„Латински цитати Archives - Република https://republika.mk/tema/latinski-tsitati/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Oct 2023 07:39:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Латински цитати Archives - Република https://republika.mk/tema/latinski-tsitati/ 32 32 „Или-Или“ го издаде капиталното дело „Латински цитати, изрази и фрази“ https://republika.mk/vesti/kultura/ili-ili-go-izdade-kapitalnoto-delo-latinski-tsitati-izrazi-i-frazi/ Tue, 24 Oct 2023 07:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=694373

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Латински цитати, изреки и фрази“, како четврта книга во едицијата АРГО.

Предговорот, изборот, преводот од латински и коментарите се на Светлана Кочовска Стевовиќ.

Збирките со латински цитати во националните култури имаат посебен статус и повеќевековна традиција. Нивната бројност во светот е одраз на свеста на креаторите на културните политики за тоа дека збирките со латински цитати, поговорки и фразеолошки изрази се од капитално значење во националната култура на една земја, пред сѐ, поради фактот што многу од одредниците од коишто се состојат овие збирки, и покрај тоа што се создадени пред многу векови, и ден-денес се присутни во многу сфери од современата стварност, соопштуваат од издавачката куќа.

„Латински цитати, изреки и фрази“ е збирка од нешто помалку од 5 000 латински цитати, изреки, фрази, правни максими, девизи на поединци или групи, здравствени препораки, хералдички гесла и други куси латински изрази од различна провениенција. Најбројни се цитатите од римската книжевност, од латинскиот превод на Библијата (Vulgata) и од некои подоцнежни дела. Поради широкиот опсег на употреба многу од овие цитати стекнале статус на поговорки. Одраз на нивната огромна популарност низ вековите е влијанието што го извршиле врз фразеолошкиот фонд и врз паремиската граѓа на современите јазици. Многу од овие цитати, изрази и фрази и денес се присутни во книжевноста, журналистиката, јавниот дискурс и популарната култура.
Единиците што се поместени во збирката „Латински цитати, изреки и фрази“ се подредени по абецеден редослед, а наместа по преводот следи кус коментар со појаснувања на значењето, потеклото и(ли) на контекстот во кој изразот бил употребен.

Светлана Кочовска-Стевовиќ е класичарка, книжевна преведувачка и професорка по латински јазик на Филозофскиот факултет во Скопје. Авторка е на една монографија за писмата на Кикерон (Епистоларниот дискурс на Марк Тулиј Кикерон, Профундум, 2014) и на повеќе преводи од латински и(ли) старогрчки јазик на дела од Кикерон (За должностите, Магор, 2005; Избрани писма, Три, 2014; Втора филипика, Или-или, 2022), Хигин (Митови, Три, 2016), Јустин (Филипова историја, Полица, 2020), Лукијан од Самосата (Вистинска приказна, Или-или, 2020) и Сенека (Медеја, Или-или, 2021).

The post „Или-Или“ го издаде капиталното дело „Латински цитати, изрази и фрази“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Латински цитати, изреки и фрази“, како четврта книга во едицијата АРГО. Предговорот, изборот, преводот од латински и коментарите се на Светлана Кочовска Стевовиќ.
Збирките со латински цитати во националните култури имаат посебен статус и повеќевековна традиција. Нивната бројност во светот е одраз на свеста на креаторите на културните политики за тоа дека збирките со латински цитати, поговорки и фразеолошки изрази се од капитално значење во националната култура на една земја, пред сѐ, поради фактот што многу од одредниците од коишто се состојат овие збирки, и покрај тоа што се создадени пред многу векови, и ден-денес се присутни во многу сфери од современата стварност, соопштуваат од издавачката куќа.
„Латински цитати, изреки и фрази“ е збирка од нешто помалку од 5 000 латински цитати, изреки, фрази, правни максими, девизи на поединци или групи, здравствени препораки, хералдички гесла и други куси латински изрази од различна провениенција. Најбројни се цитатите од римската книжевност, од латинскиот превод на Библијата (Vulgata) и од некои подоцнежни дела. Поради широкиот опсег на употреба многу од овие цитати стекнале статус на поговорки. Одраз на нивната огромна популарност низ вековите е влијанието што го извршиле врз фразеолошкиот фонд и врз паремиската граѓа на современите јазици. Многу од овие цитати, изрази и фрази и денес се присутни во книжевноста, журналистиката, јавниот дискурс и популарната култура. Единиците што се поместени во збирката „Латински цитати, изреки и фрази“ се подредени по абецеден редослед, а наместа по преводот следи кус коментар со појаснувања на значењето, потеклото и(ли) на контекстот во кој изразот бил употребен. Светлана Кочовска-Стевовиќ е класичарка, книжевна преведувачка и професорка по латински јазик на Филозофскиот факултет во Скопје. Авторка е на една монографија за писмата на Кикерон (Епистоларниот дискурс на Марк Тулиј Кикерон, Профундум, 2014) и на повеќе преводи од латински и(ли) старогрчки јазик на дела од Кикерон (За должностите, Магор, 2005; Избрани писма, Три, 2014; Втора филипика, Или-или, 2022), Хигин (Митови, Три, 2016), Јустин (Филипова историја, Полица, 2020), Лукијан од Самосата (Вистинска приказна, Или-или, 2020) и Сенека (Медеја, Или-или, 2021).

The post „Или-Или“ го издаде капиталното дело „Латински цитати, изрази и фрази“ appeared first on Република.

]]>