курти и вучиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/kurti-i-vuchik/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jun 2024 13:12:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png курти и вучиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/kurti-i-vuchik/ 32 32 Курти и Вучиќ по подолго време седнуваат на заедничка маса https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-i-vuchik-po-podolgo-vreme-sednuvaat-na-zaednichka-masa/ Thu, 20 Jun 2024 13:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=789370

Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се сретнат во Брисел на 26 јуни, за нова рунда од дијалогот за нормализација на односите, што се одвива со посредство на Европската унија, објави Радио слободна Европа.

Како што пренесоа медиумите во Приштина, информацијата за РСЕ ја потврдил портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Оваа средба на високо ниво во рамките на дијалогот ќе ја посредува високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Курти и Вучиќ последен пат разговараа за спроведувањето на договорите од Охрид од февруари 2023 на 14 септември минатата година, но без никаков напредок, поради спротивставени позиции.

Неколку дена подоцна, на 24 септември, група вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција во селото Бањска – северниот дел на Косово – убивајќи го наредникот Африм Буњаку. Во размената на оган што уследи загинаа и тројца од напаѓачите.

Косово ја обвини Србија за овој напад, но официјален Белград негираше одговорност.

Претставниците на западните земји неколку пати се обидоа да ги убедат Курти и Вучиќ да седнат на преговарачка маса и да разговараат за чекорите за спроведување на договорот, но безуспешно.

Исто така, шефовите на преговарачките тимови на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, неколкупати отидоа во Брисел да разговараат за надминување на кризите, но ниту меѓу нив немаше напредок

The post Курти и Вучиќ по подолго време седнуваат на заедничка маса appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се сретнат во Брисел на 26 јуни, за нова рунда од дијалогот за нормализација на односите, што се одвива со посредство на Европската унија, објави Радио слободна Европа. Како што пренесоа медиумите во Приштина, информацијата за РСЕ ја потврдил портпаролот на ЕУ, Петер Стано. Оваа средба на високо ниво во рамките на дијалогот ќе ја посредува високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Курти и Вучиќ последен пат разговараа за спроведувањето на договорите од Охрид од февруари 2023 на 14 септември минатата година, но без никаков напредок, поради спротивставени позиции. Неколку дена подоцна, на 24 септември, група вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција во селото Бањска – северниот дел на Косово – убивајќи го наредникот Африм Буњаку. Во размената на оган што уследи загинаа и тројца од напаѓачите. Косово ја обвини Србија за овој напад, но официјален Белград негираше одговорност. Претставниците на западните земји неколку пати се обидоа да ги убедат Курти и Вучиќ да седнат на преговарачка маса и да разговараат за чекорите за спроведување на договорот, но безуспешно. Исто така, шефовите на преговарачките тимови на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, неколкупати отидоа во Брисел да разговараат за надминување на кризите, но ниту меѓу нив немаше напредок

The post Курти и Вучиќ по подолго време седнуваат на заедничка маса appeared first on Република.

]]>
Не толку отворен Балкан: Вучиќ не сакал да дава изјава покрај Курти, го пуштија Таче сам https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-tolku-otvoren-balkan-vuchik-ne-sakal-da-dava-izjava-pokraj-kurti-go-pushtija-tache-sam/ Tue, 23 Jan 2024 07:02:03 +0000 https://republika.mk/?p=735655

Се чини дека помеѓу лидерите од иницијативата „Отворен Балкан“ нема толкава доверба како што сакаат да се претстави.Тоа се виде и на вчерашниот состанок во Скопје. Покрај основачите, Македонија,Албанија и Србија, на состанокот присуствуваа Косово и Црна Гора како и претставници на САД и ЕУ.

Пред лидерите од регионот беа шест милијарди евра кои за да ги добијат треба да ги заслужат со реформи и проекти.Се разговараше и за слободен проток на работници и стоки и единствен пазар.

Сето тоа е добро, но кога дојде редот тоа да го кажат пред камери тоа што го договорија сите се разбегаа.

Наместо планираната заедничка прес конференција на Вучиќ, Курти, Спајиќ и Рама излезе само премиерот на Македонија Ковачевски.

На прашањето каде се другите тоа непсремно одговори дека многу се брзале и оти ќе говорат само за медиумите од сопствените држави.

Работата е сосема поинаква. Александар Вучиќ не сакал да дава изјави заедно со премиерот на Косово Албин Курти и со тоа да даде некаква конотација дека се работи за две посебни држави.

Дека Србија е сериозна држава и ништо не остава на случајноста е што обезбедувањето на Вучиќ не дозоволи новинари од Косово, Албанија и од Македонија да присустуваат на прес конференцијата која беше предвидена само за новинари од Србија.

Па така, Таче даваше изјава сам, но тој и онака нема што да каже.

The post Не толку отворен Балкан: Вучиќ не сакал да дава изјава покрај Курти, го пуштија Таче сам appeared first on Република.

]]>

Се чини дека помеѓу лидерите од иницијативата „Отворен Балкан“ нема толкава доверба како што сакаат да се претстави.Тоа се виде и на вчерашниот состанок во Скопје. Покрај основачите, Македонија,Албанија и Србија, на состанокот присуствуваа Косово и Црна Гора како и претставници на САД и ЕУ. Пред лидерите од регионот беа шест милијарди евра кои за да ги добијат треба да ги заслужат со реформи и проекти.Се разговараше и за слободен проток на работници и стоки и единствен пазар. Сето тоа е добро, но кога дојде редот тоа да го кажат пред камери тоа што го договорија сите се разбегаа. Наместо планираната заедничка прес конференција на Вучиќ, Курти, Спајиќ и Рама излезе само премиерот на Македонија Ковачевски. На прашањето каде се другите тоа непсремно одговори дека многу се брзале и оти ќе говорат само за медиумите од сопствените држави. Работата е сосема поинаква. Александар Вучиќ не сакал да дава изјави заедно со премиерот на Косово Албин Курти и со тоа да даде некаква конотација дека се работи за две посебни држави. Дека Србија е сериозна држава и ништо не остава на случајноста е што обезбедувањето на Вучиќ не дозоволи новинари од Косово, Албанија и од Македонија да присустуваат на прес конференцијата која беше предвидена само за новинари од Србија. Па така, Таче даваше изјава сам, но тој и онака нема што да каже.

The post Не толку отворен Балкан: Вучиќ не сакал да дава изјава покрај Курти, го пуштија Таче сам appeared first on Република.

]]>
Курти и Вучиќ можно е да се видат неделава https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-i-vuchik-mozhno-e-da-se-vidat-nedelava/ Mon, 23 Oct 2023 14:44:39 +0000 https://republika.mk/?p=694222

Лидерите на Србија и на Косово неделава треба да се изјаснат за барањата што им ги презентираа членовите на „големата петорка“, пишува денеска Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на дипломатски извори и додава дека е можна средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел пред самитот на ЕУ на 26-27 октомври, јави дописникот на МИА од Белград.

РСЕ наведува дека не се познати конкретните детали за барањата на „големата петорка“ на средбата со Курти и Вучиќ на 21 октомври во Приштина и во Белград.

Повикувајќи се на дипломатски извори, РСЕ додава дека барањата за Косово главно се однесуваат на прифаќање на нацртот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО), а за Србија безусловно исполнување на обврските од договорот на патот кон нормализација на односите, вклучително и на Анексот за спроведување на овој договор од Охрид.

Според тие извори, Курти и Вучиќ имаат „само неколку дена“ да се изјаснат дали ги прифаќаат барањата, поради што не се исклучува можноста да се сретнат во Брисел до крајот на оваа недела.

Таа средба и евентуалниот напредок во форма на каков било договор меѓу страните би требало да се обиде да се направи пред самитот на лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), кој ќе се одржи на 26 и 27 октомври.

Во случај средбата да се одржи и биде успешна, тогаш во заклучоците на крајот од самитот на ЕУ би се навела и пораката за дијалогот меѓу Србија и Косово.

Во нацртот на подготвените заклучоци, до кои имало увид РСЕ, најостро се осудува „насилниот напад врз косовската полиција“ во Бањска на 24 септември, со очекување дека „сторителите ќе бидат уапсени и брзо изведени пред лицето на правдата и дека Србија целосно соработува и ги презема сите неопходни чекори“.

Косово и Србија се повикани „да продолжат со постојаните напори за деескалација, особено да се одржат нови избори на северот на Косово што е можно поскоро, со активно учество на косовските Срби“.

Во него се нагласува „жалењето за неимплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите, што лидерите го договорија на 27 февруари во Брисел, анексот за имплементација договорен на 18 март во Охрид, како и другите договори постигнати во дијалог“, а Косово и Србија се повикуваат „да ги спроведат, без одлагање или предуслови“.

-Ова вклучува формирање на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО), се наведува во нацрт-заклучоците, додавајќи дека „нормализацијата на односите е суштински услов на европскиот пат за двете страни и дека тие „ризикуваат да изгубат важна можност во случај на недостаток на напредок

The post Курти и Вучиќ можно е да се видат неделава appeared first on Република.

]]>

Лидерите на Србија и на Косово неделава треба да се изјаснат за барањата што им ги презентираа членовите на „големата петорка“, пишува денеска Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на дипломатски извори и додава дека е можна средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел пред самитот на ЕУ на 26-27 октомври, јави дописникот на МИА од Белград. РСЕ наведува дека не се познати конкретните детали за барањата на „големата петорка“ на средбата со Курти и Вучиќ на 21 октомври во Приштина и во Белград. Повикувајќи се на дипломатски извори, РСЕ додава дека барањата за Косово главно се однесуваат на прифаќање на нацртот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО), а за Србија безусловно исполнување на обврските од договорот на патот кон нормализација на односите, вклучително и на Анексот за спроведување на овој договор од Охрид. Според тие извори, Курти и Вучиќ имаат „само неколку дена“ да се изјаснат дали ги прифаќаат барањата, поради што не се исклучува можноста да се сретнат во Брисел до крајот на оваа недела. Таа средба и евентуалниот напредок во форма на каков било договор меѓу страните би требало да се обиде да се направи пред самитот на лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), кој ќе се одржи на 26 и 27 октомври. Во случај средбата да се одржи и биде успешна, тогаш во заклучоците на крајот од самитот на ЕУ би се навела и пораката за дијалогот меѓу Србија и Косово. Во нацртот на подготвените заклучоци, до кои имало увид РСЕ, најостро се осудува „насилниот напад врз косовската полиција“ во Бањска на 24 септември, со очекување дека „сторителите ќе бидат уапсени и брзо изведени пред лицето на правдата и дека Србија целосно соработува и ги презема сите неопходни чекори“. Косово и Србија се повикани „да продолжат со постојаните напори за деескалација, особено да се одржат нови избори на северот на Косово што е можно поскоро, со активно учество на косовските Срби“. Во него се нагласува „жалењето за неимплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите, што лидерите го договорија на 27 февруари во Брисел, анексот за имплементација договорен на 18 март во Охрид, како и другите договори постигнати во дијалог“, а Косово и Србија се повикуваат „да ги спроведат, без одлагање или предуслови“. -Ова вклучува формирање на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО), се наведува во нацрт-заклучоците, додавајќи дека „нормализацијата на односите е суштински услов на европскиот пат за двете страни и дека тие „ризикуваат да изгубат важна можност во случај на недостаток на напредок

The post Курти и Вучиќ можно е да се видат неделава appeared first on Република.

]]>
Преговарачката рамка сепак може да се смени: Тоа што го договорија Вучиќ и Курти во Охрид се додаде во ЕУ рамката за Србија https://republika.mk/vesti/makedonija/pregovarachkata-ramka-sepak-mozhe-da-se-smeni-toa-shto-go-dogovorija-vuchik-i-kurti-vo-ohrid-se-dodade-vo-eu-ramkata-za-srbija/ Fri, 11 Aug 2023 13:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=671097

Деновиве политички аналитичари блиски до власта како и некои амбасадори  во обид да ја принудат ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени велат дека нема да добиеме подобри услови за преговори од тие што се во моментов кога целиот Француски предлог е во преговарачката рамка со бугарските барања во него.

Не помогна и убедувањата на министерот Бујар Османи на табла каде тврдеше дека Бугарија веќе не може да не блокира.

Сепак дека е можно преговарачката рамка да се смени ЕУ покажа за време на преговорите меѓу Курти и Вучиќ во Охрид пред неколку месеци. Она што го договорија се додаде во преговарачката рамка за Србија. Значи сепак рамката се смени.

Овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни. Европскиот совет ќе донесе одлука тоа да биде дел од преговарачката рамка“, рече по разговорите  Вучиќ.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговарачката рамка не може да се смени е дека тие ќе се борат за зачувување на македонскиот идентитет и оти тоа е легитимно барање.

Се бориме и се залагаме за фер шанса и за заштита на македонскиот идентитет и посебност и тоа се легитимни барања, легитимна борба и ќе продолжиме да се бориме-велат од партијата.

Што содржи Преговарачката рамка

Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија, која ја подготви француското претседателство, содржи обврска за имплементацијата на билатералниот протокол за спроведување на договорот со Бугарија.Се наведува дека  Македонија ќе усвои преку инклузивен процес, акциски план посветен на заштитата на правата на лицата припадници на малцинствата или заедницитеФранцуското претседателство посочува дека посветеноста за добрососедски односи и регионална соработка, треба да се потврди и преку постигнувањето на видливи резултати во имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија.Во предлог-преговарачката рамка именувањето на јазикот на кој ќе се преведува заедничкото европско право е со чиста одредница „македонски“, без дообјаснувања или фусноти.

The post Преговарачката рамка сепак може да се смени: Тоа што го договорија Вучиќ и Курти во Охрид се додаде во ЕУ рамката за Србија appeared first on Република.

]]>

Деновиве политички аналитичари блиски до власта како и некои амбасадори  во обид да ја принудат ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени велат дека нема да добиеме подобри услови за преговори од тие што се во моментов кога целиот Француски предлог е во преговарачката рамка со бугарските барања во него. Не помогна и убедувањата на министерот Бујар Османи на табла каде тврдеше дека Бугарија веќе не може да не блокира. Сепак дека е можно преговарачката рамка да се смени ЕУ покажа за време на преговорите меѓу Курти и Вучиќ во Охрид пред неколку месеци. Она што го договорија се додаде во преговарачката рамка за Србија. Значи сепак рамката се смени.
Овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни. Европскиот совет ќе донесе одлука тоа да биде дел од преговарачката рамка“, рече по разговорите  Вучиќ.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговарачката рамка не може да се смени е дека тие ќе се борат за зачувување на македонскиот идентитет и оти тоа е легитимно барање.
Се бориме и се залагаме за фер шанса и за заштита на македонскиот идентитет и посебност и тоа се легитимни барања, легитимна борба и ќе продолжиме да се бориме-велат од партијата.

Што содржи Преговарачката рамка

Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија, која ја подготви француското претседателство, содржи обврска за имплементацијата на билатералниот протокол за спроведување на договорот со Бугарија.Се наведува дека  Македонија ќе усвои преку инклузивен процес, акциски план посветен на заштитата на правата на лицата припадници на малцинствата или заедницитеФранцуското претседателство посочува дека посветеноста за добрососедски односи и регионална соработка, треба да се потврди и преку постигнувањето на видливи резултати во имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија.Во предлог-преговарачката рамка именувањето на јазикот на кој ќе се преведува заедничкото европско право е со чиста одредница „македонски“, без дообјаснувања или фусноти.  

The post Преговарачката рамка сепак може да се смени: Тоа што го договорија Вучиќ и Курти во Охрид се додаде во ЕУ рамката за Србија appeared first on Република.

]]>
Си легна на брашното: Курти ќе оди на средба со Вучиќ https://republika.mk/vesti/balkan/si-legna-na-brashnoto-kurti-ke-odi-na-sredba-so-vuchik/ Wed, 21 Jun 2023 18:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=653806

Премиерот Косово, Албин Курти денеска најави дека утре од Рим ќе отпатува за Брисел на средба на високо ниво во рамки на дијалогот со Белград што го свика шефот на европската дипломатија Жосеп Борел.

Курти на Твитер објави дека во Брисел ќе инсистира на итно и безусловно ослободување на тројцата косовски полицајци, деескалација и нормализација на односите.

„Ја одредив мојата рута утре од Рим да одам во Брисел, и го потвдрувам моето учество на состанокот за дијалог на високо ниво свикан од високиот претставник Борел“, наведе Курти

The post Си легна на брашното: Курти ќе оди на средба со Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Косово, Албин Курти денеска најави дека утре од Рим ќе отпатува за Брисел на средба на високо ниво во рамки на дијалогот со Белград што го свика шефот на европската дипломатија Жосеп Борел. Курти на Твитер објави дека во Брисел ќе инсистира на итно и безусловно ослободување на тројцата косовски полицајци, деескалација и нормализација на односите. „Ја одредив мојата рута утре од Рим да одам во Брисел, и го потвдрувам моето учество на состанокот за дијалог на високо ниво свикан од високиот претставник Борел“, наведе Курти

The post Си легна на брашното: Курти ќе оди на средба со Вучиќ appeared first on Република.

]]>
САД го поздравија договорот меѓу Косово и Србија https://republika.mk/vesti/balkan/sad-go-pozdravija-dogovorot-megu-kosovo-i-srbija/ Mon, 20 Mar 2023 07:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=621368

САД го поздравуваат договорот што Косово и Србија го постигнаа во Охрид со посредство на ЕУ за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите, соопшти Стејт департментот.

„Ги пофалуваме претседателот на Србија и премиерот на Косово за нивното лидерство во постигнувањето договор. Исполнувањето на обврските на Косово и Србија од Основниот договор, во рамките на трајната определба за помирување, ќе обезбеди значителни можности за граѓаните на двете земји и да го забрзаат нивниот пат кон членство во Европската унија“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Во соопштението се додава дека САД ќе продолжат да бидат активно ангажирани, во соработка со партнерите од ЕУ, „да ги поддржат Косово и Србија во нивната работа на имплементација со цел да се постигнат предвидливи и мирни односи“.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме подобрувањето на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан“.

Во соопштението, се заблагодарува на Европската Унија за посредувањето во преговорите и на Владата на Македонија што била домаќин и поддржала финализирање на договорот.

Блинкен на својот Твитер профил исто така изјави дека го поздравува договорот. Тој додаде дека САД остануваат „посветени на унапредување на европската и евроатлантската интеграција“

The post САД го поздравија договорот меѓу Косово и Србија appeared first on Република.

Охрид не им се посреќи: Средбата Вучиќ-Курти заврши без целосен договор, но надеж има https://republika.mk/vesti/makedonija/ohrid-ne-im-se-posreki-sredbata-vuchik-kurti-zavrshi-bez-tselosen-dogovor-no-nadezh-ima/ Sat, 18 Mar 2023 22:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=621139

Заврши речиси 12 часовната средба во Охрид меѓу Вучиќ и Курти . Пред Вучиќ и Курти на маса беше европскиот предлог – договор составен од 11 точки. Очекуваме во секој момент да бидат соопштени детали од денешната маратонска средба во Охрид.

Вучиќ по средбата видно уморен истакна договор не е постиннат но се очекува во скоро време да биде организирана нова средба, најверојатно во Брисел. Највжно е како што вели дека ништо не потпишал.

Среќен сум поради тоа, но сигурно ова нема да биде се. Овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни. Не може да одбирате што ви се допаѓа или не .Другата страна мора да го исполни тоа што го потпиша. Навикнат сум на вакви разговори. Една од клучните точки е дека Европскиот совет ќе процени колку е направено со планот за имплементација, кој ќе се прошири. Формирањето на ЗСО беше поставено како приоритетна обврска. Морам да кажам дека сум навистина задоволен поради тоа, се зборува за исчезнати лица, за донаторски конференции. Планот секако ќе треба да се надгради. Знам дека албанската страна ќе инсистира да не сум потпишал ништо, двајцата јасно ставивме до знаење кои се неговите црвени линии, а кои се нашите црвени линии. Не беше ден Д, но мислам дека беше океј ден. И покрај нашите многу несогласувања, имавме пристоен разговор-рече Вучиќ.

The post Охрид не им се посреќи: Средбата Вучиќ-Курти заврши без целосен договор, но надеж има appeared first on Република.

]]>

Заврши речиси 12 часовната средба во Охрид меѓу Вучиќ и Курти . Пред Вучиќ и Курти на маса беше европскиот предлог – договор составен од 11 точки. Очекуваме во секој момент да бидат соопштени детали од денешната маратонска средба во Охрид. Вучиќ по средбата видно уморен истакна договор не е постиннат но се очекува во скоро време да биде организирана нова средба, најверојатно во Брисел. Највжно е како што вели дека ништо не потпишал.
Среќен сум поради тоа, но сигурно ова нема да биде се. Овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни. Не може да одбирате што ви се допаѓа или не .Другата страна мора да го исполни тоа што го потпиша. Навикнат сум на вакви разговори. Една од клучните точки е дека Европскиот совет ќе процени колку е направено со планот за имплементација, кој ќе се прошири. Формирањето на ЗСО беше поставено како приоритетна обврска. Морам да кажам дека сум навистина задоволен поради тоа, се зборува за исчезнати лица, за донаторски конференции. Планот секако ќе треба да се надгради. Знам дека албанската страна ќе инсистира да не сум потпишал ништо, двајцата јасно ставивме до знаење кои се неговите црвени линии, а кои се нашите црвени линии. Не беше ден Д, но мислам дека беше океј ден. И покрај нашите многу несогласувања, имавме пристоен разговор-рече Вучиќ.
   
The post Охрид не им се посреќи: Средбата Вучиќ-Курти заврши без целосен договор, но надеж има appeared first on Република.

]]>
Кроасани, кафе и кока-кола: Што пиеја и мезеа Вучиќ и Курти во Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/kroasani-kafe-i-koka-kola-shto-piea-i-mezea-vuchik-i-kurti-vo-ohrid/ Sat, 18 Mar 2023 18:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=621085

Во Охрид се одржа трилатералната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со претставниците на Европската унија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел и специјалниот претставник на Брисел за дијалогот Белград - Приштина, Мирослав Лајчак.

На средбата и претходеа одвоени билатерални средби на Вучиќ и на Курти со Борел и со Лајчак.

[caption id="attachment_621042" align="aligncenter" width="640"] (фото: МИА архива)[/caption]

Српските медиуми пишуваат што јадеа и пиеја Вучиќ и Курти во Охрид. Па така на масата имаше само кроасани, кафе и кока-кола.

The post Кроасани, кафе и кока-кола: Што пиеја и мезеа Вучиќ и Курти во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во Охрид се одржа трилатералната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со претставниците на Европската унија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел и специјалниот претставник на Брисел за дијалогот Белград - Приштина, Мирослав Лајчак.

На средбата и претходеа одвоени билатерални средби на Вучиќ и на Курти со Борел и со Лајчак. [caption id="attachment_621042" align="aligncenter" width="640"] (фото: МИА архива)[/caption] Српските медиуми пишуваат што јадеа и пиеја Вучиќ и Курти во Охрид. Па така на масата имаше само кроасани, кафе и кока-кола.  

The post Кроасани, кафе и кока-кола: Што пиеја и мезеа Вучиќ и Курти во Охрид appeared first on Република.

]]>
Курти и Вучиќ на 18 март ќе преговараат во Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-i-vuchik-na-18-mart-ke-pregovaraat-vo-makedonija/ Mon, 27 Feb 2023 19:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=613920

„Имавме тежок состанок, ќе имаме повеќе средби, на 18 март треба да се видиме на територијата на Македонија, потоа господинот Борел ќе го посети регионот. Дотогаш треба да разговараме со Лајчак за работите за имплементација“, започна претседателот Вучиќ.

„Во документот на ЕУ беше нагласена неопходноста од почитување на претходните договори. Господинот Курти не беше подготвен да ја прифати ЗСО, не знам дали ќе биде во иднина. Се надевам дека е можно да се постигнат некои компромиси, но јас се плашам дека ќе останеме заглавени во нешто што одамна требаше да се исполни“.

„Од сите големи приказни, денес не беше ништо посебно, но важно е што разговаравме“.

„Господинот Курти дојде со намера да потпише нешто.

„Договорено е да продолжиме да разговараме. Како и да го завртите, ЗСО е на прво место. Се плашам дека е услов“.

„Видов дека се води кампања против ЗСО, утре ќе зборувам детално. Има 22 принципи кои се од пресудно значење за нас. Ако некој тоа не го разбира, тогаш не ја разбира реалноста. Ако некој мисли да ги укине платежните трансакции, прашувам како ќе им исплатиме плати на лекарите и професорите“.

„Некој мислеше дека потпишувањето ќе се случи за еден ден?! Па, не функционира тоа така. Ова е сериозен процес. Затоа ќе откажам некои надворешнополитички патувања за да разговарам со Лајчак и да се подготвам за 18-ти“.

„Во рамките на потпишаните принципи на ЗСО постои функција за здравство, образование, просторни планови... Затоа внимателно го слушав Курти, но тоа се обврски кои мора да се исполнат. Не заборавајте дека Европскиот совет е на 23 или 24 и сакаат дотогаш да имаат извештај дали е нешто постигнато, па потоа соодветно ќе ги третираат нашите евроинтеграции и двајцата“, рече Вучиќ и додаде:

„Сè уште нема патоказ, мора да се работи.“

Дали Србија е подготвена да ја признае независноста на Косово, беше прашањето на странски новинар на англиски јазик, на кое претседателот Вучиќ исто така на англиски одговори:

„Србија е членка на ОН, но Косово не е и ние секогаш сме ја поддржувале Повелбата на ОН и Уставот на Србија.

„Приштина има одлични екипи, се фалеше дека ги победиле Јеремиќ и Тадиќ, но не се тие, туку Американците и Европејците.

Да живее Србија“, рече претседателот Вучиќ на крајот од своето обраќање.

Да потсетиме, во април 2013 година Косово и Србија се договорија за Бриселскиот договор. Европскиот предлог кој чека потврда од лидерите се смета за најважен документ досега, кој треба да доведе до сеопфатен договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

The post Курти и Вучиќ на 18 март ќе преговараат во Македонија appeared first on Република.

]]>

„Имавме тежок состанок, ќе имаме повеќе средби, на 18 март треба да се видиме на територијата на Македонија, потоа господинот Борел ќе го посети регионот. Дотогаш треба да разговараме со Лајчак за работите за имплементација“, започна претседателот Вучиќ.
„Во документот на ЕУ беше нагласена неопходноста од почитување на претходните договори. Господинот Курти не беше подготвен да ја прифати ЗСО, не знам дали ќе биде во иднина. Се надевам дека е можно да се постигнат некои компромиси, но јас се плашам дека ќе останеме заглавени во нешто што одамна требаше да се исполни“. „Од сите големи приказни, денес не беше ништо посебно, но важно е што разговаравме“. „Господинот Курти дојде со намера да потпише нешто. „Договорено е да продолжиме да разговараме. Како и да го завртите, ЗСО е на прво место. Се плашам дека е услов“. „Видов дека се води кампања против ЗСО, утре ќе зборувам детално. Има 22 принципи кои се од пресудно значење за нас. Ако некој тоа не го разбира, тогаш не ја разбира реалноста. Ако некој мисли да ги укине платежните трансакции, прашувам како ќе им исплатиме плати на лекарите и професорите“. „Некој мислеше дека потпишувањето ќе се случи за еден ден?! Па, не функционира тоа така. Ова е сериозен процес. Затоа ќе откажам некои надворешнополитички патувања за да разговарам со Лајчак и да се подготвам за 18-ти“.
„Во рамките на потпишаните принципи на ЗСО постои функција за здравство, образование, просторни планови... Затоа внимателно го слушав Курти, но тоа се обврски кои мора да се исполнат. Не заборавајте дека Европскиот совет е на 23 или 24 и сакаат дотогаш да имаат извештај дали е нешто постигнато, па потоа соодветно ќе ги третираат нашите евроинтеграции и двајцата“, рече Вучиќ и додаде:
„Сè уште нема патоказ, мора да се работи.“ Дали Србија е подготвена да ја признае независноста на Косово, беше прашањето на странски новинар на англиски јазик, на кое претседателот Вучиќ исто така на англиски одговори: „Србија е членка на ОН, но Косово не е и ние секогаш сме ја поддржувале Повелбата на ОН и Уставот на Србија. „Приштина има одлични екипи, се фалеше дека ги победиле Јеремиќ и Тадиќ, но не се тие, туку Американците и Европејците. Да живее Србија“, рече претседателот Вучиќ на крајот од своето обраќање. Да потсетиме, во април 2013 година Косово и Србија се договорија за Бриселскиот договор. Европскиот предлог кој чека потврда од лидерите се смета за најважен документ досега, кој треба да доведе до сеопфатен договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

The post Курти и Вучиќ на 18 март ќе преговараат во Македонија appeared first on Република.

]]>