или делумно се што е видливо и достапно да биде можно и за лицата со попречености. Битола е првиот град во државата и на Балканот со ваква организирана туристичка понуда, посочи идејниот творец и проектант на алатките, универзитетскиот професор Игор Неделковски од ГАУС Институт-Битола. Тактилните табли ќе бидат поставени пред градската Саат Кула, Храм Свети Димитрија, Исак Џамија, Католичка Црква, Музејот, Хераклеја и други објекти и институции во Битола кои предизвикуваат најголем интерес кај посетители од државата и странство. -Сите ние имаме исти потреби, а една од нив е и потребата да патуваме и откриваме нови места. Од друга страна пак, пречките т.е. бариерите не се исти за сите. За некои најобична скала е едно големо СТОП, кое ја оневозможува посетата на некој објект или локација. Истото важи и за непостоењето на соодветни информации и содржини или несоодветниот начин на нивна презентација. Битола е пожелна дестинација за многу посетители и наша задача како домаќини е да отстраниме што е можно повеќе од бариерите и да ја направиме посетата на градот пријатно искуство за секој, вели м-р Јове Парговски, изработувач на алатките. Тој нагласува дека еден од трендовите на светско ниво во областа на туризмот се само-водечките тури, во кои мобилниот телефон е ваш водич низ посакуваната дестинација. -Скоро сите ние денес користиме паметни мобилни телефони, кои со можностите кои ги нудат се далеку повеќе од телефон, т.е може слободно да се класифицираат како персонални уреди кои буквално ги носиме секаде со нас, кои добро ги познаваме и сме навикнати на нив. Во случајот со самоводечките тури, тие може да послужат како наш личен водич, кој по преземањето на апликацијата и избирањето на соодветната тура не води низ нашето патување. Во случајот тоа е турата „Битола – тура низ центарот на градот“ поставена на апликацијата izi.Travel, додава тој. Парговски појаснува дека турата почнува пред Музејот и по Широк Сокак го води посетителот до останатите културно историски споменици. Штом корисникот се доближи до одреден објект, апликацијата ја знае неговата локација и автоматски се активира аудио нарација на македонски или англиски јазик. За лицата со оштетен слух употребени се видеа на знаковен јазик, со што оваа тура им се прави пристапна и ним, а воедно за секој објект се поставени и информации во однос на физичката пристапност до истиот. -За слепите лица се изработени водичи на Браево писмо со имплементирани тактилни слики, а особено горди сме на металните тактилни паноа, кои треба да се постават пред секој објект, вели тој. Металните тактилни паноа се изработени од нерѓосувачки челик и на нив е поставена тактилна слика, најчесто предната фасада на објектот и текст на Браево писмо на македонски и англиски јазик. Имајќи предвид дека само околу шест проценти од слепите лица знаат да читаат Браево, се препорачува повторно користењето на претходно споменатата апликација, каде описите се поставени во облик на аудио нарации. -На овој начин, турата успеавме да ја направиме теоретски пристапна за 100 отсто од слепите лица, кои доволно е само да поседуваат најобичен паметен телефон, а од друга страна се отвора и можноста за понатамошно унапредување на овој пристап. Имено, доколку би постоела патека за слепи лица по Широк Сокак, на овој начин е можно и нивно самостојно движење по главната пешачка улица во Битола. Со дополнителна употреба на NFC тагови во поединечните објекти и институции, се отвара и можноста за навигација и самостојно движење и низ затворени објекти, нешто што воопшто не е скап процес и за што се надевам дека ќе го успееме да го реализираме за брзо време, појасни Парговски, изработувач на алатките. Најголемо задоволство од реализацијата на овој проект и неговата функционалност имаат членовите на Здружението на слепи лица-Битола и здруженија од други градови за што потврдата стигна токму од нивната членка Весна Софронијевска која смета дека сега во Битола има одлични можности за посета на градот и од слепи лица кои досега само слушале за импозантните културно историски објекти и споменици во овој град и затоа заедно со тимот на реализатори на проектот повикува на поголема посетеност од страна на лицата со попреченост од државата и странство да дојдат во Битола.

The post Битола прв град на Балканот со туристичка понуда за лица со попреченост appeared first on Република.

]]>
Лицата со попреченост од 1 ноември можат да поднесат барање за повластено користење на услугите на градски паркинг https://republika.mk/vesti/skopje/licata-so-poprechenost-od-1-noemvri-mozat-da-podnesat-baranje-za-povlasteno-koristenje-na-uslugite-na-gradski-parking/ Mon, 31 Oct 2022 12:17:29 +0000 https://republika.mk/?p=567788

Од утре до 1 декември 2022 ќе може да се поднесуваат барања од лица со попреченост за користење повластени паркинг услуги за календарската 2023 година.

ЈП „Градски паркинг” – Скопје ги повикува сите заинтересирани лица со попреченост, кои се жители на Град Скопје, во претстојниот период да достават уредно пополнето Барање или да го пополнат во канцелариите на претпријатието, на ул. „Ѓуро Стругар” бр. 15 А, во зградата до катна гаража „Беко”.

Заедно со Барањето, треба да достават и документи: Копија од важечка сообраќајна дозвола со која се утврдува дека возилото е регистрирано; Лична карта на увид од лицето со посебни потреби; Инвалидска книшка на увид; Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза во оригинал, не постара од еден месец; Решение од ПИОМ за степен на телесно оштетување на увид и Лекарски наод од специјалист на увид.

Доколку лицето заинтересирано за поднесување на барањето не е во можност лично да ги поднесе документите, тоа може да го стори негов роднина или близок, со потпис од корисникот на самото Барање и со комплетна документација која се бара.

Воедно ги информираме заинтересираните, дека согласно Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг” – Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година, право за повластено користење имаат лицата со попреченост на кои им е дијагностицирано: дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), како и слепи лица со оштетување на видот над 90 отсто, лица на дијализа и лица со ампутација на рака, или нога со признато телесно оштетување од 80 отсто утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, соопшти ЈП „Градски паркинг” – Скопје.

The post Лицата со попреченост од 1 ноември можат да поднесат барање за повластено користење на услугите на градски паркинг appeared first on Република.

]]>

Од утре до 1 декември 2022 ќе може да се поднесуваат барања од лица со попреченост за користење повластени паркинг услуги за календарската 2023 година. ЈП „Градски паркинг” – Скопје ги повикува сите заинтересирани лица со попреченост, кои се жители на Град Скопје, во претстојниот период да достават уредно пополнето Барање или да го пополнат во канцелариите на претпријатието, на ул. „Ѓуро Стругар” бр. 15 А, во зградата до катна гаража „Беко”. Заедно со Барањето, треба да достават и документи: Копија од важечка сообраќајна дозвола со која се утврдува дека возилото е регистрирано; Лична карта на увид од лицето со посебни потреби; Инвалидска книшка на увид; Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза во оригинал, не постара од еден месец; Решение од ПИОМ за степен на телесно оштетување на увид и Лекарски наод од специјалист на увид. Доколку лицето заинтересирано за поднесување на барањето не е во можност лично да ги поднесе документите, тоа може да го стори негов роднина или близок, со потпис од корисникот на самото Барање и со комплетна документација која се бара.
Воедно ги информираме заинтересираните, дека согласно Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг” – Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година, право за повластено користење имаат лицата со попреченост на кои им е дијагностицирано: дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), како и слепи лица со оштетување на видот над 90 отсто, лица на дијализа и лица со ампутација на рака, или нога со признато телесно оштетување од 80 отсто утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, соопшти ЈП „Градски паркинг” – Скопје.

The post Лицата со попреченост од 1 ноември можат да поднесат барање за повластено користење на услугите на градски паркинг appeared first on Република.

]]>
МТСП: Градиме систем кој е праведен и прилагоден на лицата со попреченост https://republika.mk/vesti/makedonija/mtsp-gradime-sistem-koj-e-praveden-i-prilagoden-na-licata-so-poprechenost/ Thu, 28 Jul 2022 11:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=534239

Министерството за труд и социјална политика по наводите на Коалицијата „Менуваме“ во некои од медиумите за „остварувањето на праватa за еднаквост, достоинствен живот и вклучување на лицата со попреченост во целокупниот јавен живот“ денеска информира дека согласно Програмата за работа на Владата за 2022 предвидено е зголемување на правото на посебен додаток за 15 отсто за сите три категории на корисници на ова право. Измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата е влезен во собраниска процедура и обезбедени се средства за ова покачување со ребалансот на буџетот.

Од МТСП наведуваат дека доставена е измена и дополнување на Законот за социјална заштита со која се дополнуваат критериумите за користење на личната асистенција, односно дополнување со комбинираната попреченост, како и намалување на возрасната граница кај правото за траен надоместок за родители кои до 26-тата година се грижеле за дете со попреченост без да биде згрижено во институција, односно намалувањето е од 62 на 60 години за жени и од 64 на 62 години за мажи.

За измена на условите за користење на правото за попреченост планирани се активности во последниот квартал на 2022 година, со цел покачување на висината на правото во 2023 година, но и степенување на истото, согласно преостанатата функционалност и индивидуалните потреби на корисниците, стои во соопштението.

Од ресорното министерство нагласуваат дека целта на социјалната реформа не е само покачување на висината на правата, односно зголемувањето на пасивните мерки, туку и зголемување на обемот и достапноста до квалитетни услуги во делот на социјалната заштита, образованието и здравството, со што децата и лицата со попреченост на еднаква основа да користат услуги, да се стекнат со квалитетно образование и да се стекнат со вештини кои ќе им обезбедат влез на пазарот на трудот и да направиме самостојни активни граѓани.

Во соопштението од МТСП наведуват дека новите права и услуги за 2022 година коишто се договорени со другите министерства и фондови и со неколку здруженија на граѓани се: ослободувањето од здравствената партиципација за лицата со попреченост над 26 години во вкупна висина од 16.000.000 денари, измена на правилникот за утврдувањето на список на поправки на ортопедските помагала за покривање на трошоците за сервис и поправка на говорниот процесор, намалување на времето за доделување на ортопедски помагала – чевли од 9 на 6 месеци.

Меѓу новите прва и услуги за 2022 година се и промена на критериумите за користење на личната асистенција, односно дополнување со комбинирана попреченост каде доминантна е телесната (која со оваа измена ќе може да ја користат и лицата со церебрална парализа), проверка на усогласувањето на висината на правата со трошоците за живот, како и измената и дополнувањето на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година, каде е определена цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете/лице со попреченост од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, односно 858 денари за индивидуален третман и 1.053 денари дневно по корисник, платени преку Центрите за социјална работа.

Во моментот трите министерства: МТСП, МОН и МЗ го подготвија правилникот за работа на Комисиите кои прават проценка по Меѓународната класификација на функционалности и тој е на финално одобрување, по што овие Комисии ја преземаат обврската да го определуваат степенот на поддршка на децата со попреченост. Во тек е изработка/воведување на Регистар за лицата со попреченост на кој се работи во МТСП, воведување на единствен систем на проценка на попреченост и реформа на системот за вработување на лицата со попреченост, се вели во соопштението.

Посочуваат дека обезбедени се средства за вработување на 500 образовни асистенти во наставата (218 милиони денари), а со ребалансот се обезбедени средства за дополнителни 225 асистенти, кои им се потребни како поддршка на наставниците во работата со учениците со попреченост. Потпишан е договорот за лицата што користат Кохлеарни импланти за набавка на говорниот процесор.

Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, со поддршка на Светска Банка развиена е услугата помош и нега во домашни услови и со ребалансот обезбедени се 27 милиони денари овие услуги да се плаќаат преку Буџетот на Министерството. Во тек е и нов јавен повик на кој ќе може да се пријават сите единици на локална самоуправа да развиваат социјални услуги во локалната заедница.

Завршено е идејното решение за реновирање на ЈУ Завод за рехабилитација – Скопје, кој, како што се наведува, ќе прерасне во модерен центар за социјални услуги за што се обезбедени средства од 1,5 милиони евра од страна на ЕУД. Во тек е обезбедувањето на дозволите за адаптација на објектите и во текот на август ќе биде распишан тендер за изведување на градежните работи.

Дополнително, започна подготовка на нова Национална стратегија за лицата со попреченост 2022-2027 година.

Од МТСП информираат дека до крајот на годината планирано е обезбедување на обуки и понуда на работни места за невработените родители на децата со попреченост во услугите од социјалната заштита и во Дневните центри.

Досега се отворени 12 организациони единици за живеење со поддршка со капацитет од 60 лица, под ЈУ Специјален Завод Демир Капија.

До крајот на 2022 година ќе се отворат нови 10 станбени единици за живеење со поддршка за 50 корисници од Специјалниот Завод Демир Капија и ЈУ Завод за рехабилитација Скопје.

Министерството за труд и социјална политика е во постојана комуникација со здруженијата на граѓани за заштита на правата на лицата со попреченост, со Националните инвалидски организации, со родителските организации, а во насока во рамките на можностите на Буџетот да одговори на потребите и барања на децата и лицата со попреченост. Министерството е отворено за соработка со цел градење на систем кој е праведен, кој ги следи потребите на секоја индивидуа и врз основа на потребите да ги креира политиките и мерките во иднина, стои во соопштението.

The post МТСП: Градиме систем кој е праведен и прилагоден на лицата со попреченост appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика по наводите на Коалицијата „Менуваме“ во некои од медиумите за „остварувањето на праватa за еднаквост, достоинствен живот и вклучување на лицата со попреченост во целокупниот јавен живот“ денеска информира дека согласно Програмата за работа на Владата за 2022 предвидено е зголемување на правото на посебен додаток за 15 отсто за сите три категории на корисници на ова право. Измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата е влезен во собраниска процедура и обезбедени се средства за ова покачување со ребалансот на буџетот. Од МТСП наведуваат дека доставена е измена и дополнување на Законот за социјална заштита со која се дополнуваат критериумите за користење на личната асистенција, односно дополнување со комбинираната попреченост, како и намалување на возрасната граница кај правото за траен надоместок за родители кои до 26-тата година се грижеле за дете со попреченост без да биде згрижено во институција, односно намалувањето е од 62 на 60 години за жени и од 64 на 62 години за мажи.
За измена на условите за користење на правото за попреченост планирани се активности во последниот квартал на 2022 година, со цел покачување на висината на правото во 2023 година, но и степенување на истото, согласно преостанатата функционалност и индивидуалните потреби на корисниците, стои во соопштението.
Од ресорното министерство нагласуваат дека целта на социјалната реформа не е само покачување на висината на правата, односно зголемувањето на пасивните мерки, туку и зголемување на обемот и достапноста до квалитетни услуги во делот на социјалната заштита, образованието и здравството, со што децата и лицата со попреченост на еднаква основа да користат услуги, да се стекнат со квалитетно образование и да се стекнат со вештини кои ќе им обезбедат влез на пазарот на трудот и да направиме самостојни активни граѓани. Во соопштението од МТСП наведуват дека новите права и услуги за 2022 година коишто се договорени со другите министерства и фондови и со неколку здруженија на граѓани се: ослободувањето од здравствената партиципација за лицата со попреченост над 26 години во вкупна висина од 16.000.000 денари, измена на правилникот за утврдувањето на список на поправки на ортопедските помагала за покривање на трошоците за сервис и поправка на говорниот процесор, намалување на времето за доделување на ортопедски помагала – чевли од 9 на 6 месеци. Меѓу новите прва и услуги за 2022 година се и промена на критериумите за користење на личната асистенција, односно дополнување со комбинирана попреченост каде доминантна е телесната (која со оваа измена ќе може да ја користат и лицата со церебрална парализа), проверка на усогласувањето на висината на правата со трошоците за живот, како и измената и дополнувањето на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година, каде е определена цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете/лице со попреченост од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, односно 858 денари за индивидуален третман и 1.053 денари дневно по корисник, платени преку Центрите за социјална работа.
Во моментот трите министерства: МТСП, МОН и МЗ го подготвија правилникот за работа на Комисиите кои прават проценка по Меѓународната класификација на функционалности и тој е на финално одобрување, по што овие Комисии ја преземаат обврската да го определуваат степенот на поддршка на децата со попреченост. Во тек е изработка/воведување на Регистар за лицата со попреченост на кој се работи во МТСП, воведување на единствен систем на проценка на попреченост и реформа на системот за вработување на лицата со попреченост, се вели во соопштението.
Посочуваат дека обезбедени се средства за вработување на 500 образовни асистенти во наставата (218 милиони денари), а со ребалансот се обезбедени средства за дополнителни 225 асистенти, кои им се потребни како поддршка на наставниците во работата со учениците со попреченост. Потпишан е договорот за лицата што користат Кохлеарни импланти за набавка на говорниот процесор. Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, со поддршка на Светска Банка развиена е услугата помош и нега во домашни услови и со ребалансот обезбедени се 27 милиони денари овие услуги да се плаќаат преку Буџетот на Министерството. Во тек е и нов јавен повик на кој ќе може да се пријават сите единици на локална самоуправа да развиваат социјални услуги во локалната заедница. Завршено е идејното решение за реновирање на ЈУ Завод за рехабилитација – Скопје, кој, како што се наведува, ќе прерасне во модерен центар за социјални услуги за што се обезбедени средства од 1,5 милиони евра од страна на ЕУД. Во тек е обезбедувањето на дозволите за адаптација на објектите и во текот на август ќе биде распишан тендер за изведување на градежните работи. Дополнително, започна подготовка на нова Национална стратегија за лицата со попреченост 2022-2027 година. Од МТСП информираат дека до крајот на годината планирано е обезбедување на обуки и понуда на работни места за невработените родители на децата со попреченост во услугите од социјалната заштита и во Дневните центри. Досега се отворени 12 организациони единици за живеење со поддршка со капацитет од 60 лица, под ЈУ Специјален Завод Демир Капија. До крајот на 2022 година ќе се отворат нови 10 станбени единици за живеење со поддршка за 50 корисници од Специјалниот Завод Демир Капија и ЈУ Завод за рехабилитација Скопје.
Министерството за труд и социјална политика е во постојана комуникација со здруженијата на граѓани за заштита на правата на лицата со попреченост, со Националните инвалидски организации, со родителските организации, а во насока во рамките на можностите на Буџетот да одговори на потребите и барања на децата и лицата со попреченост. Министерството е отворено за соработка со цел градење на систем кој е праведен, кој ги следи потребите на секоја индивидуа и врз основа на потребите да ги креира политиките и мерките во иднина, стои во соопштението.

The post МТСП: Градиме систем кој е праведен и прилагоден на лицата со попреченост appeared first on Република.

]]>
Лицата со попреченост ослободени од партиципација за студирање https://republika.mk/vesti/licata-so-poprechenost-oslobodeni-od-participacija-za-studiranje/ Fri, 18 Mar 2022 11:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=474907

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Република Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање.

Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација.

Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани.

На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференци и стануваат конкурентни на пазарот на трудот.

Со оваа Уредба освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди.

За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост.

Согласно чл. 24 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост сите лица со попреченост имаат право на образование без исклучување и дискриминација со цел за максимален развој на човековиот потенцијал.

До донесувањето на оваа Уредба, право на ослободување на партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.

The post Лицата со попреченост ослободени од партиципација за студирање appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Република Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање. Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација. Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани. На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференци и стануваат конкурентни на пазарот на трудот. Со оваа Уредба освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди. За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост. Согласно чл. 24 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост сите лица со попреченост имаат право на образование без исклучување и дискриминација со цел за максимален развој на човековиот потенцијал. До донесувањето на оваа Уредба, право на ослободување на партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.

The post Лицата со попреченост ослободени од партиципација за студирање appeared first on Република.

]]>
Влада: Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање https://republika.mk/vesti/makedonija/vlada-licata-so-poprechenost-se-oslobodeni-od-participacija-za-studiranje/ Fri, 18 Mar 2022 11:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=474898

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање.

Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација.

Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани.

На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференци и стануваат конкурентни на пазарот на трудот.

Со оваа Уредба освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди.

За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост.

Согласно чл. 24 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост сите лица со попреченост имаат право на образование без исклучување и дискриминација со цел за максимален развој на човековиот потенцијал.

До донесувањето на оваа Уредба, право на ослободување на партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.

The post Влада: Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање. Со оваа уредба Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација. Оваа Уредба им овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани. На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференци и стануваат конкурентни на пазарот на трудот. Со оваа Уредба освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди. За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост. Согласно чл. 24 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост сите лица со попреченост имаат право на образование без исклучување и дискриминација со цел за максимален развој на човековиот потенцијал. До донесувањето на оваа Уредба, право на ослободување на партиципација имаа само некои категории на лица со попреченост, што практично ги ставаше останатите во подредена позиција.  

The post Влада: Лицата со попреченост се ослободени од партиципација за студирање appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Вработувањето на лицата со попреченост останува во фокусот на нашето работење https://republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-vrabotuvanjeto-na-licata-so-poprechenost-ostanuva-vo-fokusot-na-nasheto-rabotenje/ Thu, 24 Feb 2022 13:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=463166

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со  Заедницата на заштитни друштва ЗАПОВИМ. На средбата се разговараше за нацрт верзијата на Предлог законот за вработување на инвалидни лица. Министерката Тренчевска посочи дека текстот на законот не е конечен и дека во неговата подготовка ќе бидат вклучени и релевантни организации, партнери на МТСП, а ќе биде организирана и јавна расправа.

Ние сакаме да дојдеме до законско решение кое ќе биде во интерес на сите.  Лицата со попреченост и нивната вработливост ќе ја добијат централната улога, бидејќи ќе бидат понудени најсоодветните решенија за нивно вадење од системот на социјална заштита.  Целта ни е овие лица да ги извадиме на пазарот на трудот за полесно да може да се интегрираат во заедницата. Тоа ќе го направиме заедно, преку дијалог со сите засегнати страни бидејќи само со лица оспособени за работа ќе се зголеми продуктивноста и на заштитните друштва. Во новото законско решение ќе биде вклучена и професионалната рехабилитација на лицата со попреченост за да  создадеме широк дијазапон на вработлива структура, рече Тренчевска.

Според претставниците на Заедницата на заштитни друштва во државата, со постојното законско решение инклузијата на лицата со попреченост е на задоволително ниво  бидејќи 80% се вработени. Посочија дека бенефициите при вклучувањето на лицата со инвалидитет во работниот процес даваат резултати и за фирмите и за лицата со попреченост.  Тие понудија помош во изготвување на новиот Правилник во делот на професионалната рехабилитација.

The post Тренчевска: Вработувањето на лицата со попреченост останува во фокусот на нашето работење appeared first on Република.