летен распуст Archives - Република https://republika.mk/tema/leten-raspust/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 09:31:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png летен распуст Archives - Република https://republika.mk/tema/leten-raspust/ 32 32 Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП ако исполнуваат одредени услови https://republika.mk/vesti/skopje/srednoshkoltsite-za-vreme-na-letniot-raspust-mozhe-da-koristat-besplaten-javen-prevoz-vo-avtobusite-na-jsp-ako-ispolnuvaat-odredeni-uslovi/ Sat, 15 Jun 2024 09:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=787781

Jавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира средношколците дека и оваа година за време на летниот распуст имаат право бесплатно да се возат во нивните автобуси доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз.

Правото на бесплатен превоз за време на летниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2024 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување феријална пракса и практикантска обука“, соопшти ЈСП.

The post Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП ако исполнуваат одредени услови appeared first on Република.

]]>

Шаќири: Се разгледуваат сите начини за учебната година да заврши на 10 јуни https://republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-se-razgleduvaat-site-nachini-za-uchebnata-godina-da-zavrshi-na-10-juni/ Mon, 16 May 2022 12:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=502900

Министерството за образование и наука ги разгледува сите начини и препораки за завршување на учебната година до 10 јуни. Директорот на Бирото за развој на образование треба да има состаноци со сите директори на училиштата и да се види до каде е реализиацијата на програмата, изјави министерот Јетон Шаќири.

Со препораките од сите директори ќе се разгледа можноста како да се реализира делот од програмата кој останува. За другите години, освен тие што завршуваат деветто одделение, ќе најдеме начин како да се надополни делот од програмата и со почетокот на следната учебна година. Ќе се разгледаат сите комбинации и ако заврши до 10 јуни тоа ќе биде со препораки од Бирото. Се гледаат сите начини за до 10 јуни да заврши учебната година, но се уште немаме официјален одговор од Бирото, истакна Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на меѓународната научна коференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“ што се одржува во Охрид.

Во однос на преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), тој повтори дека се доближуваат во ставовите за кои двете страни повторно ќе разговараат утре на нова средба со помирувач.

Од нашата страна и од страната на СОНК заеднички е ставот дека се доближуваме со мислењата и утре заедно со помирувачот, ќе ги видиме сите препораки што ќе ги има помирувачот, рече Шаќири и додаде дека МОН ќе најде начин за покачување на платите на вработените во образованието.

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на новинарско прашање дали наставниците и воспитувачите треба да ги добијат цела плата за деновите од штрајкот, одговори дека Општина Охрид ќе подели цели плати и се надева, рече, дека и МОН го има истиот став.

The post Шаќири: Се разгледуваат сите начини за учебната година да заврши на 10 јуни appeared first on Република.