легализиран Archives - Република https://republika.mk/tema/legaliziran/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Aug 2022 19:33:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png легализиран Archives - Република https://republika.mk/tema/legaliziran/ 32 32 Зајкова: Лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-lazni-se-obvinuvanjata-na-vmro-dpmne/ Sat, 27 Aug 2022 19:33:08 +0000 https://republika.mk/?p=544797

За жал ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на политички артикулирана агенда и програма, која би била во интерес на граѓаните и на напредокот на нашата држава, продолжува со обидите преку политички дискредитации да добие некој политички поен, вели пратеничката од СДСМ Моника Зајкова.

Денешните напади од страна на Стоилковски против мене лично за имот кој не е моја сопственост и за кој немам никаков придонес, а притоа јасно се гледа дека е стекнат во периодот кога не сум била на избрана политичка функција, зборува само за очајноста на ДПМНЕ.

Преку лажни обвинувања кон мене, партијата чие седиште е во дивоградба и е се уште симбол за криминал односно ги штити криминогените структури кои ја вратија нашата држава со децении наназад, се обидува да ги оцрни сите прогресивни структури, кои прават се за оваа држава конечно да тргне напред и на нашата младина и на нашите граѓани да им понуди поубава и поперспективна иднина.

Почнаа со мизогени кампањи против нас жените, преку нивните ботови не напаѓаа и навредуваа на сексистичка основа, за сега да продолжат со изјави со цел заштита на сопствените редови.

Сакам да му порачам на колегата од ВМРО-ДПМНЕ, само продолжете со ваквите прес-конференции, тоа нема да не обесхрабри, напротив ќе не мотивира уште повеќе да работиме за европската перспектива на нашата држава.

Продолжете да тонете во вашата безидејност и понекогаш ѕирнете што се имате во вашите политички редови. Ве охрабрувам сите во вашите анкетни листови да ги пријавите имотите на вашите родители, но и имотот кој го стекнавте на грбот на граѓаните, а го запишувате под туѓи имиња, напиша Зајкова на Фејсбук.

На прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, повикувајќи се на новинарско истражување, рече дека објектот кој што стои на имотниот лист на Моника Зајкова бил изграден по донесувањето на законот за легализација и со тоа е без основа за легализација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-imotot-na-pratenichkata-zajkova-e-legaliziran-so-lazna-izjava/

The post Зајкова: Лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

За жал ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на политички артикулирана агенда и програма, која би била во интерес на граѓаните и на напредокот на нашата држава, продолжува со обидите преку политички дискредитации да добие некој политички поен, вели пратеничката од СДСМ Моника Зајкова.
Денешните напади од страна на Стоилковски против мене лично за имот кој не е моја сопственост и за кој немам никаков придонес, а притоа јасно се гледа дека е стекнат во периодот кога не сум била на избрана политичка функција, зборува само за очајноста на ДПМНЕ. Преку лажни обвинувања кон мене, партијата чие седиште е во дивоградба и е се уште симбол за криминал односно ги штити криминогените структури кои ја вратија нашата држава со децении наназад, се обидува да ги оцрни сите прогресивни структури, кои прават се за оваа држава конечно да тргне напред и на нашата младина и на нашите граѓани да им понуди поубава и поперспективна иднина. Почнаа со мизогени кампањи против нас жените, преку нивните ботови не напаѓаа и навредуваа на сексистичка основа, за сега да продолжат со изјави со цел заштита на сопствените редови. Сакам да му порачам на колегата од ВМРО-ДПМНЕ, само продолжете со ваквите прес-конференции, тоа нема да не обесхрабри, напротив ќе не мотивира уште повеќе да работиме за европската перспектива на нашата држава. Продолжете да тонете во вашата безидејност и понекогаш ѕирнете што се имате во вашите политички редови. Ве охрабрувам сите во вашите анкетни листови да ги пријавите имотите на вашите родители, но и имотот кој го стекнавте на грбот на граѓаните, а го запишувате под туѓи имиња, напиша Зајкова на Фејсбук.
На прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, повикувајќи се на новинарско истражување, рече дека објектот кој што стои на имотниот лист на Моника Зајкова бил изграден по донесувањето на законот за легализација и со тоа е без основа за легализација. https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-imotot-na-pratenichkata-zajkova-e-legaliziran-so-lazna-izjava/

The post Зајкова: Лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Имотот на пратеничката Зајкова е легализиран со лажна изјава? https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-imotot-na-pratenichkata-zajkova-e-legaliziran-so-lazna-izjava/ Sat, 27 Aug 2022 10:40:01 +0000 https://republika.mk/?p=544668

Огромен криминален скандал повторно е поврзан со владејачкото мнозинство во Парламентот. Моника Зајкова, пратеник од редовите на ЛДП, верен гласач на законите на СДСМ, според анкетниот лист која што го поднела до Антикорупциска комисија, пријавила семеен имот, имот на родители, куќа од 119 м2 во село Трница, во делот на националниот парк Маврово. Стекнат на друг начин, како што стои во анкетниот лист, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Според новинарски текст, имотот на Маврово, во Трница, е криминално легализиран. Објектот кој што стои на имотниот лист на Моника Зајкова бил изграден по донесувањето на законот за легализација и со тоа е без основа за легализација. Според новинарското истражување објавено во јавноста, Зајкова поседува имот легализиран врз основа на лажна изјава, односно изјава за времето кога објектот бил граден, односно изјава со која што се тврди дека објектот бил граден пред 3-ти март 2011 –та година како основа за негова легализација. Според ова, Зајкова, како пратеник во Парламентот е должна јавно, јасно и прецизно да одговори: Дали поседува семејна вила во Трново, Маврово како што навела во анкетниот лист? На кој начин е стекната таа вила? Кога таа вила е изградена? Дали е легализирана согласно Законот за легализација? Дали е поднесена изјава за времето на градење со документите за легализација, изјава којашто подлежи на морална и кривична одговорност и со која што се гарантира вистинитоста на исказот? Македонија тоне во кризи, половина милион луѓе живеат со помалку од 150 денари на ден, а гласачите токму на тие штетни закони, закони што ја потонаа Македонија единствено се грижат за лични богатења и удобства. Моника Зајкова е пратеник врз којшто почива оваа антимакедонска, антинародна власт во Македонија!, истакна Стоилковски.

Не е важно што Македонија е во криза, народот е се посиромашен, што нема за струја, и нема за леб, а и се соочува со брутална асимилација. Важно Зајкова, верен гласач на СДСМ во Парламентот, ужива во луксузи, ужива во дивоградба, сега легализирана вила на Маврово. Ова мора да има крај! Додаде тој.

https://youtu.be/OaQt4BQWCx8

The post Стоилковски: Имотот на пратеничката Зајкова е легализиран со лажна изјава? appeared first on Република.

]]>

Огромен криминален скандал повторно е поврзан со владејачкото мнозинство во Парламентот. Моника Зајкова, пратеник од редовите на ЛДП, верен гласач на законите на СДСМ, според анкетниот лист која што го поднела до Антикорупциска комисија, пријавила семеен имот, имот на родители, куќа од 119 м2 во село Трница, во делот на националниот парк Маврово. Стекнат на друг начин, како што стои во анкетниот лист, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-Според новинарски текст, имотот на Маврово, во Трница, е криминално легализиран. Објектот кој што стои на имотниот лист на Моника Зајкова бил изграден по донесувањето на законот за легализација и со тоа е без основа за легализација. Според новинарското истражување објавено во јавноста, Зајкова поседува имот легализиран врз основа на лажна изјава, односно изјава за времето кога објектот бил граден, односно изјава со која што се тврди дека објектот бил граден пред 3-ти март 2011 –та година како основа за негова легализација. Според ова, Зајкова, како пратеник во Парламентот е должна јавно, јасно и прецизно да одговори: Дали поседува семејна вила во Трново, Маврово како што навела во анкетниот лист? На кој начин е стекната таа вила? Кога таа вила е изградена? Дали е легализирана согласно Законот за легализација? Дали е поднесена изјава за времето на градење со документите за легализација, изјава којашто подлежи на морална и кривична одговорност и со која што се гарантира вистинитоста на исказот? Македонија тоне во кризи, половина милион луѓе живеат со помалку од 150 денари на ден, а гласачите токму на тие штетни закони, закони што ја потонаа Македонија единствено се грижат за лични богатења и удобства. Моника Зајкова е пратеник врз којшто почива оваа антимакедонска, антинародна власт во Македонија!, истакна Стоилковски.
Не е важно што Македонија е во криза, народот е се посиромашен, што нема за струја, и нема за леб, а и се соочува со брутална асимилација. Важно Зајкова, верен гласач на СДСМ во Парламентот, ужива во луксузи, ужива во дивоградба, сега легализирана вила на Маврово. Ова мора да има крај! Додаде тој. https://youtu.be/OaQt4BQWCx8

The post Стоилковски: Имотот на пратеничката Зајкова е легализиран со лажна изјава? appeared first on Република.

]]>