кузман јосифовскипиту Archives - Република https://republika.mk/tema/kuzman-josifovskipitu/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 07:49:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кузман јосифовскипиту Archives - Република https://republika.mk/tema/kuzman-josifovskipitu/ 32 32 Падна под ударот на бугарски куршум: Пред 80 години загина главниот идеолог на АСНОМ, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу https://republika.mk/vesti/makedonija/padna-pod-udarot-na-bugarski-kurshum-pred-80-godini-zagina-glavniot-ideolog-na-asnom-narodniot-heroj-kuzman-josifovski-pitu/ Sun, 25 Feb 2024 07:46:41 +0000 https://republika.mk/?p=748005

На денешен ден се навршуваат 80 години од смртта на Кузман Јосифовски - Питу, човекот кој се смета за најзаслужен идеолог за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во Македонија. Народниот херој на Македонија загина во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција.

Кузман Јосифовски - Питу е главниот иницијатор и организатор на свикувањето на Првото заседание на АСНОМ и автор на неговите државотворни документи.

Роден е во Прилеп 1915 година, се образувал во Прилеп и Битола, за потоа да продолжи на студии по право на Белградскиот универзитет.

За време на студиите активно се вклучува во политичката активност, особено преку создавање на студенските друштва и В движења „Вардар“ и „МАНАПО“.

Бил член на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Останувајќи доследен на своите убедувања, тој ќе работи во НОБ да се вклучат познатите револуционери од минатите македонски борби и луѓе од народот.

Така, во работата на заседанието на АСНОМ ќе учествуваат и ќе го водат неговиот Президиум познати имиња - Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе и други.

По Преспанското советување на 2 август 1943 година дошол во Скопје, каде што живеел во населбата Трнодол.

Кузман Јосифовски - Питу бил убиен под мошне неразјаснети околности на 25 февруари 1944 година.

Според официјалната верзија, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година, погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата каде што се одржувал состанок со претставници на централниот комитет на БКП (Бугарската комунистичка партија).

Кузман успеал да се пробие од блокадата и да побегне, но стигнал само некој километар подолу,  спроти некогашната „Алумина“, каде што смртно бил погоден од бугарски војник.

За убиството на Кузман, неговата мајка и помалата сестра Павлина дознале дури по една година и тоа случајно на првиот митинг по ослободувањето на Прилеп, каде што биле прочитани имињата на загинатите борци.

Во денешно време, по откривање на одредени историски сознанија, се знае дека постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ - Темпо испратена до Тито, во која тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување, каде што Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка броба со Македонците од Вардарска Македонија за целосно ослободување и обединување на Македонија.

На 2 август 1945 година посмртно е прогласен за народен херој на Југославија.

The post Падна под ударот на бугарски куршум: Пред 80 години загина главниот идеолог на АСНОМ, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу appeared first on Република.

]]>

На денешен ден се навршуваат 80 години од смртта на Кузман Јосифовски - Питу, човекот кој се смета за најзаслужен идеолог за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во Македонија. Народниот херој на Македонија загина во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција. Кузман Јосифовски - Питу е главниот иницијатор и организатор на свикувањето на Првото заседание на АСНОМ и автор на неговите државотворни документи. Роден е во Прилеп 1915 година, се образувал во Прилеп и Битола, за потоа да продолжи на студии по право на Белградскиот универзитет. За време на студиите активно се вклучува во политичката активност, особено преку создавање на студенските друштва и В движења „Вардар“ и „МАНАПО“. Бил член на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Останувајќи доследен на своите убедувања, тој ќе работи во НОБ да се вклучат познатите револуционери од минатите македонски борби и луѓе од народот. Така, во работата на заседанието на АСНОМ ќе учествуваат и ќе го водат неговиот Президиум познати имиња - Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе и други. По Преспанското советување на 2 август 1943 година дошол во Скопје, каде што живеел во населбата Трнодол. Кузман Јосифовски - Питу бил убиен под мошне неразјаснети околности на 25 февруари 1944 година. Според официјалната верзија, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година, погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата каде што се одржувал состанок со претставници на централниот комитет на БКП (Бугарската комунистичка партија). Кузман успеал да се пробие од блокадата и да побегне, но стигнал само некој километар подолу,  спроти некогашната „Алумина“, каде што смртно бил погоден од бугарски војник. За убиството на Кузман, неговата мајка и помалата сестра Павлина дознале дури по една година и тоа случајно на првиот митинг по ослободувањето на Прилеп, каде што биле прочитани имињата на загинатите борци. Во денешно време, по откривање на одредени историски сознанија, се знае дека постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ - Темпо испратена до Тито, во која тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување, каде што Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка броба со Македонците од Вардарска Македонија за целосно ослободување и обединување на Македонија. На 2 август 1945 година посмртно е прогласен за народен херој на Југославија.

The post Падна под ударот на бугарски куршум: Пред 80 години загина главниот идеолог на АСНОМ, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу appeared first on Република.

]]>