лекторат по македонски јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/lektorat-po-makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Dec 2023 08:32:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лекторат по македонски јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/lektorat-po-makedonski-jazik/ 32 32 Македонците во Србија бараат отворање Kатедра за македонски јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-vo-srbija-baraat-otvorane-katedra-za-makedonski-jazik/ Sun, 17 Dec 2023 08:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=723830

Србија и Македонија имаат најдобри можни „братски“ меѓусебни односи. Србија го признава македонското малцинство, неговиот идентитет, АСНОМ, македонското име, македонскиот јазик и култура. Во Србија живеат над 100.000 Македонци од кои според последниот попис само 14.767 лица се определе како Македонци. Тие имаат законска можност за остварување на своите права на културно, јазично, образовно и информативно поле. Но, во соседна Србија веќе 30 години нема Катедра за македонски јазик и Лекторат, ниту каков било високообразовен центар на кој ќе се изучува и афирмира македонистиката.

Од бројната македонска заедница во Србија со години апелираат, се прашуваат и бараат да се отвори Катедра за македонски јазик и Лекторат. Порачуваат дека го забораваат јазикот, го губат идентитетот, нема кој да ги преведува книгите на двата јазика, нема кој да предава во училиштата.

На иницијатива на интелектуалци, јавни работници, Македонци и Срби во Македонија и Србија, со апел на членовите на Друштвото на писателите на Македонија и Србија, универзитетски професори, бројната македонска заедница во Србија, студенти на факултетите, а во организација на Здружението на Македонците ПЕЛА од Сомбор се одржа состанок на Иницијативниот одбор за обнова на Лекторатот по македонски јазикт во Србија, преку одржување на Симпозиум за овој проблем како еден од начините да се започне со решавањето на проблемот со отсуството на Лекторатот по македонистика.

Еден од нив е и Виктор Шеќеровски, најпознат македонски писател и поет во Србија, издавач, покренувач и уредник на првиот македонски весник „Македонска Виделина“, списанието „Видело“, член е на Српското и на Македонското здружение на писатели, кој говори за овој „идентитетски“ проблем.

Лекторатот и катедрата по македонистика, како и отварањето на Културно-информативен центар на Македонија во Белград, се мошне потребни бидејќи ние како Македонци во Србија се помалку зборуваме македонски. Го забораваме нашиот јазик, а кога не го знаеме јазикот, како што рече Блаже Коневским јазикот е нашата таковина. Лекторатот треба да биде соодветно организиран и од Македонија и од Србија, нормално подржан и од нашите институции, меѓу кои и Националниот совет за македонско национално малцинство, како државна институција во Србија, вели Шеќеровски.

Тој посочува дека само во Белград живеат над 100.000 Македонци. Јабука беше најмакедонско место во Србија, сега само 36 отсто се изјаснуваат како Македонци. Во цела Србија само 14.767 се изјаснуваат како Македонци, прашувајќи воедно каде заминале сите тие Македонци.

Културите на Србија и Македонија и преведувањето од еден јазик на друг, ако нема лектори, ако нема луѓе што го знаат јазикот, тогаш тие култури не постојат. Со ова се девастира културата на двата народа. Затоа мора да постои Лекторат што ќе даде кадри за да го продолжат тоа што е битно за нашето постоење и за нашите културни доблести, кажа Шеќеровски.

Лилјана Соколовска, претседателката на здружението „Пела“ и еден од главните иницијатори вели дека недозволиво е во Белград, во соседна Србија, да нема Лекторат за македонски јазик.

Децата на нашите иселеници, се помалку, ќе го говорат, ќе го применуваат и ќе пишуваат на македонскиот јазик, доколку Македонија не се погрижи тоа и да им го овозможи, вели Соколовска.

Таа, по испратените барања до повеќе институции во Македонија и во Србија, за поддршка за одржување Симпозиум кој би ги лоцирал проблемите и овозможил начини за решавање на овој проблем, позитивен одговор добила само од градот Сомбор.

Меѓу обидите на Македонците во Србија е да го сочувааат идентитетот и својот јазик. Без јазикот ниту еден народ не постои и тој е главен елемент на секој национален идентиитет. Во Србија над 30 години нема Лекторат по македонски јазик. Група на интелектуалци од Србија и од Македонија ја обновија потребата за обнова на Лекторатот и таа иницијална група со својот апел ја прифативме и ние македонците во Сомбор и така го создадовме Иницијативниот одбор за обнова на Лекторатот и Катедра за Македонски јазик.

За да ги испитаме можностите за негова обнова планиравме одржување на Симпозиум за овој проблем како еден од начините да се започне со негово решавање, со учество на преставници од образовниот, културниот, политики живот на двете држави, Универзитетите, студентите и имавме подршка од повеќето од нив, меѓу кои, најмногу од Друштвата на писатели на двете држави, како и од нашата амбасада во Белград.

Но, од сите институции и министерства во Србија и од МНР на Македонија за финансиска подршка за одржување на овој Симпозиум, не добивме позитивен одговор. Единствено градот Сомбор ни даде финансиска подршка, вели Соколовска, упатувајќи апел до надлежните да помогнат во отварањето на Лекторатот.

За негово отварање е заинтересирана и Србија, која не ја проблематизира оваа тема, напротив, постои заинтересираност кај високообразовните институции, барање од друштвата на писатели, издавачите, преведувачите, институциите на културата и образованието, студентите за отварање на македонски лекторат и изучување на македонскиот јазик и култура.

Македонци овде има и нормално е и тие да можат да го изучуваат својот јазик. Јас студирав Филолошки факултет и полагав македонска книжевност, но изучување на македонски јазик не постои на Филолошкиот факултет, како што е случај со останатите малцинства во Србија. Има голема потреба од изучувањето на македонскиот јазик, затоа што на многумина не им е познато - македонскиот јазик постои, а неговото постоење е интегритет на еден народ. Би го цитирал Павле Ивиќ кој кажа дека македонскиот јазик е најубавиот јазик на светот. Па зошто да не се изучува овој јазик и во Србија. И Русите кажаа дека најдобро преведени песни се само на македонски јазик, вели Миленко Поповиќ, професор по српска книжевност.

Скопје и Белград се одалечени 420 километри, мало растојание, а голема потреба за решавање на овој „идентитетски“ проблем и излегувањето во пресрет на апелот на македонската заедница во Србија за отворање високообразовен центар на кој ќе се изучува и афирмира македонистиката.

The post Македонците во Србија бараат отворање Kатедра за македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Србија и Македонија имаат најдобри можни „братски“ меѓусебни односи. Србија го признава македонското малцинство, неговиот идентитет, АСНОМ, македонското име, македонскиот јазик и култура. Во Србија живеат над 100.000 Македонци од кои според последниот попис само 14.767 лица се определе како Македонци. Тие имаат законска можност за остварување на своите права на културно, јазично, образовно и информативно поле. Но, во соседна Србија веќе 30 години нема Катедра за македонски јазик и Лекторат, ниту каков било високообразовен центар на кој ќе се изучува и афирмира македонистиката. Од бројната македонска заедница во Србија со години апелираат, се прашуваат и бараат да се отвори Катедра за македонски јазик и Лекторат. Порачуваат дека го забораваат јазикот, го губат идентитетот, нема кој да ги преведува книгите на двата јазика, нема кој да предава во училиштата. На иницијатива на интелектуалци, јавни работници, Македонци и Срби во Македонија и Србија, со апел на членовите на Друштвото на писателите на Македонија и Србија, универзитетски професори, бројната македонска заедница во Србија, студенти на факултетите, а во организација на Здружението на Македонците ПЕЛА од Сомбор се одржа состанок на Иницијативниот одбор за обнова на Лекторатот по македонски јазикт во Србија, преку одржување на Симпозиум за овој проблем како еден од начините да се започне со решавањето на проблемот со отсуството на Лекторатот по македонистика. Еден од нив е и Виктор Шеќеровски, најпознат македонски писател и поет во Србија, издавач, покренувач и уредник на првиот македонски весник „Македонска Виделина“, списанието „Видело“, член е на Српското и на Македонското здружение на писатели, кој говори за овој „идентитетски“ проблем.
Лекторатот и катедрата по македонистика, како и отварањето на Културно-информативен центар на Македонија во Белград, се мошне потребни бидејќи ние како Македонци во Србија се помалку зборуваме македонски. Го забораваме нашиот јазик, а кога не го знаеме јазикот, како што рече Блаже Коневским јазикот е нашата таковина. Лекторатот треба да биде соодветно организиран и од Македонија и од Србија, нормално подржан и од нашите институции, меѓу кои и Националниот совет за македонско национално малцинство, како државна институција во Србија, вели Шеќеровски.
Тој посочува дека само во Белград живеат над 100.000 Македонци. Јабука беше најмакедонско место во Србија, сега само 36 отсто се изјаснуваат како Македонци. Во цела Србија само 14.767 се изјаснуваат како Македонци, прашувајќи воедно каде заминале сите тие Македонци.
Културите на Србија и Македонија и преведувањето од еден јазик на друг, ако нема лектори, ако нема луѓе што го знаат јазикот, тогаш тие култури не постојат. Со ова се девастира културата на двата народа. Затоа мора да постои Лекторат што ќе даде кадри за да го продолжат тоа што е битно за нашето постоење и за нашите културни доблести, кажа Шеќеровски.
Лилјана Соколовска, претседателката на здружението „Пела“ и еден од главните иницијатори вели дека недозволиво е во Белград, во соседна Србија, да нема Лекторат за македонски јазик.
Децата на нашите иселеници, се помалку, ќе го говорат, ќе го применуваат и ќе пишуваат на македонскиот јазик, доколку Македонија не се погрижи тоа и да им го овозможи, вели Соколовска.
Таа, по испратените барања до повеќе институции во Македонија и во Србија, за поддршка за одржување Симпозиум кој би ги лоцирал проблемите и овозможил начини за решавање на овој проблем, позитивен одговор добила само од градот Сомбор.
Меѓу обидите на Македонците во Србија е да го сочувааат идентитетот и својот јазик. Без јазикот ниту еден народ не постои и тој е главен елемент на секој национален идентиитет. Во Србија над 30 години нема Лекторат по македонски јазик. Група на интелектуалци од Србија и од Македонија ја обновија потребата за обнова на Лекторатот и таа иницијална група со својот апел ја прифативме и ние македонците во Сомбор и така го создадовме Иницијативниот одбор за обнова на Лекторатот и Катедра за Македонски јазик.   За да ги испитаме можностите за негова обнова планиравме одржување на Симпозиум за овој проблем како еден од начините да се започне со негово решавање, со учество на преставници од образовниот, културниот, политики живот на двете држави, Универзитетите, студентите и имавме подршка од повеќето од нив, меѓу кои, најмногу од Друштвата на писатели на двете држави, како и од нашата амбасада во Белград.   Но, од сите институции и министерства во Србија и од МНР на Македонија за финансиска подршка за одржување на овој Симпозиум, не добивме позитивен одговор. Единствено градот Сомбор ни даде финансиска подршка, вели Соколовска, упатувајќи апел до надлежните да помогнат во отварањето на Лекторатот.
За негово отварање е заинтересирана и Србија, која не ја проблематизира оваа тема, напротив, постои заинтересираност кај високообразовните институции, барање од друштвата на писатели, издавачите, преведувачите, институциите на културата и образованието, студентите за отварање на македонски лекторат и изучување на македонскиот јазик и култура.
Македонци овде има и нормално е и тие да можат да го изучуваат својот јазик. Јас студирав Филолошки факултет и полагав македонска книжевност, но изучување на македонски јазик не постои на Филолошкиот факултет, како што е случај со останатите малцинства во Србија. Има голема потреба од изучувањето на македонскиот јазик, затоа што на многумина не им е познато - македонскиот јазик постои, а неговото постоење е интегритет на еден народ. Би го цитирал Павле Ивиќ кој кажа дека македонскиот јазик е најубавиот јазик на светот. Па зошто да не се изучува овој јазик и во Србија. И Русите кажаа дека најдобро преведени песни се само на македонски јазик, вели Миленко Поповиќ, професор по српска книжевност.
Скопје и Белград се одалечени 420 километри, мало растојание, а голема потреба за решавање на овој „идентитетски“ проблем и излегувањето во пресрет на апелот на македонската заедница во Србија за отворање високообразовен центар на кој ќе се изучува и афирмира македонистиката.

The post Македонците во Србија бараат отворање Kатедра за македонски јазик appeared first on Република.

]]>
На Универзитетот во Тирана повторно ќе се отвори Лекторат по македонски јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/na-univerzitetot-vo-tirana-povtorno-ke-se-otvori-lektorat-po-makedonski-jazik/ Sun, 27 Aug 2023 19:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=676480

Историски ден за Македонците во Република Албанија.

Барањето поднесено од Македонското друштво „Илинден“ - Тирана за повторно активирање на лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана е прифатено и во новата академска година 2023- 2024 ќе почне лекторатот по македонски јазик.

Голема благодарност до Унверзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Меѓународниот семинар за јазик, литература и култура македонски и селокупната подршката од директорката, проф. Весна Мосова – Чепишевска. Во исто време, голема благодарност до Универзитетот во Тирана и деканката на Факултетот за странски јазици проф. д-р Есмералда Кромида, порачуваат од здружението.

The post На Универзитетот во Тирана повторно ќе се отвори Лекторат по македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Историски ден за Македонците во Република Албанија. Барањето поднесено од Македонското друштво „Илинден“ - Тирана за повторно активирање на лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана е прифатено и во новата академска година 2023- 2024 ќе почне лекторатот по македонски јазик.
Голема благодарност до Унверзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Меѓународниот семинар за јазик, литература и култура македонски и селокупната подршката од директорката, проф. Весна Мосова – Чепишевска. Во исто време, голема благодарност до Универзитетот во Тирана и деканката на Факултетот за странски јазици проф. д-р Есмералда Кромида, порачуваат од здружението.

The post На Универзитетот во Тирана повторно ќе се отвори Лекторат по македонски јазик appeared first on Република.

]]>
МД „Илинден“ достави барање во Тирана за реактивирање на лекторатот по македонски јазик https://republika.mk/vesti/balkan/md-ilinden-dostavi-barane-vo-tirana-za-reaktivirane-na-lektoratot-po-makedonski-jazik/ Fri, 16 Jun 2023 18:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=652221

Македонското друштво „Илинден“ - Тирана продолжува со иницијативата што ја започна за реактивирање на лекторатот по македонски јазик во Тирана.

-Денеска доставивме официјално барање до проф. д-р Есмералда Кромида, декан на Факултетот за странски јазици, за реактивирање на лекторатот, кој функционираше до пред десетина години. Меѓу другото во барањето го нагласуваме големо значење за македонското национално малцинство во Република Албанија и во исто време е корисно за албанското општество да се запознае со македонскиот јазик, литература и култура, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Исто така во документот стои дека  друштвото на 28 ноември минатата  година испратило барање до Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, како и до Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и директорката, проф. д-р Весна Мојсова - Чепишевска за поддршка и оти веќе е добиен позитивен одговор.

-Наведуваме дека Македонското друштво „Илинден“-Тирана е регистрирано на 6 февруари 2009 година во Судот во Тирана. Неговата мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и зачувување на јазикот и образованието на македонски мајчин јазик. Искрено се надеваме на позитивен одговор, вели Ѓурѓај.

Според него, постои огромен интерес за македонистиката од страна на новите генерации на македонската заедница.

-Постои интерес и од страна на огромен број студенти што студираат на овој факултет во Тирана да можат да го изучуваат и македонскиот јазик. Но, битно е да се подвлече дека овој лекторат би бил клучен за унапредување на културните врски меѓу двата народа и двете држави, за развивање на добрососедските односи и за градење нови мостови на соработка меѓу македонската и албанската академска научна средина, нагласува Ѓурѓај.

Во рамки на активностите на овој план, на 20 мај во просториите на Деканатот на Факултетот за странски јазици македонскиот амбасадор Данчо Марковски и  Мојсова - Чепишевска имаа средба со деканот Кромида и продеканот проф. д-р Дрита Рира, одговорна за меѓународна соработка.

The post МД „Илинден“ достави барање во Тирана за реактивирање на лекторатот по македонски јазик appeared first on Република.

Во Тирана се забрзуваат постапките за повторно отворање на лекторат по македонски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/vo-tirana-se-zabrzuvaat-postapkite-za-povtorno-otvorane-na-lektorat-po-makedonski-jazik/ Sat, 20 May 2023 14:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=643001

„Иницијативата повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, по заложбите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), веќе се забрзува, со сигурни чекори. Интерес, подготвеност и подадена рака за вложување во перспективите на македонистиката во Албанија, сега има и од тиранскиот Факултет за странски јазици, со желба токму Лекторатот по македонски јазик да е централна точка на натамошната соработка и на развивањето на врските меѓу двете академски заедници – македонската и албанската. Заложбите постануваат взаемни и се засилуваат, што е клучно за иницијативата да се оствари до крај“, велат од МСМЈПК при УКИМ.

На 19 мај оваа година, во Тирана се одржа работен состанок на директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, деканката на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, проф. д-р Есмералда Кромида, продеканката за меѓународна соработка, проф. д-р Дрита Рира и македонскиот амбасадор во Албанија, Н.Е. Данчо Марковски. Состанокот во целост беше посветен на перспективите на македонистиката, а следеше откако МСМЈЛК при УКИМ веќе ги има остварено и сите чекори пред македонските институции за да се создадат услови за избор на лектор кој ќе ја изведува наставата по македонски јазик во Тирана, односно за обезбедување финансиски средства за функционирање на Лекторатот.

„Македонскиот јазик, литература и култура да се изучуваат на повеќето универзитетски центри во културните и академски средини каде што има интерес за македонитиката – ова е наша цел и определба за чиешто остварување секојдневно работиме. Затоа, имајќи го предвид забележливиот интерес за македонистиката и во Албанија, каде македонската заедница е втора по бројност меѓу малцинствата и каде преку друштвото „Илинден“ беше истакната потребата од факултетска настава по македонистика, изминатиов период толку силно се залагаме иницијативата за повторно отворање на Лекторатот да се оствари, со цел да се овозможи студентите кои студираат јазици на Универзитет во Тирана да можат да го изучуваат и македонскиот јазик. Но, мора да се има предвид дека за да се оствари секоја ваква иницијатива, неопходно е да има интерес и желба и подготвеност за соработка и од Универзитетот, односно Факултетот на кој треба да функционира лекторатот. Оттука, клучно е што по заложбите изминатиот период, оваа иницијатива ја прифааат и колегите од тиранскиот Факултет за странски јазици, затоа што без тоа, објективно, целосното остварување на иницијативата би било невозможно или многу потешко остварливо. Се надевам дека со овој работен состанок, заеднички започнавме едно важно и убаво поглавје на развојот на македонистиката и во Албанија, кое посакуваме да биде пример и за другите иницијативи за присуство на македонистиката на странски универзитети за кои се залагаме“, нагласи директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска, по работниот состанок.

Според неа, уште поважно е што на состанокот, во дискусиите се согледа дека прифаќањето на оваа иницијатива е со взаемна подготвеност не само за повторно отпочнување настава по македонски јазик, туку и за заеднички натамошни заложби за афирмација на македонистиката во Тирана и за постојано развивање на соработката, што како што напоменува, може да резултира со брз развој на Лекторатот.

На состанокот е констатирано дека е потребно да се овозможи македонскиот јазик, во Тирана да го изучуваат сите тамошни студенти кои одлучиле или ќе одлучат да се посветат на изучувањето на словенските или балканските јазици и на почетокот, наставата да се одвива во два, па потоа и во четири семестри. Ама и да не се запре тука, туку понатаму да се продолжи и со предметни програми за македонска литература и култура и со заеднички вложувања постепено да се создаваат услови на Факултетот да има и посебен студиум по македонистика.

„Откако веќе цврсто си подадовме рака за соработка со колегите од Тирана, со решеност и таму да се развива македонистиката и откако активностите веќе имаат поддршка и од нашата амбасада со цел Лекторатот да биде средиште на афирмацијата на македонистиката во тамошната академска средина, веќе се остварени клучните предуслови за повторно отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана. По добивањето одговор на барањето упатено од УКИМ до надлежните македонски институции, кој искрено верувам дека ќе биде позитивен за да може да се избере и испрати лектор, Лекторатот ќе може да почне да функционира, со настава по македонски јазик за сите заинтересирани студенти“, истакнува Мојсова-Чепишевска.

Таа напоменува дека одделно важно е што зад иницијативата за повторно отворање на Лекторатот по македонски јазик во Тирана, со поддршка и дипломатски заложби застана и македонската амбасада, пред сè амбасадорот Данчо Марковски, кој се заложи и за работниот состанок, но и на самиот состанок на Факултетот за странски јазици. Имено Н.Е. Марковски беше македонски амбасадор и во 2008 година кога на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека се отвори и Лекторатот по македонски јазик за кој оваа година на 10 и 11 мај се одбележа мала по години, но голема по значење – 15-годишнина од неговото работење. А, присуството и развивањето на македонистиката на странските универзитети, според Мојсова-Чепишевска, секогаш треба да е државен приоритет.

По одржаниот состанок, на Факултетот за странски јазици во Тирана му беа подарени повеќе изданија на МСМЈЛК при УКИМ – учебници и зборници со предавања и научни трудови за македонскиот јазик, литература и култура, со кои веќе ќе почне да се оформува македонистички дел во фондот на факултетската библиотека, достапен за сите студенти и професори на Факултетот.

Инаку, иницијативата за повторно отворање на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана, кој запрел со работа пред нешто повеќе од десеттина години, се покрена во декември минатата година, на состанок на МСМЈЛК при УКИМ и Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Како што беше напоменато и тогаш, по работната средба меѓу директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска и претседателот на Друштвото, Никола Ѓурѓај, овој лекторат би придонел не само за присуството на македонистиката во албанската академска средина, туку и за содејство во развојот и на македонската и на албанската филологија, затоа што со добри познавачи на двата јазика во двете земји ќе може да се остварат и заеднички чекори во унапредувањето на балканистиката. Едновремено, како што беше напоменато од страна на сите присутни, и од албанската страна, претставени преку деканката и продеканката на Факултетот за странски јазици, проф. д-р Есмералда Кромида и проф. д-р Дрита Рира, и од македонската страна, од амбасадорот. Данчо Марковски и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, со работата на Лекторатот би се отвориле перспективи и за заеднички научноистражувачки проекти на двата универзита, но и за нови активности во областа на образованието и културата кои ќе овозможат нови синтези меѓу двата народа.

The post Во Тирана се забрзуваат постапките за повторно отворање на лекторат по македонски јазик appeared first on Република.

]]>

„Иницијативата повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, по заложбите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), веќе се забрзува, со сигурни чекори. Интерес, подготвеност и подадена рака за вложување во перспективите на македонистиката во Албанија, сега има и од тиранскиот Факултет за странски јазици, со желба токму Лекторатот по македонски јазик да е централна точка на натамошната соработка и на развивањето на врските меѓу двете академски заедници – македонската и албанската. Заложбите постануваат взаемни и се засилуваат, што е клучно за иницијативата да се оствари до крај“, велат од МСМЈПК при УКИМ. На 19 мај оваа година, во Тирана се одржа работен состанок на директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, деканката на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, проф. д-р Есмералда Кромида, продеканката за меѓународна соработка, проф. д-р Дрита Рира и македонскиот амбасадор во Албанија, Н.Е. Данчо Марковски. Состанокот во целост беше посветен на перспективите на македонистиката, а следеше откако МСМЈЛК при УКИМ веќе ги има остварено и сите чекори пред македонските институции за да се создадат услови за избор на лектор кој ќе ја изведува наставата по македонски јазик во Тирана, односно за обезбедување финансиски средства за функционирање на Лекторатот. „Македонскиот јазик, литература и култура да се изучуваат на повеќето универзитетски центри во културните и академски средини каде што има интерес за македонитиката – ова е наша цел и определба за чиешто остварување секојдневно работиме. Затоа, имајќи го предвид забележливиот интерес за македонистиката и во Албанија, каде македонската заедница е втора по бројност меѓу малцинствата и каде преку друштвото „Илинден“ беше истакната потребата од факултетска настава по македонистика, изминатиов период толку силно се залагаме иницијативата за повторно отворање на Лекторатот да се оствари, со цел да се овозможи студентите кои студираат јазици на Универзитет во Тирана да можат да го изучуваат и македонскиот јазик. Но, мора да се има предвид дека за да се оствари секоја ваква иницијатива, неопходно е да има интерес и желба и подготвеност за соработка и од Универзитетот, односно Факултетот на кој треба да функционира лекторатот. Оттука, клучно е што по заложбите изминатиот период, оваа иницијатива ја прифааат и колегите од тиранскиот Факултет за странски јазици, затоа што без тоа, објективно, целосното остварување на иницијативата би било невозможно или многу потешко остварливо. Се надевам дека со овој работен состанок, заеднички започнавме едно важно и убаво поглавје на развојот на македонистиката и во Албанија, кое посакуваме да биде пример и за другите иницијативи за присуство на македонистиката на странски универзитети за кои се залагаме“, нагласи директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска, по работниот состанок. Според неа, уште поважно е што на состанокот, во дискусиите се согледа дека прифаќањето на оваа иницијатива е со взаемна подготвеност не само за повторно отпочнување настава по македонски јазик, туку и за заеднички натамошни заложби за афирмација на македонистиката во Тирана и за постојано развивање на соработката, што како што напоменува, може да резултира со брз развој на Лекторатот. На состанокот е констатирано дека е потребно да се овозможи македонскиот јазик, во Тирана да го изучуваат сите тамошни студенти кои одлучиле или ќе одлучат да се посветат на изучувањето на словенските или балканските јазици и на почетокот, наставата да се одвива во два, па потоа и во четири семестри. Ама и да не се запре тука, туку понатаму да се продолжи и со предметни програми за македонска литература и култура и со заеднички вложувања постепено да се создаваат услови на Факултетот да има и посебен студиум по македонистика. „Откако веќе цврсто си подадовме рака за соработка со колегите од Тирана, со решеност и таму да се развива македонистиката и откако активностите веќе имаат поддршка и од нашата амбасада со цел Лекторатот да биде средиште на афирмацијата на македонистиката во тамошната академска средина, веќе се остварени клучните предуслови за повторно отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана. По добивањето одговор на барањето упатено од УКИМ до надлежните македонски институции, кој искрено верувам дека ќе биде позитивен за да може да се избере и испрати лектор, Лекторатот ќе може да почне да функционира, со настава по македонски јазик за сите заинтересирани студенти“, истакнува Мојсова-Чепишевска. Таа напоменува дека одделно важно е што зад иницијативата за повторно отворање на Лекторатот по македонски јазик во Тирана, со поддршка и дипломатски заложби застана и македонската амбасада, пред сè амбасадорот Данчо Марковски, кој се заложи и за работниот состанок, но и на самиот состанок на Факултетот за странски јазици. Имено Н.Е. Марковски беше македонски амбасадор и во 2008 година кога на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека се отвори и Лекторатот по македонски јазик за кој оваа година на 10 и 11 мај се одбележа мала по години, но голема по значење – 15-годишнина од неговото работење. А, присуството и развивањето на македонистиката на странските универзитети, според Мојсова-Чепишевска, секогаш треба да е државен приоритет. По одржаниот состанок, на Факултетот за странски јазици во Тирана му беа подарени повеќе изданија на МСМЈЛК при УКИМ – учебници и зборници со предавања и научни трудови за македонскиот јазик, литература и култура, со кои веќе ќе почне да се оформува македонистички дел во фондот на факултетската библиотека, достапен за сите студенти и професори на Факултетот. Инаку, иницијативата за повторно отворање на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана, кој запрел со работа пред нешто повеќе од десеттина години, се покрена во декември минатата година, на состанок на МСМЈЛК при УКИМ и Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Како што беше напоменато и тогаш, по работната средба меѓу директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска и претседателот на Друштвото, Никола Ѓурѓај, овој лекторат би придонел не само за присуството на македонистиката во албанската академска средина, туку и за содејство во развојот и на македонската и на албанската филологија, затоа што со добри познавачи на двата јазика во двете земји ќе може да се остварат и заеднички чекори во унапредувањето на балканистиката. Едновремено, како што беше напоменато од страна на сите присутни, и од албанската страна, претставени преку деканката и продеканката на Факултетот за странски јазици, проф. д-р Есмералда Кромида и проф. д-р Дрита Рира, и од македонската страна, од амбасадорот. Данчо Марковски и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, со работата на Лекторатот би се отвориле перспективи и за заеднички научноистражувачки проекти на двата универзита, но и за нови активности во областа на образованието и културата кои ќе овозможат нови синтези меѓу двата народа.

The post Во Тирана се забрзуваат постапките за повторно отворање на лекторат по македонски јазик appeared first on Република.

]]>