Лекарска комора на Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/lekarska-komora-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 11:02:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лекарска комора на Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/lekarska-komora-na-makedonija/ 32 32 Лекарската комора чека на решение од министерот Таравари за смртта на 14-месечното девојче и потоа ќе постапува за евентуална лекарска грешка https://republika.mk/zivot/zdravje/lekarskata-komora-cheka-na-reshenie-od-ministerot-taravari-za-smrtta-na-14-mesechnoto-devojche-i-potoa-ke-postapuva-za-eventualna-lekarska-greshka/ Fri, 18 Oct 2024 11:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=828417

Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора на Македонија нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен, се вели во соопштението на Лекарската комора испратено до медиумите.

На 5 октомври почина 14-месечно девојче на Клиниката за детски болести во Скопје. Девојчето било одбиено за хоспитализација на Клиниката за детски болести, а потоа било примено во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, кои подоцна го префрлиле на Клиниката за детски болести.

Министерот за здравство формира Комисија за стручен надзор во врска со лекувањето на 14-месечното девојче која констатирала задоцнета кислородната поддршка кај 14-месечното бебе кое почина од бронхопневмонија на 5 октомври на Детската клиника во Скопје и превид во проценката за негова хоспитализација.

Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потреба од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката на 3 октомври годинава, а во Козле е констатирана ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот“, изјави претходно министерот за здравски Арбен Тараври.

Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со Министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите.

Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство. Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај.

Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни, се вели во соопштението на Лекарската комора.

The post Лекарската комора чека на решение од министерот Таравари за смртта на 14-месечното девојче и потоа ќе постапува за евентуална лекарска грешка appeared first on Република.

]]>

Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора на Македонија нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен, се вели во соопштението на Лекарската комора испратено до медиумите. На 5 октомври почина 14-месечно девојче на Клиниката за детски болести во Скопје. Девојчето било одбиено за хоспитализација на Клиниката за детски болести, а потоа било примено во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, кои подоцна го префрлиле на Клиниката за детски болести. Министерот за здравство формира Комисија за стручен надзор во врска со лекувањето на 14-месечното девојче која констатирала задоцнета кислородната поддршка кај 14-месечното бебе кое почина од бронхопневмонија на 5 октомври на Детската клиника во Скопје и превид во проценката за негова хоспитализација.
Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потреба од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката на 3 октомври годинава, а во Козле е констатирана ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот“, изјави претходно министерот за здравски Арбен Тараври.
Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со Министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите.
Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство. Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај. Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни, се вели во соопштението на Лекарската комора.

The post Лекарската комора чека на решение од министерот Таравари за смртта на 14-месечното девојче и потоа ќе постапува за евентуална лекарска грешка appeared first on Република.

]]>
Лекарска комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во „Железара“ https://republika.mk/vesti/makedonija/lekarska-komora-ostro-go-osuduva-ubistvoto-na-doktor-shto-se-sluchi-sinoka-vo-zhelezara/ Fri, 22 Mar 2024 10:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=757368

Лекарската комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во скопската населба Железара, што предизвика силна вознемиреност кај докторската фела.

Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат, се вели во соопштението на Лекарска комора.

Загубата на човечки живот секогаш е тешка, но трагедијата е многу поголема кога тоа е направано на насилен начин. Загубата на доктор е и загуба за целиот здравствен систем.
Лекарската комора изразува длабоко сочувство до семејството и блиските и останува будно да го следи развојот на настаните и соодветно да реагира.

The post Лекарска комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во „Железара“ appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во скопската населба Железара, што предизвика силна вознемиреност кај докторската фела.
Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат, се вели во соопштението на Лекарска комора.
Загубата на човечки живот секогаш е тешка, но трагедијата е многу поголема кога тоа е направано на насилен начин. Загубата на доктор е и загуба за целиот здравствен систем. Лекарската комора изразува длабоко сочувство до семејството и блиските и останува будно да го следи развојот на настаните и соодветно да реагира.

The post Лекарска комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во „Железара“ appeared first on Република.

]]>
78 отсто од докторите биле изложени на насилство на работно место, а 70 отсто од нападите не се пријавени во полиција https://republika.mk/zivot/zdravje/78-otsto-od-doktorite-bile-izlozheni-na-nasilstvo-na-rabotno-mesto-a-70-otsto-od-napadite-ne-se-prijaveni-vo-politsija/ Tue, 12 Mar 2024 11:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=753984

Во анкета спроведена од Лекарската комора пред две години 78 отсто од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место. Од нив, 80 отсто биле изложени на вербално насилство, додека 6.8 отсто доживеале физичко насилство. Речиси 70 проценти од нападите воопшто не се пријавени, соопшти денеска Лекарската комора на Македонија (ЛКМ).

Денеска, на 12 март се одбележува Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници.

Според Комората, насилството врз здравствени работници добива на интензитет, а за негово сузбивање се потребни системски решенија што ќе бидат имплементирани на национално ниво и на ниво на здравствени установи.

Лекарската комора го смета за неприфатлив секој облик на насилство врз лекарите и другите здравствени работници, без оглед дали се работи за физичко или вербално насилство и без оглед од кого или од каде доаѓа. Сите треба да инсистираме на нула толеранција кон секаков вид на агресивно или насилно однесување и без исклучок треба да го пријавуваме. Неопходно е лекарите да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да можат непречено да ги лекуваат пациентите. Лекарите и пациентите се дел од иста целина и само со меѓусебно почитување и градење на доверба може да дојдат до заедничката цел, излекување“, истакнува проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарска комора.

На иницијатива и залагање на Лекарската комора во 2023 година се направени измени на Кривичниот законик со што насилството врз здравствените работници е насилство спрема службени лица и претставува кривично дело. Со тоа делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар при вршење на професионалните работни задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор.

Комората апелира лекарите насилните инциденти да ги пријават во полиција, а потоа информација да достават и во Комора. Комората ги прибира овие податоци со цел да може да го следи постапувањето на надлежните институции, но и да се предлагаат мерки и политики за надминување на проблемот.

Во 2017 година во соработка со другите медицински комори како и Министерството за здравство беше потпишан Декларација – Стоп за насилството врз здравствените работници. Едно од начелата во Декларацијата беше да се изработат стратегии и планови на национално ниво и на ниво на здравствени установи за спречување на насилството врз здравствени работници. Друга предвидена активност со Декларацијата беше да се обезбеди систем од Владата и здравствените установи преку кој ќе се документираат сите инциденти на насилство во здравството. Комората ги охрабрува надлежните институции да ја забрзаат реализацијата на активностите кои ги предвидува оваа Декларација, бидејќи единствено безбедна средина во која се даваат здравствените услуги гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите.

The post 78 отсто од докторите биле изложени на насилство на работно место, а 70 отсто од нападите не се пријавени во полиција appeared first on Република.

]]>

Во анкета спроведена од Лекарската комора пред две години 78 отсто од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место. Од нив, 80 отсто биле изложени на вербално насилство, додека 6.8 отсто доживеале физичко насилство. Речиси 70 проценти од нападите воопшто не се пријавени, соопшти денеска Лекарската комора на Македонија (ЛКМ). Денеска, на 12 март се одбележува Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници. Според Комората, насилството врз здравствени работници добива на интензитет, а за негово сузбивање се потребни системски решенија што ќе бидат имплементирани на национално ниво и на ниво на здравствени установи.
Лекарската комора го смета за неприфатлив секој облик на насилство врз лекарите и другите здравствени работници, без оглед дали се работи за физичко или вербално насилство и без оглед од кого или од каде доаѓа. Сите треба да инсистираме на нула толеранција кон секаков вид на агресивно или насилно однесување и без исклучок треба да го пријавуваме. Неопходно е лекарите да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да можат непречено да ги лекуваат пациентите. Лекарите и пациентите се дел од иста целина и само со меѓусебно почитување и градење на доверба може да дојдат до заедничката цел, излекување“, истакнува проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарска комора.
На иницијатива и залагање на Лекарската комора во 2023 година се направени измени на Кривичниот законик со што насилството врз здравствените работници е насилство спрема службени лица и претставува кривично дело. Со тоа делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар при вршење на професионалните работни задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор. Комората апелира лекарите насилните инциденти да ги пријават во полиција, а потоа информација да достават и во Комора. Комората ги прибира овие податоци со цел да може да го следи постапувањето на надлежните институции, но и да се предлагаат мерки и политики за надминување на проблемот. Во 2017 година во соработка со другите медицински комори како и Министерството за здравство беше потпишан Декларација – Стоп за насилството врз здравствените работници. Едно од начелата во Декларацијата беше да се изработат стратегии и планови на национално ниво и на ниво на здравствени установи за спречување на насилството врз здравствени работници. Друга предвидена активност со Декларацијата беше да се обезбеди систем од Владата и здравствените установи преку кој ќе се документираат сите инциденти на насилство во здравството. Комората ги охрабрува надлежните институции да ја забрзаат реализацијата на активностите кои ги предвидува оваа Декларација, бидејќи единствено безбедна средина во која се даваат здравствените услуги гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите.

The post 78 отсто од докторите биле изложени на насилство на работно место, а 70 отсто од нападите не се пријавени во полиција appeared first on Република.

]]>
Лекарската комора по обвинувањата за смрта на Јана: Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите https://republika.mk/vesti/makedonija/lekarska-komora-govorot-na-omraza-kon-lekarite-e-na-shteta-i-na-patsientite/ Mon, 26 Jun 2023 07:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=655123

Лекарската комора на РСМ ги осудува јавните вербални навреди, напади и притисоци врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за направена лекарска грешка, што се зачестено присутни во медиумите и социјалните мрежи. Апелираме да престане секојдневниот и голем притисок врз докторите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” - Битола, кој е присутен иако инспекцискиот и стручниот надзор, како и извештајот на Судска медицина не утврдија лекарски грешка и стручен пропуст во лекувањето и не е констатирана причинско - последична врска меѓу терапијата која била дадена на 5-годишната пациентка и исходот од лекувањето.

Во такви услови, целосно е неоправдано континуирано да се создава јавно мислење дека сите лекари во нашата земја, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно. Процесот на создавање на лекар трае долго време и бара посветеност, континуирано учење и залагање, што е голема инвестиција на самиот лекар, неговото семејство, но и на образовниот и здравствен систем. Истакнуваме дека најголем дел од лекарите професионално, одговорно, стручно и посветено секојдневно се грижат за здравјето на пациентите во условите кои постојат во здравствениот систем. Не постои доктор кој не сака да го излекува својот пациент.

Докторите, како најважен чинител на здравствениот систем, мора да бидат еднакво заштитени и почитувани без разлика дали се дел од јавното или приватно здравство, затоа што сите се образуваат на истите факултети и најчесто најголем дел од својот професионален развој го достигнуваат во јавните здравствени установи. Иако јавното здравство се соочува со предизвици во однос на расположливите ресурси, докторите од Клиничка болница во Битола, а и во сите други јавни здравствени установи, секојдневно се обидуваат да пронајдат начини како да се подобрат условите, да не се затвораат одделенија и да им се овозможи на пациентите подобра здравствена заштита со поголемо обострано разбирање и трпение. Неоправданиот притисок што се прави врз лекарите создава услови за нивно заминување од јавното здравство, што е примарно на штета на пациентите.

Лекарската комора ја истакнува и важноста, медиумите и новинарите кои влијаат врз креирање на општото јавно мислење да ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето за лекувањето на пациенти и да пренесуваат проверени информации од официјални извори, со почит кон пациентите и нивната приватност. Ширењето на шпекулации и до крај непотврдени информации прави поширока општествена штета.

Изразуваме жалење и разбирање за болката на пациентите и нивните семејства, но потенцираме дека состојбите нема да се подобрат со ширење говор на омраза кон лекарите и споделување на нестручни проценки и тврдења. Надлежните институции се единствени во земјата коишто даваат официјално, стручно мислење врз основ на факти и тие се единствен извор на точни и прецизни информации за настанатата состојба. За одржливост на здравствениот систем ја истакнуваме важноста лекарите и пациентите да ги почитуваат одлуките на институциите, а истите да постапуваат ажурно и кога ќе се утврди лекарска грешка, но и кога лекарот ќе биде неосновано напаѓан и обвинуван.

Лекарска Комора на РСМ

The post Лекарската комора по обвинувањата за смрта на Јана: Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора на РСМ ги осудува јавните вербални навреди, напади и притисоци врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за направена лекарска грешка, што се зачестено присутни во медиумите и социјалните мрежи. Апелираме да престане секојдневниот и голем притисок врз докторите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” - Битола, кој е присутен иако инспекцискиот и стручниот надзор, како и извештајот на Судска медицина не утврдија лекарски грешка и стручен пропуст во лекувањето и не е констатирана причинско - последична врска меѓу терапијата која била дадена на 5-годишната пациентка и исходот од лекувањето. Во такви услови, целосно е неоправдано континуирано да се создава јавно мислење дека сите лекари во нашата земја, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно. Процесот на создавање на лекар трае долго време и бара посветеност, континуирано учење и залагање, што е голема инвестиција на самиот лекар, неговото семејство, но и на образовниот и здравствен систем. Истакнуваме дека најголем дел од лекарите професионално, одговорно, стручно и посветено секојдневно се грижат за здравјето на пациентите во условите кои постојат во здравствениот систем. Не постои доктор кој не сака да го излекува својот пациент. Докторите, како најважен чинител на здравствениот систем, мора да бидат еднакво заштитени и почитувани без разлика дали се дел од јавното или приватно здравство, затоа што сите се образуваат на истите факултети и најчесто најголем дел од својот професионален развој го достигнуваат во јавните здравствени установи. Иако јавното здравство се соочува со предизвици во однос на расположливите ресурси, докторите од Клиничка болница во Битола, а и во сите други јавни здравствени установи, секојдневно се обидуваат да пронајдат начини како да се подобрат условите, да не се затвораат одделенија и да им се овозможи на пациентите подобра здравствена заштита со поголемо обострано разбирање и трпение. Неоправданиот притисок што се прави врз лекарите создава услови за нивно заминување од јавното здравство, што е примарно на штета на пациентите. Лекарската комора ја истакнува и важноста, медиумите и новинарите кои влијаат врз креирање на општото јавно мислење да ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето за лекувањето на пациенти и да пренесуваат проверени информации од официјални извори, со почит кон пациентите и нивната приватност. Ширењето на шпекулации и до крај непотврдени информации прави поширока општествена штета. Изразуваме жалење и разбирање за болката на пациентите и нивните семејства, но потенцираме дека состојбите нема да се подобрат со ширење говор на омраза кон лекарите и споделување на нестручни проценки и тврдења. Надлежните институции се единствени во земјата коишто даваат официјално, стручно мислење врз основ на факти и тие се единствен извор на точни и прецизни информации за настанатата состојба. За одржливост на здравствениот систем ја истакнуваме важноста лекарите и пациентите да ги почитуваат одлуките на институциите, а истите да постапуваат ажурно и кога ќе се утврди лекарска грешка, но и кога лекарот ќе биде неосновано напаѓан и обвинуван. Лекарска Комора на РСМ

The post Лекарската комора по обвинувањата за смрта на Јана: Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите appeared first on Република.

]]>
Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите https://republika.mk/vesti/makedonija/govorot-na-omraza-kon-lekarite-e-na-shteta-i-na-patsientite/ Mon, 26 Jun 2023 07:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=655112

Лекарската комора на РСМ ги осудува јавните вербални навреди, напади и притисоци врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за направена лекарска грешка, што се зачестено присутни во медиумите и социјалните мрежи.

Апелираме да престане секојдневниот и голем притисок врз докторите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” - Битола, кој е присутен иако инспекцискиот и стручниот надзор, како и извештајот на Судска медицина не утврдија лекарски грешка и стручен пропуст во лекувањето и не е констатирана причинско - последична врска меѓу терапијата која била дадена на 5-годишната пациентка и исходот од лекувањето.

Во такви услови, целосно е неоправдано континуирано да се создава јавно мислење дека сите лекари во нашата земја, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно. Процесот на создавање на лекар трае долго време и бара посветеност, континуирано учење и залагање, што е голема инвестиција на самиот лекар, неговото семејство, но и на образовниот и здравствен систем. Истакнуваме дека најголем дел од лекарите професионално, одговорно, стручно и посветено секојдневно се грижат за здравјето на пациентите во условите кои постојат во здравствениот систем. Не постои доктор кој не сака да го излекува својот пациент.

Докторите, како најважен чинител на здравствениот систем, мора да бидат еднакво заштитени и почитувани без разлика дали се дел од јавното или приватно здравство, затоа што сите се образуваат на истите факултети и најчесто најголем дел од својот професионален развој го достигнуваат во јавните здравствени установи. Иако јавното здравство се соочува со предизвици во однос на расположливите ресурси, докторите од Клиничка болница во Битола, а и во сите други јавни здравствени установи, секојдневно се обидуваат да пронајдат начини како да се подобрат условите, да не се затвораат одделенија и да им се овозможи на пациентите подобра здравствена заштита со поголемо обострано разбирање и трпение.

Неоправданиот притисок што се прави врз лекарите создава услови за нивно заминување од јавното здравство, што  е примарно на штета на пациентите.

Лекарската комора ја истакнува и важноста, медиумите и новинарите кои влијаат врз креирање на општото јавно мислење да ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето за лекувањето на пациенти и да пренесуваат проверени информации од официјални извори, со почит кон пациентите и нивната приватност. Ширењето на шпекулации и до крај непотврдени информации прави поширока општествена штета.

Изразуваме жалење и разбирање за болката на пациентите и нивните семејства, но потенцираме дека состојбите нема да се подобрат со ширење говор на омраза кон лекарите и споделување на нестручни проценки и тврдења. Надлежните институции се единствени во земјата коишто даваат официјално, стручно мислење врз основ на факти и тие се единствен извор на точни и прецизни информации за настанатата состојба. За одржливост на здравствениот систем ја истакнуваме важноста лекарите и пациентите да ги почитуваат одлуките на институциите, а истите да  постапуваат ажурно и кога ќе се утврди лекарска грешка, но и кога лекарот ќе биде неосновано напаѓан и обвинуван.

The post Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора на РСМ ги осудува јавните вербални навреди, напади и притисоци врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за направена лекарска грешка, што се зачестено присутни во медиумите и социјалните мрежи. Апелираме да престане секојдневниот и голем притисок врз докторите од ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” - Битола, кој е присутен иако инспекцискиот и стручниот надзор, како и извештајот на Судска медицина не утврдија лекарски грешка и стручен пропуст во лекувањето и не е констатирана причинско - последична врска меѓу терапијата која била дадена на 5-годишната пациентка и исходот од лекувањето.
Во такви услови, целосно е неоправдано континуирано да се создава јавно мислење дека сите лекари во нашата земја, вклучително и во болницата во Битола, работат нестручно и несовесно. Процесот на создавање на лекар трае долго време и бара посветеност, континуирано учење и залагање, што е голема инвестиција на самиот лекар, неговото семејство, но и на образовниот и здравствен систем. Истакнуваме дека најголем дел од лекарите професионално, одговорно, стручно и посветено секојдневно се грижат за здравјето на пациентите во условите кои постојат во здравствениот систем. Не постои доктор кој не сака да го излекува својот пациент.
Докторите, како најважен чинител на здравствениот систем, мора да бидат еднакво заштитени и почитувани без разлика дали се дел од јавното или приватно здравство, затоа што сите се образуваат на истите факултети и најчесто најголем дел од својот професионален развој го достигнуваат во јавните здравствени установи. Иако јавното здравство се соочува со предизвици во однос на расположливите ресурси, докторите од Клиничка болница во Битола, а и во сите други јавни здравствени установи, секојдневно се обидуваат да пронајдат начини како да се подобрат условите, да не се затвораат одделенија и да им се овозможи на пациентите подобра здравствена заштита со поголемо обострано разбирање и трпение. Неоправданиот притисок што се прави врз лекарите создава услови за нивно заминување од јавното здравство, што  е примарно на штета на пациентите.
Лекарската комора ја истакнува и важноста, медиумите и новинарите кои влијаат врз креирање на општото јавно мислење да ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето за лекувањето на пациенти и да пренесуваат проверени информации од официјални извори, со почит кон пациентите и нивната приватност. Ширењето на шпекулации и до крај непотврдени информации прави поширока општествена штета.
Изразуваме жалење и разбирање за болката на пациентите и нивните семејства, но потенцираме дека состојбите нема да се подобрат со ширење говор на омраза кон лекарите и споделување на нестручни проценки и тврдења. Надлежните институции се единствени во земјата коишто даваат официјално, стручно мислење врз основ на факти и тие се единствен извор на точни и прецизни информации за настанатата состојба. За одржливост на здравствениот систем ја истакнуваме важноста лекарите и пациентите да ги почитуваат одлуките на институциите, а истите да  постапуваат ажурно и кога ќе се утврди лекарска грешка, но и кога лекарот ќе биде неосновано напаѓан и обвинуван.

The post Говорот на омраза кон лекарите е на штета и на пациентите appeared first on Република.

]]>
Лекарска комора: Речиси 80 отсто од лекарите во земјава биле навредувани, малтретирани или удрени на работно место https://republika.mk/zivot/zdravje/lekarska-komora-rechisi-80-otsto-od-lekarite-vo-zemjava-bile-navreduvani-maltretirani-ili-udreni-na-rabotno-mesto/ Sun, 12 Mar 2023 15:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=618800

Светската здравствена организација известува дека до 38% од здравствените работници трпат физичко насилство во одреден момент од нивната кариера, а многу повеќе се изложени на вербална и онлајн злоупотреба, велат од Лекарската комора по повод одбележување на 12 Март, Европски ден против насилството врз здравствените работници, кој годинава се одбележува во четврти пат.

Во анкетата која Лекарската комора ја спроведе минатата година 77,9 отсто од лекарите кои го одговорија анкетниот прашалник одговориле дека доживеале физичко или вербално насилство на работното место во текот на работниот век. Од нив 79,9 отсто одговориле дека доживеале вербално насилство со викање и навредување, 34,5 отсто биле жртва на вербално насилство со закана дека ќе биде извршено и физичко насилство, 43 испитаници или 5,2 отсто биле изложени на физичко насилство без телесна повреда, а 13 испитаници или 1,6 отсто доживеале физичко насилство со телесна повреда.

Здравствените работници неопходно е да се чувствуваат безбедни на работното место, ослободени од притисокот за нивно загрозување, со цел да можат оптимално и квалитетно да ги извршуваат своите работни обврски и непречено да ги лекуваат пациентите, истакнува проф. д-р Калина Гривчева Стаределова, претседател на Лекарската комора.

Од Лекарска комора додаваат дека важен исчекор во оваа насока е усвојувањето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствие”. Со новите измени во Кривичниот законик е одредено дека делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар или друг здравствен работник при вршење на нивните професионални задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

The post Лекарска комора: Речиси 80 отсто од лекарите во земјава биле навредувани, малтретирани или удрени на работно место appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација известува дека до 38% од здравствените работници трпат физичко насилство во одреден момент од нивната кариера, а многу повеќе се изложени на вербална и онлајн злоупотреба, велат од Лекарската комора по повод одбележување на 12 Март, Европски ден против насилството врз здравствените работници, кој годинава се одбележува во четврти пат. Во анкетата која Лекарската комора ја спроведе минатата година 77,9 отсто од лекарите кои го одговорија анкетниот прашалник одговориле дека доживеале физичко или вербално насилство на работното место во текот на работниот век. Од нив 79,9 отсто одговориле дека доживеале вербално насилство со викање и навредување, 34,5 отсто биле жртва на вербално насилство со закана дека ќе биде извршено и физичко насилство, 43 испитаници или 5,2 отсто биле изложени на физичко насилство без телесна повреда, а 13 испитаници или 1,6 отсто доживеале физичко насилство со телесна повреда.