Лена и Владимир Archives - Република https://republika.mk/tema/lena-i-vladimir/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 12:51:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лена и Владимир Archives - Република https://republika.mk/tema/lena-i-vladimir/ 32 32 „Преекспонирано“, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“ на шестото издание на „Златна рамка“ https://republika.mk/scena/film/preeksponirano-domakinstvo-za-pochetnitsi-i-lena-i-vladimir-na-shestoto-izdanie-na-zlatna-ramka/ Tue, 18 Jun 2024 12:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=788775

Долгометражни, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција ќе се прикажуваат од вечерва до четврток, 20 јуни, во киното „Фросина“ во МКЦ, во рамки на шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“. Во делот на долгометражната програма, вечер ќе се одржи проекција на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова.

„Златна рамка“ е ревија на македонски филм основана по урнекот на многу европски држави и регионално, каде што се прикажува едногодишната продукција поддржана од Агенцијата за филм на филмовите кои имале премиера минатата календарска година.

Уметничкиот координатор на „Златна Рамка“, Ана Василевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека освен „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, во долгометражната програма е и филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој беше кандидат за Оскар од нашата дража, како и филмот „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, кои ќе се прикажуваат во четврток.

Краткометражната програма, како што рече, ќе може да се види утре и истата ќе оди во еден блок.

Василевска констатираше дека и документарната програма е вредна за внимание, имајќи ја во предвид двојната номинација за Оскар на филмот „Медена земја“, што ни покажува дека македонскиот филм треба посебно да биде посветен и на документарната продукција.

Во документарната програма, утре вечер ќе бидат прикажани филмовите „Живот на крстосница“ во режија на Зоран Димов и „Емигрант сум или“ во режија на Сенад Абдул, а во четврток ќе се одржи проекција на „Дневник по многу години“ во режија на Никола Т. Калајџиски.

Како што посочи, во рамки на оваа филмска ревија, граѓаните ќе можат сосема бесплатно во овие три дена ги погледнат македонските филмови.

Таа додаде дека утре традиционално ќе бидат доделени почесните награди „Златна рамка“, кои ДФРМ ги доделува на филмски актер, филмски автор и филмски работник.

Годинава овие награди одат во рацете на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов - Вац, и филмскиот работник Марина Колоска, рече Василевска.

Василевска најави дека во четврток ќе има трибина која е дел од „Златна рамка“ и ќе се однесува на заштитата на аудио-визуелното наследство, која ќе се одржи во фоајето на МКЦ. Во фокус програмата, оваа година проекции ќе има и во Домот за стари лица „Мајка Тереза“.

Како што рече Василевска, „Златна рамка“ претставува отчет на тоа што е сработено во една календарска година, но и увид на филмската критика.

„Златна рамка“ е можност каде што после секоја проекција на филмовите, доколку постои интерес имаме и плодни дискусии, да види и филмската критика што е тоа што се случува со македонскиот филм. Втор и не помалку важен сегмент на „Златна рамка“ е тоа што тој служи за афирмирање на македонската кинематографија, која верувам дека голем дел ќе се согласат, не е толку популарна, иако можеби е популарна надвор од границите. Имаме голем подем на македонската кинематографија последните години, додаде Василевска.

Според Василевска, третиот сегмент на „Златна рамка“ е да им се одаде почит на филмските работници, на ДФРМ, кое постои повеќе од 70 години и кое посветено работи на мала кинематографија, но толку многу значајна.

Претседателот на ДФРМ Игор Иванов денеска на брифингот рече дека „Златна рамка“ се соочува оваа година со кратење на буџетот и напомена оти работат со минимални средства и поради тоа не може да биде проширена програмата.

Ние пред две години направивме една иницијатива за таканаречениот „Скопје филм форум“. Ќе беше многу убаво да го повториме и оваа година, тоа беше наша интенција и таков проект поднесовме, но едноставно не добивме поддршка. Не можеме за тоа никого да обвиниме, бидејќи касата во Агенцијата за филм е празна и ние за тоа сме свесни. Добро е што ќе може да се погледне годишната продукција од Македонија ги поканувам сите граѓани да ги видат филмовите, рече Иванов.

 

The post „Преекспонирано“, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“ на шестото издание на „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>

Долгометражни, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција ќе се прикажуваат од вечерва до четврток, 20 јуни, во киното „Фросина“ во МКЦ, во рамки на шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“. Во делот на долгометражната програма, вечер ќе се одржи проекција на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова. „Златна рамка“ е ревија на македонски филм основана по урнекот на многу европски држави и регионално, каде што се прикажува едногодишната продукција поддржана од Агенцијата за филм на филмовите кои имале премиера минатата календарска година. Уметничкиот координатор на „Златна Рамка“, Ана Василевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека освен „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, во долгометражната програма е и филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој беше кандидат за Оскар од нашата дража, како и филмот „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, кои ќе се прикажуваат во четврток. Краткометражната програма, како што рече, ќе може да се види утре и истата ќе оди во еден блок. Василевска констатираше дека и документарната програма е вредна за внимание, имајќи ја во предвид двојната номинација за Оскар на филмот „Медена земја“, што ни покажува дека македонскиот филм треба посебно да биде посветен и на документарната продукција. Во документарната програма, утре вечер ќе бидат прикажани филмовите „Живот на крстосница“ во режија на Зоран Димов и „Емигрант сум или“ во режија на Сенад Абдул, а во четврток ќе се одржи проекција на „Дневник по многу години“ во режија на Никола Т. Калајџиски. Како што посочи, во рамки на оваа филмска ревија, граѓаните ќе можат сосема бесплатно во овие три дена ги погледнат македонските филмови. Таа додаде дека утре традиционално ќе бидат доделени почесните награди „Златна рамка“, кои ДФРМ ги доделува на филмски актер, филмски автор и филмски работник.
Годинава овие награди одат во рацете на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов - Вац, и филмскиот работник Марина Колоска, рече Василевска.
Василевска најави дека во четврток ќе има трибина која е дел од „Златна рамка“ и ќе се однесува на заштитата на аудио-визуелното наследство, која ќе се одржи во фоајето на МКЦ. Во фокус програмата, оваа година проекции ќе има и во Домот за стари лица „Мајка Тереза“. Како што рече Василевска, „Златна рамка“ претставува отчет на тоа што е сработено во една календарска година, но и увид на филмската критика.
„Златна рамка“ е можност каде што после секоја проекција на филмовите, доколку постои интерес имаме и плодни дискусии, да види и филмската критика што е тоа што се случува со македонскиот филм. Втор и не помалку важен сегмент на „Златна рамка“ е тоа што тој служи за афирмирање на македонската кинематографија, која верувам дека голем дел ќе се согласат, не е толку популарна, иако можеби е популарна надвор од границите. Имаме голем подем на македонската кинематографија последните години, додаде Василевска.
Според Василевска, третиот сегмент на „Златна рамка“ е да им се одаде почит на филмските работници, на ДФРМ, кое постои повеќе од 70 години и кое посветено работи на мала кинематографија, но толку многу значајна. Претседателот на ДФРМ Игор Иванов денеска на брифингот рече дека „Златна рамка“ се соочува оваа година со кратење на буџетот и напомена оти работат со минимални средства и поради тоа не може да биде проширена програмата.
Ние пред две години направивме една иницијатива за таканаречениот „Скопје филм форум“. Ќе беше многу убаво да го повториме и оваа година, тоа беше наша интенција и таков проект поднесовме, но едноставно не добивме поддршка. Не можеме за тоа никого да обвиниме, бидејќи касата во Агенцијата за филм е празна и ние за тоа сме свесни. Добро е што ќе може да се погледне годишната продукција од Македонија ги поканувам сите граѓани да ги видат филмовите, рече Иванов.
 

The post „Преекспонирано“, „Домаќинство за почетници“ и „Лена и Владимир“ на шестото издание на „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>
Летната сезона во Кинотека почнува со „Лена и Владимир“ од Игор Алексов https://republika.mk/scena/film/letnata-sezona-vo-kinoteka-pochnuva-so-lena-i-vladimir-od-igor-aleksov/ Tue, 28 May 2024 09:02:28 +0000 https://republika.mk/?p=782290

Во јуни, месецот на липите, Кинотеката подготвува кино - програма, со, како што најавува, опојни квалитети. Во овој прв месец на летото, вообичаено проекциите се селат на отворено во летното кино „Мирно лето“.

Во програмскиот центар се пробија неколку содржини - проекции на филмови со музички сензибилитет, веќе редовниот Филозофски филмски фестивал, ревија на португалскиот филм претежно од седумдесеттите години на минатиот век, како и јубилејни проекции по повод стогодишнината од раѓањето на легендарниот и ненадминат американски актер Марлон Брандо.

Програмскиот караван започнува со уште една проекција на македонскиот филм „Лена и Владимир“, по сценарио на Александар Русјаков, а во режија на Игор Алексов.

Она што особено ќе го привлече вниманието на кино-сладокусците се премиерните проекции на новиот филм на Софија Копола, биографскиот „Присила“. Филмот, базиран на мемоарите на Присила Присли – Елвис и јас, се нурнува длабоко во комплексноста на нивната врска, претставувајќи наратив што е и интимен и рефлективен.

Филмофилите ќе можат да ги видат уште еднаш, но овојпат на големото платно, музичките и рекламните спотови на нашиот – а светски квалитетен – филмски автор Милчо Манчевски.

Музичките спотови на Манчевски не се само визуелно импресивни, туку и симболично богати. Тој успева да раскаже сложени приказни во краток временски формат, користејќи симболи и метафори кои ги прошируваат значењата на песните. Неговите спотови често ги истражуваат темите на љубовта, загубата, надежта и човечката природа, нудејќи длабоки емоционални искуства за гледачите. Со иновативни визуелни решенија, богата симболика и внимателна монтажа, Манчевски создава спотови што остануваат во меморијата на гледачите долго по завршувањето на песната. Токму затоа овие кратки форми се здобија со повеќе награди кај нас и во светот, наведуваат од Кинотеката.

Концептуално, се продолжува со филмот „Д Хип-Браинсторм“, во режија на нашиот познат музички документарист и филмски критичар Јане Алтипармаков. Ова ќе биде всушност круна на 30-годишнината од издавањето на култната музичка касета креирана од кумановските алтернативци Д Хип. Долгометражниот музичко - филмски проект е почестен со специјалната награда за музички филм од иницијативата МАН-Македонски алтернативни награди.

На ред е речиси тотален пресврт, но не сметано на квалитет туку на содржина и сензибилитет. Станува збор за годинашново издание на „Филозофскиот филмски фестивал“.

Овој фестивал ќе го карактеризираат и филмовите во коишто, малку е да се рече главен лик, доминира филмската актерска легенда Марлон Брандо. Неговото специфично, артистичко умеење ќе ги зашемети гледачите. Филмовите се по повод стогодишнината од раѓањето на великанот Брандо, и се проектираат во оригинален, 35 мм формат.

Во дигитален формат е понудата на неколку филмови од португалската кинематографија. Станува збор за ремастерирани копии на општествено ангажираните, неколку децении стари филмски творби. Ова е несекојдневна прилика да се видат вакви филмови, што бездруго ѝ е потребно на нашата кино публика. Потребно е да се проследат и делата на кинематографиите кои не ни се многу познати, како што е словачката.

На самиот крај на јуни, повторно музички креации во филмско пакување. Тие се во рамките на овогодинешното издание на фестивалот „Скопје синема сити“.

Така, во месецот на липие, Кинотека ги спои разните форми на филмови со неибришлив квалитет, кои ќе бидат посакани пак да бидат видени. Тоа е нормално, добра клима, опоен мирис, опојни дела и овој јуни ќе биде раскажуван, не само меѓу љубителите на филмот, порачуваат од Кинотеката.

The post Летната сезона во Кинотека почнува со „Лена и Владимир“ од Игор Алексов appeared first on Република.

]]>

Во јуни, месецот на липите, Кинотеката подготвува кино - програма, со, како што најавува, опојни квалитети. Во овој прв месец на летото, вообичаено проекциите се селат на отворено во летното кино „Мирно лето“. Во програмскиот центар се пробија неколку содржини - проекции на филмови со музички сензибилитет, веќе редовниот Филозофски филмски фестивал, ревија на португалскиот филм претежно од седумдесеттите години на минатиот век, како и јубилејни проекции по повод стогодишнината од раѓањето на легендарниот и ненадминат американски актер Марлон Брандо. Програмскиот караван започнува со уште една проекција на македонскиот филм „Лена и Владимир“, по сценарио на Александар Русјаков, а во режија на Игор Алексов. Она што особено ќе го привлече вниманието на кино-сладокусците се премиерните проекции на новиот филм на Софија Копола, биографскиот „Присила“. Филмот, базиран на мемоарите на Присила Присли – Елвис и јас, се нурнува длабоко во комплексноста на нивната врска, претставувајќи наратив што е и интимен и рефлективен. Филмофилите ќе можат да ги видат уште еднаш, но овојпат на големото платно, музичките и рекламните спотови на нашиот – а светски квалитетен – филмски автор Милчо Манчевски.
Музичките спотови на Манчевски не се само визуелно импресивни, туку и симболично богати. Тој успева да раскаже сложени приказни во краток временски формат, користејќи симболи и метафори кои ги прошируваат значењата на песните. Неговите спотови често ги истражуваат темите на љубовта, загубата, надежта и човечката природа, нудејќи длабоки емоционални искуства за гледачите. Со иновативни визуелни решенија, богата симболика и внимателна монтажа, Манчевски создава спотови што остануваат во меморијата на гледачите долго по завршувањето на песната. Токму затоа овие кратки форми се здобија со повеќе награди кај нас и во светот, наведуваат од Кинотеката.
Концептуално, се продолжува со филмот „Д Хип-Браинсторм“, во режија на нашиот познат музички документарист и филмски критичар Јане Алтипармаков. Ова ќе биде всушност круна на 30-годишнината од издавањето на култната музичка касета креирана од кумановските алтернативци Д Хип. Долгометражниот музичко - филмски проект е почестен со специјалната награда за музички филм од иницијативата МАН-Македонски алтернативни награди. На ред е речиси тотален пресврт, но не сметано на квалитет туку на содржина и сензибилитет. Станува збор за годинашново издание на „Филозофскиот филмски фестивал“. Овој фестивал ќе го карактеризираат и филмовите во коишто, малку е да се рече главен лик, доминира филмската актерска легенда Марлон Брандо. Неговото специфично, артистичко умеење ќе ги зашемети гледачите. Филмовите се по повод стогодишнината од раѓањето на великанот Брандо, и се проектираат во оригинален, 35 мм формат. Во дигитален формат е понудата на неколку филмови од португалската кинематографија. Станува збор за ремастерирани копии на општествено ангажираните, неколку децении стари филмски творби. Ова е несекојдневна прилика да се видат вакви филмови, што бездруго ѝ е потребно на нашата кино публика. Потребно е да се проследат и делата на кинематографиите кои не ни се многу познати, како што е словачката. На самиот крај на јуни, повторно музички креации во филмско пакување. Тие се во рамките на овогодинешното издание на фестивалот „Скопје синема сити“.
Така, во месецот на липие, Кинотека ги спои разните форми на филмови со неибришлив квалитет, кои ќе бидат посакани пак да бидат видени. Тоа е нормално, добра клима, опоен мирис, опојни дела и овој јуни ќе биде раскажуван, не само меѓу љубителите на филмот, порачуваат од Кинотеката.

The post Летната сезона во Кинотека почнува со „Лена и Владимир“ од Игор Алексов appeared first on Република.

]]>
„Лена и Владимир“ најдобар долгометражен филм на фестивал во Ајова https://republika.mk/scena/film/lena-i-vladimir-najdobar-dolgometrazhen-film-na-festival-vo-ajova/ Wed, 08 May 2024 06:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=775206

Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја доби главната награда за најдобар долгометражен игран филм на 13 издание на Меѓународниот филмски фестивал Julien Dubuque (JDIFF), кој се одржа од 24 до 28 април во Дубјук во Ајова.

На фестивалот беа прикажани над 150 филмови од целиот свет, вклучително и 31 долгометражен филм во конкуренција, а филмот „Лена и Владимир“ на фестивалот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Игор Алексов.

[caption id="attachment_775207" align="alignnone" width="413"] фото: ДМФ Филмс[/caption]

Она што го издвојува JDIFF од другите фестивали е неговиот силен фокус на заедницата. Филмаџиите се поканети да останат во домовите на локалните жители кои ги отвораат своите врати за нив. Фестивалот нуди и бесплатен превоз до проекциите и знаменитостите во општината, како и бесплатна храна за сите филмаџии. Бидејќи повеќето места се во непосредна близина, учесниците можат лесно да се сретнат и да воспостават нови контакти“, соопштија од ДМФ Филмс.

„Лена и Владимир“ е приказна за двајца бегалци од општеството кои доживеале огромна трагедија, а чии патишта случајно се вкрстуваат . Тие наоѓаат утеха и поврзаност, формирајќи врска што им носи исцелување.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм и Филмскиот центар на Србија (Терирем продукција).

Главните улоги ги толкуваат Сара Климоска и Тони Наумовски, а во филмот се појавуваат и Дениз Абдула, Луран Ахмети, Петар Мирчевски, Петре Арсовски, Благоја Чоревски, Kирил Коруновски.

Сценариото е на Александар Русјаков. Продуценти се Дејан Илиев (ДМФ Филм) и Илија Циривири (МИНД Продукција). Кинематографер е Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Зафирковски, а монтажер е Мартин Иванов, Музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез, костимограф е Раде Василев, дизајнер на маска е Горан Игњатовски, а кастинг директор е Катерина Грубач.

 

The post „Лена и Владимир“ најдобар долгометражен филм на фестивал во Ајова appeared first on Република.

]]>

Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја доби главната награда за најдобар долгометражен игран филм на 13 издание на Меѓународниот филмски фестивал Julien Dubuque (JDIFF), кој се одржа од 24 до 28 април во Дубјук во Ајова. На фестивалот беа прикажани над 150 филмови од целиот свет, вклучително и 31 долгометражен филм во конкуренција, а филмот „Лена и Владимир“ на фестивалот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Игор Алексов. [caption id="attachment_775207" align="alignnone" width="413"] фото: ДМФ Филмс[/caption]
Она што го издвојува JDIFF од другите фестивали е неговиот силен фокус на заедницата. Филмаџиите се поканети да останат во домовите на локалните жители кои ги отвораат своите врати за нив. Фестивалот нуди и бесплатен превоз до проекциите и знаменитостите во општината, како и бесплатна храна за сите филмаџии. Бидејќи повеќето места се во непосредна близина, учесниците можат лесно да се сретнат и да воспостават нови контакти“, соопштија од ДМФ Филмс.
„Лена и Владимир“ е приказна за двајца бегалци од општеството кои доживеале огромна трагедија, а чии патишта случајно се вкрстуваат . Тие наоѓаат утеха и поврзаност, формирајќи врска што им носи исцелување. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм и Филмскиот центар на Србија (Терирем продукција). Главните улоги ги толкуваат Сара Климоска и Тони Наумовски, а во филмот се појавуваат и Дениз Абдула, Луран Ахмети, Петар Мирчевски, Петре Арсовски, Благоја Чоревски, Kирил Коруновски. Сценариото е на Александар Русјаков. Продуценти се Дејан Илиев (ДМФ Филм) и Илија Циривири (МИНД Продукција). Кинематографер е Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Зафирковски, а монтажер е Мартин Иванов, Музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез, костимограф е Раде Василев, дизајнер на маска е Горан Игњатовски, а кастинг директор е Катерина Грубач.  

The post „Лена и Владимир“ најдобар долгометражен филм на фестивал во Ајова appeared first on Република.

]]>
Награда за најдобар долгометражен филм на Julien Dubuque International Film Festival за македонскиот филм „Лена и Владимир“ https://republika.mk/scena/film/nagrada-za-najdobar-dolgometrazhen-film-na-julien-dubuque-international-film-festival-za-makedonskiot-film-lena-i-vladimir/ Mon, 29 Apr 2024 08:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=772110

Лена и Владимир ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на Julien Dubuque International Film Festival! Целата екипа е длабоко почестена и ја изразува својата благодарност до #JDIFF и сите наши поддржувачи!

Ова е дебитански игран филм на режисерот Игор Алексов „ Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „ Браќа Манаки“. Филмот е по сценарио на Александар Русјаков, а главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска.

Работен е како македонско–српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, копродуценти се и „Дрим фектори Македонија“, како и српската „Терирем“. Филмот е подржан од Агенцијата за филм на Македонија.

Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.

Во филмот играат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а истиот е во режија на Игор Алексов.

The post Награда за најдобар долгометражен филм на Julien Dubuque International Film Festival за македонскиот филм „Лена и Владимир“ appeared first on Република.

]]>

Лена и Владимир ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на Julien Dubuque International Film Festival! Целата екипа е длабоко почестена и ја изразува својата благодарност до #JDIFF и сите наши поддржувачи!
Ова е дебитански игран филм на режисерот Игор Алексов „ Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „ Браќа Манаки“. Филмот е по сценарио на Александар Русјаков, а главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска. Работен е како македонско–српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, копродуценти се и „Дрим фектори Македонија“, како и српската „Терирем“. Филмот е подржан од Агенцијата за филм на Македонија. Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот. Во филмот играат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а истиот е во режија на Игор Алексов.

The post Награда за најдобар долгометражен филм на Julien Dubuque International Film Festival за македонскиот филм „Лена и Владимир“ appeared first on Република.

]]>
Скопска премиера на „Лена и Владимир“ на Игор Алексов https://republika.mk/scena/film/skopska-premiera-na-lena-i-vladimir-na-igor-aleksov/ Thu, 19 Oct 2023 12:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=692878

Дебитанскиот игран филм на режисерот Игор Алексов „ Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „ Браќа Манаки“, вечерва во 20 часот ќе ја има и скопската премиера во киното „Синеплекс“. Филмот, кој е по сценарио на Александар Русјаков, ќе се прикажува и во „Милениум“, како и во други кина низ Македонија, како што се „Киноверзум“ во Штип и Велес.

Главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска.

Работен е како македонско–српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, копродуценти се и „Дрим фектори Македонија“, како и српската „Терирем“. Филмот е подржан од Агенцијата за филм на Македонија.

 

The post Скопска премиера на „Лена и Владимир“ на Игор Алексов appeared first on Република.

]]>

Дебитанскиот игран филм на режисерот Игор Алексов „ Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „ Браќа Манаки“, вечерва во 20 часот ќе ја има и скопската премиера во киното „Синеплекс“. Филмот, кој е по сценарио на Александар Русјаков, ќе се прикажува и во „Милениум“, како и во други кина низ Македонија, како што се „Киноверзум“ во Штип и Велес. Главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска. Работен е како македонско–српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, копродуценти се и „Дрим фектори Македонија“, како и српската „Терирем“. Филмот е подржан од Агенцијата за филм на Македонија.  

The post Скопска премиера на „Лена и Владимир“ на Игор Алексов appeared first on Република.

]]>