квалитет на воздух Archives - Република https://republika.mk/tema/kvalitet-na-vozduh/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Oct 2023 11:58:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png квалитет на воздух Archives - Република https://republika.mk/tema/kvalitet-na-vozduh/ 32 32 Десетина европски градови бараат построги мерки за квалитетот на воздухот https://republika.mk/vesti/svet/desetina-evropski-gradovi-baraat-postrogi-merki-za-kvalitetot-na-vozduhot/ Tue, 10 Oct 2023 11:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=689879

Десетина големи европски градови, вклучувајќи ги Париз, Рим и Брисел, поднесоа петиција до Европскиот парламент со барање за построги стандарди „за квалитетот на воздухот и емисиите на штетни гасови од моторните возила“, објави денеска белгискиот портал „Судинфо“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, петицијата е поднесена во пресрет на усогласување на ставот на Европскиот парламент во однос на измените утврдени од Советот на ЕУ на предлогот на новата регулатива предложена од Европската комисија за издувните гасови од патничките возила.

Дел од земјите членки на ЕУ, пред се Франција и Италија, се против заострување на важечките стандарди и фаворизираат поблаг пристап од предлогот на Европската комисија од ноември 2022 година, кој предвидува значително намалување на емисиите на азотен моноксид и на честички од возилата.

Градоначалниците потписници на петицијата, иницирана од Градот Париз, сметаат дека предлогот усвоен од Советот на ЕУ на крајот на септември „претставува уназадување и неспроведување на стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитетот на воздухот и емисиите на гасови од моторните возила“.

– Ние, претставниците на големите европски градови кои концентрираат 75 отсто од европското население, не можеме да прифатиме такво демократско негирање и таков скандал, се наведува во петицијата, која покрај градоначалниците на Париз, Рим и Брисел, ја потпишаа и првите луѓе на Загреб, Крижевци, Бордо, Монпеље, Безансон и Лион.

Потписниците на петицијата сметаат дека со измените усогласени од земјите членки на ЕУ наместо да се принудува производителите на возила да се усогласат со амбициозниот план за намалување на емисиите на штетни гасови, Унијата „се усогласува со нивните барања и интереси“.

Доколку се усвои (предлогот) ќе овозможи загадување, а со тоа и убивање, непочитувајќи ги стандардите на СЗО. Ова ќе биде нов скандал за јавното здравство од европски размери, тврдат потписниците на петицијата.

„Судинфо“ наведува дека секоја година од последици од загадувањето на воздухот во ЕУ умираат по околу 70.000 лица.

Совет на ЕУ на 25 септември ги усогласи позициите на земјите членки на Унијата за предлогот на Европската комисија за усвојување на регулативата „Еуро 7“ за воспоставување на стандарди за емисиите на штетни гасови и за издржливост на акумулаторите за моторни возила и мотоцикли.

 

The post Десетина европски градови бараат построги мерки за квалитетот на воздухот appeared first on Република.

]]>

Десетина големи европски градови, вклучувајќи ги Париз, Рим и Брисел, поднесоа петиција до Европскиот парламент со барање за построги стандарди „за квалитетот на воздухот и емисиите на штетни гасови од моторните возила“, објави денеска белгискиот портал „Судинфо“. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, петицијата е поднесена во пресрет на усогласување на ставот на Европскиот парламент во однос на измените утврдени од Советот на ЕУ на предлогот на новата регулатива предложена од Европската комисија за издувните гасови од патничките возила. Дел од земјите членки на ЕУ, пред се Франција и Италија, се против заострување на важечките стандарди и фаворизираат поблаг пристап од предлогот на Европската комисија од ноември 2022 година, кој предвидува значително намалување на емисиите на азотен моноксид и на честички од возилата. Градоначалниците потписници на петицијата, иницирана од Градот Париз, сметаат дека предлогот усвоен од Советот на ЕУ на крајот на септември „претставува уназадување и неспроведување на стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитетот на воздухот и емисиите на гасови од моторните возила“. – Ние, претставниците на големите европски градови кои концентрираат 75 отсто од европското население, не можеме да прифатиме такво демократско негирање и таков скандал, се наведува во петицијата, која покрај градоначалниците на Париз, Рим и Брисел, ја потпишаа и првите луѓе на Загреб, Крижевци, Бордо, Монпеље, Безансон и Лион. Потписниците на петицијата сметаат дека со измените усогласени од земјите членки на ЕУ наместо да се принудува производителите на возила да се усогласат со амбициозниот план за намалување на емисиите на штетни гасови, Унијата „се усогласува со нивните барања и интереси“.
Доколку се усвои (предлогот) ќе овозможи загадување, а со тоа и убивање, непочитувајќи ги стандардите на СЗО. Ова ќе биде нов скандал за јавното здравство од европски размери, тврдат потписниците на петицијата.
„Судинфо“ наведува дека секоја година од последици од загадувањето на воздухот во ЕУ умираат по околу 70.000 лица. Совет на ЕУ на 25 септември ги усогласи позициите на земјите членки на Унијата за предлогот на Европската комисија за усвојување на регулативата „Еуро 7“ за воспоставување на стандарди за емисиите на штетни гасови и за издржливост на акумулаторите за моторни возила и мотоцикли.  

The post Десетина европски градови бараат построги мерки за квалитетот на воздухот appeared first on Република.

]]>