Летна сцена МНТ Archives - Република https://republika.mk/tema/letna-stsena-mnt/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 09:13:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Летна сцена МНТ Archives - Република https://republika.mk/tema/letna-stsena-mnt/ 32 32 Концерт на „Пијан Славеј“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-pijan-slavej-vecherva-na-letnata-stsena-slavisha-kajevski-na-mnt/ Tue, 24 Sep 2024 09:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=819213

Вечерва на 24 септември, на летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Следните настани се претставата „Кец на десетка“ на 25 септември, 26 септември „Не се клади на Енглези“, 27.9 - „ LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.N.I.N“, 30.9 - „Сакатиот од Инишман“, дипломска претстава во изведба на ФДУ - Скопје. И за крај, на почетокот во месец октомври, ќе настапи Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“ на први октомври и свеченото затворање на летната сцена ќе биде заокружено на втори октомври со култниот рок бенд „Архангел” - Македонски подобро звучи Едиција 4.

Изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место - плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар. Нè сплоти Славиша и неговиот дух, тој ни даде крилја да полетаме со изведбите на прекрасните театарски претстави преплетени со урбана и квалитетна музика, соопштија од МНТ.

The post Концерт на „Пијан Славеј“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ appeared first on Република.

]]>

Вечерва на 24 септември, на летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век. Следните настани се претставата „Кец на десетка“ на 25 септември, 26 септември „Не се клади на Енглези“, 27.9 - „ LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.N.I.N“, 30.9 - „Сакатиот од Инишман“, дипломска претстава во изведба на ФДУ - Скопје. И за крај, на почетокот во месец октомври, ќе настапи Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“ на први октомври и свеченото затворање на летната сцена ќе биде заокружено на втори октомври со култниот рок бенд „Архангел” - Македонски подобро звучи Едиција 4.
Изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место - плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар. Нè сплоти Славиша и неговиот дух, тој ни даде крилја да полетаме со изведбите на прекрасните театарски претстави преплетени со урбана и квалитетна музика, соопштија од МНТ.

The post Концерт на „Пијан Славеј“ вечерва на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ appeared first on Република.

]]>