Ленче Ристоска Archives - Република https://republika.mk/tema/lenche-ristoska/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 13:58:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ленче Ристоска Archives - Република https://republika.mk/tema/lenche-ristoska/ 32 32 Jaвното обвинителство тврди: Роднинска врска не влијаеше врз одлуката за бонусите во СЈО https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-tvrdi-rodninska-vrska-ne-vlijaeshe-vrz-odlukata-za-bonusite-vo-sjo/ Wed, 17 Jul 2024 13:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=797705

Јавното обвинителство не гледа ништо спорно ниту незаконски во милионскиот бонус што си го поделија обвинителите од некогашното СЈО на чело со Катица Јанева.

Република“ побара коментар од Републичкото јавно обвинителство за отфрлањето на пријавата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ а која Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал ја отфрли како неоснована.

Од ЈО за „Република“ објаснуваат дека била прибавена обемна документација и ги декласифицирале ревизорските извештаи и правилниците што беа донесени од страна на тогашната јавна обвинителка Катица Јанева, а било извршено и детално економско - финансиско вештачење.

Од вештиот наод и целокупните материјални докази произлезе дека тогашното Специјално јавно обвинителство, за целокупното работење вклучително и за финансиските активности изготвувало извештаи, што согласно закон биле разгледувани од Советот на јавните обвинители и од Собранието. Не се констатирани отстапувања помеѓу обезбедените парични средства предвидени во финансиските планови што биле одобрени со Буџетот на ова обвинителство и реализираните парични средства во тековното работење во анализираниот период-велат од ЈО.

Оттаму додаваат дека дејствијата преземени од  Јанева во врска со носењето на правилници за додатоци на платите и одлуките за почитување на принципот на тајност во врска со материјалите од незаконското следење на комуникациите, како и исплатата на додатоци на плати и надоместоци по основ на наведените акти, не претставуваат дејствие на извршување на пријавените кривични дела, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должност.

Согласно сите утврдени факти, решение за отфрлање на кривичната пријава е донесено во декември 2023 година, односно неколку месеци пред Љупчо Коцевски да стапи на функцијата. Јавните обвинители Љупчо Коцевски и Ленче Ристоска не се во никаква ниту поблиска, ниту подалечна роднинска врска-објаснуваат од Обвинителството.

Од парите кои ги добивале обвинителите на „славното“ СЈО на обичниот човек може да му се сврти во главата.

Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра.

Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/

https://republika.mk/vesti/makedonija/bonus-kesh-deleneto-eden-milion-evra-od-rakavot-na-janeva-za-abazi-e-normalno/

The post Jaвното обвинителство тврди: Роднинска врска не влијаеше врз одлуката за бонусите во СЈО appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство не гледа ништо спорно ниту незаконски во милионскиот бонус што си го поделија обвинителите од некогашното СЈО на чело со Катица Јанева. „Република“ побара коментар од Републичкото јавно обвинителство за отфрлањето на пријавата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ а која Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал ја отфрли како неоснована. Од ЈО за „Република“ објаснуваат дека била прибавена обемна документација и ги декласифицирале ревизорските извештаи и правилниците што беа донесени од страна на тогашната јавна обвинителка Катица Јанева, а било извршено и детално економско - финансиско вештачење.
Од вештиот наод и целокупните материјални докази произлезе дека тогашното Специјално јавно обвинителство, за целокупното работење вклучително и за финансиските активности изготвувало извештаи, што согласно закон биле разгледувани од Советот на јавните обвинители и од Собранието. Не се констатирани отстапувања помеѓу обезбедените парични средства предвидени во финансиските планови што биле одобрени со Буџетот на ова обвинителство и реализираните парични средства во тековното работење во анализираниот период-велат од ЈО.
Оттаму додаваат дека дејствијата преземени од  Јанева во врска со носењето на правилници за додатоци на платите и одлуките за почитување на принципот на тајност во врска со материјалите од незаконското следење на комуникациите, како и исплатата на додатоци на плати и надоместоци по основ на наведените акти, не претставуваат дејствие на извршување на пријавените кривични дела, ниту на други кривични дела што се гонат по службена должност.
Согласно сите утврдени факти, решение за отфрлање на кривичната пријава е донесено во декември 2023 година, односно неколку месеци пред Љупчо Коцевски да стапи на функцијата. Јавните обвинители Љупчо Коцевски и Ленче Ристоска не се во никаква ниту поблиска, ниту подалечна роднинска врска-објаснуваат од Обвинителството.
Од парите кои ги добивале обвинителите на „славното“ СЈО на обичниот човек може да му се сврти во главата. Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра. Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.   https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/ https://republika.mk/vesti/makedonija/bonus-kesh-deleneto-eden-milion-evra-od-rakavot-na-janeva-za-abazi-e-normalno/

The post Jaвното обвинителство тврди: Роднинска врска не влијаеше врз одлуката за бонусите во СЈО appeared first on Република.

]]>
Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда https://republika.mk/vesti/makedonija/lenche-ristoska-imenuvana-za-javen-obvinitel-za-vrski-so-evropravda/ Tue, 13 Feb 2024 10:52:50 +0000 https://republika.mk/?p=743581

Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство на Македонија ја именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со Европравда.

Лога и посака успешна работа на Ристоска со желба да се продолжи континуитетот на досегашната соработка со Европравда.

Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја.

Соработката со Европравда е од исклучително значење за Република Македонија од аспект на борбата со прекуграничен криминал и борбата против тероризмот.

 

The post Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство на Македонија ја именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со Европравда. Лога и посака успешна работа на Ристоска со желба да се продолжи континуитетот на досегашната соработка со Европравда. Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја. Соработката со Европравда е од исклучително значење за Република Македонија од аспект на борбата со прекуграничен криминал и борбата против тероризмот.  

The post Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда appeared first on Република.

]]>
Советот на јавни обвинители не ѝ се извини на Ленче Ристоска, Јолевски ќе ја тужи Антидискриминациската комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-javni-obviniteli-ne-se-izvini-na-lenche-ristoska-jolevski-ke-ja-tuzhi-antidiskriminatsiskata-komisija/ Sun, 14 Jan 2024 20:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=733049

Членот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, кому Комисијата за спречување и заштита од дискриминација му препорача јавно да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска зашто ја дискриминирал и ја ставил во понеповолен статус од останатите обвинители, нема намера да го стори тоа, пренесе СДК.

Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД)за СДК изјавиле дека во рокот од 30 дена кој истече, не стигнало известување од Јолевски дека постапил по препораката.

Според законот за заштита и спречување од дискриминација, непостапување по препораките на Комисијата, повлекува последица пријава пред надлежен суд против тој што не постапил, и парична казна.

The post Советот на јавни обвинители не ѝ се извини на Ленче Ристоска, Јолевски ќе ја тужи Антидискриминациската комисија appeared first on Република.

]]>

Членот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, кому Комисијата за спречување и заштита од дискриминација му препорача јавно да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска зашто ја дискриминирал и ја ставил во понеповолен статус од останатите обвинители, нема намера да го стори тоа, пренесе СДК. Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД)за СДК изјавиле дека во рокот од 30 дена кој истече, не стигнало известување од Јолевски дека постапил по препораката. Според законот за заштита и спречување од дискриминација, непостапување по препораките на Комисијата, повлекува последица пријава пред надлежен суд против тој што не постапил, и парична казна.

The post Советот на јавни обвинители не ѝ се извини на Ленче Ристоска, Јолевски ќе ја тужи Антидискриминациската комисија appeared first on Република.

]]>
Обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана, утврди Комисијата https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkata-lenche-ristoska-bila-diskriminirana-utvrdi-komisijata/ Wed, 13 Dec 2023 20:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=722697

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана при изборот на обвинители од страна на Советот на јавни обвинители. Ова обвинителката го соопшти на конференцијата што ја организираше Коалцијата „Сите за правично судење“ на која беа презентирани извештајот за работата на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и извештајот од набљудувањето на судските постапки.

Оваа одлука се уште не објавена на веб страницата на Комисијата за да се види образложението. Ристоска најави претставка до Комисијата кога по втор пат не беше избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.

Што се однесува до изјавите во кои околноста што користам породилно отсуство се врзува со подобноста за мој избор во Вишото јавно обвинителство Скопје, за истите ќе поднесам претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Сепак не е прв пат да се соочувам со дискриминаторски изјави и затоа сметам дека треба заштитата на моите права да ја канализирам и институционално, изјави тогаш Ристоска.

Оваа изјава следуваше откако претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во образложението за нејзниот неизбор го спомена нејзиното породилно отсуство.

Кај Ленче имаме недостаток на работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Немаме извештај за неа за последните четирите години, таа еден период е и на трудничко отсуство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотреба, рече Јолевски.

Инаку Ристоска јавно ја критикуваше работата на Советот и се најде на тапет на оваа инистуција која бараше Ристоска да одогвара за јавно искажаните ставови.

-Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргuвање со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал, рече обвинителката, рече Ристоска на една панел дискусија.

 

The post Обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана, утврди Комисијата appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана при изборот на обвинители од страна на Советот на јавни обвинители. Ова обвинителката го соопшти на конференцијата што ја организираше Коалцијата „Сите за правично судење“ на која беа презентирани извештајот за работата на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и извештајот од набљудувањето на судските постапки. Оваа одлука се уште не објавена на веб страницата на Комисијата за да се види образложението. Ристоска најави претставка до Комисијата кога по втор пат не беше избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.
Што се однесува до изјавите во кои околноста што користам породилно отсуство се врзува со подобноста за мој избор во Вишото јавно обвинителство Скопје, за истите ќе поднесам претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Сепак не е прв пат да се соочувам со дискриминаторски изјави и затоа сметам дека треба заштитата на моите права да ја канализирам и институционално, изјави тогаш Ристоска.
Оваа изјава следуваше откако претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во образложението за нејзниот неизбор го спомена нејзиното породилно отсуство.
Кај Ленче имаме недостаток на работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Немаме извештај за неа за последните четирите години, таа еден период е и на трудничко отсуство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотреба, рече Јолевски.
Инаку Ристоска јавно ја критикуваше работата на Советот и се најде на тапет на оваа инистуција која бараше Ристоска да одогвара за јавно искажаните ставови. -Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргuвање со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал, рече обвинителката, рече Ристоска на една панел дискусија.  

The post Обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана, утврди Комисијата appeared first on Република.

]]>
Обвинителскиот совет бара одговорност од Ленче Ристовска поради изјавата дека се извор за тргување со влијание https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelskiot-sovet-bara-odgovornost-od-lenche-ristovska-poradi-izjavata-deka-se-izvor-za-trguvane-so-vlijanie/ Thu, 27 Apr 2023 17:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=634756

Советот на јавни обвинители ќе се обрати до Етичкиот совет до Обвинителството за изјавата на обвинителката Ленче Ристоска.
Според нив, со изјавата направено е прекршување на член 10 од Етичкиот кодекс, каде што меѓу другото е наведено дека обвинителите нема да ги коментираат јавно одлуките донесени од Советот.
Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, претходно вчера ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, велејќи рече дека таму владеат клиентелистички односи.

Се додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал – рече таа.

Според Ристоска, ова тело од формирањето во 2008 досега потфрлило во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.

The post Обвинителскиот совет бара одговорност од Ленче Ристовска поради изјавата дека се извор за тргување со влијание appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители ќе се обрати до Етичкиот совет до Обвинителството за изјавата на обвинителката Ленче Ристоска. Според нив, со изјавата направено е прекршување на член 10 од Етичкиот кодекс, каде што меѓу другото е наведено дека обвинителите нема да ги коментираат јавно одлуките донесени од Советот. Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, претходно вчера ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, велејќи рече дека таму владеат клиентелистички односи. Се додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал – рече таа. Според Ристоска, ова тело од формирањето во 2008 досега потфрлило во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.

The post Обвинителскиот совет бара одговорност од Ленче Ристовска поради изјавата дека се извор за тргување со влијание appeared first on Република.

]]>