Леонардо Archives - Република https://republika.mk/tema/leonardo/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Mar 2024 18:06:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Леонардо Archives - Република https://republika.mk/tema/leonardo/ 32 32 Пред избори и среде криза власта ќе даде 250 милиони евра за хеликоптери https://republika.mk/vesti/makedonija/pred-izbori-i-srede-kriza-vlasta-ke-dade-250-milioni-evra-za-helikopteri/ Fri, 29 Mar 2024 18:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=760244

Набавката на осум нови хеликоптери од компанијата „Леонардо“ ќе изнесува 249,9 милиони евра и се очекува првата испорака да биде во втората половина од 2026 година, информира денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Петровска на денешната прес-конференција по посетата на ценатрот за обуки на пилоти во касарната во Петровец одговорајќи на новинарски прашања истакна дека цената ги опфаќа хеликоптерите, изградба на хангар, како и соодветна обука за пилотите.

-Вкупната сума на набавката е 249,9 милиони евра тоа ги опфаќа осумте хеликоптери, двата вида кои веќе ги презентиравме. Меѓу другите договорени ставки е и изградба на хангар, тоа ќе биде обврска на компанијата „Леонардо“, која ќе треба да изгради соодветен хангар во кој ќе бидат чувани сите осум хеликоптери со специјални дополнителни простории, обезбедување на дренажери, часови за обука и обука во нивниот центар, односно нивната академија за обука на пилоти. Годината на достава е дефинирана, во договорот пишува дека ќе биде втората половина на 2026 година, така што од разговорите што ги имав и при потпишувањето на договорот и од разговорот со министерот добив уверување дека рокот на испорака ќе биде испочитуван. Затоа што согласно рокот на испорака понатаму зависат повеќе врзани процеси, изјави министерката.

Во однос на првичната цена која била предвидена за набавката, Петровска посочи дека изминатите години како и во останатите сегменти, така и во воената индустрија цените постојано растат.

-Треба да се има предвид дека првичната цена која била предвидена за оваа набавка е од пред неколку години знаете дека за жал, изминатите години генерално во воената индустрија како и во сите останати сегменти растат постојано, така што мислам дека она што тимот успеа да го испреговара со компанијата да ги обезбеди сите оние потребни дополнителни опреми за непречено оперирање и извршување на сите задачи, мисии и операции на крај се постигнаа таа цена која е соопштена, појасни Петровска.

Додаде дека дел од хеликоптерите ќе бидат вооружени, но дека и останатиот дел ќе ја имаат можноста да бидат вооружени дополнително доколку се утврди потреба.

Рече дека двата хеликоптери кои биле пратени на ремонт во Чешката Ребулика ќе се вратат во некој од наредните денови, бидејќи ремонтот веќе бил завршен и сега се правеле финалните проверки.

-Останатите кои не се пратени, ќе има набавка на делови со истата компанија и нашите техничари, механичари ќе ги опремуваат и тие ќе бидат во функција. Идејата е овие хеликоптери да бидат оперативни се додека не пристигнат новите, а тогаш согласно планот за модернизација секоја опрема која ќе биде заменета спаѓа во списокот на опрема која може да биде отуѓена, дали тоа ќе биде со продажба или донација ќе одлучиме дополнително, подвлече Петровска.

Исто така, таа информира дека до министерството вчера доцна попладне пристигнало писмо од Антикорупциска која оформи предмет за набавката на хеликоптерите и дека веќе се подготвува документацијата за која изрази надеж дека ќе биде доставена до комисијата уште пред истекот на наведениот рок.

The post Пред избори и среде криза власта ќе даде 250 милиони евра за хеликоптери appeared first on Република.

]]>

Набавката на осум нови хеликоптери од компанијата „Леонардо“ ќе изнесува 249,9 милиони евра и се очекува првата испорака да биде во втората половина од 2026 година, информира денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска. Петровска на денешната прес-конференција по посетата на ценатрот за обуки на пилоти во касарната во Петровец одговорајќи на новинарски прашања истакна дека цената ги опфаќа хеликоптерите, изградба на хангар, како и соодветна обука за пилотите.
-Вкупната сума на набавката е 249,9 милиони евра тоа ги опфаќа осумте хеликоптери, двата вида кои веќе ги презентиравме. Меѓу другите договорени ставки е и изградба на хангар, тоа ќе биде обврска на компанијата „Леонардо“, која ќе треба да изгради соодветен хангар во кој ќе бидат чувани сите осум хеликоптери со специјални дополнителни простории, обезбедување на дренажери, часови за обука и обука во нивниот центар, односно нивната академија за обука на пилоти. Годината на достава е дефинирана, во договорот пишува дека ќе биде втората половина на 2026 година, така што од разговорите што ги имав и при потпишувањето на договорот и од разговорот со министерот добив уверување дека рокот на испорака ќе биде испочитуван. Затоа што согласно рокот на испорака понатаму зависат повеќе врзани процеси, изјави министерката.
Во однос на првичната цена која била предвидена за набавката, Петровска посочи дека изминатите години како и во останатите сегменти, така и во воената индустрија цените постојано растат.
-Треба да се има предвид дека првичната цена која била предвидена за оваа набавка е од пред неколку години знаете дека за жал, изминатите години генерално во воената индустрија како и во сите останати сегменти растат постојано, така што мислам дека она што тимот успеа да го испреговара со компанијата да ги обезбеди сите оние потребни дополнителни опреми за непречено оперирање и извршување на сите задачи, мисии и операции на крај се постигнаа таа цена која е соопштена, појасни Петровска.
Додаде дека дел од хеликоптерите ќе бидат вооружени, но дека и останатиот дел ќе ја имаат можноста да бидат вооружени дополнително доколку се утврди потреба. Рече дека двата хеликоптери кои биле пратени на ремонт во Чешката Ребулика ќе се вратат во некој од наредните денови, бидејќи ремонтот веќе бил завршен и сега се правеле финалните проверки.
-Останатите кои не се пратени, ќе има набавка на делови со истата компанија и нашите техничари, механичари ќе ги опремуваат и тие ќе бидат во функција. Идејата е овие хеликоптери да бидат оперативни се додека не пристигнат новите, а тогаш согласно планот за модернизација секоја опрема која ќе биде заменета спаѓа во списокот на опрема која може да биде отуѓена, дали тоа ќе биде со продажба или донација ќе одлучиме дополнително, подвлече Петровска.
Исто така, таа информира дека до министерството вчера доцна попладне пристигнало писмо од Антикорупциска која оформи предмет за набавката на хеликоптерите и дека веќе се подготвува документацијата за која изрази надеж дека ќе биде доставена до комисијата уште пред истекот на наведениот рок.

The post Пред избори и среде криза власта ќе даде 250 милиони евра за хеликоптери appeared first on Република.

]]>
Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за хеликоптери и да ја остави за идната влада https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-da-ja-stopira-nabavkata-od-250-milioni-evra-i-da-ja-ostavi-za-idnata-vlada/ Sun, 17 Mar 2024 20:58:02 +0000 https://republika.mk/?p=755569

Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, за тоа треба да одлучува идната влада, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Надвор од секое нормално делување е СДС и ДУИ да вршат избор на тендер од 250 милиони евра на неколку недели пред избори, во период на техничка влада.

Наместо борбени хеликоптери, власта набавува транспортни, со што не ја зголемува борбената готовност на АРМ.

Дополнително никој не знае како е изберена фирмата Леонардо, и зошто не се изберенј другите компании меѓу кои американска компанија или германско-француски конзорциум.

Како е извршен изборот и кој ја донел одлуката што всушност да се набави.

Наместо трошење на 250 милиони евра пред избори, да се стопира набавката и по неа да одлучува идната влада.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

The post Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за хеликоптери и да ја остави за идната влада appeared first on Република.

]]>

Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, за тоа треба да одлучува идната влада, бара ВМРО-ДПМНЕ. Надвор од секое нормално делување е СДС и ДУИ да вршат избор на тендер од 250 милиони евра на неколку недели пред избори, во период на техничка влада.
Наместо борбени хеликоптери, власта набавува транспортни, со што не ја зголемува борбената готовност на АРМ.
Дополнително никој не знае како е изберена фирмата Леонардо, и зошто не се изберенј другите компании меѓу кои американска компанија или германско-француски конзорциум. Како е извршен изборот и кој ја донел одлуката што всушност да се набави. Наместо трошење на 250 милиони евра пред избори, да се стопира набавката и по неа да одлучува идната влада. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

The post Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за хеликоптери и да ја остави за идната влада appeared first on Република.

]]>