Лазар Христов Archives - Република https://republika.mk/tema/lazar-hristov/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 09:48:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лазар Христов Archives - Република https://republika.mk/tema/lazar-hristov/ 32 32 Награда за актерот Лазар Христов на Фестивал во Србија https://republika.mk/vesti/kultura/nagrada-za-akterot-lazar-hristov-na-festival-vo-srbija/ Tue, 03 Sep 2024 09:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=812600

Актерот на Драмски театар Скопје, Лазар Христов, е добитник на наградата за „Најдобра машка улога во студентска селекција“ од стручното жири на „Интернационални театарски фестивал – ИНТЕФ“ во Шабац, Србија, за улогата на Андреј Ботвиник во претставата „Се случи еднаш во Женева“.

Претставата „Се случи еднаш во Женева“ учествуваше на петтото издание на „ИНТЕФ“. „ИНТЕФ“ е студентски и младински театарски фестивал кој од се одржува од 2019 год. во Културен дом Мишар каде учествуваат драмски академии и екипи од регионот.

„Се случи еднаш во Женева“ е сведоштво на едно уникатно пријателство кое се раѓа непосредно пред крајот на Студената војна. Драмата е хипотетична интерпретација на вистински настан од 1982 год., кога Американски и Советски дипломат во Женева ги занемариле протоколите за време на мировни договори и заминале на прошетка во шума на периферијата на градот. Во претставата присуствуваме на четири вакви приватни средби за време на првата година од преговорите откако Џоун Ханимен е испратена во Женева, додека се обидува да испреговара договор за кратења во нуклеарно оружје со нејзиниот постар соработник Андреј Ботвиник. Затекнати во различен момент од нивните животи и кариери, нивната конфронтација се сведува на искуството на Ботвиник и амбицијата на Ханимен.

Претставата „Се случи еднаш во Женева“ е работен според „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг. Режијата е на  Кристијан Атанасов, а играат Христов и Јана Вељановска.

The post Награда за актерот Лазар Христов на Фестивал во Србија appeared first on Република.

]]>

Актерот на Драмски театар Скопје, Лазар Христов, е добитник на наградата за „Најдобра машка улога во студентска селекција“ од стручното жири на „Интернационални театарски фестивал – ИНТЕФ“ во Шабац, Србија, за улогата на Андреј Ботвиник во претставата „Се случи еднаш во Женева“. Претставата „Се случи еднаш во Женева“ учествуваше на петтото издание на „ИНТЕФ“. „ИНТЕФ“ е студентски и младински театарски фестивал кој од се одржува од 2019 год. во Културен дом Мишар каде учествуваат драмски академии и екипи од регионот. „Се случи еднаш во Женева“ е сведоштво на едно уникатно пријателство кое се раѓа непосредно пред крајот на Студената војна. Драмата е хипотетична интерпретација на вистински настан од 1982 год., кога Американски и Советски дипломат во Женева ги занемариле протоколите за време на мировни договори и заминале на прошетка во шума на периферијата на градот. Во претставата присуствуваме на четири вакви приватни средби за време на првата година од преговорите откако Џоун Ханимен е испратена во Женева, додека се обидува да испреговара договор за кратења во нуклеарно оружје со нејзиниот постар соработник Андреј Ботвиник. Затекнати во различен момент од нивните животи и кариери, нивната конфронтација се сведува на искуството на Ботвиник и амбицијата на Ханимен. Претставата „Се случи еднаш во Женева“ е работен според „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг. Режијата е на  Кристијан Атанасов, а играат Христов и Јана Вељановска.

The post Награда за актерот Лазар Христов на Фестивал во Србија appeared first on Република.

]]>