лажни сертификати Archives - Република https://republika.mk/tema/lazni-sertifikati/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 10:32:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лажни сертификати Archives - Република https://republika.mk/tema/lazni-sertifikati/ 32 32 Директорка на велешка градинка фатена со лажен бугарски сертификат за познавање англиски јазик https://republika.mk/vesti/crna-hronika/direktorka-na-veleshka-gradinka-fatena-so-lazhen-bugarski-sertifikat-za-poznavane-angliski-jazik/ Fri, 26 Apr 2024 10:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=771320

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) вчера до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата, велат од МВР.

The post Директорка на велешка градинка фатена со лажен бугарски сертификат за познавање англиски јазик appeared first on Република.

]]>

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) вчера до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик. Како што соопшти МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата, велат од МВР.

The post Директорка на велешка градинка фатена со лажен бугарски сертификат за познавање англиски јазик appeared first on Република.

]]>
Директорки фатени со лажни сертификати купени од Бугарија, против двете поднесени кривични https://republika.mk/vesti/crna-hronika/direktorki-fateni-so-lazhni-sertifikati-kupeni-od-bugarija-protiv-dvete-podneseni-krivichni/ Wed, 14 Feb 2024 15:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=744145

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Т.К.(49) од Скопје и С.К.(56) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Пријавената Т.К., вработена во основно училиште во с.Драчево, скопско и пријавената С.К., вработена во Општа болница Дебар, набавиле лажни меѓународни сертификати за познавање на англиски јазик, издадени од училиште за јазици од Република Бугарија. Т.К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во с.Драчево, по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето.

На сличен начин, С.К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при аплицирање на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница Дебар, по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста – директор на ЈЗУ Општа болница Дебар.

 

The post Директорки фатени со лажни сертификати купени од Бугарија, против двете поднесени кривични appeared first on Република.

]]>

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Т.К.(49) од Скопје и С.К.(56) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Пријавената Т.К., вработена во основно училиште во с.Драчево, скопско и пријавената С.К., вработена во Општа болница Дебар, набавиле лажни меѓународни сертификати за познавање на англиски јазик, издадени од училиште за јазици од Република Бугарија. Т.К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во с.Драчево, по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето. На сличен начин, С.К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при аплицирање на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница Дебар, по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста – директор на ЈЗУ Општа болница Дебар.  

The post Директорки фатени со лажни сертификати купени од Бугарија, против двете поднесени кривични appeared first on Република.

]]>
Тони Цетински меѓу оние кои дале најмалку 100 евра за лажен сертификат за вакцина https://republika.mk/vesti/balkan/toni-cetinski-megju-onie-koi-dale-najmalku-100-evra-za-lazen-sertifikat-za-vakcina/ Thu, 29 Sep 2022 17:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=555769

Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал денеска покрена истрага против 243 лица поради лажни ковид потврди.

Истрагата е покрената против 243 лица за примање и давање мито. Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал на истражниот судија во судот во Загреб му предложи истражен затвор за петмина осомничени. За лажни потврди вчера во Загреб беа приведени повеќе лица.

Според соопштението, 12 лица, меѓу кои поранешна медицинска сестра во еден од здравствените центри во Загреб, знаејќи дека постои интерес на голем број луѓе за добивање ЕУ дигитални ковид потврди без вакцинација, се здружиле со цел од јули до ноември 2021 година за паричен надоместок од најмалку 100 евра, да овозможат издавање потврда.

Тие меѓусебно си ги поделиле задачите. Првоосомничената, тогаш медицинска сестра, ги внесувала невакцинираните во информацискиот систем на Министерството за здравство, врз што тие имале право на потврда.

Претходно, останатите 11 осомничени стапиле во контакт со заинтересирани за издавање потврда, иако знаеле дека немаат право на неа, затоа што не биле вакцинирани.

Врз основа на тие лажни внесувања, за вкупно 232 лица неосновано се издадени ЕУ дигитални ковид потврди. Обвинетите кои им го овозможиле тоа, стекнале имотна корист вредна најмалку 24.440 евра и 12.370 куни. Парите си ги поделиле меѓу нив, а еден од обвинетите себеси си обезбедил и материјална добивка од 4.100 евра и 24.400 куни.

Според хрватските медиуми, меѓу осомничените дека извадиле лажна ковид-потврда е и пејачот Тони Цетински, како и неколку останати јавни личности.

The post Тони Цетински меѓу оние кои дале најмалку 100 евра за лажен сертификат за вакцина appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал денеска покрена истрага против 243 лица поради лажни ковид потврди. Истрагата е покрената против 243 лица за примање и давање мито. Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал на истражниот судија во судот во Загреб му предложи истражен затвор за петмина осомничени. За лажни потврди вчера во Загреб беа приведени повеќе лица. Според соопштението, 12 лица, меѓу кои поранешна медицинска сестра во еден од здравствените центри во Загреб, знаејќи дека постои интерес на голем број луѓе за добивање ЕУ дигитални ковид потврди без вакцинација, се здружиле со цел од јули до ноември 2021 година за паричен надоместок од најмалку 100 евра, да овозможат издавање потврда. Тие меѓусебно си ги поделиле задачите. Првоосомничената, тогаш медицинска сестра, ги внесувала невакцинираните во информацискиот систем на Министерството за здравство, врз што тие имале право на потврда. Претходно, останатите 11 осомничени стапиле во контакт со заинтересирани за издавање потврда, иако знаеле дека немаат право на неа, затоа што не биле вакцинирани. Врз основа на тие лажни внесувања, за вкупно 232 лица неосновано се издадени ЕУ дигитални ковид потврди. Обвинетите кои им го овозможиле тоа, стекнале имотна корист вредна најмалку 24.440 евра и 12.370 куни. Парите си ги поделиле меѓу нив, а еден од обвинетите себеси си обезбедил и материјална добивка од 4.100 евра и 24.400 куни. Според хрватските медиуми, меѓу осомничените дека извадиле лажна ковид-потврда е и пејачот Тони Цетински, како и неколку останати јавни личности.

The post Тони Цетински меѓу оние кои дале најмалку 100 евра за лажен сертификат за вакцина appeared first on Република.

]]>
Медицинска сестра за 400 евра лажно боцкала со вакцина, камерите уловија сè https://republika.mk/vesti/svet/medicinska-sestra-za-400-evra-lazno-bockala-so-vakcina-kamerite-ulovija-se/ Mon, 17 Jan 2022 14:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=445914

Италијанската полиција фати група измамници со чија помош многу Италијаници добија ковид-сертификати без да бидат вакцинирани. Според полициската истрага, луѓе од цела Италија доаѓале во центарот за вакцинација во Анкона, каде плаќале по 400 евра за „лажен убод“.

Медицинската сестра која требало да им ја вбризга вакцината, го празнела шприцот во памук, кој потоа го фрлала во корпа за отпадоци. На пациентот му лепела фластер и му давала „зелена пропусница“.

Како што се гледа на снимката што ја објави полицијата, медицинската сестра се преправа дека инјектира, но наместо го празни шприцот до раката на пациентот.

По истрагата, 51-годишнната сестра заврши во истражен затвор, додека четири лица, меѓу кои и 53-годишен адвокат од Анкона, кој бил посредник во измамата, завршиле во домашен притвор.

Во рамките на операцијата, која започна во декември, полицијата истражува околу 50 лица на кои им е наредено да не го напуштаат регионот и секојдневно да се јавуваат во локалната полициска станица. Полицијата запленила и 18.000 евра собрани од луѓе кои платиле за „вакцина“.

The post Медицинска сестра за 400 евра лажно боцкала со вакцина, камерите уловија сè appeared first on Република.

]]>

Италијанската полиција фати група измамници со чија помош многу Италијаници добија ковид-сертификати без да бидат вакцинирани. Според полициската истрага, луѓе од цела Италија доаѓале во центарот за вакцинација во Анкона, каде плаќале по 400 евра за „лажен убод“. Медицинската сестра која требало да им ја вбризга вакцината, го празнела шприцот во памук, кој потоа го фрлала во корпа за отпадоци. На пациентот му лепела фластер и му давала „зелена пропусница“. Како што се гледа на снимката што ја објави полицијата, медицинската сестра се преправа дека инјектира, но наместо го празни шприцот до раката на пациентот. По истрагата, 51-годишнната сестра заврши во истражен затвор, додека четири лица, меѓу кои и 53-годишен адвокат од Анкона, кој бил посредник во измамата, завршиле во домашен притвор. Во рамките на операцијата, која започна во декември, полицијата истражува околу 50 лица на кои им е наредено да не го напуштаат регионот и секојдневно да се јавуваат во локалната полициска станица. Полицијата запленила и 18.000 евра собрани од луѓе кои платиле за „вакцина“.

The post Медицинска сестра за 400 евра лажно боцкала со вакцина, камерите уловија сè appeared first on Република.

]]>
Грчките медиуми открија дека во Дојран се издаваат лажни сертификати, од МВР велат ќе проверат дали е вистина https://republika.mk/vesti/crna-hronika/grchkite-mediumi-otkrija-deka-vo-dojran-se-izdavaat-lazni-sertifikati-od-mvr-velat-kje-proverat-dali-e-vistina/ Wed, 05 Jan 2022 12:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=440959

Министерството за внатрешни работи нема добиено пријава за наводите што беа објавени во грчки медиуми дека во казино во Дојран се издаваат лажни ковид сертификати.

Досега МВР нема добиено пријава за ова, но ќе бидат извршени проверки во врска со наведеното, се наведува во одговорот од МВР.

Грчки медиуми, повикувајќи се на прилог на грчката телевизија „Опен“, јавија дека во казино во близина на македонско-грчката граница кај Дојран се издавале лажни ковид сертификати.

Во прилогот на телевизијата се тврди дека извесно казино во близина на граничниот премин Дојран-Дојрани на македонска територија им обезбедува бесплатен лажен негативен тест на своите посетители со кој тие можат безбедно да се вратат во Грција.

Целта на сопственикот на казиното, како што тврди телевизија Опен, била да привлече што поголем број клиенти овозможувајќи им олеснето поминување на граничните контроли.

Лажните сертификати за брз тест, според видео-сторијата, се документи од овластен дијагностички центар.

https://youtu.be/y3Aq6qSzflk

The post Грчките медиуми открија дека во Дојран се издаваат лажни сертификати, од МВР велат ќе проверат дали е вистина appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи нема добиено пријава за наводите што беа објавени во грчки медиуми дека во казино во Дојран се издаваат лажни ковид сертификати.
Досега МВР нема добиено пријава за ова, но ќе бидат извршени проверки во врска со наведеното, се наведува во одговорот од МВР.
Грчки медиуми, повикувајќи се на прилог на грчката телевизија „Опен“, јавија дека во казино во близина на македонско-грчката граница кај Дојран се издавале лажни ковид сертификати. Во прилогот на телевизијата се тврди дека извесно казино во близина на граничниот премин Дојран-Дојрани на македонска територија им обезбедува бесплатен лажен негативен тест на своите посетители со кој тие можат безбедно да се вратат во Грција. Целта на сопственикот на казиното, како што тврди телевизија Опен, била да привлече што поголем број клиенти овозможувајќи им олеснето поминување на граничните контроли. Лажните сертификати за брз тест, според видео-сторијата, се документи од овластен дијагностички центар. https://youtu.be/y3Aq6qSzflk

The post Грчките медиуми открија дека во Дојран се издаваат лажни сертификати, од МВР велат ќе проверат дали е вистина appeared first on Република.

]]>