лет Archives - Република https://republika.mk/tema/let/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 19:59:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лет Archives - Република https://republika.mk/tema/let/ 32 32 Гром удрил во авионот во кој биле македонските одбојкари, па морале принудно да слетаат во Цирих https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/grom-udril-vo-avionot-vo-koj-bile-makedonskite-odbojkari-pa-morale-prinudno-da-sletaat-vo-tsirih/ Mon, 27 May 2024 19:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=782212

Одбојкарите на Македонија се враќаа дома по настапот на Златната лига во Белгија, а летот од Цирих до Скопје бил неочекувано запрен по неверојатна случка – гром удрил во авионот додека летал, објави порталот Екипа.

Поради ова, пилотот решил веднаш да се врати назад во Цирих каде што принудно слетал, за среќа без посериозни проблеми. Нашите одбојкари веќе се сместени во хотел и утре наутро со нов лет ќе тргнат кон Скопје.

Навистина неверојатна ситуација, додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно кога слушнавме што се случи, видовме силна светлина во непосредна близина, вели за ЕКИПА капитенот Никола Ѓоргиев.

 

The post Гром удрил во авионот во кој биле македонските одбојкари, па морале принудно да слетаат во Цирих appeared first on Република.

]]>

Одбојкарите на Македонија се враќаа дома по настапот на Златната лига во Белгија, а летот од Цирих до Скопје бил неочекувано запрен по неверојатна случка – гром удрил во авионот додека летал, објави порталот Екипа. Поради ова, пилотот решил веднаш да се врати назад во Цирих каде што принудно слетал, за среќа без посериозни проблеми. Нашите одбојкари веќе се сместени во хотел и утре наутро со нов лет ќе тргнат кон Скопје.
Навистина неверојатна ситуација, додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно кога слушнавме што се случи, видовме силна светлина во непосредна близина, вели за ЕКИПА капитенот Никола Ѓоргиев.
 

The post Гром удрил во авионот во кој биле македонските одбојкари, па морале принудно да слетаат во Цирих appeared first on Република.

]]>
Буткање на летот, авионот морал итно да слета во Белград: Се слуша врисок, а потоа хаос https://republika.mk/vesti/balkan/butkane-na-letot-avionot-moral-itno-da-sleta-vo-belgrad-se-slusha-vrisok-a-potoa-haos/ Thu, 11 Apr 2024 17:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=765058

Авионот „Сан експрес“ кој на 9 април во 19 часот и 30 минути полета од аеродромот во Манчестер кон Даламан во Турција, мораше принудно да слета во Белград поради патник кој предизвика тотален хаос.

Поради драмата, авионот доцнел на својата дестинација два часа, пишува Дејли мејл.

На видеата што ги снимија шокираните патници и ги споделија на социјалните мрежи, јасно се гледа како еден маж вика и навредува друг патник, покажувајќи со прст кон него.

На крајот се огласи авиокомпанијата „Сан експрес“:

„По слетувањето во Белград, локалната полиција го извади патникот од авионот, а авионот продолжи кон Даламан, планираната дестинација“.

Тие исто така нагласуваат дека безбедноста на патниците им е најголем приоритет.

The post Буткање на летот, авионот морал итно да слета во Белград: Се слуша врисок, а потоа хаос appeared first on Република.

]]>

Авионот „Сан експрес“ кој на 9 април во 19 часот и 30 минути полета од аеродромот во Манчестер кон Даламан во Турција, мораше принудно да слета во Белград поради патник кој предизвика тотален хаос. Поради драмата, авионот доцнел на својата дестинација два часа, пишува Дејли мејл. На видеата што ги снимија шокираните патници и ги споделија на социјалните мрежи, јасно се гледа како еден маж вика и навредува друг патник, покажувајќи со прст кон него. На крајот се огласи авиокомпанијата „Сан експрес“: „По слетувањето во Белград, локалната полиција го извади патникот од авионот, а авионот продолжи кон Даламан, планираната дестинација“. Тие исто така нагласуваат дека безбедноста на патниците им е најголем приоритет.

The post Буткање на летот, авионот морал итно да слета во Белград: Се слуша врисок, а потоа хаос appeared first on Република.

]]>
Драма на лет со 145 патници, на авионот му испаднал дел од трупот! https://republika.mk/vesti/svet/drama-na-let-so-145-patnitsi-na-avionot-mu-ispadnal-del-od-trupot/ Sat, 16 Mar 2024 12:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=755369

Авионот на „Јунајтед ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром Медфорд во 10:20 часот. Директорката на аеродромот Амбер Џад истакна дека авионот слетал без никакви проблеми.

На „боингот“ на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, најверојатно за време на летот паднал трупот на авионот. Авионот безбедно слетал на аеродром во јужен Орегон кога бил пријавен инцидентот. Никој не е повреден, а не се пронајдени делови од трупот.

Постариот авион Боинг 737-800, кој пристигна во јужниот дел на Орегон по полетувањето од Сан Франциско, остана без дел од трупот, соопшти надлежната инспекција, нагласувајќи дека никој од патниците не е во животна опасност.

Авионот на „Јунајтед ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром Медфорд во 10:20 часот. Директорката на аеродромот Амбер Џад истакна дека авионот слетал без никакви проблеми.

Аеродромот потоа ги прекина летовите за да ја провери пистата и евентуално да најде делови од трупот, но ниту едно парче не беше пронајдено, изјави директорот на аеродромот.

„Утврдено е дека немало дел од трупот кога авионот се паркирал“

Портпаролот на „Јунајтед ерлајнс“ изјави дека во авионот имало 139 патници и шест членови на екипажот и дека не е прогласена вонредна состојба, бидејќи немало индиции за штета за време на летот.

Кога авионот беше паркиран, беше утврдено дека нема дел од трупот. Ќе спроведеме темелна истрага на авионот и ќе извршиме поправки пред да се врати во употреба, рече портпаролот.

Наведено е и дека дел од трупот паднал на местото каде што крилото се спојува со главниот дел од авионот, веднаш до опремата за слетување. Авионот е во употреба од 1998 година, а првпат го користела компанијата „Континентал ерлајнс“. Со него управува United Airlines од 2011 година.

На почетокот на јануари при обид за полетување на аеродромот во Атланта, патник „боинг“ на компанијата „Делта ерлајнс“ паднал од тркало и се превртел.

The post Драма на лет со 145 патници, на авионот му испаднал дел од трупот! appeared first on Република.

]]>

Авионот на „Јунајтед ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром Медфорд во 10:20 часот. Директорката на аеродромот Амбер Џад истакна дека авионот слетал без никакви проблеми. На „боингот“ на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, најверојатно за време на летот паднал трупот на авионот. Авионот безбедно слетал на аеродром во јужен Орегон кога бил пријавен инцидентот. Никој не е повреден, а не се пронајдени делови од трупот. Постариот авион Боинг 737-800, кој пристигна во јужниот дел на Орегон по полетувањето од Сан Франциско, остана без дел од трупот, соопшти надлежната инспекција, нагласувајќи дека никој од патниците не е во животна опасност. Авионот на „Јунајтед ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром Медфорд во 10:20 часот. Директорката на аеродромот Амбер Џад истакна дека авионот слетал без никакви проблеми. Аеродромот потоа ги прекина летовите за да ја провери пистата и евентуално да најде делови од трупот, но ниту едно парче не беше пронајдено, изјави директорот на аеродромот. „Утврдено е дека немало дел од трупот кога авионот се паркирал“ Портпаролот на „Јунајтед ерлајнс“ изјави дека во авионот имало 139 патници и шест членови на екипажот и дека не е прогласена вонредна состојба, бидејќи немало индиции за штета за време на летот. Кога авионот беше паркиран, беше утврдено дека нема дел од трупот. Ќе спроведеме темелна истрага на авионот и ќе извршиме поправки пред да се врати во употреба, рече портпаролот. Наведено е и дека дел од трупот паднал на местото каде што крилото се спојува со главниот дел од авионот, веднаш до опремата за слетување. Авионот е во употреба од 1998 година, а првпат го користела компанијата „Континентал ерлајнс“. Со него управува United Airlines од 2011 година. На почетокот на јануари при обид за полетување на аеродромот во Атланта, патник „боинг“ на компанијата „Делта ерлајнс“ паднал од тркало и се превртел.

The post Драма на лет со 145 патници, на авионот му испаднал дел од трупот! appeared first on Република.

]]>
Најмалку 50 повредени во инцидент за време на лет од Сиднеј за Окленд https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-50-povredeni-vo-intsident-za-vreme-na-let-od-sidnej-za-oklend/ Mon, 11 Mar 2024 08:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=753489

Најмалку 50 лица се повредени по „инцидент“ на летот на „Латам Ерлајнс“ (LATAM Airlines) од Сиднеј за Окленд.

За време на летот се појавил технички проблем што предизвикал леталото нагло да почне да понира, јавуваат локалните медиуми.

Од Брзата помош соопштија дека на лице место биле прегледани и укажана им била помош на околу 50 лица, од кои едно било во тешка, а останатите во умерена или полесна состојба.

Околу 13 лица се пренесени во болница на лекување, додаваат од Итната медицинска помош.

Авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ слета на аеродромот во Окленд според планираното во понеделникот попладне по локално време.

Авионот вообичаено застанува во Окленд на пат до Сантијаго, главниот град на Чиле.

„Латам Ерланјс“ има редовни линии меѓу Сиднеј, Окленд и главните центри во Јужна Америка.

The post Најмалку 50 повредени во инцидент за време на лет од Сиднеј за Окленд appeared first on Република.

]]>

Најмалку 50 лица се повредени по „инцидент“ на летот на „Латам Ерлајнс“ (LATAM Airlines) од Сиднеј за Окленд. За време на летот се појавил технички проблем што предизвикал леталото нагло да почне да понира, јавуваат локалните медиуми. Од Брзата помош соопштија дека на лице место биле прегледани и укажана им била помош на околу 50 лица, од кои едно било во тешка, а останатите во умерена или полесна состојба. Околу 13 лица се пренесени во болница на лекување, додаваат од Итната медицинска помош. Авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ слета на аеродромот во Окленд според планираното во понеделникот попладне по локално време. Авионот вообичаено застанува во Окленд на пат до Сантијаго, главниот град на Чиле. „Латам Ерланјс“ има редовни линии меѓу Сиднеј, Окленд и главните центри во Јужна Америка.

The post Најмалку 50 повредени во инцидент за време на лет од Сиднеј за Окленд appeared first on Република.

]]>
Како пред 10 години летот MH370 на „Малезија ерлајнс“ исчезна без трага? https://republika.mk/vesti/svet/kako-pred-10-godini-letot-mh370-na-malezija-erlajns-ischezna-bez-traga/ Thu, 07 Mar 2024 11:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=752211

Летот MH370 на „Малезија ерлајнс“ исчезна без трага на 8 март 2014 година, што е една од најголемите мистерии во авијацијата, бидејќи истражителите не знаат што точно се случи со авионот и 239 патници, а малезиската влада најави можност за нова истрага.

Во меѓународната потрага во јужниот дел на Индискиот Океан, каде што се верува дека се урнал авионот, не е пронајдено ништо, а освен некои мали фрагменти кои подоцна беа исфрлени на брегот, никогаш не се пронајдени тела или остатоци.

Малезиската Влада најави можност за продолжување на потрагата по MH370 откако американска компанија за морска роботика која се обиде да го пронајде авионот во 2018 година предложи нов обид.

Боингот 777 исчезна од радарот 39 минути по полетувањето од Куала Лумпур на пат кон Пекинг на 8 март 2014 година.

Пилотот испратил последен радио повик до Куала Лумпур пред да замине од Малезија: „Добра ноќ Малезија три седум нула“, но не се пријавил кај контролорите на летање во Хо Ши Мин кога авионот влегол во виетнамскиот воздушен простор.

Неколку минути подоцна, транспондерот на авионот, комуникацискиот систем кој ја пренесува локацијата на авионот до контролата на летање, се исклучи.

Воениот радар го видел авионот како се врти за да прелета над Андаманското Море пред да исчезне, а сателитски податоци покажаа дека тој продолжил да лета со часови, веројатно додека не останал без гориво.

Се верува дека авионот се урнал во оддалечен дел од јужниот дел на Индискиот Океан.

Во извештајот од 2018 година, малезиските истражители отфрлија можност дека екипажот и патниците направиле нешто, но не исклучија нелегални обиди.

Малезиската влада соопшти дека некој намерно ја прекинал комуникацијата со земјата и го пренасочил авионот.

Во авионот имаше 227 патници, меѓу кои пет мали деца, како и 12 членови на екипажот.

 

The post Како пред 10 години летот MH370 на „Малезија ерлајнс“ исчезна без трага? appeared first on Република.

]]>

Летот MH370 на „Малезија ерлајнс“ исчезна без трага на 8 март 2014 година, што е една од најголемите мистерии во авијацијата, бидејќи истражителите не знаат што точно се случи со авионот и 239 патници, а малезиската влада најави можност за нова истрага. Во меѓународната потрага во јужниот дел на Индискиот Океан, каде што се верува дека се урнал авионот, не е пронајдено ништо, а освен некои мали фрагменти кои подоцна беа исфрлени на брегот, никогаш не се пронајдени тела или остатоци. Малезиската Влада најави можност за продолжување на потрагата по MH370 откако американска компанија за морска роботика која се обиде да го пронајде авионот во 2018 година предложи нов обид. Боингот 777 исчезна од радарот 39 минути по полетувањето од Куала Лумпур на пат кон Пекинг на 8 март 2014 година. Пилотот испратил последен радио повик до Куала Лумпур пред да замине од Малезија: „Добра ноќ Малезија три седум нула“, но не се пријавил кај контролорите на летање во Хо Ши Мин кога авионот влегол во виетнамскиот воздушен простор. Неколку минути подоцна, транспондерот на авионот, комуникацискиот систем кој ја пренесува локацијата на авионот до контролата на летање, се исклучи. Воениот радар го видел авионот како се врти за да прелета над Андаманското Море пред да исчезне, а сателитски податоци покажаа дека тој продолжил да лета со часови, веројатно додека не останал без гориво. Се верува дека авионот се урнал во оддалечен дел од јужниот дел на Индискиот Океан. Во извештајот од 2018 година, малезиските истражители отфрлија можност дека екипажот и патниците направиле нешто, но не исклучија нелегални обиди. Малезиската влада соопшти дека некој намерно ја прекинал комуникацијата со земјата и го пренасочил авионот. Во авионот имаше 227 патници, меѓу кои пет мали деца, како и 12 членови на екипажот.  

The post Како пред 10 години летот MH370 на „Малезија ерлајнс“ исчезна без трага? appeared first on Република.

]]>
Откажан еден лет на скопскиот аеродром https://republika.mk/zivot/patuvanja/otkazhan-eden-let-na-skopskiot-aerodrom/ Sat, 30 Dec 2023 14:36:53 +0000 https://republika.mk/?p=728229

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево е откажан еден лет на авиокомпанијата Wizz Air, од аеродромот Фридрихсхафен.

Со последната објава на веб-страницата на ТАВ, доцнење од 30, односно 40 минути има кај неколку лета, од Варшава и од Меминген.

Според информативниот систем на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, доцнење од 40 минути има и кај летовите за Братислава и за Копенхаген.

АМСМ денеска информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци.

The post Откажан еден лет на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево е откажан еден лет на авиокомпанијата Wizz Air, од аеродромот Фридрихсхафен. Со последната објава на веб-страницата на ТАВ, доцнење од 30, односно 40 минути има кај неколку лета, од Варшава и од Меминген. Според информативниот систем на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, доцнење од 40 минути има и кај летовите за Братислава и за Копенхаген. АМСМ денеска информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци.

The post Откажан еден лет на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Драма на лет во САД: Патник се заканувал со експлозив https://republika.mk/vesti/drama-na-let-vo-sad-patnik-se-zakanuval-so-eksploziv/ Fri, 07 Jul 2023 08:32:25 +0000 https://republika.mk/?p=658813

Патник на летот на „Алјаска ерлајнс“ од Атланта, Џорџија, до Сиетл, Вашингтон, беше обвинет за закана за бомба.

Поради неговата закана, пилотите го приземјиле авионот во Спокејн, Вашингтон, објави „Сиетл тајмс“.

Како што пренесува весникот, во документите доставени до Окружниот суд на САД, се наведува дека Брендон Скот (38) се соочува со обвинение за лажни информации и измама.

Скот им рекол на инспекторите дека ја дал лажната закана надевајќи се дека ќе биде уапсен бидејќи членовите на моќен картел чекале во Сиетл да го убијат.

Откако авионот полетал во средата попладне, Скот и дал белешка на стјуардесата во која пишува дека има „неколку килограми“ рачно изработен експлозив во рачниот багаж и детонатор, според судските документи.

Во пораката Скот барал авионот да биде пренасочен на „кој било друг аеродром“ и се заканил дека ќе ги убие сите во авионот доколку слета во Сиетл, пренесе АП.

Во пораката, исто така, се наложува на стјуардесата да ги предупреди пилотот и контролорите на летање, но тоа да не го открива на другите во авионот, се вели во документите.

Во пораката тој наведува дека „мирно“ ќе се предаде по пристигнувањето на пренасочената дестинација, се вели во судската пријава.

По пристигнувањето во Спокен, Скот бил приведен, но при претресот не бил пронајден експлозив, според судските документи.

Скот е во затвор и се соочува со затворска казна до пет години и можна парична казна од 250.000 долари доколку биде осуден.

 

The post Драма на лет во САД: Патник се заканувал со експлозив appeared first on Република.

]]>

Патник на летот на „Алјаска ерлајнс“ од Атланта, Џорџија, до Сиетл, Вашингтон, беше обвинет за закана за бомба. Поради неговата закана, пилотите го приземјиле авионот во Спокејн, Вашингтон, објави „Сиетл тајмс“. Како што пренесува весникот, во документите доставени до Окружниот суд на САД, се наведува дека Брендон Скот (38) се соочува со обвинение за лажни информации и измама. Скот им рекол на инспекторите дека ја дал лажната закана надевајќи се дека ќе биде уапсен бидејќи членовите на моќен картел чекале во Сиетл да го убијат. Откако авионот полетал во средата попладне, Скот и дал белешка на стјуардесата во која пишува дека има „неколку килограми“ рачно изработен експлозив во рачниот багаж и детонатор, според судските документи. Во пораката Скот барал авионот да биде пренасочен на „кој било друг аеродром“ и се заканил дека ќе ги убие сите во авионот доколку слета во Сиетл, пренесе АП. Во пораката, исто така, се наложува на стјуардесата да ги предупреди пилотот и контролорите на летање, но тоа да не го открива на другите во авионот, се вели во документите. Во пораката тој наведува дека „мирно“ ќе се предаде по пристигнувањето на пренасочената дестинација, се вели во судската пријава. По пристигнувањето во Спокен, Скот бил приведен, но при претресот не бил пронајден експлозив, според судските документи. Скот е во затвор и се соочува со затворска казна до пет години и можна парична казна од 250.000 долари доколку биде осуден.  

The post Драма на лет во САД: Патник се заканувал со експлозив appeared first on Република.

]]>
Се обидел да ја отвори вратата на авионот, Британец правел хаос на летот од Задар https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-obidel-da-ja-otvori-vratata-na-avionot-britanets-pravel-haos-na-letot-od-zadar/ Sun, 02 Jul 2023 15:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=657482

Далматинскиот портал јавува за драма која се случила во петокот на летот на Рајанер од Задар до Лондон.

„Тиктокер“ објави видео од млад човек кој се обидува да ја отвори вратата од авионот.

Кога истрчал кон вратата, две млади момчиња физички го совладале.

Се верува дека бил под дејство на опијати.

 

The post Се обидел да ја отвори вратата на авионот, Британец правел хаос на летот од Задар appeared first on Република.

]]>

Далматинскиот портал јавува за драма која се случила во петокот на летот на Рајанер од Задар до Лондон. „Тиктокер“ објави видео од млад човек кој се обидува да ја отвори вратата од авионот. Кога истрчал кон вратата, две млади момчиња физички го совладале. Се верува дека бил под дејство на опијати.  

The post Се обидел да ја отвори вратата на авионот, Британец правел хаос на летот од Задар appeared first on Република.

]]>
На скопскиот аеродром слета првиот авион од Осло https://republika.mk/vesti/ekonomija/na-skopskiot-aerodrom-sleta-prviot-avion-od-oslo/ Fri, 23 Jun 2023 10:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=654407

На Меѓународниот аеродром во Скопје денеска пристигна првиот авион на норвешката авиокомпанија „Norwegian“ која ќе сообраќа двапати неделно.

Оваа авиолинија ќе биде сезонска, а авионите ќе сообраќаат секој понеделник и петок.

Патниците од Осло на скопскиот аеродром ги пречекаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт

The post На скопскиот аеродром слета првиот авион од Осло appeared first on Република.

]]>

На Меѓународниот аеродром во Скопје денеска пристигна првиот авион на норвешката авиокомпанија „Norwegian“ која ќе сообраќа двапати неделно. Оваа авиолинија ќе биде сезонска, а авионите ќе сообраќаат секој понеделник и петок. Патниците од Осло на скопскиот аеродром ги пречекаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт

The post На скопскиот аеродром слета првиот авион од Осло appeared first on Република.

]]>
Драма на небото над Белград: Едно лице починало за време на летот https://republika.mk/vesti/balkan/drama-na-neboto-nad-belgrad-edno-litse-pochinalo-za-vreme-na-letot/ Wed, 01 Feb 2023 08:13:35 +0000 https://republika.mk/?p=603189

Шеесет и осумгодишна жена починала за време на летот од Келн за Ниш, соопштија утрово за „Танјуг“ од Итната помош во Србија.

Оттаму додаваат дека нивните екипи биле повикани да интервенираат синоќа во 22 часот и 24 минути кога авион принудно слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград бидејќи на патник му се слошило.

The post Драма на небото над Белград: Едно лице починало за време на летот appeared first on Република.

]]>

Шеесет и осумгодишна жена починала за време на летот од Келн за Ниш, соопштија утрово за „Танјуг“ од Итната помош во Србија. Оттаму додаваат дека нивните екипи биле повикани да интервенираат синоќа во 22 часот и 24 минути кога авион принудно слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград бидејќи на патник му се слошило.

The post Драма на небото над Белград: Едно лице починало за време на летот appeared first on Република.

]]>
Драма на летот кон Скопје: Делчевски манијак се соблекол и се самозадоволувал пред сите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-na-letot-kon-skopje-delchevski-manijak-se-soblekol-i-se-samozadovoluval-pred-site/ Wed, 31 Aug 2022 14:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=546132

Вчера во 03.50 часот на „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Д.Ц.(31) од Делчево затоа што се соблекувал и самозадоволувал во воздухопловот на „Wizz air“, кој летал од Лондон до Скопје, соопшти МВР.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициското одделение Петровец и по целосно доукументирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Драма на летот кон Скопје: Делчевски манијак се соблекол и се самозадоволувал пред сите appeared first on Република.

]]>

Вчера во 03.50 часот на „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Д.Ц.(31) од Делчево затоа што се соблекувал и самозадоволувал во воздухопловот на „Wizz air“, кој летал од Лондон до Скопје, соопшти МВР. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициското одделение Петровец и по целосно доукументирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Драма на летот кон Скопје: Делчевски манијак се соблекол и се самозадоволувал пред сите appeared first on Република.

]]>
Првиот лет од Софија до Скопје на 11 февруари https://republika.mk/vesti/ekonomija/prviot-let-od-sofija-do-skopje-na-11-fevruari/ Sat, 05 Feb 2022 13:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=454503

Првиот лет од Софија до Скопје пристигнува на 11 февруари, каде бугарска делегација предводена од министерот за транспорт и комуникации на Република Бугарија, Николај Сабев, придружуван од бугарските тур-оператори, ќе оствариме заедничка средба и ќе разговараме за отворање на нови можности за нашите граѓани и за воспоставување на авиолинијата Скопје – Софија како редовна, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска од Кочани.

Министерот Бочварски очекува оваа авиолинија да ги поврзе двата главни градови и да започне редовно да оперира од почетокот на март.

Тур – операторите од двете земји, на заедничката средба, ќе понудат и трета дестинација, екстензија од летот Софија – Скопје, која треба да понуди нови можности за нашите граѓани, а ќе донесе како туристички, така и економски бенефит.

На 10 февруари во Софија ќе имам работна средба со министерот Сабев, заедно со нашите тимови од Комисијата за транспорт и инфраструктура, а веќе наредниот ден на 11 февруари, ќе се реализира првиот лет Софија – Скопје, каде министерот, со бугарските тур-операторите ќе пристигнат во Скопје. На заедничката средба тука кај нас, вклучително и со нашите тур-оператори, ќе разговараме за воспоставување на оваа линија како редовна, со која ќе овозможиме нови поволности и најдобри солуции за нашите граѓани. Имаме и заинтересирана авиокомпанија за реализација на оваа авиолинија и очекувам таа да стане редовна од почетокот на март - изјави министерот Благој Бочварски.

Ова е дел од договорите и разговорите кои во последниот месец се интензивираа помеѓу двете влади, со цел развивање на економијата, туризмот и комуникациите меѓу двете земји.

The post Првиот лет од Софија до Скопје на 11 февруари appeared first on Република.

]]>

Првиот лет од Софија до Скопје пристигнува на 11 февруари, каде бугарска делегација предводена од министерот за транспорт и комуникации на Република Бугарија, Николај Сабев, придружуван од бугарските тур-оператори, ќе оствариме заедничка средба и ќе разговараме за отворање на нови можности за нашите граѓани и за воспоставување на авиолинијата Скопје – Софија како редовна, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска од Кочани. Министерот Бочварски очекува оваа авиолинија да ги поврзе двата главни градови и да започне редовно да оперира од почетокот на март. Тур – операторите од двете земји, на заедничката средба, ќе понудат и трета дестинација, екстензија од летот Софија – Скопје, која треба да понуди нови можности за нашите граѓани, а ќе донесе како туристички, така и економски бенефит.
На 10 февруари во Софија ќе имам работна средба со министерот Сабев, заедно со нашите тимови од Комисијата за транспорт и инфраструктура, а веќе наредниот ден на 11 февруари, ќе се реализира првиот лет Софија – Скопје, каде министерот, со бугарските тур-операторите ќе пристигнат во Скопје. На заедничката средба тука кај нас, вклучително и со нашите тур-оператори, ќе разговараме за воспоставување на оваа линија како редовна, со која ќе овозможиме нови поволности и најдобри солуции за нашите граѓани. Имаме и заинтересирана авиокомпанија за реализација на оваа авиолинија и очекувам таа да стане редовна од почетокот на март - изјави министерот Благој Бочварски.
Ова е дел од договорите и разговорите кои во последниот месец се интензивираа помеѓу двете влади, со цел развивање на економијата, туризмот и комуникациите меѓу двете земји.

The post Првиот лет од Софија до Скопје на 11 февруари appeared first on Република.

]]>