Либерална партија Archives - Република https://republika.mk/tema/liberalna-partija/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Apr 2024 10:15:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Либерална партија Archives - Република https://republika.mk/tema/liberalna-partija/ 32 32 Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики https://republika.mk/vesti/makedonija/od-sushtinsko-znachene-e-potrebite-na-mladite-da-bidat-preslikani-vo-novite-politiki/ Sat, 06 Apr 2024 10:15:51 +0000 https://republika.mk/?p=763017

Во отворената канцеларија на Либерално-демократската партија денеска се одржа панел-дискусија насловена „Време е за гласна акција! - Младинските политики приоритет во општеството“, на која членовите на либерал-демократската младина заклучија дека, земајќи ги предвид разликите во ставовите за одредени социо-економски прашања во однос со другите генерации, од клучно значење е поголемата вклученост на младите во донесувањето на одлуки.

Претседателката на ЛиДеМ Јелена Мишиќ, која воедно беше и модератор на панел-дискусијата, нагласи дека сплотувањето на младите луѓе и меѓусебната поддршка се клучни за да се создаде просперитетна и сигурна иднина, каква што сите посакуваме.

„Тука, во отворената канцеларија на либерал-демократите, ги повикувам сите млади ентузијасти, кои веруваат дека заедно можеме да градиме силна, праведна и прогресивна држава, да дадат поддршка за нашите заложби.  Во време кога сме сѐ поблиску до остварувањето на нашите цели – приклучувањето кон европското семејство, за нас е од исклучително значење, како млади луѓе што ја сакаат својата земја и сакаат да дадат свој придонес, да преземе акција веднаш и да говориме гласно колку е важно младинските политики да станат приоритет во нашето општество“, порача Мишиќ.

Таа истакна дека возрасните се тука за да им го покажат правецот на младите и дека младите се тука за да дејствуваат.

„Како двигатели на промените со кои се создава цврста иднина, ве повикувам да говориме за потребата од поголемата вклученост на младите лица во донесувањето на одлуки. Следејќи ја состојбата, сметаме дека е од круцијално значење нашите потреби да бидат пресликани во новосоздадените политики, за да се отворат можности каде ќе го прикажеме нашето знаење и ќе создаваме подобар живот за сите“, потенцираше Мишиќ.

Таа нагласи дека како млади либерал-демократи, освен што се залагаат за имплементирање на младинските политики, нивните заложби се и во правец на создавање на услови со кои младите во Македонија ќе живеат европски.

„Се бориме за гарантирано работно место за најдобрите студенти од сите факултети, за можност за работа со скратено работно време за редовните студенти, за дигитализација на високото образование, за модерни студентски градови, поголеми средства за истражувачката дејност, здрави млади и поддршка за студентите со попреченост, бидејќи сите заслужуваат среќни и безгрижни студентски денови“, истакна претседателката на ЛиДеМ.

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова на панел-дискусијата зборуваше за сите минати успеси на либерал-демократите на ова поле и ги поздрави заложбите на младите за унапредување на состојбата.

„Од моето вклучување во политичкиот свет се борам гласно и со цврсти аргументи со цел да постигнам мислењето на младите лица во нашата земја да биде вклучено во сите политики. Се радувам што е постигнат одреден напредок, но сепак не е доволен. Младите имаат свои потреби, свежи идеи и поразлична перцепција од повозрасните лица, затоа е многу важно да бидат рамноправен дел во носењето на одлуки, бидејќи на крајот од денот, тие треба да ја создаваат иднината“, рече Зајкова.

На панел-дискусијата говореа и проектната координаторка Викторија Постолска и студентот на МБУ Томи Милков, кои посочија дека за да се слушне гласот на младите, мора тие да бидат активни, да ги изнесуваат своите идеи и заедно да прават промени.

Младината на ЛДП, останати млади од други политички партии, како и граѓански активисти од здруженија, кои присуствуваа на панел-дискусијата заклучија дека нивното здружување и дејствување треба да биде пример за сите млади луѓе во државата.

Тие порачаа дека младите мора да го оттргнат скептицизмот и да веруваат дека можат да направат промени.

„Либералното ќоше е отворено за сите млади луѓе кои имаат идеи со кои ќе се подобри животот за нив во Македонија. Повелете да разговараме, да споделуваме, да се обединуваме“, порачаа од ЛиДеМ.

The post Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики appeared first on Република.

]]>

Во отворената канцеларија на Либерално-демократската партија денеска се одржа панел-дискусија насловена „Време е за гласна акција! - Младинските политики приоритет во општеството“, на која членовите на либерал-демократската младина заклучија дека, земајќи ги предвид разликите во ставовите за одредени социо-економски прашања во однос со другите генерации, од клучно значење е поголемата вклученост на младите во донесувањето на одлуки. Претседателката на ЛиДеМ Јелена Мишиќ, која воедно беше и модератор на панел-дискусијата, нагласи дека сплотувањето на младите луѓе и меѓусебната поддршка се клучни за да се создаде просперитетна и сигурна иднина, каква што сите посакуваме. „Тука, во отворената канцеларија на либерал-демократите, ги повикувам сите млади ентузијасти, кои веруваат дека заедно можеме да градиме силна, праведна и прогресивна држава, да дадат поддршка за нашите заложби.  Во време кога сме сѐ поблиску до остварувањето на нашите цели – приклучувањето кон европското семејство, за нас е од исклучително значење, како млади луѓе што ја сакаат својата земја и сакаат да дадат свој придонес, да преземе акција веднаш и да говориме гласно колку е важно младинските политики да станат приоритет во нашето општество“, порача Мишиќ. Таа истакна дека возрасните се тука за да им го покажат правецот на младите и дека младите се тука за да дејствуваат. „Како двигатели на промените со кои се создава цврста иднина, ве повикувам да говориме за потребата од поголемата вклученост на младите лица во донесувањето на одлуки. Следејќи ја состојбата, сметаме дека е од круцијално значење нашите потреби да бидат пресликани во новосоздадените политики, за да се отворат можности каде ќе го прикажеме нашето знаење и ќе создаваме подобар живот за сите“, потенцираше Мишиќ. Таа нагласи дека како млади либерал-демократи, освен што се залагаат за имплементирање на младинските политики, нивните заложби се и во правец на создавање на услови со кои младите во Македонија ќе живеат европски. „Се бориме за гарантирано работно место за најдобрите студенти од сите факултети, за можност за работа со скратено работно време за редовните студенти, за дигитализација на високото образование, за модерни студентски градови, поголеми средства за истражувачката дејност, здрави млади и поддршка за студентите со попреченост, бидејќи сите заслужуваат среќни и безгрижни студентски денови“, истакна претседателката на ЛиДеМ. Претседателката на ЛДП Моника Зајкова на панел-дискусијата зборуваше за сите минати успеси на либерал-демократите на ова поле и ги поздрави заложбите на младите за унапредување на состојбата. „Од моето вклучување во политичкиот свет се борам гласно и со цврсти аргументи со цел да постигнам мислењето на младите лица во нашата земја да биде вклучено во сите политики. Се радувам што е постигнат одреден напредок, но сепак не е доволен. Младите имаат свои потреби, свежи идеи и поразлична перцепција од повозрасните лица, затоа е многу важно да бидат рамноправен дел во носењето на одлуки, бидејќи на крајот од денот, тие треба да ја создаваат иднината“, рече Зајкова. На панел-дискусијата говореа и проектната координаторка Викторија Постолска и студентот на МБУ Томи Милков, кои посочија дека за да се слушне гласот на младите, мора тие да бидат активни, да ги изнесуваат своите идеи и заедно да прават промени. Младината на ЛДП, останати млади од други политички партии, како и граѓански активисти од здруженија, кои присуствуваа на панел-дискусијата заклучија дека нивното здружување и дејствување треба да биде пример за сите млади луѓе во државата. Тие порачаа дека младите мора да го оттргнат скептицизмот и да веруваат дека можат да направат промени. „Либералното ќоше е отворено за сите млади луѓе кои имаат идеи со кои ќе се подобри животот за нив во Македонија. Повелете да разговараме, да споделуваме, да се обединуваме“, порачаа од ЛиДеМ.

The post Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики appeared first on Република.

]]>