лацио Archives - Република https://republika.mk/tema/lacio/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Apr 2024 19:12:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лацио Archives - Република https://republika.mk/tema/lacio/ 32 32 Легендата Имобиле сака да остане во Лацио https://republika.mk/vesti/legendata-imobile-saka-da-ostane-vo-latsio/ Wed, 10 Apr 2024 19:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=764713

Агентот на напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле - Алесандро Моџи одговараше на прашања за иднината на својот клиент.

Медиумите во Италија пишуваа дека фудбалерот би можел да го напушти клубот поради конфликт со навивачите.

-Чиро е дел од историјата на Лацио, тој е капитен. Добро му оди во Рим, но јасно е дека многу работи може да се случат пред и по крајот на сезоната. Во летниот преоден рок можни се различни ситуации, изјави Моџи за „Спорт Медиасет“.

Тој додаде дека самиот фудбалер би сакал да остане во тимот.

Имобиле за Лацио игра од јули 2016 година. За тоа време одигра 335 настапи за клубот, постигнувајќи 206 гола и 54 асистенции.

Договорот на напаѓачот е до крајот на сезоната 2025/26

The post Легендата Имобиле сака да остане во Лацио appeared first on Република.

]]>

Агентот на напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле - Алесандро Моџи одговараше на прашања за иднината на својот клиент. Медиумите во Италија пишуваа дека фудбалерот би можел да го напушти клубот поради конфликт со навивачите.
-Чиро е дел од историјата на Лацио, тој е капитен. Добро му оди во Рим, но јасно е дека многу работи може да се случат пред и по крајот на сезоната. Во летниот преоден рок можни се различни ситуации, изјави Моџи за „Спорт Медиасет“.
Тој додаде дека самиот фудбалер би сакал да остане во тимот. Имобиле за Лацио игра од јули 2016 година. За тоа време одигра 335 настапи за клубот, постигнувајќи 206 гола и 54 асистенции. Договорот на напаѓачот е до крајот на сезоната 2025/26

The post Легендата Имобиле сака да остане во Лацио appeared first on Република.

]]>
Игор Тудор нов тренер на Лацио https://republika.mk/sport/fudbal/igor-tudor-nov-trener-na-latsio/ Fri, 15 Mar 2024 20:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=755264

Римски Лацио го избра 45-годишниот хрватски стратег Иван Тудор нив тренер, јавија попладнево италијанските медиуми.

Според истите извори, доаѓањето на Тудор во Рим било договорено на состанок во четвртокот вечер во присуство на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.

Тудор во Лацио треба да го замени Маурицио Сари, кому римскиот клуб му врачи отказ поради слаби резултати.

Медиумите тврдат дека Тудор ќе потпише договор на 18 месеци.

Тудор најголем дел од својата кариера како фудбалер ја мина во Јувентус, а како тренер досега ги предводеше Удинезе, Верона, ПАОК, Хајдук, Карабукспор, Галатасарај и Марсеј.

The post Игор Тудор нов тренер на Лацио appeared first on Република.

]]>

Римски Лацио го избра 45-годишниот хрватски стратег Иван Тудор нив тренер, јавија попладнево италијанските медиуми. Според истите извори, доаѓањето на Тудор во Рим било договорено на состанок во четвртокот вечер во присуство на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито. Тудор во Лацио треба да го замени Маурицио Сари, кому римскиот клуб му врачи отказ поради слаби резултати. Медиумите тврдат дека Тудор ќе потпише договор на 18 месеци. Тудор најголем дел од својата кариера како фудбалер ја мина во Јувентус, а како тренер досега ги предводеше Удинезе, Верона, ПАОК, Хајдук, Карабукспор, Галатасарај и Марсеј.

The post Игор Тудор нов тренер на Лацио appeared first on Република.

]]>
Лацио шутна два пати, а го победи Баерн https://republika.mk/sport/fudbal/latsio-shutna-dva-pati-a-go-pobedi-baern/ Thu, 15 Feb 2024 07:27:57 +0000 https://republika.mk/?p=744236

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, смета дека неговиот тим сам е виновен за поразот од Лацио. Баварците синоќа во Рим загубија со 1:0 во првиот меѓусебен натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

https://www.youtube.com/watch?v=5A3gsMaa4HE

- Разочарани сме и лути поради поразот. Не можам да кажам дека Лацио го доби натпреварот. Наместо тоа, може да се констатира дека ние го загубивме мечот. Не знам зошто ја загубивме самодовербата во вториот дел. Не можам да го објаснам поразот. На полувремето му наложивме на тимот да игра со ист интензитет и да оди напред уште похрабро, но се случи спротивното. Има работи на кои треба да работиме. Во првото полувреме создадовме неколку добри шанси и една голема шанса со Џамал ​​Мусијала, но на крајот немавме ниту еден удар кон противничкиот гол. Јасно е дека со ваква статистика е невозможно да се победи. Но, имаме реванш. Во комбинација со последниот резултат, нашите изгледи не изгледаат добро, но ќе продолжиме да работиме напорно, изјави Тухел на официјалната веб-страница на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 5 март во Германија

The post Лацио шутна два пати, а го победи Баерн appeared first on Република.

]]>

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, смета дека неговиот тим сам е виновен за поразот од Лацио. Баварците синоќа во Рим загубија со 1:0 во првиот меѓусебен натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. https://www.youtube.com/watch?v=5A3gsMaa4HE
- Разочарани сме и лути поради поразот. Не можам да кажам дека Лацио го доби натпреварот. Наместо тоа, може да се констатира дека ние го загубивме мечот. Не знам зошто ја загубивме самодовербата во вториот дел. Не можам да го објаснам поразот. На полувремето му наложивме на тимот да игра со ист интензитет и да оди напред уште похрабро, но се случи спротивното. Има работи на кои треба да работиме. Во првото полувреме создадовме неколку добри шанси и една голема шанса со Џамал ​​Мусијала, но на крајот немавме ниту еден удар кон противничкиот гол. Јасно е дека со ваква статистика е невозможно да се победи. Но, имаме реванш. Во комбинација со последниот резултат, нашите изгледи не изгледаат добро, но ќе продолжиме да работиме напорно, изјави Тухел на официјалната веб-страница на УЕФА.
Реваншот ќе се игра на 5 март во Германија

The post Лацио шутна два пати, а го победи Баерн appeared first on Република.

]]>
Навивачите на Рома и Лацио се гаѓаа со факели https://republika.mk/sport/fudbal/navivachite-na-roma-i-latsio-se-gagaa-so-fakeli/ Wed, 10 Jan 2024 20:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=731749

Дуелот меѓу Лацио и Рома беше дерби на четвртфиналето од Копа Италија, но навивачите на двете екипи се погрижија да им се одмили фудбалот на љубителите на овој спорт.

Пред почетокот на натпреварот, еден дел од навивачите на Лацио кој вечерва формално беше во улога на домаќин, стигна блиску до трибината на која се наоѓаа фановите на Рома и почна меѓусебното гаѓање со факели, димни бомби и тврди предмети. За среќа, полицијата успеа некако да интервенира и натпреварот почна навреме.

Од спортскиот дел, Лацио победи со 1-0 благодарение на голот на Закањи од пенал во 51. минута, а искри имаше и на крајот кога Педри и Азмун добија црвени картони.

https://twitter.com/hooliganscz1999/status/1745132412596621610?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1745132412596621610%7Ctwgr%5E2b8cd55ac041d2fcde781faf5fb71dea3608f218%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fhaos-na-derbito-vo-rim-navivachite-na-roma-i-lacio-se-ga-aa-so-fakeli%2F

The post Навивачите на Рома и Лацио се гаѓаа со факели appeared first on Република.

]]>

Дуелот меѓу Лацио и Рома беше дерби на четвртфиналето од Копа Италија, но навивачите на двете екипи се погрижија да им се одмили фудбалот на љубителите на овој спорт. Пред почетокот на натпреварот, еден дел од навивачите на Лацио кој вечерва формално беше во улога на домаќин, стигна блиску до трибината на која се наоѓаа фановите на Рома и почна меѓусебното гаѓање со факели, димни бомби и тврди предмети. За среќа, полицијата успеа некако да интервенира и натпреварот почна навреме. Од спортскиот дел, Лацио победи со 1-0 благодарение на голот на Закањи од пенал во 51. минута, а искри имаше и на крајот кога Педри и Азмун добија црвени картони. https://twitter.com/hooliganscz1999/status/1745132412596621610?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1745132412596621610%7Ctwgr%5E2b8cd55ac041d2fcde781faf5fb71dea3608f218%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fhaos-na-derbito-vo-rim-navivachite-na-roma-i-lacio-se-ga-aa-so-fakeli%2F

The post Навивачите на Рома и Лацио се гаѓаа со факели appeared first on Република.

]]>
Десницата во Италија убедливо победи на изборите во клучните региони Ломбардија и Лацио https://republika.mk/vesti/svet/desnitsata-vo-italija-ubedlivo-pobedi-na-izborite-vo-kluchnite-regioni-lombardija-i-latsio/ Tue, 14 Feb 2023 09:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=608719

Десницата во Италија убедливо победи на изборите за гувернери и советници во италијанските региони Лацио и Ломбардија, објавија италијанските медиуми.

Конечните резултати од гласањето во северниот регион Ломбардија покажуваат дека Атилио Фонтана, кој е претставник на партијата „Лига“ на Матео Салвини, е реизбран за регионален гувернер. Тој освои 54,67 отсто од гласовите. Неговиот главен ривал, Пјерфранческо Маиорино, кандидат на Обединетата левица, која ги вклучува Демократската партија, Зелените и „Движењето 5 ѕвезди“, доби само 33,93 отсто. На третото место се најде Летиција Морати, кандидатка на центристите. Таа доби 9,87 отсто од гласовите.

Одѕивот на гласачите во областа беше 41,68 отсто.

Партијата „Браќа на Италија“ на премиерката Џорџа Мелони, го освои првото место на изборите за регионална администрација во Ломбардија. Таа освои 25,18 отсто од гласовите. Партијата „Лига“ освои само 16,53 отсто, а „Форца Италија“ на Силвио Берлускони освои 7,23 отсто.

Демократската партија во Ломбардија освои 21,82 отсто од гласовите, „Движењето 5 ѕвезди“ 3,93 отсто, а центристичкиот „Трет пол“ 4,52 отсто.

Резултатите од гласањето во регионот на Лацио покажуваат дека таму победува кандидатот на Обединетата десница, Франческо Рока, чија кандидатура беше главно поддржана од премиерката Мелони. Тој добива 53,88 отсто. Така Лацио преминува од левицата кај десницата.

На второ место се најде кандидатот на Демократската партија и центристичкиот „Трет Пол“, Алесио Д’Амато. Тој освои 33,5 отсто од гласовите, а Донатела Бјанки, кандидатката на „Движењето 5 ѕвезди“ се најде на третото место со 10,76 отсто.

Излезноста на гласачите во Лацио беше 30,72 отсто.

Во битката за локалниот совет во Лацио, „Браќа на Италија“ води со 33,63 проценти, а по нив следат „Лига“ и „Форца Италија“ со 8,52 односно 8,43 проценти…

Во двата региони се бележи намалување на одѕивот на гласачите.

The post Десницата во Италија убедливо победи на изборите во клучните региони Ломбардија и Лацио appeared first on Република.

]]>

Десницата во Италија убедливо победи на изборите за гувернери и советници во италијанските региони Лацио и Ломбардија, објавија италијанските медиуми. Конечните резултати од гласањето во северниот регион Ломбардија покажуваат дека Атилио Фонтана, кој е претставник на партијата „Лига“ на Матео Салвини, е реизбран за регионален гувернер. Тој освои 54,67 отсто од гласовите. Неговиот главен ривал, Пјерфранческо Маиорино, кандидат на Обединетата левица, која ги вклучува Демократската партија, Зелените и „Движењето 5 ѕвезди“, доби само 33,93 отсто. На третото место се најде Летиција Морати, кандидатка на центристите. Таа доби 9,87 отсто од гласовите. Одѕивот на гласачите во областа беше 41,68 отсто. Партијата „Браќа на Италија“ на премиерката Џорџа Мелони, го освои првото место на изборите за регионална администрација во Ломбардија. Таа освои 25,18 отсто од гласовите. Партијата „Лига“ освои само 16,53 отсто, а „Форца Италија“ на Силвио Берлускони освои 7,23 отсто. Демократската партија во Ломбардија освои 21,82 отсто од гласовите, „Движењето 5 ѕвезди“ 3,93 отсто, а центристичкиот „Трет пол“ 4,52 отсто. Резултатите од гласањето во регионот на Лацио покажуваат дека таму победува кандидатот на Обединетата десница, Франческо Рока, чија кандидатура беше главно поддржана од премиерката Мелони. Тој добива 53,88 отсто. Така Лацио преминува од левицата кај десницата. На второ место се најде кандидатот на Демократската партија и центристичкиот „Трет Пол“, Алесио Д’Амато. Тој освои 33,5 отсто од гласовите, а Донатела Бјанки, кандидатката на „Движењето 5 ѕвезди“ се најде на третото место со 10,76 отсто. Излезноста на гласачите во Лацио беше 30,72 отсто. Во битката за локалниот совет во Лацио, „Браќа на Италија“ води со 33,63 проценти, а по нив следат „Лига“ и „Форца Италија“ со 8,52 односно 8,43 проценти… Во двата региони се бележи намалување на одѕивот на гласачите.

The post Десницата во Италија убедливо победи на изборите во клучните региони Ломбардија и Лацио appeared first on Република.

]]>
Лацио не е само клуб: Оваа област во Рим на идните младенци им дава по 2000 евра помош за свадба https://republika.mk/zivot/patuvanja/lacio-ne-e-samo-klub-ovaa-oblast-vo-rim-na-idnite-mladenci-im-dava-po-2000-evra-pomosh-za-svadba/ Thu, 03 Mar 2022 09:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=466881

Областа Лацио, во средишна Италија, годинава им нуди помош од по 2.000 евра на идните брачни двојки, за организирање свадби во таа околија. Обидот е да се зајакне работата со угостителските објекти и тамошниот сектор за свадби, по последиците од пандемијата.

Округот Лацио, кој го вклучува и главниот град Рим, е втора најнаселена област во Италија. Според иницијативата „Лацио со љубов“, одвоени се 10 милиони евра за италијанските и странските двојки кога купуваат услуги или производи од околни угостители, планери за свадби, цвеќарници или компании за планирање венчавки.

Сите свадби одржани меѓу 1 јануари и 31 декември 2022 година ќе бидат прифатливи за субвенција. Тоа може да ги покрие и трошоците за меден месец, услугите за фотографирање и свадбената забава.

Италија ја има една од највисоките стапки на смртност од Ковид во светот и е една од првите земји што воведе карантин.

Од паровите кои ќе ја прифатат свадбената понуда, се бара да достават доказ за најмногу пет платени сметки. Пријавите за поврат на паричните средства може да се поднесат до 31 јануари 2023 година.

Во понудата има широк спектар места за свадби – во град и во село. Главниот град е дом на некои од најпознатите знаменитости на Италија, како што се Шпанските скали, Колосеумот и Фонтаната Ди Треви.

The post Лацио не е само клуб: Оваа област во Рим на идните младенци им дава по 2000 евра помош за свадба appeared first on Република.

]]>

Областа Лацио, во средишна Италија, годинава им нуди помош од по 2.000 евра на идните брачни двојки, за организирање свадби во таа околија. Обидот е да се зајакне работата со угостителските објекти и тамошниот сектор за свадби, по последиците од пандемијата. Округот Лацио, кој го вклучува и главниот град Рим, е втора најнаселена област во Италија. Според иницијативата „Лацио со љубов“, одвоени се 10 милиони евра за италијанските и странските двојки кога купуваат услуги или производи од околни угостители, планери за свадби, цвеќарници или компании за планирање венчавки. Сите свадби одржани меѓу 1 јануари и 31 декември 2022 година ќе бидат прифатливи за субвенција. Тоа може да ги покрие и трошоците за меден месец, услугите за фотографирање и свадбената забава. Италија ја има една од највисоките стапки на смртност од Ковид во светот и е една од првите земји што воведе карантин. Од паровите кои ќе ја прифатат свадбената понуда, се бара да достават доказ за најмногу пет платени сметки. Пријавите за поврат на паричните средства може да се поднесат до 31 јануари 2023 година. Во понудата има широк спектар места за свадби – во град и во село. Главниот град е дом на некои од најпознатите знаменитости на Италија, како што се Шпанските скали, Колосеумот и Фонтаната Ди Треви.

The post Лацио не е само клуб: Оваа област во Рим на идните младенци им дава по 2000 евра помош за свадба appeared first on Република.

]]>