лажни ковид сертификати Archives - Република https://republika.mk/tema/lazni-kovid-sertifikati/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Feb 2022 14:30:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лажни ковид сертификати Archives - Република https://republika.mk/tema/lazni-kovid-sertifikati/ 32 32 Во Битола се запечатуваат угостителски објекти поради ковид сертификати https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-bitola-za-zapechatuvaat-ugostitelski-objekti-poradi-kovid-sertifikati/ Sun, 20 Feb 2022 14:25:29 +0000 https://republika.mk/?p=461069

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд ноќеска, меѓу 01:30 и 04:30 часот, спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола. Притоа е констатирано дека 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без КОВИД-сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат, а ќе следат соодветни поднесоци.

При тоа, во два ноќни клуба била пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) за што ќе бидат поднесени кривични пријави. Утврдено е и дека едно лице употребило лажен КОВИД-сертификат за што, исто така, ќе следува соодветна кривична пријава.

Како што соопшти МВР, до надлежното обвинителство ќе биде поднесен и поднесок против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби.

Ќе следат и соодветни поднесоци зашто во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле констатирани и прекршоци и по законот за пушење.

Констатирани се и случаи на неиздавање фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување.

Акциските контроли, како што најавува МВР, продолжуваат и во наредниот период.

The post Во Битола се запечатуваат угостителски објекти поради ковид сертификати appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд ноќеска, меѓу 01:30 и 04:30 часот, спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола. Притоа е констатирано дека 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без КОВИД-сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат, а ќе следат соодветни поднесоци. При тоа, во два ноќни клуба била пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) за што ќе бидат поднесени кривични пријави. Утврдено е и дека едно лице употребило лажен КОВИД-сертификат за што, исто така, ќе следува соодветна кривична пријава. Како што соопшти МВР, до надлежното обвинителство ќе биде поднесен и поднесок против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби. Ќе следат и соодветни поднесоци зашто во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле констатирани и прекршоци и по законот за пушење. Констатирани се и случаи на неиздавање фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување. Акциските контроли, како што најавува МВР, продолжуваат и во наредниот период.

The post Во Битола се запечатуваат угостителски објекти поради ковид сертификати appeared first on Република.

]]>
Акција во казината во Дојран, по прилогот на грчката телевизија за лажните ковид-сертификати https://republika.mk/vesti/crna-hronika/akcija-vo-kazinata-vo-dojran-po-prilogot-na-grchkata-televizija-za-laznite-kovid-sertifikati/ Thu, 06 Jan 2022 15:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=441359

Поради наводи за сторено кривично дело фалсификување КОВИД-сертификати во казино во Дојран, полицијата од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера извршила претреси на три локации и целокупната одземена документација ќе биде доставена до Основното јавно обвинителство Гевгелија за нивно постапување.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/grchkite-mediumi-otkrija-deka-vo-dojran-se-izdavaat-lazni-sertifikati-od-mvr-velat-kje-proverat-dali-e-vistina/

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека претресите, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, се извршени кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација, која се однесува на извршени тестирања за присуство на КОВИД-19, направени претежно на лица од странство.

Одземен е електронски дневни (книга) на издадени сертификати за периодот од 19 декември 2021 до денот на претресот, а исто така извршени се службени разговори со две лица. При претресот извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на „импровизираниот“ медицински пункт во казино во Стар Дојран, соопшти МВР.

По насоки на јавен обвинител, посочува Министерството во соопштението, целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот.

The post Акција во казината во Дојран, по прилогот на грчката телевизија за лажните ковид-сертификати appeared first on Република.

]]>

Поради наводи за сторено кривично дело фалсификување КОВИД-сертификати во казино во Дојран, полицијата од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера извршила претреси на три локации и целокупната одземена документација ќе биде доставена до Основното јавно обвинителство Гевгелија за нивно постапување. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/grchkite-mediumi-otkrija-deka-vo-dojran-se-izdavaat-lazni-sertifikati-od-mvr-velat-kje-proverat-dali-e-vistina/ Министерството за внатрешни работи денеска информира дека претресите, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, се извршени кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација, која се однесува на извршени тестирања за присуство на КОВИД-19, направени претежно на лица од странство.
Одземен е електронски дневни (книга) на издадени сертификати за периодот од 19 декември 2021 до денот на претресот, а исто така извршени се службени разговори со две лица. При претресот извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на „импровизираниот“ медицински пункт во казино во Стар Дојран, соопшти МВР.
По насоки на јавен обвинител, посочува Министерството во соопштението, целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот.

The post Акција во казината во Дојран, по прилогот на грчката телевизија за лажните ковид-сертификати appeared first on Република.

]]>