Лешок Archives - Република https://republika.mk/tema/leshok/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Nov 2023 10:46:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лешок Archives - Република https://republika.mk/tema/leshok/ 32 32 Во Лешок се одржа манифестацијата „Пишуваме и твориме на српски јазик“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-leshok-se-odrzha-manifestatsijata-pishuvame-i-tvorime-na-srpski-jazik/ Sun, 05 Nov 2023 10:46:08 +0000 https://republika.mk/?p=698374

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово беше домаќин на 11. детска поетска манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“ (Пишемо и стварамо на српском језику). Манифестацијата вчера се одржа во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ кој се наоѓа во манастирскиот комплекс на црквата св. Атанасиј во село Лешок.

Оваа година на манифестацијата учествуваше и гостин од Србија, поетот за деца Александар Коциќ.

Целта е на учесниците да им се овозможи средба со поет од Србија, а воедно и да се промовира српското творештво за деца.  На главниот дел на програмата учествуваа учениците со свои творби кои оваа година се пишувани на тема „Детство“. Главна цел на проектот е поттикнување на творештвото и презентација на културното наследство на припадниците на српскиот народ во Република Македонија и чување на нивниот културен идентитет особено кај децата и младите, информираше Соња Андонов, претседателка на Здружението.

На манифестацијата се одбележуваат одредени јубилеи на српските поети.

На овогодишното издание со пригодна програма членовите на секцијата за литература при Здружението означија 125 години од раѓањето и 30 години од смртта на Десанка Максимовиќ и 190 години од раѓањето на Јован Јовановиќ Змај, информираше Соња Андонов.

Манифестацијата ги собра учениците од основните училишта кои наставата  ја следат на српски јазик, како и деца кои имаат српско потекло, а се од други основни училишта во Македонија во Скопје, Тетово, Јосифово и други места.

The post Во Лешок се одржа манифестацијата „Пишуваме и твориме на српски јазик“ appeared first on Република.

]]>

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово беше домаќин на 11. детска поетска манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“ (Пишемо и стварамо на српском језику). Манифестацијата вчера се одржа во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ кој се наоѓа во манастирскиот комплекс на црквата св. Атанасиј во село Лешок. Оваа година на манифестацијата учествуваше и гостин од Србија, поетот за деца Александар Коциќ.
Целта е на учесниците да им се овозможи средба со поет од Србија, а воедно и да се промовира српското творештво за деца.  На главниот дел на програмата учествуваа учениците со свои творби кои оваа година се пишувани на тема „Детство“. Главна цел на проектот е поттикнување на творештвото и презентација на културното наследство на припадниците на српскиот народ во Република Македонија и чување на нивниот културен идентитет особено кај децата и младите, информираше Соња Андонов, претседателка на Здружението.
На манифестацијата се одбележуваат одредени јубилеи на српските поети.
На овогодишното издание со пригодна програма членовите на секцијата за литература при Здружението означија 125 години од раѓањето и 30 години од смртта на Десанка Максимовиќ и 190 години од раѓањето на Јован Јовановиќ Змај, информираше Соња Андонов.
Манифестацијата ги собра учениците од основните училишта кои наставата  ја следат на српски јазик, како и деца кои имаат српско потекло, а се од други основни училишта во Македонија во Скопје, Тетово, Јосифово и други места.

The post Во Лешок се одржа манифестацијата „Пишуваме и твориме на српски јазик“ appeared first on Република.

]]>
Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок https://republika.mk/vesti/kultura/najden-pogolem-del-od-freskozhivopis-od-13-ili-14-vek-tri-sloja-na-naslikani-ikoni-vo-tsrkvata-sveta-bogoroditsa-vo-leshok/ Sun, 04 Jun 2023 18:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=647729

Изминатава недела при годинешниве работи на реставрацијата на трослојниот фрескоживопис од 13, 17 и 19 век во црквата Света Богородица во Лешок најден е поголем фрагмент од 13 или 14 век.

Според конзерваторите за ѕидно сликарство, поради големината на фрескоживописот од 13/14 век ќе има ретка можност да се презентира трослојното сликарство. Односно на едно место ќе може да се видат повеќето слоеви од фрескоживописот.

Тие направиле соодветен носач со кој постариот фрескоживопис од 13/14 век ќе биде покриен со постариот од 17 век. По потреба за научните истражувања ќе може да се помести, да се работи и пак да се врати.

Станува збор за многу постар живопис, од 13 или 14 век, тоа науката ќе го каже. Затоа сега има една ретка можност да се презентира трослојно сликарство во црквата Света Богородица во Лешок. Ние направивме посебен носач за да може да го презентираме живописот. Постариот фрескоживопис ќе се заштити, но нема да се дозволува вадење на многу стариот живопис бидејќи станува збор за многу деградиран малтер, изјави Владо Муковски, конзерватор за ѕидно сликарство.

Секоја година по 20-тина дена неколку члената екипа на конзерватори работи на заштита на ваквиот вид културно наследство во црквите стари и по неколку векови. Овие стручни лица посочуваат на потребата од повеќе средства, но и да се образуваат уште повеќе луѓе.

- Предвидено е над 20 дена да работиме стручната екипа, во фази, според тоа колку средства се одвоени од Министерството за култура што ја диктира динамиката. Во државата има тројца советници конзерватори за цела територија, можете сега да претпоставите колку се тие луѓе доволни за цела наша држава да го заштитат ова културно наследство. Црквите имаат потреба од заштита, ние со неколку луѓе во оваа држава ни малку не можеме да одговориме на сите тие потреби. Заштитата е важна затоа што се фалиме со тоа културното наследство, па ако се фалиме треба да преземеме нешто за тоа соодветно да го заштитиме, потенцира Владо Муковски.

Пред десетина години врз црквата се правеше и заштита на архитектурата, односно на надворешноста на ѕидовите со цел да на пропушта вода.

- Овде имаше на оваа црква интервенции на архитектурата. Во минатото протекувало вода, таа вода со тек на време навлегла внатре и водата е најголем непријател на ѕидното сликарство. Најголем проблем е што кога ќе настанат големи оштетувања на ѕидното сликарство тоа е неповратно, додека во архитектурата вие можете тоа да го санирате, образложи Мукоски.

Конзерваторите во црквата Света Богородица ќе работат до 15 јуни, а потоа одат на реставрација во други објекти низ целата држава.

The post Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок appeared first on Република.

]]>

Изминатава недела при годинешниве работи на реставрацијата на трослојниот фрескоживопис од 13, 17 и 19 век во црквата Света Богородица во Лешок најден е поголем фрагмент од 13 или 14 век. Според конзерваторите за ѕидно сликарство, поради големината на фрескоживописот од 13/14 век ќе има ретка можност да се презентира трослојното сликарство. Односно на едно место ќе може да се видат повеќето слоеви од фрескоживописот. Тие направиле соодветен носач со кој постариот фрескоживопис од 13/14 век ќе биде покриен со постариот од 17 век. По потреба за научните истражувања ќе може да се помести, да се работи и пак да се врати. Станува збор за многу постар живопис, од 13 или 14 век, тоа науката ќе го каже. Затоа сега има една ретка можност да се презентира трослојно сликарство во црквата Света Богородица во Лешок. Ние направивме посебен носач за да може да го презентираме живописот. Постариот фрескоживопис ќе се заштити, но нема да се дозволува вадење на многу стариот живопис бидејќи станува збор за многу деградиран малтер, изјави Владо Муковски, конзерватор за ѕидно сликарство. Секоја година по 20-тина дена неколку члената екипа на конзерватори работи на заштита на ваквиот вид културно наследство во црквите стари и по неколку векови. Овие стручни лица посочуваат на потребата од повеќе средства, но и да се образуваат уште повеќе луѓе. - Предвидено е над 20 дена да работиме стручната екипа, во фази, според тоа колку средства се одвоени од Министерството за култура што ја диктира динамиката. Во државата има тројца советници конзерватори за цела територија, можете сега да претпоставите колку се тие луѓе доволни за цела наша држава да го заштитат ова културно наследство. Црквите имаат потреба од заштита, ние со неколку луѓе во оваа држава ни малку не можеме да одговориме на сите тие потреби. Заштитата е важна затоа што се фалиме со тоа културното наследство, па ако се фалиме треба да преземеме нешто за тоа соодветно да го заштитиме, потенцира Владо Муковски. Пред десетина години врз црквата се правеше и заштита на архитектурата, односно на надворешноста на ѕидовите со цел да на пропушта вода. - Овде имаше на оваа црква интервенции на архитектурата. Во минатото протекувало вода, таа вода со тек на време навлегла внатре и водата е најголем непријател на ѕидното сликарство. Најголем проблем е што кога ќе настанат големи оштетувања на ѕидното сликарство тоа е неповратно, додека во архитектурата вие можете тоа да го санирате, образложи Мукоски. Конзерваторите во црквата Света Богородица ќе работат до 15 јуни, а потоа одат на реставрација во други објекти низ целата држава.

The post Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок appeared first on Република.

]]>
Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Лешок https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-povredeni-vo-soobrakajna-nesreka-vo-leshok/ Sun, 04 Jun 2023 11:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=647628

На 03.06.2023 во 22.15 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Лешок, патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(18) од с.Теарце, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници, А.Ј.(19) и малолетник, и двајцата од с.Теарце, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 

The post Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Лешок appeared first on Република.

]]>

На 03.06.2023 во 22.15 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Лешок, патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(18) од с.Теарце, излетало надвор од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници, А.Ј.(19) и малолетник, и двајцата од с.Теарце, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.  

The post Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Лешок appeared first on Република.

]]>