Ламбе Аламбаковски Archives - Република https://republika.mk/tema/lambe-alambakovski/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Jun 2022 16:45:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ламбе Аламбаковски Archives - Република https://republika.mk/tema/lambe-alambakovski/ 32 32 Адвокатот на Ламбе: Притворот е непотребен, Ламбе призна вина, да сакаше да побегне, ќе побегнеше одма https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-na-lambe-pritvorot-e-nepotreben-lambe-prizna-vina-da-sakashe-da-pobegne-kje-pobegneshe-odma/ Wed, 08 Jun 2022 16:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=512790

Немаше никаква потреба од притвор за Ламбе Алабаковски, откако тој ја призна вината, а сите негови животни планови, како што е враќањето на музичката сцена во Македонија и неговиот општествен статус, не навестуваат дека тој би се дал во бегство, вели за Алфа адвокатот на Алабаковски, Драган Георгиев. Порачува дека притворот не е казна, туку мерка за обезбедување присуство, а такви имало уште многу кои можеле да му бидат определени на Алабаковски, за кривичното дело кое му се става на товар.

Оформено семејство, татко на две малолетни деца досега во својот живот нема никаков прекршок, а камоли кривично дело, што говори дека тој не е криминогена личност. Говори дека можеби во еден на момент на фрустрирање, лично погоден од она што се случува со Македонија воопшто. Ако сакал да избега, ќе избегал веднаш и нема да признае вина - изјави Георгиев за Алфа.

Георгиев се сомнева и во политичка позадина на определениот притвор за Ламбе, но вели не на никакви партиски игри, туку поради општата состојба во државата поради спорот со Бугарија.

Видете вака дека јавноста, воопшто она што се случува, не би кажал политика како политика ради некоја партија. Поради она што се случува со Бугарија сигурно дека има голем допринос и тоа, изјави Георгиев.

Адвокатот на популарниот пејач вели не го оправдува овој потег, но вели дека мора да се земе во предвид целата ситуација во Македонија поради преговорите и блокадите од Бугарија, како и фактот член на неговото семејство бил убиен токму од Бугарите.

Неговиот дедо е стрелан од Бугарите, а тој се враќа во Македонија и се отвора културен клуб на еден од најголемите злосторници за македонскиот народ, кој што до пред да умре во Рим не го признаваше македонскиот народ, фрустриран меѓутоа наведнат до доле што би се рекло, очигледно има човекот кичма. Не го оправдувам, ниту тој самиот се оправдува за тоа што го сторил, меѓутоа тоа било негов знак на револт - вели Георгиев.

Георгиев вели дека за кривичното дело предизвикување општа опасност, за кое обвинет Алабаковски, кога ќе се земат сите околности, како и дека нема голема материјална штета, ниту човечки жртви, казната на крајот може да не биде ниту затворска, иако Ламбе најмалку осум дена ќе ги помине во затворски притвор.

The post Адвокатот на Ламбе: Притворот е непотребен, Ламбе призна вина, да сакаше да побегне, ќе побегнеше одма appeared first on Република.

]]>

Немаше никаква потреба од притвор за Ламбе Алабаковски, откако тој ја призна вината, а сите негови животни планови, како што е враќањето на музичката сцена во Македонија и неговиот општествен статус, не навестуваат дека тој би се дал во бегство, вели за Алфа адвокатот на Алабаковски, Драган Георгиев. Порачува дека притворот не е казна, туку мерка за обезбедување присуство, а такви имало уште многу кои можеле да му бидат определени на Алабаковски, за кривичното дело кое му се става на товар.
Оформено семејство, татко на две малолетни деца досега во својот живот нема никаков прекршок, а камоли кривично дело, што говори дека тој не е криминогена личност. Говори дека можеби во еден на момент на фрустрирање, лично погоден од она што се случува со Македонија воопшто. Ако сакал да избега, ќе избегал веднаш и нема да признае вина - изјави Георгиев за Алфа.
Георгиев се сомнева и во политичка позадина на определениот притвор за Ламбе, но вели не на никакви партиски игри, туку поради општата состојба во државата поради спорот со Бугарија. Видете вака дека јавноста, воопшто она што се случува, не би кажал политика како политика ради некоја партија. Поради она што се случува со Бугарија сигурно дека има голем допринос и тоа, изјави Георгиев. Адвокатот на популарниот пејач вели не го оправдува овој потег, но вели дека мора да се земе во предвид целата ситуација во Македонија поради преговорите и блокадите од Бугарија, како и фактот член на неговото семејство бил убиен токму од Бугарите.
Неговиот дедо е стрелан од Бугарите, а тој се враќа во Македонија и се отвора културен клуб на еден од најголемите злосторници за македонскиот народ, кој што до пред да умре во Рим не го признаваше македонскиот народ, фрустриран меѓутоа наведнат до доле што би се рекло, очигледно има човекот кичма. Не го оправдувам, ниту тој самиот се оправдува за тоа што го сторил, меѓутоа тоа било негов знак на револт - вели Георгиев.
Георгиев вели дека за кривичното дело предизвикување општа опасност, за кое обвинет Алабаковски, кога ќе се земат сите околности, како и дека нема голема материјална штета, ниту човечки жртви, казната на крајот може да не биде ниту затворска, иако Ламбе најмалку осум дена ќе ги помине во затворски притвор.

The post Адвокатот на Ламбе: Притворот е непотребен, Ламбе призна вина, да сакаше да побегне, ќе побегнеше одма appeared first on Република.

]]>
Денеска во Битола протест за поддршка на Ламбе https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-vo-bitola-protest-za-poddrshka-na-lambe/ Wed, 08 Jun 2022 06:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=512409

Денеска во Битола во 18 часот ќе се одржи протест за поддршка на пејачот Ламбе Алабаковски кој ја потпали вратата на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Според реакциите на граѓаните се очекува голема присутност.

И јас сум Ламбе“ e главно моти социјалните мрежи каде јавноста изразува силна поддршка за македонскиот пејач, кој е приведен како осомничен за пожарот на надворечната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Дел од нив не го оправдуваат делото, но скоро сите го разбираат поривот на Ламбе Алабакоски да го изрази својот револт за состојбата во која се наоѓа македонскиот народ.

The post Денеска во Битола протест за поддршка на Ламбе appeared first on Република.

]]>

Денеска во Битола во 18 часот ќе се одржи протест за поддршка на пејачот Ламбе Алабаковски кој ја потпали вратата на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Според реакциите на граѓаните се очекува голема присутност. И јас сум Ламбе“ e главно моти социјалните мрежи каде јавноста изразува силна поддршка за македонскиот пејач, кој е приведен како осомничен за пожарот на надворечната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Дел од нив не го оправдуваат делото, но скоро сите го разбираат поривот на Ламбе Алабакоски да го изрази својот револт за состојбата во која се наоѓа македонскиот народ.

The post Денеска во Битола протест за поддршка на Ламбе appeared first on Република.

]]>
Пејачот Ламбе Алабаковски ја потпалил вратата од клубот „Иван Михајлов“ во Битола? https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pejachot-lambe-alabakovski-ja-potpalil-vratata-od-klubot-ivan-mihajlov-vo-bitola/ Tue, 07 Jun 2022 09:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=512097

Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски ја потпалил вратата од клубот „Иван Михајлов“ во Битола, објави весникот „Слободен печат“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку на својот Фејсбук профил соопшти дека е фатен сторителот кој ја потпали влезната врата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.

Како што неофицијално дознава „Слободен печат“ уапсениот е Алабаковски кој неодамна се врати со семејството од САД во родниот крај и изјави дека повеќе сака да живее во Македонија.

Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!, објави министерот Спасовски.

The post Пејачот Ламбе Алабаковски ја потпалил вратата од клубот „Иван Михајлов“ во Битола? appeared first on Република.

]]>

Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски ја потпалил вратата од клубот „Иван Михајлов“ во Битола, објави весникот „Слободен печат“. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку на својот Фејсбук профил соопшти дека е фатен сторителот кој ја потпали влезната врата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола. Како што неофицијално дознава „Слободен печат“ уапсениот е Алабаковски кој неодамна се врати со семејството од САД во родниот крај и изјави дека повеќе сака да живее во Македонија.