лажна вест Archives - Република https://republika.mk/tema/lazna-vest/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 19:26:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лажна вест Archives - Република https://republika.mk/tema/lazna-vest/ 32 32 Сликата од „првиот украински Ф-16“ објавена од украински и западни медиуми е фотошопирана https://republika.mk/vesti/svet/slikata-od-prviot-ukrainski-f-16-objavena-od-ukrainski-i-zapadni-mediumi-e-fotoshopirana/ Sat, 24 Feb 2024 19:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=747587

На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) е објавено дека фотографијата од првиот борбен авион ловец Ф-16 со ознаки на украинските воздухопловни сили и неговиот пилот со прекар „Фантом“, објавена од западни и украински медиуми, не поминала автентизација и верификација во графички уредувач.

Во анализата се посочува дека областите истакнати во контрастни бои се наоѓаат токму на местата каде што се наоѓаат ознаките на украинските воздухопловни сили на фотографијата од борбениот авион и оделото на пилотот.

Оваа алатка покажува присуство на артефакти за компресија од друга слика, што укажува дека и „украинскиот Ф-16“ и неговиот „пилот“ биле едноставно фотошопирани со украински знамиња.

https://twitter.com/Roberto05246129/status/1756241871657894079

The post Сликата од „првиот украински Ф-16“ објавена од украински и западни медиуми е фотошопирана appeared first on Република.

]]>

На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) е објавено дека фотографијата од првиот борбен авион ловец Ф-16 со ознаки на украинските воздухопловни сили и неговиот пилот со прекар „Фантом“, објавена од западни и украински медиуми, не поминала автентизација и верификација во графички уредувач. Во анализата се посочува дека областите истакнати во контрастни бои се наоѓаат токму на местата каде што се наоѓаат ознаките на украинските воздухопловни сили на фотографијата од борбениот авион и оделото на пилотот. Оваа алатка покажува присуство на артефакти за компресија од друга слика, што укажува дека и „украинскиот Ф-16“ и неговиот „пилот“ биле едноставно фотошопирани со украински знамиња. https://twitter.com/Roberto05246129/status/1756241871657894079

The post Сликата од „првиот украински Ф-16“ објавена од украински и западни медиуми е фотошопирана appeared first on Република.

]]>
Нема киднапер околу музичкото училиште, МВР ќе го повика на разговор лицето што ја постираше фотографијата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nema-kidnaper-okolu-muzichkoto-uchilishte-mvr-ke-go-povika-na-razgovor-litseto-shto-ja-postirashe-fotografijata/ Wed, 22 Mar 2023 13:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=622464

МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје.

Ниту има пријава за такво лице до полицијата ниту има пријава дека некое лице е киднапирано. И лицето кое ја пласираше оваа лажна вест, ја повлече и јавно објави дека станува збор за лажна вест. Пласирањето на ваквите лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, а за жал зачестено се пласираат последниов период, потенцираат од МВР.

Оттаму нагласуваат дека лицето кое ја пласирало таа лага, ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги. Исто така, им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции, велат од МВР.

The post Нема киднапер околу музичкото училиште, МВР ќе го повика на разговор лицето што ја постираше фотографијата appeared first on Република.

Одлука на ДКСК и пресуда на Граѓанскиот суд како доказ дека СДСМ лаже за „хидроцентралите на Мицкоски“ https://republika.mk/vesti/makedonija/odluka-na-dksk-i-presuda-na-gragjanskiot-sud-kako-dokaz-deka-sdsm-laze-za-hidrocentralite-na-mickoski/ Tue, 04 Oct 2022 07:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=557074

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги отфрла како лажни тврдењата на СДСМ дека е основач и сопственик на мали хидроцентрали.

Имено, во текот на вчерашниот ден 3 октомври 2022 година, на прес конференција https://sdsm.org.mk/pres-konferencii/51032, изнесени се бројни лаги, невистини и клевети со цел да ми се нанесе штета во јавноста, но кога сме кај вистината би сакал да приложам пред македонската јавност два докази.

Првиот доказ е одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата од ноември 2019 година, која постапувајќи по допрен глас утврдила дека не постои судир на интереси, а на тој начин предметот е затворен и архивиран со појаснување на член од комисијата дека сите наводи во јавноста се неточни (слика 1).

Вториот доказ е пресуда на Граѓанскиот суд во Скопје од април 2022 година со која судот констатира дека СДСМ со намера да наштети на мојата чест и углед изнела невистинити факти на својата официјална страна на социјалната мрежа Facebook (слика 2 и 3).

Нервозни се бидејќи аферата Броило покажува колку силно го имаат разорено системот со трговија на влијанија, бизниси и матни тендери. Потполно сум свесен дека се исплашени, доаѓа денот кога ќе има одговорност за криминалот, предавствата и срамот што го нанесоа на македонскиот народ и Македонија. Мојата борба против криминалците во политиката е безусловна. Колку повеќе лажете и клеветите толку повеќе ме мотивирате. Со секој изминат ден Македонија е поблиску до слобода, а политичките криминалци до одговорност. Одиме до крај….

The post Одлука на ДКСК и пресуда на Граѓанскиот суд како доказ дека СДСМ лаже за „хидроцентралите на Мицкоски“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги отфрла како лажни тврдењата на СДСМ дека е основач и сопственик на мали хидроцентрали.
Имено, во текот на вчерашниот ден 3 октомври 2022 година, на прес конференција https://sdsm.org.mk/pres-konferencii/51032, изнесени се бројни лаги, невистини и клевети со цел да ми се нанесе штета во јавноста, но кога сме кај вистината би сакал да приложам пред македонската јавност два докази. Првиот доказ е одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата од ноември 2019 година, која постапувајќи по допрен глас утврдила дека не постои судир на интереси, а на тој начин предметот е затворен и архивиран со појаснување на член од комисијата дека сите наводи во јавноста се неточни (слика 1). Вториот доказ е пресуда на Граѓанскиот суд во Скопје од април 2022 година со која судот констатира дека СДСМ со намера да наштети на мојата чест и углед изнела невистинити факти на својата официјална страна на социјалната мрежа Facebook (слика 2 и 3). Нервозни се бидејќи аферата Броило покажува колку силно го имаат разорено системот со трговија на влијанија, бизниси и матни тендери. Потполно сум свесен дека се исплашени, доаѓа денот кога ќе има одговорност за криминалот, предавствата и срамот што го нанесоа на македонскиот народ и Македонија. Мојата борба против криминалците во политиката е безусловна. Колку повеќе лажете и клеветите толку повеќе ме мотивирате. Со секој изминат ден Македонија е поблиску до слобода, а политичките криминалци до одговорност. Одиме до крај….
 
The post Одлука на ДКСК и пресуда на Граѓанскиот суд како доказ дека СДСМ лаже за „хидроцентралите на Мицкоски“ appeared first on Република.

]]>
Како настана лажната вест на „Би-би-си“ за смртта на кралицата Елизабета https://republika.mk/vesti/svet/kako-nastana-laznata-vest-na-bi-bi-si-za-smrtta-na-kralicata-elizabeta/ Fri, 09 Sep 2022 13:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=549120

Смртта на британската кралица Елизабета предизвика огромен број реакции и внимание во светската јавност.

Сепак, освен како историски маркантен настан, со оглед на тоа што последен пат кога починал еден британски монарх беше пред 70 години, смртта на Елизабета втора, предизвика огромни контроверзии поради наводно објавена лажна вест за нејзината смрт.

Со години, во британските медиуми протекуваа детали од Протоколот подготвен во случај на смрт на Кралицата, а овојпат голема бура крена „лажната вест“која велеѓе дека таа починала, пишува „Вашингтон пост“.

Неколку часа пред официјално да биде објавено дека кралицата Елизабета починала, таа информација беше споделена на социјалните мрежи од анкерот на британскиот национален сервис „Би-би-си“, Јалда Хаким, со што беше прекршен предвидениот Протокол, кој предвидува дека таа вест ќе биде објавена во јавноста директно од Бакингемската палата.

Важна вест. Кралицата Елизабета почина на 96 години, информираат од Бакингемската палата - стоеше во објавата на новинарката на „Би-би-си“.

https://republika.mk/vesti/svet/pochina-kralicata-elizabeta-vtora/

Сепак, брзо по објавата, тој твит беше избришан, а потоа заменет со корекција.

Твитнав дека имало соопштение за смртта на кралицата. Ова беше неточно, немаше соопштение и затоа го избришав твитот - напиша Хаким, во објаснувањето.

Неколку часа по ваквиот „демант“ на новинарот на „Би-би-си“, официјално се огласија од Кралското семејство.

Кралицата умре мирно во Балморал попладнево.

Веб-страницата на кралското семејство стана црна, со едноставна остра слика на кралицата и порака: „Кралица Елизабета II 1926 - 2022 година“.

https://republika.mk/vesti/svet/sega-e-oficijalno-pochina-britanskata-kralica-elizabeta/

На тој начин, светската јавност официјално беше известена дека кралицата Елизабета починала.

The post Како настана лажната вест на „Би-би-си“ за смртта на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>

Смртта на британската кралица Елизабета предизвика огромен број реакции и внимание во светската јавност. Сепак, освен како историски маркантен настан, со оглед на тоа што последен пат кога починал еден британски монарх беше пред 70 години, смртта на Елизабета втора, предизвика огромни контроверзии поради наводно објавена лажна вест за нејзината смрт. Со години, во британските медиуми протекуваа детали од Протоколот подготвен во случај на смрт на Кралицата, а овојпат голема бура крена „лажната вест“која велеѓе дека таа починала, пишува „Вашингтон пост“. Неколку часа пред официјално да биде објавено дека кралицата Елизабета починала, таа информација беше споделена на социјалните мрежи од анкерот на британскиот национален сервис „Би-би-си“, Јалда Хаким, со што беше прекршен предвидениот Протокол, кој предвидува дека таа вест ќе биде објавена во јавноста директно од Бакингемската палата.
Важна вест. Кралицата Елизабета почина на 96 години, информираат од Бакингемската палата - стоеше во објавата на новинарката на „Би-би-си“.
https://republika.mk/vesti/svet/pochina-kralicata-elizabeta-vtora/ Сепак, брзо по објавата, тој твит беше избришан, а потоа заменет со корекција.
Твитнав дека имало соопштение за смртта на кралицата. Ова беше неточно, немаше соопштение и затоа го избришав твитот - напиша Хаким, во објаснувањето.
Неколку часа по ваквиот „демант“ на новинарот на „Би-би-си“, официјално се огласија од Кралското семејство.
Кралицата умре мирно во Балморал попладнево.
Веб-страницата на кралското семејство стана црна, со едноставна остра слика на кралицата и порака: „Кралица Елизабета II 1926 - 2022 година“. https://republika.mk/vesti/svet/sega-e-oficijalno-pochina-britanskata-kralica-elizabeta/ На тој начин, светската јавност официјално беше известена дека кралицата Елизабета починала.

The post Како настана лажната вест на „Би-би-си“ за смртта на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>