летна школа Archives - Република https://republika.mk/tema/letna-shkola/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 12:14:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png летна школа Archives - Република https://republika.mk/tema/letna-shkola/ 32 32 Почна 5. Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ https://republika.mk/vesti/kultura/pochna-5-malorekanska-letna-shkola-po-patekite-na-dicho-zograf/ Mon, 02 Sep 2024 12:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=812304

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф во неговото родно Тресонче е отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“.

Школата се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир.

Под покровителство на Институтот „Цветан Грозданов“ при МАНУ, организирана од здружението на граѓани „Брзовец” и општина Маврово-Ростуше, за време на одржување на оваа школа ќе се проучуваат уметноста и архитектурата во Мијачкиот крај.

Организаторите најавуваат дека може да се посети и Културниот центар „Дичо Зограф“ каде е завршена првата фаза од реконструкцијата. Целосното опремување на Културниот центар се очекува да биде завршено до крајот на годинава.

Културниот центар се наоѓа на местото на поранешното училиште „Димитар Ормански“.

The post Почна 5. Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ appeared first on Република.

]]>

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф во неговото родно Тресонче е отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на Институтот „Цветан Грозданов“ при МАНУ, организирана од здружението на граѓани „Брзовец” и општина Маврово-Ростуше, за време на одржување на оваа школа ќе се проучуваат уметноста и архитектурата во Мијачкиот крај. Организаторите најавуваат дека може да се посети и Културниот центар „Дичо Зограф“ каде е завршена првата фаза од реконструкцијата. Целосното опремување на Културниот центар се очекува да биде завршено до крајот на годинава. Културниот центар се наоѓа на местото на поранешното училиште „Димитар Ормански“.

The post Почна 5. Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ appeared first on Република.

]]>