кустос Archives - Република https://republika.mk/tema/kustos/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jul 2023 13:52:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кустос Archives - Република https://republika.mk/tema/kustos/ 32 32 Кој дозволува странски кустоси на наши локалитети на туристите да им раскажуваат нивна верзија на историјата? https://republika.mk/vesti/kultura/koj-dozvoluva-stranski-kustosi-na-nashi-lokaliteti-na-turistite-da-im-raskazhuvaat-nivna-verzija-na-istorijata/ Fri, 21 Jul 2023 13:52:23 +0000 https://republika.mk/?p=663986

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски денеска, на средба со новинарите, рече дека во нашите музеи и локалитети нема доволно кустоси, поради што, многу често, странски водичи на туристичките групи им раскажуваат поинаква историја.

Во археолошките и други локалитети треба да имаме кустоси кои ќе ги пречекаат туристите и ќе им ја кажат историјата на вистински, автентичен начин. Недозволиво е тоа да го прават туристики работници од други земји кои ја извртуваат историјата. Еден до првите мотиви за посета на земјава е културното и историското богатство кои го имаме во изобилство и по кое сме прочуени во светски рамки. Но, се почесто и се повеќе се случува во нашите музеи и археолошки места туристите да не бидат пречекани од кустос или овластен водич, туку историјата е извртена и кажана од страна на водич што ја води групата. По правило, секој музеј или археолошки локалитет треба да има кустос кој на одреден јазик ќе ја раскаже историјата на местото и тоа по закон треба да биде така, истакна Јаневски.

Во овој момент нема бројка колку кустоси недостасуваат зашто музеите и локалитетите се под Министертсвото за култура.

Културата и туризмот се комплементарни дејности, голем број земји веќе имаат препознаено можност да се има министерство за култура, но и министерство за туризам кое се грижи за културното наследство, ни и овозможува негово соодветно и правилно презентирање. Туристичката дипломатија овозможува презентирање на земјата, градење културни мостови и промоција на културното, историското и етно богатството, нагласи директорот.

АППТ се обратила до Министертвото за култура кое во текот на летните месеци ангажира кустоси, со договор на дело, во поголем дел од локалитетите, центрите и музеите.

Сметам дека треба да бидат ангажирани поголем број кустоси, посебно сега, кога е зголемен бројот на туристи и групи. Се надевам дека тоа многу брзо ќе се сервисира зашто, сепак, некои локалитети и историски места немаат потреба од кустоси во текот на целата година, рече Јаневски.

Тој најави дека Агенцијата догодина, како дел од Стратегијата за култура, ќе изработи неколку апликативни решенија за 50-те најпосетувани музеи и етнографски колекции.

Ќе почнеме голем проект во соработка со Министерството за култура и Заводот за заштита на спомениците, ќе создадеме виртуелни тури за нашето историско и културно богатство. Ќе овозможиме туристите, преку виртуелна реалност, да се запознаат со тоа каков бил животот во тоа време на тоа одредено место или локалитет, информира Јаневски

The post Кој дозволува странски кустоси на наши локалитети на туристите да им раскажуваат нивна верзија на историјата? appeared first on Република.

]]>

Ноќна музејска тура во МСУ: Ретка можност да посведочите на креативната работа на светски познатите уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер https://republika.mk/vesti/kultura/nokjna-muzejska-tura-vo-msu-retka-moznost-da-posvedochite-na-kreativnata-rabota-na-svetski-poznatite-umetnici-artur-zmijevski-i-pavel-althamer/ Fri, 08 Jul 2022 12:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=525951

Вечерва, 20 часот, ноќна музејска тура во МСУ заедно со кустосот Бојана Јанева.

Ретка можност со личен водич да посведочите на креативната работа на нашите ексклузивни гости, светски познатите уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер.

Во текот на овие две недели, полските уметници ќе создадат 30-тина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, стари фотографски книги, каталози, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони...

Добредојдени сте да донесете дел од овие материјали, и со тоа да придонесете во создавањето на делата.

Наедно, Јанева ќе ве води и нив тековните отворени изложби во МСУ.

Следната ноќна тура е на 12 јули, соопштија од МСУ.

The post Ноќна музејска тура во МСУ: Ретка можност да посведочите на креативната работа на светски познатите уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер appeared first on Република.