Лагадин Archives - Република https://republika.mk/tema/lagadin/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Mar 2023 16:25:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лагадин Archives - Република https://republika.mk/tema/lagadin/ 32 32 Бочварски: Општина Охрид е незаинтересирана да даде дополнителни аргументи за поништување на одобрението за градење објект на Лагадин https://republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-opshtina-ohrid-e-nezainteresirana-da-dade-dopolnitelni-argumenti-za-ponishtuvane-na-odobrenieto-za-gradene-objekt-na-lagadin/ Fri, 10 Mar 2023 16:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=618249

Министерството за транспорт и врски не го потврди одобрението за градење на објектот во Лагадин, затоа според пресудата на Управниот суд и укажавме на Општина Охрид по кој било друг основ да ја разгледа постапката за одобрението за градење и прибавената документација и да донесе решение за ништовност, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференција во Министерството.

Бочварски, образложувајќи ги сите постапки што се воделе од 2016 година, истакна дека тоа е процес и постапка што се водела во Општина Охрид за објект од втора категорија која е во ингеренции и надлежност на Општината.

Во 2017 година Општина Охрид на инвеститорот му издава одобрение за градење за изградба на објект на Лагадин. Во 2017 година, Општина Охрид го прогласува за ништовно одобрението што сама го издала. Инвеститорот во неколку наврати поднесува жалба до Министерството. Во 2019 година Министерството ја одбива жалбата на инвеститорот и го потврдува решението на Охрид со што и двете институции се на иста линија во однос на предметот. Во 2019 година инвеститорот поведува управен спор и тужба на Управен суд против Министерството и Општина Охрид. На 7 ноември 2019 година, Управниот суд донесе пресуда против решението на Министерството и Општината со што го задолжува Министерството да го врати предметот во Општина Охрид која треба да постапи по пресудата на Судот, изјави Бочварски.

Како пто додаде тој, во 2020 година, пак, Општина Охрид донела ново решение за поништување на одобрението за градба и Министерството и тогаш повторно ја потврдило одлуката на градоначалникот. Против ова решение во 2020 година инвеститорот повторно повел управен спор пред Управен суд против Министерството и Општината. Во 2022 година Управниот суд донел пресуда од 10 страни со детални насоки дека по донесените докази од Општина Охрид одобрението не може да биде прогласено за ништовно.

Во истата предудата Управниот суд како највисок орган го задолжува Министерството да постапи мериторно и дава можност на Општина Охрид да ја разгледа повторно постапката за давање одобрение за градење и доколку има друг основ да го прогласи за ништовно одобрението за градење по друг основ не по овој по кој е прогласено во 2017 година. Овде јасно се гледа незаинтересираност на Општината да го разработи детално целиот предмет, да додаде дополнителни аргументи за поништувањето на одобрението, туку напротив само го потврдува претходното спротивно насоките од Управниот суд, нагласи Бочварски.

Во Министерството влегла и управна инспекција и со решение ги опоменала и министерот и Министерството задолжително да донесат мериторна одлука по насоките на Управниот суд.

Министерството после задолжението од Судот и управната инспекција носи решение со кое на Општината и укажува дека по тој основ не може да го поништи решението за градење согласно насоките од двете институции кои се над нас, изјави Бочварски.

Тој посочи дека комисијата за УНЕСКО дава препорака на Општината да го преиспита целосно одобрението за градење во делот на целата постапка и се уште, како што нагласи, не е јасно зашто тоа не го прави Општина Охрид по шест години од издавањето одобрение за градење и не сака да ја разгледа целата постапка.

Нема да дозволам ниту јас ниту Министерството, ниту Владата да бидеме оправдание за погрешните одлуки и политики на Општината со кои во 2016 година донеле одлука за правосилно одобрение за градење, а во наредните години бараат тоа решение да биде поништено. Јавно го повикувам градоначаликот дека нема потреба од манипулација или двојни игри, може да го отвори повторно предметот на разгледување во Општина Охрид нешто што од него го побара и Комисијата за УНЕСКО. И тоа може да го направи по сите основи само не по овој. Доколку не знае како, Министерството стои на располагање да помогне во понатамошните постапки со цел да дојде правдата во однос на овој објекти или за секој друг објект, заклучи Бочварски.

The post Бочварски: Општина Охрид е незаинтересирана да даде дополнителни аргументи за поништување на одобрението за градење објект на Лагадин appeared first on Република.

]]>

Пецаков: За оваа една година мандат, два пати сум дал негативно мислење за претходно даденото одобрение за градба за објектот во Лагадин https://republika.mk/vesti/kultura/petsakov-za-ovaa-edna-godina-mandat-dva-pati-sum-dal-negativno-mislene-za-prethodno-dadenoto-odobrenie-za-gradba-za-objektot-vo-lagadin/ Fri, 10 Mar 2023 08:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=617986

За изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење и го одбиваат по еден основ и сите шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид, а за оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба, вели во реакцијата градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.

Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овај предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски, вели Пецаков.

Градоначалникот најави и дека јавноста ќе биде детално запознаена со предметот и целосната документација.

The post Пецаков: За оваа една година мандат, два пати сум дал негативно мислење за претходно даденото одобрение за градба за објектот во Лагадин appeared first on Република.

Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-ohrid-tvrdi-deka-dva-pati-dal-negativno-mislene-po-odobrenieto-za-gradba-na-hotelot-vo-lagadin/ Thu, 09 Mar 2023 11:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=617680

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот приватен фејсбук-профил реагира на тврдењата на Министерството за култура дека Општина Охрид спроведува активности што би го одобриле градењето на оспоруваниот хотел во населбата Лагадин.

Пецаков вели дека шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење за предметот и шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид.

За оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба“, вели Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.

https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-unishtuvanata-na-vlaho-i-na-lagadin-se-presedan-shto-ne-smee-da-se-povtori/

„Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овoј предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски“ пишува Пецаков.

Тој уште најавува дека во текот на утрешниот ден ќе презентира и писмени докази односно документација во прилог на неговите тврдења.

Националната комисија за УНЕСКО на Општина Охрид ѝ препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг-мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Министерката за култура која раководи и со Националната комисија на УНЕСКО исто така и препорача да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.

The post Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот приватен фејсбук-профил реагира на тврдењата на Министерството за култура дека Општина Охрид спроведува активности што би го одобриле градењето на оспоруваниот хотел во населбата Лагадин. Пецаков вели дека шест години Oпштина Охрид и градоначниците претходни даваат негативно мислење за предметот и шест години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид.
За оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба“, вели Пецаков во врска со вчерашното излагање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Општина Охрид треба да ја преиспита изградбата на објектот во Лагадин, а до конечната одлука таму да нема активности.
https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-unishtuvanata-na-vlaho-i-na-lagadin-se-presedan-shto-ne-smee-da-se-povtori/ „Овој пат второстепената комисија, веројатно за прв пат во историја одлучува мериторно за овoј предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 година кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерството заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан Благој Бочварски“ пишува Пецаков. Тој уште најавува дека во текот на утрешниот ден ќе презентира и писмени докази односно документација во прилог на неговите тврдења. Националната комисија за УНЕСКО на Општина Охрид ѝ препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг-мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Министерката за култура која раководи и со Националната комисија на УНЕСКО исто така и препорача да ја поништи Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22 декември 2022 година и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, имајќи предвид дека во Законот управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес.

The post Градоначалникот на Охрид тврди дека два пати дал негативно мислење по одобрението за градба на хотелот во Лагадин appeared first on Република.

]]>
Бисера Костадиновска Стојчевска: Уништувањата на Влахо и на Лагадин се преседан што не смее да се повтори https://republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-unishtuvanata-na-vlaho-i-na-lagadin-se-presedan-shto-ne-smee-da-se-povtori/ Wed, 08 Mar 2023 17:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=617441

На денешната прес-конференција, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска говореше за заштитата на културното наследство, како и на актуелните случувања во Охридскиот Регион.

Поради актуелноста на некои од прашањата, Костадиновска-Стојчевска одржа и седници со Националната комисија на УНЕСКО и со Националниот совет за културно наследство.

Ја поздравувам одлуката на Битолскиот суд кој го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и изрече забрана за вршење на ископ на подрачјето на Задбрдо, како дел од локалитетот Влахо, општина Новаци, од страна на концесионерот до правосилно завршување на постапката која во ОЈО Битола се води за кривично дело ‘оштетување или уништување на добра...’ од чл. 264 од Кривичниот законик. Ја поздравувам и брзата реакција на Основното јавно обвинителство Битола“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска околу продолжувањето на работата на концесионерот на локалитетот Влахо, и покрај забраната која е изречена заради извршување на законските заштитни конзерваторски работи.

Одлуката на Битолскиот суд следи по реакцијата на Министерството за култура соодветните институции за заштита веднаш да ги активираат своите законски надлежности по алармантните укажувања од стручните лица за случувањата на локалитетот Влахо.

Костадиновска-Стојчевска по седницата со Националната комисија за УНЕСКО, информираше дека по прашањето со изградбата на објект на крајбрежјето во Лагадин е заклучено дека се препорачува Општина Охрид повторно да ги разгледа активностите поврзани за градба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Силно препорачуваме сите активности поврзани со овој објект да бидат ставени во мирување до конечноста на одлуката на Општина Охрид“, подвлече министерката која е претседателка на Националната комисија за УНЕСКО.

Министерката информираше дека Комисијата препорачува Општина Охрид, следејќи ги препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство, и водејќи се по одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, да ја поништи донесената Одлука за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти  и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Во новата Одлука, Општина Охрид треба да има предвид дека Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не предвидува исклучоци како што е наведено во членот 4 од Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, заклучи Костадиновска-Стојчевска.

The post Бисера Костадиновска Стојчевска: Уништувањата на Влахо и на Лагадин се преседан што не смее да се повтори appeared first on Република.

]]>

  На денешната прес-конференција, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска говореше за заштитата на културното наследство, како и на актуелните случувања во Охридскиот Регион. Поради актуелноста на некои од прашањата, Костадиновска-Стојчевска одржа и седници со Националната комисија на УНЕСКО и со Националниот совет за културно наследство.
Ја поздравувам одлуката на Битолскиот суд кој го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и изрече забрана за вршење на ископ на подрачјето на Задбрдо, како дел од локалитетот Влахо, општина Новаци, од страна на концесионерот до правосилно завршување на постапката која во ОЈО Битола се води за кривично дело ‘оштетување или уништување на добра...’ од чл. 264 од Кривичниот законик. Ја поздравувам и брзата реакција на Основното јавно обвинителство Битола“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска околу продолжувањето на работата на концесионерот на локалитетот Влахо, и покрај забраната која е изречена заради извршување на законските заштитни конзерваторски работи.
Одлуката на Битолскиот суд следи по реакцијата на Министерството за култура соодветните институции за заштита веднаш да ги активираат своите законски надлежности по алармантните укажувања од стручните лица за случувањата на локалитетот Влахо. Костадиновска-Стојчевска по седницата со Националната комисија за УНЕСКО, информираше дека по прашањето со изградбата на објект на крајбрежјето во Лагадин е заклучено дека се препорачува Општина Охрид повторно да ги разгледа активностите поврзани за градба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Силно препорачуваме сите активности поврзани со овој објект да бидат ставени во мирување до конечноста на одлуката на Општина Охрид“, подвлече министерката која е претседателка на Националната комисија за УНЕСКО.
Министерката информираше дека Комисијата препорачува Општина Охрид, следејќи ги препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство, и водејќи се по одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, да ја поништи донесената Одлука за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти  и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Во новата Одлука, Општина Охрид треба да има предвид дека Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не предвидува исклучоци како што е наведено во членот 4 од Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, заклучи Костадиновска-Стојчевска.
 
The post Бисера Костадиновска Стојчевска: Уништувањата на Влахо и на Лагадин се преседан што не смее да се повтори appeared first on Република.

]]>
Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација https://republika.mk/vesti/makedonija/ponishteno-reshenieto-na-petsakov-za-prekin-na-gradbata-na-hotelot-vo-lagadin-za-koj-zaev-veti-legalizatsija/ Mon, 06 Mar 2023 17:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=616590

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин .

Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Кирил Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин.

Ваква одлука претставува своевиден преседан, дотолку повеќе што во пракса секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои побуди Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно. После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење.

Заев најави дека хотелот ќе се легализира.

https://www.youtube.com/watch?v=XGVsFYZwM0s

На истиот настан откако јавноста остана шокирана од оваа најава тогашниот премиер направи селфи со младината , а за тоа се качи на маса.

https://www.youtube.com/watch?v=lr7ko8RNGKA

извор: Охрид 1.мк

The post Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин . Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Кирил Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја трга единствената препрека за градба на спорниот хотел во Лагадин. Ваква одлука претставува своевиден преседан, дотолку повеќе што во пракса секогаш второстепената комисија носела решенија за повторно одлучување од страна на првостепениот орган. Во овој случај не само што такво решение нема, туку Министерството за транспорт и врски донесеното решение на 01.03.2023 година го прави правосилно. Со ваквата одлука на Министерството за транспорт и врски на инвеститорот му се отвора врата за непречено продолжување со градба на спорниот хотел. Од кои причини и од кои побуди Министерството за транспорт и врски носи ваква мериторна одлука и ја прогласува за правосилна, без претходно да го врати предметот на повторно одлучување останува нејасно. После ваквата одлука во јавноста провејуваат информации дека тоа се должи на јавното ветување кое поранешниот премер Зоран Заев на партиска трибина во Охрид директно пред јавноста му вети на инвеститорот дека самиот ќе се заложи за да му се обезбедат услови за продолжување со градење. Заев најави дека хотелот ќе се легализира. https://www.youtube.com/watch?v=XGVsFYZwM0s На истиот настан откако јавноста остана шокирана од оваа најава тогашниот премиер направи селфи со младината , а за тоа се качи на маса. https://www.youtube.com/watch?v=lr7ko8RNGKA извор: Охрид 1.мк

The post Поништено решението на Пецаков за прекин на градбата на хотелот во Лагадин за кој Заев вети легализација appeared first on Република.

]]>
Хотелот-дивоградба во Лагадин се гради и за викенд: До кога ќе се лаже и прикрива дека постои некаква кооперативност од македонска страна? https://republika.mk/vesti/makedonija/hotelot-divogradba-vo-lagadin-se-gradi-i-za-vikend-do-koga-ke-se-lazhe-i-prikriva-deka-postoi-nekakva-kooperativnost-od-makedonska-strana/ Sun, 05 Mar 2023 15:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=616105

Еколошката граѓанска иницијатива „Охрид SOS“ соопшти за наводни градежни активности на оспоруваниот хотел во туристичката населба Лагадин.

Според објавата на нивниот официјален фејсбук-профил, се гледаат лица на објектот, за кои од иницијативата посочуваат дека работат на хотелот што од УНЕСКО е посочен како дивоградба предвидена за уривање.

Од „Охрид SOS“ појаснуваат дека во извештајот за состојбата на природното и културно наследство на Охридскиот Регион доставен пред еден месец до УНЕСКО од Министерството за култура како одговор на препораката на Реактивната мониторинг мисија на ОН од 2020 година е спомнато дека Националниот парк „Галичица“ изготвил инвентар на нелегално изградени објекти со листа приоритетни градби за отстранување иако, според „Охрид SOS“, такво нешто во јавноста не било споделено.

Меѓу другото во препораките на Реактивната мониторинг мисија, како петта точка се бара забрзување на административните постапки за да се постигне уривање на посочениот недовршен хотел во Лагадин.

Токму поради тоа тие преку објавата ја информираат министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која е и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, дека она што e напишано во извештајот не соодветствува со реалната состојба на терен.

Дополнително од „Охрид SOS“ се посочува дека нема ажурирана карта со урнати дивоградби, а онаму каде е забележана извесна активност, истите објекти после извесно време се доградени и повторно функционираат.

-Нема листа на приоритети за уривање и за општините Струга и Дебрца, јавноста не ни знае колку вкупно објекти во тие општини се нелегални градби. До кога ќе се лаже и прикрива дека постои некаква кооперативност од македонска страна? Зошто не започна исполнување на листата барања која ви ја доставивме кон крајот на минатата година, а која од нас ја побаравте?..., се посочува меѓу другото во денешниот статус објавен од „Охрид SOS“.

The post Хотелот-дивоградба во Лагадин се гради и за викенд: До кога ќе се лаже и прикрива дека постои некаква кооперативност од македонска страна? appeared first on Република.

]]>

Еколошката граѓанска иницијатива „Охрид SOS“ соопшти за наводни градежни активности на оспоруваниот хотел во туристичката населба Лагадин. Според објавата на нивниот официјален фејсбук-профил, се гледаат лица на објектот, за кои од иницијативата посочуваат дека работат на хотелот што од УНЕСКО е посочен како дивоградба предвидена за уривање. Од „Охрид SOS“ појаснуваат дека во извештајот за состојбата на природното и културно наследство на Охридскиот Регион доставен пред еден месец до УНЕСКО од Министерството за култура како одговор на препораката на Реактивната мониторинг мисија на ОН од 2020 година е спомнато дека Националниот парк „Галичица“ изготвил инвентар на нелегално изградени објекти со листа приоритетни градби за отстранување иако, според „Охрид SOS“, такво нешто во јавноста не било споделено. Меѓу другото во препораките на Реактивната мониторинг мисија, како петта точка се бара забрзување на административните постапки за да се постигне уривање на посочениот недовршен хотел во Лагадин. Токму поради тоа тие преку објавата ја информираат министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која е и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, дека она што e напишано во извештајот не соодветствува со реалната состојба на терен. Дополнително од „Охрид SOS“ се посочува дека нема ажурирана карта со урнати дивоградби, а онаму каде е забележана извесна активност, истите објекти после извесно време се доградени и повторно функционираат. -Нема листа на приоритети за уривање и за општините Струга и Дебрца, јавноста не ни знае колку вкупно објекти во тие општини се нелегални градби. До кога ќе се лаже и прикрива дека постои некаква кооперативност од македонска страна? Зошто не започна исполнување на листата барања која ви ја доставивме кон крајот на минатата година, а која од нас ја побаравте?..., се посочува меѓу другото во денешниот статус објавен од „Охрид SOS“.

The post Хотелот-дивоградба во Лагадин се гради и за викенд: До кога ќе се лаже и прикрива дека постои некаква кооперативност од македонска страна? appeared first on Република.

]]>