Лев Тахор Archives - Република https://republika.mk/tema/lev-tahor/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Feb 2022 15:25:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лев Тахор Archives - Република https://republika.mk/tema/lev-tahor/ 32 32 Припадници на Лев Тахор: Непотребно се создава омраза против нас, тука сме туристички https://republika.mk/vesti/makedonija/pripadnici-na-lev-tahor-nepotrebno-se-sozdava-omraza-protiv-nas-tuka-sme-turistichki/ Wed, 23 Feb 2022 15:25:14 +0000 https://republika.mk/?p=462597

Припадниците на еврејската религиозна група Лев Тахор кои моментално се сместени во хотелот „Прага“ во охридското село Горно Лакочереј сметаат дека непотребно се создава омраза против нив. Тие ги отфрлаат ги како лаги и шпекулации тврдењата за нивните активности во местата каде привремено престојуваат.

Припадничка на групата во изјава дадена за медиумите истакнуваат дека Македонија е прекрасна земја, народот е добар, независно што поединци негативно реагираат на нивното присуство.

Тука сме туристички за да посетиме некои еврејски објекти, синагоги, да посетиме роднини, гробови на наши претци…Немаме планови да бараме никаков постојан престој, тука сме привремено, имаме дозвола од тримесечен престој, а немаме намера да останеме тука повеќе од еден месец - вели припадничка на групата.

Во врска со реакциите на локалното население, таа забележува дека непотребно се создава некаква омраза против нив, им се ускратува нивното право слободно да се движат и да ги посетат местата за кои се и дојдени тука.

Со се она што се случува, реакциите, ние сме се уште во потрага по место каде ќе можеме да се сместиме и да можеме пристојно да престојуваме и во крајна линија да го направиме она за што сме тука, да ги посетиме местата од интерес. Трошиме средства, бараме место каде да се сместиме, без да ни се даде можност да се фокусираме на она за што сме тука. На овој начин нема да можеме да посетиме ниту едно место заради кое впрочем сме дојдени тука - вели таа.

Таа категорично исклучува тврдења и обвинувања дека се шпиуни, а уште помалку терористи.

Луѓето непотребно се агресивни кон нас. Не бевме протерани од БиХ, тоа се само медиумски шпекулации, наш избор беше да заминеме оттаму согласно плановите, за потоа да дојдеме тука. Моментално немаме постојан престој, во потрага сме по земја каде ќе ни биде дозволено да ги практикуваме нашите човечки права и религиозни слободи, како што е запишано и во Библијата. Во меѓувреме транзитираме, не знаеме кога тоа ќе се случи, но засега немаме планови за постојана дестинација - вели таа.

Што се однесува на тоа како ги подмируват трошоците за патувањата, таа појасни дека во групата има луѓе кои се со сопствени заштеди, некои од нив работаат онлајн, меѓусебно се помагаат…Единствен проблем, како што вели, е тоа што постојаните селења за нив претставуваат непотребни дополнителни трошоци.

Жителите на селото Горно Лакочереј се мобилизираа и најавија протест поради присуството на припадниците на Лев Тахор во хотелот „Прага“, со барање тие да си заминат поради наводни стравувања за безбедноста на нивните деца.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sektata-lev-tahor-gi-voznemiri-zitelite-na-gorno-lakocherej-velat-ova-nema-da-go-ostavime-vaka-i-najavuvaat-protest/

Реакции имаше и на социјалните мрежи, каде беа објавени статуси и коментари со недолична и заканувачка содржина. Охриѓанка заработи и кривична пријава заради објавување содржина на нејзиниот фејсбук-профил преку која извршила казнено дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394-г од КЗ.

Од МВР официјално беше соопштено дека членовите на групата имаат легални патни исправи и одобрен привремен престој во Македонија.

Групата не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите - соопштија од МВР.

Од охридската полиција излегоа со информација дека нема ниту пријава, ниту поплака за нивниот престој на територијата на Општина Охрид.

The post Припадници на Лев Тахор: Непотребно се создава омраза против нас, тука сме туристички appeared first on Република.

]]>

Припадниците на еврејската религиозна група Лев Тахор кои моментално се сместени во хотелот „Прага“ во охридското село Горно Лакочереј сметаат дека непотребно се создава омраза против нив. Тие ги отфрлаат ги како лаги и шпекулации тврдењата за нивните активности во местата каде привремено престојуваат. Припадничка на групата во изјава дадена за медиумите истакнуваат дека Македонија е прекрасна земја, народот е добар, независно што поединци негативно реагираат на нивното присуство.
Тука сме туристички за да посетиме некои еврејски објекти, синагоги, да посетиме роднини, гробови на наши претци…Немаме планови да бараме никаков постојан престој, тука сме привремено, имаме дозвола од тримесечен престој, а немаме намера да останеме тука повеќе од еден месец - вели припадничка на групата.
Во врска со реакциите на локалното население, таа забележува дека непотребно се создава некаква омраза против нив, им се ускратува нивното право слободно да се движат и да ги посетат местата за кои се и дојдени тука.
Со се она што се случува, реакциите, ние сме се уште во потрага по место каде ќе можеме да се сместиме и да можеме пристојно да престојуваме и во крајна линија да го направиме она за што сме тука, да ги посетиме местата од интерес. Трошиме средства, бараме место каде да се сместиме, без да ни се даде можност да се фокусираме на она за што сме тука. На овој начин нема да можеме да посетиме ниту едно место заради кое впрочем сме дојдени тука - вели таа.
Таа категорично исклучува тврдења и обвинувања дека се шпиуни, а уште помалку терористи.
Луѓето непотребно се агресивни кон нас. Не бевме протерани од БиХ, тоа се само медиумски шпекулации, наш избор беше да заминеме оттаму согласно плановите, за потоа да дојдеме тука. Моментално немаме постојан престој, во потрага сме по земја каде ќе ни биде дозволено да ги практикуваме нашите човечки права и религиозни слободи, како што е запишано и во Библијата. Во меѓувреме транзитираме, не знаеме кога тоа ќе се случи, но засега немаме планови за постојана дестинација - вели таа.
Што се однесува на тоа како ги подмируват трошоците за патувањата, таа појасни дека во групата има луѓе кои се со сопствени заштеди, некои од нив работаат онлајн, меѓусебно се помагаат…Единствен проблем, како што вели, е тоа што постојаните селења за нив претставуваат непотребни дополнителни трошоци. Жителите на селото Горно Лакочереј се мобилизираа и најавија протест поради присуството на припадниците на Лев Тахор во хотелот „Прага“, со барање тие да си заминат поради наводни стравувања за безбедноста на нивните деца. https://republika.mk/vesti/makedonija/sektata-lev-tahor-gi-voznemiri-zitelite-na-gorno-lakocherej-velat-ova-nema-da-go-ostavime-vaka-i-najavuvaat-protest/ Реакции имаше и на социјалните мрежи, каде беа објавени статуси и коментари со недолична и заканувачка содржина. Охриѓанка заработи и кривична пријава заради објавување содржина на нејзиниот фејсбук-профил преку која извршила казнено дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394-г од КЗ. Од МВР официјално беше соопштено дека членовите на групата имаат легални патни исправи и одобрен привремен престој во Македонија.
Групата не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите - соопштија од МВР.
Од охридската полиција излегоа со информација дека нема ниту пријава, ниту поплака за нивниот престој на територијата на Општина Охрид.

The post Припадници на Лев Тахор: Непотребно се создава омраза против нас, тука сме туристички appeared first on Република.

]]>
Охриѓанката која повика да се запалат Евреите заедно со хотелот доби кривична пријава https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ohrigjankata-koja-povika-da-se-zapalat-evreite-zaedno-so-hotelot-dobi-krivichna-prijava/ Tue, 22 Feb 2022 17:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=462071

Охриѓанката која повика да се запалат Евреите кои се поврзуваат со сектата „Лев Тахор“, доби кривична пријава.

Денеска (22.02.2022) полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор во СВР Охрид со В.С. (38) од охридско, која во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која извршила кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394-г од КЗ. При разговорот В.С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала. По целосно документирање на случајот до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава по член 394-г од КЗ“, објави МВР.

Таа под вестите каде што е објавена локацијата на Евреите повикуваше тие да се запалат живи: „Море не само сектата, запалете го и хотелот сосе сектата“.

The post Охриѓанката која повика да се запалат Евреите заедно со хотелот доби кривична пријава appeared first on Република.

Еврејската заедница во Македонија: Очекуваме надлежните да преземат соодветни мерки против оние кои шират говор на омраза https://republika.mk/vesti/makedonija/evrejskata-zaednica-vo-makedonija-ochekuvame-nadleznite-da-prezemat-soodvetni-merki-protiv-onie-koi-shirat-govor-na-omraza/ Tue, 22 Feb 2022 12:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=461936

Еврејската заедница во Македонија е вчудоневидена од неверојатниот говор на омраза по повод престојот на една ортодоксно-религиозна еврејска група во државава, која е во основа мирољубива и не загрозува никого.

Од Еврејската заедница потенцираат дека една група од 38 члена, со регуларен престој во земјава, облечена во својата традиционална облека, при што повеќе од половината се жени и деца предизвика неверојатен говор на омраза, антисемитизам и ксенофобија.

Една мала група подбуцнувачи со своите изјави во стилот „Треба да се запали хотелот со се Евреите по него“ предизвикува страв и непријатно чувство кај Евреите во Република Македонија. Никогаш Евреите во Македонија, не се судриле со таков антисемитизам, ксенофобија и јазик на омраза, кој може да предизвика несогледиви последици - нагласуваат од Еврејската заедница.

Оттаму ги замолуваат новинарите крајно внимателно да известуваат за групата и она што се случува во врска со нив.

Инсинуациите дека се водат разноразни судски процеси за киднапирање на деца и други недолични работи од нив, не се точни и не се однесуваат за оваа група американски, канадски и други западно европски граѓани, припадници на оваа група со еврејска вероисповед. Јазикот на омраза и непочитување, ксенофобија, антисемитизам и фанизам, скапо го плати еврејскиот народ во Македонија. 7.144 евреи одведени на 11 март 1943 во Треблинка од каде никој жив не се врати, како и многуте борци Евреи кои загинаа во Втората Светска Војна борејќи се рамо до рамо со останатите македонски борци се цена што еврејскиот народ ја плати за идеалите на слободна Македонија. Дали сега треба да дозволиме да една мала група подбуцнувачи, а би се рекло и непријатели на демократскиот развој на Македонија, шират омраза и нетрпеливост кон Евреите? - се вели во соопштението.

Од Еврејската заедница очекуваат надлежните органи како што се Обвинителството, МВР, Комисијата за заштита од дискриминација и други, да преземат соодветни мерки против, како што велат „подбуцнувачите“ на омраза и ширење на фашизам, ксенофобија и антисемитизам, а градоначелниците од актуелните општини активно да се вклучат и им објаснат на луѓето што протестираат против престојот на оваа група во нивна средина, дека оваа група само затоа што е облечена во поинакви алишта и со поинаков изглед, практикувајќи ја ортодоксната еврејска религија не претставува никаква опасност за никого.

The post Еврејската заедница во Македонија: Очекуваме надлежните да преземат соодветни мерки против оние кои шират говор на омраза appeared first on Република.

]]>

Еврејската заедница во Македонија е вчудоневидена од неверојатниот говор на омраза по повод престојот на една ортодоксно-религиозна еврејска група во државава, која е во основа мирољубива и не загрозува никого. Од Еврејската заедница потенцираат дека една група од 38 члена, со регуларен престој во земјава, облечена во својата традиционална облека, при што повеќе од половината се жени и деца предизвика неверојатен говор на омраза, антисемитизам и ксенофобија.
Една мала група подбуцнувачи со своите изјави во стилот „Треба да се запали хотелот со се Евреите по него“ предизвикува страв и непријатно чувство кај Евреите во Република Македонија. Никогаш Евреите во Македонија, не се судриле со таков антисемитизам, ксенофобија и јазик на омраза, кој може да предизвика несогледиви последици - нагласуваат од Еврејската заедница.
Оттаму ги замолуваат новинарите крајно внимателно да известуваат за групата и она што се случува во врска со нив.
Инсинуациите дека се водат разноразни судски процеси за киднапирање на деца и други недолични работи од нив, не се точни и не се однесуваат за оваа група американски, канадски и други западно европски граѓани, припадници на оваа група со еврејска вероисповед. Јазикот на омраза и непочитување, ксенофобија, антисемитизам и фанизам, скапо го плати еврејскиот народ во Македонија. 7.144 евреи одведени на 11 март 1943 во Треблинка од каде никој жив не се врати, како и многуте борци Евреи кои загинаа во Втората Светска Војна борејќи се рамо до рамо со останатите македонски борци се цена што еврејскиот народ ја плати за идеалите на слободна Македонија. Дали сега треба да дозволиме да една мала група подбуцнувачи, а би се рекло и непријатели на демократскиот развој на Македонија, шират омраза и нетрпеливост кон Евреите? - се вели во соопштението.
Од Еврејската заедница очекуваат надлежните органи како што се Обвинителството, МВР, Комисијата за заштита од дискриминација и други, да преземат соодветни мерки против, како што велат „подбуцнувачите“ на омраза и ширење на фашизам, ксенофобија и антисемитизам, а градоначелниците од актуелните општини активно да се вклучат и им објаснат на луѓето што протестираат против престојот на оваа група во нивна средина, дека оваа група само затоа што е облечена во поинакви алишта и со поинаков изглед, практикувајќи ја ортодоксната еврејска религија не претставува никаква опасност за никого.

The post Еврејската заедница во Македонија: Очекуваме надлежните да преземат соодветни мерки против оние кои шират говор на омраза appeared first on Република.

]]>
По Куманово и Скопје, групата Лев Тахор сега е во охридско Лакочереј, жителите бараат да се иселат https://republika.mk/vesti/makedonija/po-kumanovo-i-skopje-grupata-lev-tahor-sega-e-vo-ohridsko-lakocherej-zitelite-baraat-da-se-iselat/ Mon, 21 Feb 2022 17:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=461609

После Куманово и Скопје, членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор сега се во охридското селото Горно Лакочереј. Жителите вознемирени, најавуваат протести сè додека не си заминат.Т врдат дека со автобус во полициска прудружба, биле донесени синоќа до пред самиот хотел во селото каде што, според нивните кажувања и се сместиле.

Цело село е вознемирено, прв пат во мојов живот во мои 60 години јас го гледам селово толку вознемирено, толку загрижено, толку уплашено и бараат начин како луѓево да се дислоцираат од нашево село – изјави за „Алфа“ жителот на Долно Лакочереј Илче Настоски.

Групата брои повеќе од 30-тина мажи, жени и мали деца.

Денес не сме ги виделе низ селото, но знаеме дека престојуваат во единствениот хотел во Горно Лакочереј, вели соговорникиот на „Алфа“.

И додека сопственикот на хотелот кој не сакаше да зборува јавно тврди дека членовите на Лев Тахор не се во неговиот хотелски капацитети, мештаните отворено кажуваат дека веќе се организираат за протест во кој ќе учестуваат не само селаните, туку и охриѓани. Велат дека се плашат за безбедноста на своите намили, бидејќи членовите на еврејската заедница ги бие лош глас,мора да има причина зошто оваа група не е пожелна никаде.

Нив ги бие некој глас, викаат дека киднапирале деца, не можеме да тврдиме ние. Од тие причини, а и селово ни е религиозно, не е случајно и по мене избрано баш ова село со 5 цркви, православно село – изјави жителот на Долно Лакочереј Илче Настоски.

Инаку, групата од 37 лица од кои половина се малолетни деца во земјавава пристигнаа на 5 фебруари обезбедувајќи си престој на две локациии на периферијата од Куманово, каде што не се чувствувале безбедно и поради тоа на 15-ти фебруари во полициска придржуба беа префлени во Скопје, а од синоќа се во Охрид.

Членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор во Македонија се веќе 16 дена, од МВР велат дека се со легален престој и дека привремено престојуваат во земјава и можат да се движат каде што сакаат. Групата кај нас дојде откако беа протерани од Босна и Херцеговина.

The post По Куманово и Скопје, групата Лев Тахор сега е во охридско Лакочереј, жителите бараат да се иселат appeared first on Република.

]]>

После Куманово и Скопје, членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор сега се во охридското селото Горно Лакочереј. Жителите вознемирени, најавуваат протести сè додека не си заминат.Т врдат дека со автобус во полициска прудружба, биле донесени синоќа до пред самиот хотел во селото каде што, според нивните кажувања и се сместиле.
Цело село е вознемирено, прв пат во мојов живот во мои 60 години јас го гледам селово толку вознемирено, толку загрижено, толку уплашено и бараат начин како луѓево да се дислоцираат од нашево село – изјави за „Алфа“ жителот на Долно Лакочереј Илче Настоски.
Групата брои повеќе од 30-тина мажи, жени и мали деца.
Денес не сме ги виделе низ селото, но знаеме дека престојуваат во единствениот хотел во Горно Лакочереј, вели соговорникиот на „Алфа“.
И додека сопственикот на хотелот кој не сакаше да зборува јавно тврди дека членовите на Лев Тахор не се во неговиот хотелски капацитети, мештаните отворено кажуваат дека веќе се организираат за протест во кој ќе учестуваат не само селаните, туку и охриѓани. Велат дека се плашат за безбедноста на своите намили, бидејќи членовите на еврејската заедница ги бие лош глас,мора да има причина зошто оваа група не е пожелна никаде.
Нив ги бие некој глас, викаат дека киднапирале деца, не можеме да тврдиме ние. Од тие причини, а и селово ни е религиозно, не е случајно и по мене избрано баш ова село со 5 цркви, православно село – изјави жителот на Долно Лакочереј Илче Настоски.
Инаку, групата од 37 лица од кои половина се малолетни деца во земјавава пристигнаа на 5 фебруари обезбедувајќи си престој на две локациии на периферијата од Куманово, каде што не се чувствувале безбедно и поради тоа на 15-ти фебруари во полициска придржуба беа префлени во Скопје, а од синоќа се во Охрид. Членовите на еврејската верска заедница Лев Тахор во Македонија се веќе 16 дена, од МВР велат дека се со легален престој и дека привремено престојуваат во земјава и можат да се движат каде што сакаат. Групата кај нас дојде откако беа протерани од Босна и Херцеговина.

The post По Куманово и Скопје, групата Лев Тахор сега е во охридско Лакочереј, жителите бараат да се иселат appeared first on Република.

]]>
Сектата „Лев Тахор“ ги вознемири жителите на Горно Лакочереј: Велат „Ова нема да го оставиме вака“ и најавуваат протест https://republika.mk/vesti/makedonija/sektata-lev-tahor-gi-voznemiri-zitelite-na-gorno-lakocherej-velat-ova-nema-da-go-ostavime-vaka-i-najavuvaat-protest/ Mon, 21 Feb 2022 10:42:11 +0000 https://republika.mk/?p=461382

Припадниците на еврејската секта „Лев Тахор“, кои од ноќеска се сместени во Горно Лакочереј ги вознемирија жителите на ова охридско село веднаш штом ги виделе.

Тие велат дека оваа група треба да си замине од селото и најавуваат дека се организираат за да протестираат, објави поратлот „Охрид1“.

Сектата е донесена ноќеска и сместена е во хотелот во нашето село. Ние ќе реагираме на ова затоа што во Лакочереј ја донесоа сектата што ја бркаат од целиот свет. Нив не ги примаат ни во Америка ни Израел, а овде ги донесоја со обезбедување. Сега се собираме и одиме да бараме да ги дислоцираат. Ова е за нив изворче на нафта од коешто ќе прават пари во хотелот, а ние цело село ќе се плашиме и сме вознемирени од новното присуство. Ова нема да го оставиме вака - вели за „Охрид1“ Илче Настоски, жител од Горно Лакочереј.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pripadnicite-na-lev-tahor-kje-se-smestat-vo-hotel-vo-ohridskoto-selo-lakocherej/

The post Сектата „Лев Тахор“ ги вознемири жителите на Горно Лакочереј: Велат „Ова нема да го оставиме вака“ и најавуваат протест appeared first on Република.

]]>

Припадниците на еврејската секта „Лев Тахор“, кои од ноќеска се сместени во Горно Лакочереј ги вознемирија жителите на ова охридско село веднаш штом ги виделе. Тие велат дека оваа група треба да си замине од селото и најавуваат дека се организираат за да протестираат, објави поратлот „Охрид1“.
Сектата е донесена ноќеска и сместена е во хотелот во нашето село. Ние ќе реагираме на ова затоа што во Лакочереј ја донесоа сектата што ја бркаат од целиот свет. Нив не ги примаат ни во Америка ни Израел, а овде ги донесоја со обезбедување. Сега се собираме и одиме да бараме да ги дислоцираат. Ова е за нив изворче на нафта од коешто ќе прават пари во хотелот, а ние цело село ќе се плашиме и сме вознемирени од новното присуство. Ова нема да го оставиме вака - вели за „Охрид1“ Илче Настоски, жител од Горно Лакочереј.
https://republika.mk/vesti/makedonija/pripadnicite-na-lev-tahor-kje-se-smestat-vo-hotel-vo-ohridskoto-selo-lakocherej/

The post Сектата „Лев Тахор“ ги вознемири жителите на Горно Лакочереј: Велат „Ова нема да го оставиме вака“ и најавуваат протест appeared first on Република.

]]>
Припадниците на „Лев Тахор“ ќе се сместат во хотел во охридското село Лакочереј https://republika.mk/vesti/makedonija/pripadnicite-na-lev-tahor-kje-se-smestat-vo-hotel-vo-ohridskoto-selo-lakocherej/ Mon, 21 Feb 2022 09:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=461339

Припадници на еврејската група Лев Тахор станаа несакани гости веднаш по нивното пристигнување во Куманово.  По ова државата за кои уверува дека се со исправна документација ги префрли во Скопје, каде многу сопственици на хотели одбиваа да ги примат, но сепак останаа неколку денови. За сега истата оваа група да биде донесена во Охрид, поточно да бидат сместени во хотел во Лакочереј, oткрива порталот Њуз 1.мк.

Жителите на ова Охридско село веднаш штом ги виделе, велат оваа група треба да си замине од селото. Тие веќе се организираат да протестираат.

Интересно е зошто оваа група се сместува во рурални средини, а неразбирливо е зошто кога не се прифатени од средината упорно остануваат.

Инаку групата не наиде на топол пречек ниту во Босна и Херцеговина (БиХ), од која заминале неодамна.

Од МВР уведуваат дека оваа група е со  легален престој и привремено престојуваат во државава.

Во групата од 38 члена, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во земјава.

The post Припадниците на „Лев Тахор“ ќе се сместат во хотел во охридското село Лакочереј appeared first on Република.

]]>

Припадници на еврејската група Лев Тахор станаа несакани гости веднаш по нивното пристигнување во Куманово.  По ова државата за кои уверува дека се со исправна документација ги префрли во Скопје, каде многу сопственици на хотели одбиваа да ги примат, но сепак останаа неколку денови. За сега истата оваа група да биде донесена во Охрид, поточно да бидат сместени во хотел во Лакочереј, oткрива порталот Њуз 1.мк. Жителите на ова Охридско село веднаш штом ги виделе, велат оваа група треба да си замине од селото. Тие веќе се организираат да протестираат. Интересно е зошто оваа група се сместува во рурални средини, а неразбирливо е зошто кога не се прифатени од средината упорно остануваат. Инаку групата не наиде на топол пречек ниту во Босна и Херцеговина (БиХ), од која заминале неодамна. Од МВР уведуваат дека оваа група е со  легален престој и привремено престојуваат во државава. Во групата од 38 члена, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во земјава.

The post Припадниците на „Лев Тахор“ ќе се сместат во хотел во охридското село Лакочереј appeared first on Република.

]]>
„Лев Тахор“: Нѐ држат како приведени, на улица смеат само жените, никој не сака да ни издаде куќа https://republika.mk/vesti/makedonija/lev-tahor-n-drzat-kako-privedeni-na-ulica-smeat-samo-zenite-nikoj-ne-saka-da-ni-izdade-kukja/ Thu, 17 Feb 2022 20:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=460118

Еден од членовите на еврејската заедница „Лев Тахор“ кои моментално се сместени во хотел, се жалат дека полицијата ги држи како приведени лица, а тие всушност не се приведени.

-Не чуваат како во гето. Одлуките ги носат полицајците. Добиваме секакви прашања и на улица можеме да излеземе само кога е неопходно. Ако мора да излеземе, тогаш може само жените, а не и мажите. Секој пат треба да пријавиме каде излегуваме и за која причина, каде ќе одиме, мора да се пријави и број на пасош. Не смееме да се среќаваме со надворешни лица, особено не со медиуми или да ги примаме во наша близина. Треба само да седиме во хотел и во ресторанскиот дел, вели една од женските членови на групата во изјава за ТВ 24.

Според сведоштвото, многу луѓе не сакаат да им издадат куќа во која ќе отседат поради притисоците на полицијата.

-Полицијата ги испрашува и секаде каде што ќе се јавиме не одбиваат со извинување дека не можат да ни издадат сместување поради притисоци. Скапо е во хотел, не можеме цело време да бидеме сместени тука. Имаме право 90 дена да останеме во вашата земја, додаваат од „Лев Тахор“.

Еврејската верска група прво беше сместена во Куманово, но откако граѓаните со јајца маваа по куќата и ја откорнаа надворешната врата каде што беа сместени, полицијата ги однесе во Скопје. Претходно престојуваа во БиХ, од каде што биле депортирани.

The post „Лев Тахор“: Нѐ држат како приведени, на улица смеат само жените, никој не сака да ни издаде куќа appeared first on Република.

Димитриевски бара безбедносните служби да ја следат еврејската секта во Куманово https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-bara-bezbednosnite-sluzbi-da-ja-sledat-evrejskata-sekta-vo-kumanovo/ Mon, 14 Feb 2022 12:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=458351

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Студи 10“ на ТВ24 вели дека бројната еврејска секта која ненадејно се насели во овој град е добредојдена доколку се однесува според правилата и прописите, но граѓаните се вознемирени затоа што се движат во големи групи и се облекуваат неконвенционално.

„Видете, Куманово е мултикултурен град, навикнати сме на различности, добив поголем број на пораки од граѓани кои вараат од мене да се вклучам по ова прашање. Имаме гости кои се облекуваат поразлично и се движат во групи,. Тоа е секта која потекнува од Израел. Во Куманово се добредојдени ако ги почитуваат прописите и правилата во градот.

Чудно е движењето во групи и облекувањето, но МВР е органот кој дава времена дозвола за престој. Во рок од 48 часа доколку не сте сместени во хотел мора да се пријавите во подрачното одделение на МВР, или да ве пријават хотелските служби доколку сте во хотел.

Имам информација дека овие луѓе во краток временски период планираат да си заминат од Куманово, но имаме безбедносни служби кои треба да го следат овој процес.По службена должност, командираот и началникот барем усмено треба да ме информиаат за тоа што се случува, но за жал соработкаата е на многу ниско ниво. Од она што јас го знам, тие се сместени во населба „Гоце Делчев“ во приватни куќи“, рече Димитриевски.

Еврејските верници најверојатно припаѓаат на ортодоксната верска група „Лев Тахор“, која се противи на државното уредување и живеат по свои правила. Ваква група до минатата недела престојувала во Сараево, Босна и Херцеговина, па според тамошните медиуми, не ѝ било дозволено да го продолжи престојот и  дошла во Македонија.

The post Димитриевски бара безбедносните служби да ја следат еврејската секта во Куманово appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Студи 10“ на ТВ24 вели дека бројната еврејска секта која ненадејно се насели во овој град е добредојдена доколку се однесува според правилата и прописите, но граѓаните се вознемирени затоа што се движат во големи групи и се облекуваат неконвенционално.
„Видете, Куманово е мултикултурен град, навикнати сме на различности, добив поголем број на пораки од граѓани кои вараат од мене да се вклучам по ова прашање. Имаме гости кои се облекуваат поразлично и се движат во групи,. Тоа е секта која потекнува од Израел. Во Куманово се добредојдени ако ги почитуваат прописите и правилата во градот.
Чудно е движењето во групи и облекувањето, но МВР е органот кој дава времена дозвола за престој. Во рок од 48 часа доколку не сте сместени во хотел мора да се пријавите во подрачното одделение на МВР, или да ве пријават хотелските служби доколку сте во хотел. Имам информација дека овие луѓе во краток временски период планираат да си заминат од Куманово, но имаме безбедносни служби кои треба да го следат овој процес.По службена должност, командираот и началникот барем усмено треба да ме информиаат за тоа што се случува, но за жал соработкаата е на многу ниско ниво. Од она што јас го знам, тие се сместени во населба „Гоце Делчев“ во приватни куќи“, рече Димитриевски. Еврејските верници најверојатно припаѓаат на ортодоксната верска група „Лев Тахор“, која се противи на државното уредување и живеат по свои правила. Ваква група до минатата недела престојувала во Сараево, Босна и Херцеговина, па според тамошните медиуми, не ѝ било дозволено да го продолжи престојот и  дошла во Македонија.

The post Димитриевски бара безбедносните служби да ја следат еврејската секта во Куманово appeared first on Република.

]]>