летна сцена Archives - Република https://republika.mk/tema/letna-stsena/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 07:29:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png летна сцена Archives - Република https://republika.mk/tema/letna-stsena/ 32 32 „Архангел” го затвора првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски” https://republika.mk/vesti/kultura/arhangel-go-zatvora-prvoto-izdanie-na-letnata-stsena-slavisha-kajevski/ Wed, 02 Oct 2024 07:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=821567

Со концерт на „Архангел” вечер се затвора првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”.

Концертот насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4” почнува во 21:00 часот, а е поддржан од Министерството за култура и Македонскиот народен театар.

Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“, на 17 септември беше отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ).

 

https://republika.mk/vesti/kultura/slavisha-kajevski-mechtaeshe-za-vakva-stsena-publika-za-vakva-splotenost-i-zatoa-sme-sobrani-vo-negova-chest-kazha-direktorot-na-mnt-na-otvoraneto-na-letnata-stsena/

The post „Архангел” го затвора првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски” appeared first on Република.

]]>

Со концерт на „Архангел” вечер се затвора првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”. Концертот насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4” почнува во 21:00 часот, а е поддржан од Министерството за култура и Македонскиот народен театар. Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“, на 17 септември беше отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ).   https://republika.mk/vesti/kultura/slavisha-kajevski-mechtaeshe-za-vakva-stsena-publika-za-vakva-splotenost-i-zatoa-sme-sobrani-vo-negova-chest-kazha-direktorot-na-mnt-na-otvoraneto-na-letnata-stsena/

The post „Архангел” го затвора првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски” appeared first on Република.

]]>
Летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ се затвора со концерт на „Архангел“ https://republika.mk/vesti/kultura/letnata-stsena-na-mnt-slavisha-kajevski-se-zatvora-so-kontsert-na-arhangel/ Wed, 25 Sep 2024 12:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=819553

На втори октомври со почеток во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар (МНТ), концерт ќе одржи највлијатената музичка фигура на урбаниот културен живот во Македонија „Архангел”, соппштија од МНТ.

Концертот насловен „Македонски подобро звучи - Едиција 4” е подржан од Министерството за култура и МНТ со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”.

The post Летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ се затвора со концерт на „Архангел“ appeared first on Република.

]]>

На втори октомври со почеток во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар (МНТ), концерт ќе одржи највлијатената музичка фигура на урбаниот културен живот во Македонија „Архангел”, соппштија од МНТ. Концертот насловен „Македонски подобро звучи - Едиција 4” е подржан од Министерството за култура и МНТ со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”.

The post Летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ се затвора со концерт на „Архангел“ appeared first on Република.

]]>
Вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе биде изведена комедијата „Вечера за глупаци“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-letnata-stsena-slavisha-kajevski-ke-bide-izvedena-komedijata-vechera-za-glupatsi/ Fri, 20 Sep 2024 07:31:45 +0000 https://republika.mk/?p=818019

На летната сцена „Славиша Кајевски“, вечерва со почеток во 20 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Вечера за глупаци“ во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес.

Претставата е работена по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, а играат: Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева.

Влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата во МНТ.

 

The post Вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе биде изведена комедијата „Вечера за глупаци“ appeared first on Република.

]]>

На летната сцена „Славиша Кајевски“, вечерва со почеток во 20 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Вечера за глупаци“ во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. Претставата е работена по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, а играат: Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева. Влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата во МНТ.  

The post Вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе биде изведена комедијата „Вечера за глупаци“ appeared first on Република.

]]>
„Мој термин“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/moj-termin-vecherva-na-letnata-stsena-slavisha-kajevski-na-mnt/ Thu, 19 Sep 2024 10:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=817747

Вечерва со почеток во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде изведена театарската претстава „Мој Термин“, а во рамките на настанот ќе настапи и ДЈ Данијел Ѓурчиновски. „Мој термин“ е работена по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева. Режисер е Синиша Евтимов.
Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска, Александар Михајловски.

Влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата во МНТ.

 

The post „Мој термин“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ appeared first on Република.

]]>

Вечерва со почеток во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде изведена театарската претстава „Мој Термин“, а во рамките на настанот ќе настапи и ДЈ Данијел Ѓурчиновски. „Мој термин“ е работена по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева. Режисер е Синиша Евтимов. Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска, Александар Михајловски. Влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата во МНТ.  

The post „Мој термин“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ appeared first on Република.

]]>
Славиша Кајевски мечтаеше за ваква сцена, публика, за ваква сплотеност и затоа сме собрани во негова чест, кажа директорот на МНТ на отворањето на летната сцена https://republika.mk/vesti/kultura/slavisha-kajevski-mechtaeshe-za-vakva-stsena-publika-za-vakva-splotenost-i-zatoa-sme-sobrani-vo-negova-chest-kazha-direktorot-na-mnt-na-otvoraneto-na-letnata-stsena/ Wed, 18 Sep 2024 13:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=817380

Со гласот на акткерот Славиша Кајевски како изговара реплики на ликовите од драмите во кои играше на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), синоќа, пред многубројната публика беше отворена летната сцена која го носи неговото име.

Прерано починатиот Кајевски трагично го загуби животот на 39 години во декемврии 2021 година и беше дел од ансамблот на националаниот театар.

Оваа куќа е потешка од која било карпа, но последниот најмлад одронат камен нам ни даде искра, ни даде сила дека ништо не е попусто. Дека треба да одиме напред, сè посилно. Да, токму Славиша Каjевски мечтаеше за ваква сцена, за ваква публика, за ваква сплотеност. Затоа вечерва сме тука собрани, во негова чест, да отвориме нови видици, нови врати и да не забораваме, кажа синоќа на отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“ Никола Кимовски, в.д. директор на МНТ.

Членови на семејството на Кајевски, роднини, пријатели, актери од неговата генерација, гости од други театари, режисери, филмаџии, музичари, пристуваа на терасата на националниот театар каде што е сместена летната сцена.

[caption id="attachment_817513" align="alignnone" width="2000"] Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, вели в. д. директорот на МНТ Никола Кимовски[/caption]

Благодариме на довербата на овој простор да создадеме нов свет за нас и за идните генерации. Ова културно поле, ова прекрасно плато на МНТ долги години беше празно. Затоа сме овде да посадиме семе, семе кое ќе инспирира да продожиме напред во животот. Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, кажа Кимовски.

В.д. директорот нан МНТ кажа дека негова мисија е националниот театар секогаш да биде отворен, флексибилен, инклузивен, разновиден, светска класа на театар, театар за секого.

Понекогаш помислувам дека тоа е единственото нешто што е навистина важно. Да си дозволиме едни со други да се разбереме и да се потсетиме дека сите заедно сме на ист пат и сите се стремиме кон истата цел за која верувам дека ја имале сите останати големи театарски имиња што оставиле значаен печат во историјата, културата и уметноста во нашата држава. Силно верувам дека сме подготовени за ова наше заедничко патување кое ќе остави длабока трага во нашата театарска и културна традиција, рече синоќа Кимовски.

На отворањето беше изведена музичко-драмската претстава „Црнила ремикс" во продукција на Младински културен центар (МКЦ). Режисер на ова современо читање на драмското дело на Коле Чашуле е Јордан Симонов кој работеше заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот”. Во претставата играат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“.

Летната сцена ќе работи до први октомври, а на програмата се претстави од МНТ и од други театри, но и музички и настапи на диџеи. Во случај на невреме, содржините нема да се откажуваат туку ќе се изведуваат во театарот. Вечерва од 21 часот е стенд ап шоуто на Сашко Коцев „Широк дијафазон“.

The post Славиша Кајевски мечтаеше за ваква сцена, публика, за ваква сплотеност и затоа сме собрани во негова чест, кажа директорот на МНТ на отворањето на летната сцена appeared first on Република.

]]>

Со гласот на акткерот Славиша Кајевски како изговара реплики на ликовите од драмите во кои играше на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), синоќа, пред многубројната публика беше отворена летната сцена која го носи неговото име. Прерано починатиот Кајевски трагично го загуби животот на 39 години во декемврии 2021 година и беше дел од ансамблот на националаниот театар.
Оваа куќа е потешка од која било карпа, но последниот најмлад одронат камен нам ни даде искра, ни даде сила дека ништо не е попусто. Дека треба да одиме напред, сè посилно. Да, токму Славиша Каjевски мечтаеше за ваква сцена, за ваква публика, за ваква сплотеност. Затоа вечерва сме тука собрани, во негова чест, да отвориме нови видици, нови врати и да не забораваме, кажа синоќа на отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“ Никола Кимовски, в.д. директор на МНТ.
Членови на семејството на Кајевски, роднини, пријатели, актери од неговата генерација, гости од други театари, режисери, филмаџии, музичари, пристуваа на терасата на националниот театар каде што е сместена летната сцена. [caption id="attachment_817513" align="alignnone" width="2000"] Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, вели в. д. директорот на МНТ Никола Кимовски[/caption]
Благодариме на довербата на овој простор да создадеме нов свет за нас и за идните генерации. Ова културно поле, ова прекрасно плато на МНТ долги години беше празно. Затоа сме овде да посадиме семе, семе кое ќе инспирира да продожиме напред во животот. Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, кажа Кимовски.
В.д. директорот нан МНТ кажа дека негова мисија е националниот театар секогаш да биде отворен, флексибилен, инклузивен, разновиден, светска класа на театар, театар за секого.
Понекогаш помислувам дека тоа е единственото нешто што е навистина важно. Да си дозволиме едни со други да се разбереме и да се потсетиме дека сите заедно сме на ист пат и сите се стремиме кон истата цел за која верувам дека ја имале сите останати големи театарски имиња што оставиле значаен печат во историјата, културата и уметноста во нашата држава. Силно верувам дека сме подготовени за ова наше заедничко патување кое ќе остави длабока трага во нашата театарска и културна традиција, рече синоќа Кимовски.
На отворањето беше изведена музичко-драмската претстава „Црнила ремикс" во продукција на Младински културен центар (МКЦ). Режисер на ова современо читање на драмското дело на Коле Чашуле е Јордан Симонов кој работеше заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот”. Во претставата играат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“. Летната сцена ќе работи до први октомври, а на програмата се претстави од МНТ и од други театри, но и музички и настапи на диџеи. Во случај на невреме, содржините нема да се откажуваат туку ќе се изведуваат во театарот. Вечерва од 21 часот е стенд ап шоуто на Сашко Коцев „Широк дијафазон“.

The post Славиша Кајевски мечтаеше за ваква сцена, публика, за ваква сплотеност и затоа сме собрани во негова чест, кажа директорот на МНТ на отворањето на летната сцена appeared first on Република.

]]>
Со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ вечерва се отвора летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-hip-hop-pretstavata-tsrnila-remiks-vecherva-se-otvora-letnata-stsena-na-mnt-slavisha-kajevski/ Tue, 17 Sep 2024 09:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=817021

Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“, вечер во 21 часот ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер на ова современо читање на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ.

Актерската екипа ја сочинуваат Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“.

Ова оригинално сценско дело има настапувано на повеќе домашни и меѓународни фестивали меѓу кои и на „Егзит“, а за најдобра употреба на музика ја доби наградата на меѓународниот театарски фестивал за џез „Нишвил“ во Србија. Претставата е во продукција на МКЦ.

Како што најавија од МНТ, во музичкиот дел од програмата, публиката ќе ја забавуваат „Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд“, „Пијан Славеј“, „The Ringtones“, „LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.Ν.Ι.Ν“, како и други популарни домашни диџеи. Исто така ќе настапи и Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“.

Покрај изведбите на нашите претстави „Мој термин“, „Кец на десетка“, „Не се клади на Енглези“, ќе гостуваат и претстави од другите театри од државата, како и стендапот „Широк дијафазон“ со Сашко Коцев.

Од МНТ најавија дека на 20 септември ќе се одигра комедијата „Вечера за глупаци“ во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. Претставата е работена по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, а играат Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева.

На 30 септември ќе се одигра и дипломската претстава од ФДУ – Скопје, „Сакатиот од Инишман“ од Мартин Мекдона, во која ќе играат Михаил Велков, Наде Дојкоска, Ана Грамосли, Кире Ацевски, Филип Христовски, Гоце Андонов, Ана Јовановска, Виктор Мирчески, Ведран Чешарек и Катерина Јовановиќ од класата на проф. м-р Мими Таневска Србиновска и асс. м-р Ангелчо Илиевски.

 

The post Со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ вечерва се отвора летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ appeared first on Република.

]]>

Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“, вечер во 21 часот ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер на ова современо читање на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ. Актерската екипа ја сочинуваат Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“. Ова оригинално сценско дело има настапувано на повеќе домашни и меѓународни фестивали меѓу кои и на „Егзит“, а за најдобра употреба на музика ја доби наградата на меѓународниот театарски фестивал за џез „Нишвил“ во Србија. Претставата е во продукција на МКЦ. Како што најавија од МНТ, во музичкиот дел од програмата, публиката ќе ја забавуваат „Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд“, „Пијан Славеј“, „The Ringtones“, „LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.Ν.Ι.Ν“, како и други популарни домашни диџеи. Исто така ќе настапи и Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“. Покрај изведбите на нашите претстави „Мој термин“, „Кец на десетка“, „Не се клади на Енглези“, ќе гостуваат и претстави од другите театри од државата, како и стендапот „Широк дијафазон“ со Сашко Коцев. Од МНТ најавија дека на 20 септември ќе се одигра комедијата „Вечера за глупаци“ во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. Претставата е работена по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, а играат Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева. На 30 септември ќе се одигра и дипломската претстава од ФДУ – Скопје, „Сакатиот од Инишман“ од Мартин Мекдона, во која ќе играат Михаил Велков, Наде Дојкоска, Ана Грамосли, Кире Ацевски, Филип Христовски, Гоце Андонов, Ана Јовановска, Виктор Мирчески, Ведран Чешарек и Катерина Јовановиќ од класата на проф. м-р Мими Таневска Србиновска и асс. м-р Ангелчо Илиевски.  

The post Со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ вечерва се отвора летната сцена на МНТ „Славиша Кајевски“ appeared first on Република.

]]>
Летната сцена на МНТ се отвора со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ https://republika.mk/vesti/kultura/letnata-stsena-na-mnt-se-otvora-so-hip-hop-pretstavata-tsrnila-remiks/ Thu, 22 Aug 2024 20:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=808979

Со „Црнила ремикс“, хип-хоп претстава работена според мотивите на делото на Коле Чашуле, а по идеја и режија на Јордан Симонов во продукција на Младински културен центар (МКЦ) на 17 септември се отвора летната сцена ‭на Македонскиот народен театар (МНТ) „‬Славиша Кајевски‭“‬.

Летната сцена која го доби името во чест на актерот кој почина на 39 години ќе работи до први октомври.

Меѓу настаните кои ќе се одржат се и стендапот на Сашко Коцев „Широк дијафазон“, претставата „Мој термин“ на Синиша Евтимов, настапи на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд и на Пијан Славеј, а на затворањето концерт ќе има Националниот џез оркестар со хитови од „Битлс“.

The post Летната сцена на МНТ се отвора со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ appeared first on Република.

]]>

Со „Црнила ремикс“, хип-хоп претстава работена според мотивите на делото на Коле Чашуле, а по идеја и режија на Јордан Симонов во продукција на Младински културен центар (МКЦ) на 17 септември се отвора летната сцена ‭на Македонскиот народен театар (МНТ) „‬Славиша Кајевски‭“‬. Летната сцена која го доби името во чест на актерот кој почина на 39 години ќе работи до први октомври. Меѓу настаните кои ќе се одржат се и стендапот на Сашко Коцев „Широк дијафазон“, претставата „Мој термин“ на Синиша Евтимов, настапи на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд и на Пијан Славеј, а на затворањето концерт ќе има Националниот џез оркестар со хитови од „Битлс“.

The post Летната сцена на МНТ се отвора со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ appeared first on Република.

]]>
МНТ: Свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“ со „Црнила ремикс“ https://republika.mk/vesti/kultura/mnt-svecheno-otvorane-na-letnata-stsena-slavisha-kajevski-so-tsrnila-remiks/ Thu, 22 Aug 2024 09:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=808980

Отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе се случи на 17 септември со музичкото драмско дело/рап-перформансот, „Црнила ремикс“ со почеток во 21:00 часот. Режисер на ова современо читање на драмската класика „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ. Талентираната актерска екипа, односно организацијата која пренесува силни емоции преку прекрасни мелодии, рими и динамика, кои произведуваат своевидна хип-хоп опера ја сочинуваат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски - колектив „Зад аголот“. Ова оригинално сценско дело има настапувано на повеќе домашни и меѓународни фестивали меѓу кои и на „Егзит“, а за најдобра употреба на музика ја добива наградата на меѓународниот театарски фестивал за џез „Нишвил“ во Р Србија. Претставата е во продукција на МКЦ.
Во музичкиот дел од програмата, публиката ќе ја забавуваат: „Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд“, „Пијан Славеј“, „The Ringtones“, „LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.Ν.Ι.Ν“, како и други популарни домашни диџеи. Исто така ќе настапи и Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“.


Покрај изведбите на нашите претстави: „Мој термин“, „Кец на десетка“, „Не се клади на Енглези“, (со добро познатите актерски екипи), ќе гостуваат и претстави од другите театри од државата, како и стендапот „Широк дијафазон“ со Сашко Коцев. Комедијата „Вечера за глупаци“ во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес ќе се одигра на 20 септември во 21:00 часот. Претставата е работена по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, а играат: Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева. На 30 септември ќе се одигра и дипломската претстава од ФДУ - Скопје, „Сакатиот од Инишман“ од Мартин Мекдона, во која ќе играат: Михаил Велков, Наде Дојкоска, Ана Грамосли, Кире Ацевски, Филип Христовски, Гоце Андонов, Ана Јовановска, Виктор Мирчески, Ведран Чешарек и Катерина Јовановиќ од класата на проф. м-р Мими Таневска Србиновска и асс. м-р Ангелчо Илиевски.

Како што истакна в.д. директорот, Никола Кимовски, во првото негово ексклузивно интервју: „Во последните десетина години, за жал, изгубивме многу наши колеги, значајни актери, сценски техничари, портири, но болката од загубата на нашиот Славчо остави длабока лузна кај голем дел од вработените во МНТ, бидејќи неговиот живот згасна прерано. Славиша Кајевски беше алката која ги поврзуваше сите сектори на театарот во една убава и хармонична целина и беше главниот мотор во секој проект независно дали имал мала или голема улога. Затоа оваа сцена го носи неговото име“. Во таа чест ја отвораме летната сцена, за една убава, опуштена и сплотена дружба, преточена во уметност, забава меѓу актерите, музичарите и публиката. Официјалната програма е објавена на веб-страницата www.mnt.mk како и на социјалните мрежи. За отворањето на летната сцена и за сите наредни вечери, влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата (која ќе биде отворена на 2 септември) во МНТ.
Сите настани се со почеток во 21:00 часот.

The post МНТ: Свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“ со „Црнила ремикс“ appeared first on Република.

]]>

Отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе се случи на 17 септември со музичкото драмско дело/рап-перформансот, „Црнила ремикс“ со почеток во 21:00 часот. Режисер на ова современо читање на драмската класика „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ. Талентираната актерска екипа, односно организацијата која пренесува силни емоции преку прекрасни мелодии, рими и динамика, кои произведуваат своевидна хип-хоп опера ја сочинуваат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски - колектив „Зад аголот“. Ова оригинално сценско дело има настапувано на повеќе домашни и меѓународни фестивали меѓу кои и на „Егзит“, а за најдобра употреба на музика ја добива наградата на меѓународниот театарски фестивал за џез „Нишвил“ во Р Србија. Претставата е во продукција на МКЦ. Во музичкиот дел од програмата, публиката ќе ја забавуваат: „Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд“, „Пијан Славеј“, „The Ringtones“, „LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.Ν.Ι.Ν“, како и други популарни домашни диџеи. Исто така ќе настапи и Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“. Покрај изведбите на нашите претстави: „Мој термин“, „Кец на десетка“, „Не се клади на Енглези“, (со добро познатите актерски екипи), ќе гостуваат и претстави од другите театри од државата, како и стендапот „Широк дијафазон“ со Сашко Коцев. Комедијата „Вечера за глупаци“ во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес ќе се одигра на 20 септември во 21:00 часот. Претставата е работена по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, а играат: Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева. На 30 септември ќе се одигра и дипломската претстава од ФДУ - Скопје, „Сакатиот од Инишман“ од Мартин Мекдона, во која ќе играат: Михаил Велков, Наде Дојкоска, Ана Грамосли, Кире Ацевски, Филип Христовски, Гоце Андонов, Ана Јовановска, Виктор Мирчески, Ведран Чешарек и Катерина Јовановиќ од класата на проф. м-р Мими Таневска Србиновска и асс. м-р Ангелчо Илиевски. Како што истакна в.д. директорот, Никола Кимовски, во првото негово ексклузивно интервју: „Во последните десетина години, за жал, изгубивме многу наши колеги, значајни актери, сценски техничари, портири, но болката од загубата на нашиот Славчо остави длабока лузна кај голем дел од вработените во МНТ, бидејќи неговиот живот згасна прерано. Славиша Кајевски беше алката која ги поврзуваше сите сектори на театарот во една убава и хармонична целина и беше главниот мотор во секој проект независно дали имал мала или голема улога. Затоа оваа сцена го носи неговото име“. Во таа чест ја отвораме летната сцена, за една убава, опуштена и сплотена дружба, преточена во уметност, забава меѓу актерите, музичарите и публиката. Официјалната програма е објавена на веб-страницата www.mnt.mk како и на социјалните мрежи. За отворањето на летната сцена и за сите наредни вечери, влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата (која ќе биде отворена на 2 септември) во МНТ. Сите настани се со почеток во 21:00 часот.

The post МНТ: Свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“ со „Црнила ремикс“ appeared first on Република.

]]>
МНТ ја отвора летната сцена „Славиша Кајевски“ во чест на прерано починатиот актер https://republika.mk/vesti/kultura/mnt-ja-otvora-letnata-stsena-slavisha-kajevski-vo-chest-na-prerano-pochinatiot-akter/ Wed, 17 Jul 2024 08:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=797600

Новата сезона 2024/25 на Македонскиот народен театар (МНТ) почнува во септември со редовниот репертоар, а новина е, како што соопштуваат од националниот театар, на барање на публиката, отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“.

[caption id="attachment_425285" align="alignnone" width="2048"] Славиша Кајевски[/caption]

Кајевски беше актер на МНТ кој почина на 39-годишна возраст во декември 2021 година. Тој беше дипломец на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на професорот Владимир Милчин, во 2005, а од 2010 беше актер во МНТ. Меѓу улогите на Кајевски беа: Клег во „Бесачи“, Ленокс во „Макбет“, Семјон Семјеевич Медведенко во „Галеб“, Миле Прлиќ од „Ничија земја“, Императорот во „Авантурите на Аладин“, Еснафот во „Силјан штркот шанца“, Таткото во „Соларис“, Сергеј Александрович во „Животот е прекрасен“, „Тероризам“, Агамемнон и Еврипид во „Електра“, Таткото Тил во „Сината птица“... Го играше ликот на Фантом во филмот „Хомо “, Пики во „Црвената соба“, Павел Киров во „Последните Македонци“, Гласот во „Скопје Ремиксд“, Малиот во „Ова не е американски филм“, Јане во „Некои поинакви приказни“, Павел во „Превртено“, Војникот во „Караула“, Момчето со маска во „Бал-кан-кан“ ...

Кон средината на октомври, на малата сцена премиерно ќе се одигра претставата „Бели ноќи“ во режија на Звездана Ангеловска (копродукциски проект), а на 17 октомври е договорено гостување со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“, БиХ, соопштија од МНТ.

На големата сцена следи премиерната изведба на претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, кој направи избор од моќна актерска екипа. Претставата „12“ ќе биде работена по мотивите на (12 Angry man) од Реџиналд Роуз.

По премиерата, во ноември ќе гостува Српското народно позориште од Нови Сад со „Собирачи на пердуви“ во режија на Дејан Пројковски, претстава која го освои првото место на реномираниот српски фестивал „Театар во тврдината“, Смедерево, 2024 година.

Во ноември, исто така, премиерно ќе биде одиграна и претставата „Бог на колежот“ (копродукциски проект), по текст на Јасмина Реза, а во режија на актерката Весна Петрушевска.

Српскиот режисер Егон Савин ќе ја постави „Народен пратеник“, по текст на Бранислав Нушиќ. По претставите „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996), ова за Савин е трета режија во Македонскиот народен театар. Претставата „Народен пратеник“ на сцената на МНТ, за првпат е поставена во 1945 година, потоа во 1993 година, а ова е трета постановка.

Во декември е предвидена и премиерната изведба на копродукцискиот проект „Марта“ по текст на Драгана Лукан Николоски, а во режија на Нина Николиќ, соопштија од МНТ.

Од националниот театар додаваат дека со почетокот на училишната година, активно ќе продолжат организираните тури за посета на театарот, со посебен акцент за основните и за средните училишта.

На овие тури младите генерации ќе имаат можност да се запознаат со театарот преку разгледување на објектот, музејската поставка со посета на проби и разговори. Покрај онлајн продажбата на билетите на официјалната веб-страница www.mnt.mk, како новитет ќе се имплементира и мобилна апликација каде што публиката ќе биде во можност на побрз и на поедноставен начин да дојде до билет, велат од МНТ.

В. д. директорот Никола Кимовски со овластени лица како и со дел од вработените од техничките служби, направил целосна обиколка на објектот - во ентериерот и екстериерот, за утврдување на штетите создадени од природните непогоди/внатрешното прокапување, ронење на фасадата и сл., и нивна понатамошна санација.

The post МНТ ја отвора летната сцена „Славиша Кајевски“ во чест на прерано починатиот актер appeared first on Република.

]]>

Новата сезона 2024/25 на Македонскиот народен театар (МНТ) почнува во септември со редовниот репертоар, а новина е, како што соопштуваат од националниот театар, на барање на публиката, отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“. [caption id="attachment_425285" align="alignnone" width="2048"] Славиша Кајевски[/caption] Кајевски беше актер на МНТ кој почина на 39-годишна возраст во декември 2021 година. Тој беше дипломец на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на професорот Владимир Милчин, во 2005, а од 2010 беше актер во МНТ. Меѓу улогите на Кајевски беа: Клег во „Бесачи“, Ленокс во „Макбет“, Семјон Семјеевич Медведенко во „Галеб“, Миле Прлиќ од „Ничија земја“, Императорот во „Авантурите на Аладин“, Еснафот во „Силјан штркот шанца“, Таткото во „Соларис“, Сергеј Александрович во „Животот е прекрасен“, „Тероризам“, Агамемнон и Еврипид во „Електра“, Таткото Тил во „Сината птица“... Го играше ликот на Фантом во филмот „Хомо “, Пики во „Црвената соба“, Павел Киров во „Последните Македонци“, Гласот во „Скопје Ремиксд“, Малиот во „Ова не е американски филм“, Јане во „Некои поинакви приказни“, Павел во „Превртено“, Војникот во „Караула“, Момчето со маска во „Бал-кан-кан“ ...
Кон средината на октомври, на малата сцена премиерно ќе се одигра претставата „Бели ноќи“ во режија на Звездана Ангеловска (копродукциски проект), а на 17 октомври е договорено гостување со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“, БиХ, соопштија од МНТ.
На големата сцена следи премиерната изведба на претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, кој направи избор од моќна актерска екипа. Претставата „12“ ќе биде работена по мотивите на (12 Angry man) од Реџиналд Роуз. По премиерата, во ноември ќе гостува Српското народно позориште од Нови Сад со „Собирачи на пердуви“ во режија на Дејан Пројковски, претстава која го освои првото место на реномираниот српски фестивал „Театар во тврдината“, Смедерево, 2024 година. Во ноември, исто така, премиерно ќе биде одиграна и претставата „Бог на колежот“ (копродукциски проект), по текст на Јасмина Реза, а во режија на актерката Весна Петрушевска. Српскиот режисер Егон Савин ќе ја постави „Народен пратеник“, по текст на Бранислав Нушиќ. По претставите „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996), ова за Савин е трета режија во Македонскиот народен театар. Претставата „Народен пратеник“ на сцената на МНТ, за првпат е поставена во 1945 година, потоа во 1993 година, а ова е трета постановка.
Во декември е предвидена и премиерната изведба на копродукцискиот проект „Марта“ по текст на Драгана Лукан Николоски, а во режија на Нина Николиќ, соопштија од МНТ.
Од националниот театар додаваат дека со почетокот на училишната година, активно ќе продолжат организираните тури за посета на театарот, со посебен акцент за основните и за средните училишта.
На овие тури младите генерации ќе имаат можност да се запознаат со театарот преку разгледување на објектот, музејската поставка со посета на проби и разговори. Покрај онлајн продажбата на билетите на официјалната веб-страница www.mnt.mk, како новитет ќе се имплементира и мобилна апликација каде што публиката ќе биде во можност на побрз и на поедноставен начин да дојде до билет, велат од МНТ.
В. д. директорот Никола Кимовски со овластени лица како и со дел од вработените од техничките служби, направил целосна обиколка на објектот - во ентериерот и екстериерот, за утврдување на штетите создадени од природните непогоди/внатрешното прокапување, ронење на фасадата и сл., и нивна понатамошна санација.

The post МНТ ја отвора летната сцена „Славиша Кајевски“ во чест на прерано починатиот актер appeared first on Република.

]]>
На летната сцена на Кинотека во јули ќе бидат прикажани филмови од Шведска https://republika.mk/vesti/kultura/na-letnata-stsena-na-kinoteka-vo-juli-ke-bidat-prikazhani-filmovi-od-shvedska/ Tue, 27 Jun 2023 15:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=655747

Летната сцена на Кинотека, именувана исто како и култниот филм на режисерот Димитрие Рули Османли – Мирно Лето – во месец јули ќе продолжи да ги бранува пробирливите љубители на седмата уметност. Филмските ракописи направени во климатски студената Шведска, овде во јулски вжареното Скопје уште повеќе ќе ја покачат температурата кога ќе се види создаденото во скандинавската земја. Во рамките на кино содржините ќе бидат проектирани новите остварувања на Ласе Халстром и Микаел Хафстром, документарецот за еко активистката Грета Турнберг, и уште неколку филмови од рецентната продукција потпишани од режисерките Миа Хансен-Лав и Натали Алварез Месен.

Хронолошки се стартува со последниот документарец за легендите Лајбах, снимен за време на нивниот настап во Северна Кореја. Следуваат филмовите од Шведска. Средината на месецов е резервиран за содржините од филмскиот фестивал Синедејс. Крајот ќе го одбележат новите филмови на Даријан Пејовски, Кристијан Ристевски, Иво Трајков, Елеонора Венинова и Теона Стругар Митевска.

Во секој случај понудената разновидност, по сите параметри, ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите кинофили. Ова е вистинска квалитетна можност кино проследувачите барем накратко да се засолнат и да најдат прибежиште од врелиот скопски асфалт.

Се гледаме на летната сцена на Кинотека – Мирно Лето. ПРОГРАМА

 

The post На летната сцена на Кинотека во јули ќе бидат прикажани филмови од Шведска appeared first on Република.

]]>

Летната сцена на Кинотека, именувана исто како и култниот филм на режисерот Димитрие Рули Османли – Мирно Лето – во месец јули ќе продолжи да ги бранува пробирливите љубители на седмата уметност. Филмските ракописи направени во климатски студената Шведска, овде во јулски вжареното Скопје уште повеќе ќе ја покачат температурата кога ќе се види создаденото во скандинавската земја. Во рамките на кино содржините ќе бидат проектирани новите остварувања на Ласе Халстром и Микаел Хафстром, документарецот за еко активистката Грета Турнберг, и уште неколку филмови од рецентната продукција потпишани од режисерките Миа Хансен-Лав и Натали Алварез Месен. Хронолошки се стартува со последниот документарец за легендите Лајбах, снимен за време на нивниот настап во Северна Кореја. Следуваат филмовите од Шведска. Средината на месецов е резервиран за содржините од филмскиот фестивал Синедејс. Крајот ќе го одбележат новите филмови на Даријан Пејовски, Кристијан Ристевски, Иво Трајков, Елеонора Венинова и Теона Стругар Митевска. Во секој случај понудената разновидност, по сите параметри, ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите кинофили. Ова е вистинска квалитетна можност кино проследувачите барем накратко да се засолнат и да најдат прибежиште од врелиот скопски асфалт. Се гледаме на летната сцена на Кинотека – Мирно Лето. ПРОГРАМА  

The post На летната сцена на Кинотека во јули ќе бидат прикажани филмови од Шведска appeared first on Република.

]]>