Куршумли Ан Archives - Република https://republika.mk/tema/kurshumli-an/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 12:38:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Куршумли Ан Archives - Република https://republika.mk/tema/kurshumli-an/ 32 32 45. издание на „Скопско лето“ почнува со ексклузивен концерт на хрватскиот пијанист и композитор Звјездан Ружиќ https://republika.mk/scena/muzika/45-izdanie-na-skopsko-leto-pochnuva-so-ekskluziven-kontsert-na-hrvatskiot-pijanist-i-kompozitor-zvjezdan-ruzhik/ Thu, 06 Jun 2024 12:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=785276

Повеќенаградениот хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ ќе настапи на отворањето на Скопско лето! Звјездан доаѓа во Скопје со својот уникатен проект „Пијанотрон“. Пијанотрон е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири со нозете. Накратко - Звјездан е човек - оркестар!

Иако е академски џез пијанист, тој го опишува Пианотрон како филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музиката. Звјездан има соработувано со многу големи уметници, како што се: 2CellosHarlem Gospel Choir, Јосипа Лисац, Масимо Савиќ, Нели Андреева, Лука Паљетка и многу други. Со неговата музика има настапувано низ целиот свет: од Америка, низ Европа, одржа две големи турнеи во Кина, а со 2Cellos одржа голема турнеја во Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Неговите авторски албуми беа наградени со 5 престижни награди за дискографија „Порин“ (познато како хрватско Греми), а Хрватскиот музички сојуз 6 пати му ја додели наградата „Статус“ за најдобар џез пијанист во Хрватска.

Звјездан е официјален уметник за Yamaha Pianos за целиот свет, а во Скопје пристигнува директно од Лондон, каде што моментално живее и ја гради својата меѓународна кариера. На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот пијанотрон ќе ја почестат публиката во Скопје со вечер за паметење!

The post 45. издание на „Скопско лето“ почнува со ексклузивен концерт на хрватскиот пијанист и композитор Звјездан Ружиќ appeared first on Република.

]]>

Повеќенаградениот хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ ќе настапи на отворањето на Скопско лето! Звјездан доаѓа во Скопје со својот уникатен проект „Пијанотрон“. Пијанотрон е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири со нозете. Накратко - Звјездан е човек - оркестар!

Иако е академски џез пијанист, тој го опишува Пианотрон како филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музиката. Звјездан има соработувано со многу големи уметници, како што се: 2CellosHarlem Gospel Choir, Јосипа Лисац, Масимо Савиќ, Нели Андреева, Лука Паљетка и многу други. Со неговата музика има настапувано низ целиот свет: од Америка, низ Европа, одржа две големи турнеи во Кина, а со 2Cellos одржа голема турнеја во Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Неговите авторски албуми беа наградени со 5 престижни награди за дискографија „Порин“ (познато како хрватско Греми), а Хрватскиот музички сојуз 6 пати му ја додели наградата „Статус“ за најдобар џез пијанист во Хрватска.

Звјездан е официјален уметник за Yamaha Pianos за целиот свет, а во Скопје пристигнува директно од Лондон, каде што моментално живее и ја гради својата меѓународна кариера. На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот пијанотрон ќе ја почестат публиката во Скопје со вечер за паметење!

The post 45. издание на „Скопско лето“ почнува со ексклузивен концерт на хрватскиот пијанист и композитор Звјездан Ружиќ appeared first on Република.

]]>
Мост на три музички жанрови создаде Васил Гарванлиев на концертот „Васил“ во Куршумли Ан https://republika.mk/scena/muzika/most-na-tri-muzichki-zhanrovi-sozdade-vasil-garvanliev-na-kontsertot-vasil-vo-kurshumli-an/ Wed, 13 Sep 2023 07:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=681441

Мост на три музички жанрови создаде македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев на концертот „Васил“ кој вечерва се одржува во Куршумли Ан.

Тој заедно со реномирани македонски музичари и уметници, меѓу кои и женскиот хор Св. Злата Мегленска и сценскиот перформанс од кореографката Сања Шутевска, ќе одржи уште еден концерт на 14-ти септември (четврток) во НУЦК Антон Панов - Струмица со почеток од 20:00 часот, на кој исто така ќе настапи со македонски песни-авторски нови композиции, балкански хитови и класични композиции.

Гарванлиев пред неколку недели допатува од Чикаго, во својата Струмица, а во Охрид имаше впечатлив настап каде ја испеа „Јовано“, преработката на македонската народна песна „Јовано, Јованке“, на фестивалот „Охридски трубадури“. Покрај оваа песна тој ја преработи и „Параходот“ која е е половината на македонски, половина на англиски јазик.

Она со што тој е зафатен во моментов во Чикаго е „кросовер“ албумот, кој тој го нарекува три во едно: Балканска музика, класична музика и поп-музика.

- Тој спој, тој мост во таа музика ги допира и Американците. Тоа ми е најважно. Албумот го завршив, и најголема желба ми беше да ја почнам турнејата од Македонија. Мојата цел е тоа јадро на македонски музичари да дојдат со мене и светот да ги прифати“, вели поп и оперскиот пејач кој кариерата ја започна со детскиот хит „Марионка“.

Засега, Гарванлиев нема планови да се врати и да живее во Македонија, но вели дека би сакал. Како што појаснува , во Америка живее само од музика, иако за него на почетокот било многу тешко.

- Но, затоа, албумот се заврши. Тоа е убавото во тешкото. Благодарен сум што има прекрасно работно лето. Настапив на стадионот на фудбалскиот клуб „Chikago Fire“, „Soldier Field“, а Карл Џи беше првата пејачка на латино музика која беше земена да биде хедлајнер на Лола Палуза, пеев со неа и имаше 250.000 луѓе. Спроти нас, на другата сцена беше Били Ајлиш. Тоа е неверојатно искуство. Имам неколку прекрасни шанси кои ми се „родија“, буквално кога статусот за работа ми се смени, и можев пак да настапувам. Така што коцките се местат. Да е лесно, не е лесно, но во Америка, тоа е лекција за сите нас, дека трудот и талентот се ценат и се наградуваат. Луѓето сакаат да успеат“, вели Гарванлиев.

 

The post Мост на три музички жанрови создаде Васил Гарванлиев на концертот „Васил“ во Куршумли Ан appeared first on Република.

]]>

Мост на три музички жанрови создаде македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев на концертот „Васил“ кој вечерва се одржува во Куршумли Ан. Тој заедно со реномирани македонски музичари и уметници, меѓу кои и женскиот хор Св. Злата Мегленска и сценскиот перформанс од кореографката Сања Шутевска, ќе одржи уште еден концерт на 14-ти септември (четврток) во НУЦК Антон Панов - Струмица со почеток од 20:00 часот, на кој исто така ќе настапи со македонски песни-авторски нови композиции, балкански хитови и класични композиции. Гарванлиев пред неколку недели допатува од Чикаго, во својата Струмица, а во Охрид имаше впечатлив настап каде ја испеа „Јовано“, преработката на македонската народна песна „Јовано, Јованке“, на фестивалот „Охридски трубадури“. Покрај оваа песна тој ја преработи и „Параходот“ која е е половината на македонски, половина на англиски јазик. Она со што тој е зафатен во моментов во Чикаго е „кросовер“ албумот, кој тој го нарекува три во едно: Балканска музика, класична музика и поп-музика. - Тој спој, тој мост во таа музика ги допира и Американците. Тоа ми е најважно. Албумот го завршив, и најголема желба ми беше да ја почнам турнејата од Македонија. Мојата цел е тоа јадро на македонски музичари да дојдат со мене и светот да ги прифати“, вели поп и оперскиот пејач кој кариерата ја започна со детскиот хит „Марионка“. Засега, Гарванлиев нема планови да се врати и да живее во Македонија, но вели дека би сакал. Како што појаснува , во Америка живее само од музика, иако за него на почетокот било многу тешко. - Но, затоа, албумот се заврши. Тоа е убавото во тешкото. Благодарен сум што има прекрасно работно лето. Настапив на стадионот на фудбалскиот клуб „Chikago Fire“, „Soldier Field“, а Карл Џи беше првата пејачка на латино музика која беше земена да биде хедлајнер на Лола Палуза, пеев со неа и имаше 250.000 луѓе. Спроти нас, на другата сцена беше Били Ајлиш. Тоа е неверојатно искуство. Имам неколку прекрасни шанси кои ми се „родија“, буквално кога статусот за работа ми се смени, и можев пак да настапувам. Така што коцките се местат. Да е лесно, не е лесно, но во Америка, тоа е лекција за сите нас, дека трудот и талентот се ценат и се наградуваат. Луѓето сакаат да успеат“, вели Гарванлиев.  

The post Мост на три музички жанрови создаде Васил Гарванлиев на концертот „Васил“ во Куршумли Ан appeared first on Република.

]]>
Богата програма на „Македокс“: „Тело“ на Петра Селишкар вечерва во Куршумли-ан https://republika.mk/vesti/kultura/bogata-programa-na-makedoks/ Mon, 21 Aug 2023 07:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=674029

Викенд-програмата на 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“, што се одржува од 17 до 24 август во Скопје, ги активираше сите локации за филмски проекции и за активностите од програмата „Македокс+“.

Главната програма и кратки документарци се прикажуваат на големото платно во Куршумли-ан, додека програмата „Земја во фокус – Данска“ беше отворена во Куршумли-ан, а продолжи во просторот на Сули-ан, кој годинава за првпат е фестивалска локација на „Македокс“. Младинско-детската програма се прикажува во МКЦ, додека Студентската програма главно се одвива на платото пред Музеј на Македонија.

Во текот на викендот акцент беше ставен на мастеркласовите, кои се одржуваат во Даутпашиниот амам при Националната галерија. На 19 август мастерклас одржа хрватскиот монтажер Владимир Гојун, кој беше фокусиран на повеќе прашања што се отвораат на монтажерската маса. Модератор на разговорот со него беше Петра Селишкар, уметнички селектор на програмата на „МакеДокс“.

Разговорот со него почна со сеќавања од детството, а Гојун откри дека уште како дете многу сакал да гледа филмови, а често се случувало во текот на еден ден да изгледа по 3-4 филма. Како тинејџер мислел дека ќе стане филмски режисер, но сепак, кога се запишувал на филмската академија во Загреб, се одлучил за одделот за монтажа.

Сакав да влезам во нешто непознато, нешто што не го знам. Не станав режисер, но имаше многу предности да бидеш монтажер – рече Гојун.

Тој додаде дека сѐ уште ја чувствува фасцинацијата од магијата на филмот и склопувањето на филмските кадри во една целина. Работи како доцент на Академијата за драмски уметности во Загреб, на одделот за филмска монтажа, и рече дека не знае дали е добар професор, бидејќи на своите студенти не им држи предавања со зборови, туку секогаш се обидува да им ги пренесе сите свои искуства за процесот на монтажа.

За своите многубројни искуства со различни филмови и автори Гојун рече дека некогаш процесот на монтажа е бавен, бидејќи за да ја најде и да ја претстави вистинската страна на приказната е потребно монтажерот многупати да го изгледа целиот материјал, да ја најде суштината на приказната, да го дефинира карактерот на протагонистите и да ја внесе целата своја креативност во нижењето на структурата на филмот. Кога ќе се најде пред непремостлива пречка монтажерот треба да се надмине себеси, да ги помести границите на монтажата и да трага по решенија што ќе го доведат филмот до неговиот крај. Исто така, истакна дека сите сегменти на монтажата (слика, звук, музика, тонски дизајн) мора да функционираат компатибилно, бидејќи сите тие се важни за восприемањето на целиот филм.

Секој филм е базиран на колективна работа и придонесот на сите чинители е исклучително важен за финалната верзија на филмот – заклучи Гојун.

Од 18 до 20 август се одвива и работилницата за монтажа со наслов „Трагајќи по слоевите“. Со работилницата раководат светски познатиот дански монтажер Јеспер Осмунд заедно со данскиот критичар Ту Стин Милер. Работилницата е наменета за четири избрани филмаџии/тимови со проект што моментално е во процес на монтажа, а данските експерти ќе помогнат да се разбере внатрешноста на приказната, да се обликуваат нејзините контури и да се развијат посилни емоционални перипетии.

Најзначаен сегмент на програмата на „Македокс“ во попладневните часови се „Разговори под смоквата“, каде учествуваат речиси сите фестивалски гости. На разговорите што се одржуваат секој ден од 18 до 20 часот, авторите ги претставуваат своите филмови, разменуваат искуства со колегите од други држави и имаат можност да остварат директен контакт со фестивалската публика.

Петтото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи од 21 до 23 август во Младинскиот културен центар. Првиот ден од форумот ќе биде посветен на монтажата со презентација на 4-те проекти од работилницата за монтажа. Потоа ќе се одржи панел-дискусија помеѓу монтажери и продуценти од Балканот. Претставниците од балканските филмски центри и оваа година се дел од Форумот и тие ќе одржат презентација на можностите за постпродукција и копродуцирање. На 22 август, 11 проекти во различни фази на продукција од Балканот, меѓу кои и два македонски, ќе имаат пичинг и еден-на-еден состаноци со филмски професионалци и гости на фестивалот.

Со проекција на 21 август во Куршумли-ан ќе се одржи македонската премиера на креативниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката и сценарист Петра Селишкар. Станува збор за најново документарно остварување на авторка која досега на „МакеДокс“ ги претставила филмовите „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“ и „Бабички на револуцијата“. Светската премиера на „Тело“ се одржа на 14 август на филмскиот фестивал во Сараево. Главната протагонистка во филмот, Уршка, веќе е дојдена во Скопје за да присуствува на македонската премиера.

Филмот „Тело“ е копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Македонија со поддршка од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Агенција за филм на Република Македонија, „Еуримаж“, Програмата Медиа на „Креативна Европа“, Pегионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Светски дистрибутер на филмот е „Лајтдокс“ (Lightdox).

Годинава фестивалот „МакеДокс“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Министерството за култура, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Амбасадата на Кралството Шпанија, Францускиот институт, Грчкиот културен центар, Данскиот филмски центар, МЕДИА деск МК, „Вардар филм“, Младинскиот културен центар, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности, Националната галерија на РСМ, такси „Глобал“.

 

The post Богата програма на „Македокс“: „Тело“ на Петра Селишкар вечерва во Куршумли-ан appeared first on Република.

]]>

Викенд-програмата на 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“, што се одржува од 17 до 24 август во Скопје, ги активираше сите локации за филмски проекции и за активностите од програмата „Македокс+“. Главната програма и кратки документарци се прикажуваат на големото платно во Куршумли-ан, додека програмата „Земја во фокус – Данска“ беше отворена во Куршумли-ан, а продолжи во просторот на Сули-ан, кој годинава за првпат е фестивалска локација на „Македокс“. Младинско-детската програма се прикажува во МКЦ, додека Студентската програма главно се одвива на платото пред Музеј на Македонија. Во текот на викендот акцент беше ставен на мастеркласовите, кои се одржуваат во Даутпашиниот амам при Националната галерија. На 19 август мастерклас одржа хрватскиот монтажер Владимир Гојун, кој беше фокусиран на повеќе прашања што се отвораат на монтажерската маса. Модератор на разговорот со него беше Петра Селишкар, уметнички селектор на програмата на „МакеДокс“. Разговорот со него почна со сеќавања од детството, а Гојун откри дека уште како дете многу сакал да гледа филмови, а често се случувало во текот на еден ден да изгледа по 3-4 филма. Како тинејџер мислел дека ќе стане филмски режисер, но сепак, кога се запишувал на филмската академија во Загреб, се одлучил за одделот за монтажа.
Сакав да влезам во нешто непознато, нешто што не го знам. Не станав режисер, но имаше многу предности да бидеш монтажер – рече Гојун.
Тој додаде дека сѐ уште ја чувствува фасцинацијата од магијата на филмот и склопувањето на филмските кадри во една целина. Работи како доцент на Академијата за драмски уметности во Загреб, на одделот за филмска монтажа, и рече дека не знае дали е добар професор, бидејќи на своите студенти не им држи предавања со зборови, туку секогаш се обидува да им ги пренесе сите свои искуства за процесот на монтажа. За своите многубројни искуства со различни филмови и автори Гојун рече дека некогаш процесот на монтажа е бавен, бидејќи за да ја најде и да ја претстави вистинската страна на приказната е потребно монтажерот многупати да го изгледа целиот материјал, да ја најде суштината на приказната, да го дефинира карактерот на протагонистите и да ја внесе целата своја креативност во нижењето на структурата на филмот. Кога ќе се најде пред непремостлива пречка монтажерот треба да се надмине себеси, да ги помести границите на монтажата и да трага по решенија што ќе го доведат филмот до неговиот крај. Исто така, истакна дека сите сегменти на монтажата (слика, звук, музика, тонски дизајн) мора да функционираат компатибилно, бидејќи сите тие се важни за восприемањето на целиот филм.
Секој филм е базиран на колективна работа и придонесот на сите чинители е исклучително важен за финалната верзија на филмот – заклучи Гојун.
Од 18 до 20 август се одвива и работилницата за монтажа со наслов „Трагајќи по слоевите“. Со работилницата раководат светски познатиот дански монтажер Јеспер Осмунд заедно со данскиот критичар Ту Стин Милер. Работилницата е наменета за четири избрани филмаџии/тимови со проект што моментално е во процес на монтажа, а данските експерти ќе помогнат да се разбере внатрешноста на приказната, да се обликуваат нејзините контури и да се развијат посилни емоционални перипетии. Најзначаен сегмент на програмата на „Македокс“ во попладневните часови се „Разговори под смоквата“, каде учествуваат речиси сите фестивалски гости. На разговорите што се одржуваат секој ден од 18 до 20 часот, авторите ги претставуваат своите филмови, разменуваат искуства со колегите од други држави и имаат можност да остварат директен контакт со фестивалската публика. Петтото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи од 21 до 23 август во Младинскиот културен центар. Првиот ден од форумот ќе биде посветен на монтажата со презентација на 4-те проекти од работилницата за монтажа. Потоа ќе се одржи панел-дискусија помеѓу монтажери и продуценти од Балканот. Претставниците од балканските филмски центри и оваа година се дел од Форумот и тие ќе одржат презентација на можностите за постпродукција и копродуцирање. На 22 август, 11 проекти во различни фази на продукција од Балканот, меѓу кои и два македонски, ќе имаат пичинг и еден-на-еден состаноци со филмски професионалци и гости на фестивалот. Со проекција на 21 август во Куршумли-ан ќе се одржи македонската премиера на креативниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката и сценарист Петра Селишкар. Станува збор за најново документарно остварување на авторка која досега на „МакеДокс“ ги претставила филмовите „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“ и „Бабички на револуцијата“. Светската премиера на „Тело“ се одржа на 14 август на филмскиот фестивал во Сараево. Главната протагонистка во филмот, Уршка, веќе е дојдена во Скопје за да присуствува на македонската премиера. Филмот „Тело“ е копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Македонија со поддршка од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Агенција за филм на Република Македонија, „Еуримаж“, Програмата Медиа на „Креативна Европа“, Pегионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Светски дистрибутер на филмот е „Лајтдокс“ (Lightdox). Годинава фестивалот „МакеДокс“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Министерството за култура, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Амбасадата на Кралството Шпанија, Францускиот институт, Грчкиот културен центар, Данскиот филмски центар, МЕДИА деск МК, „Вардар филм“, Младинскиот културен центар, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности, Националната галерија на РСМ, такси „Глобал“.  

The post Богата програма на „Македокс“: „Тело“ на Петра Селишкар вечерва во Куршумли-ан appeared first on Република.

]]>
Со концерт во Куршумли-ан Мијата ќе го промовира вториот албум „Вида“ https://republika.mk/scena/muzika/so-kontsert-vo-kurshumli-an-mijata-ke-go-promovira-vtoriot-album-vida/ Tue, 27 Jun 2023 14:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=655704

Со прв солистички концерт во кариерата поп пејачката Мијата, утре, на 28 јуни во 20 часот во Куршумли-ан ќе го промовира вториот албум насловен „Вида“. Концертот е во рамки на овогодинешната програма на Скопско лето 2023.

„Вида“ е искрена дури и премногу за нашиот менталитет. Секоја песна е проекција на различно чувство и те води на различно место. Сакам да мислам дека е саундтрак за тоа што ми се случувало во изминативе неколку години, вели Мијата, чиј прв албум „Небеска“ беше објавен во 2015 година.

Учесници на концертот се Мијата - вокал, Валентино Скендеровски - клавијатури, Кире Мирчовски - акустична/електрична гитара, Горан Гешовски - бас гитара, Ратко Даутовски - перкусии, Иво Митковски - тапани, Мартина Нанеска - придружен вокал, Елена Васова - придружен вокал, Дино Хриџиќ - придружен вокал.

Гости се Теда, група Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски Бранко Илиевски и Ангел Ќосев

Билетите се по цена од 300 денари и ќе се продаваат на влезот на Куршумли-ан.

 

The post Со концерт во Куршумли-ан Мијата ќе го промовира вториот албум „Вида“ appeared first on Република.

]]>

Со прв солистички концерт во кариерата поп пејачката Мијата, утре, на 28 јуни во 20 часот во Куршумли-ан ќе го промовира вториот албум насловен „Вида“. Концертот е во рамки на овогодинешната програма на Скопско лето 2023.
„Вида“ е искрена дури и премногу за нашиот менталитет. Секоја песна е проекција на различно чувство и те води на различно место. Сакам да мислам дека е саундтрак за тоа што ми се случувало во изминативе неколку години, вели Мијата, чиј прв албум „Небеска“ беше објавен во 2015 година.
Учесници на концертот се Мијата - вокал, Валентино Скендеровски - клавијатури, Кире Мирчовски - акустична/електрична гитара, Горан Гешовски - бас гитара, Ратко Даутовски - перкусии, Иво Митковски - тапани, Мартина Нанеска - придружен вокал, Елена Васова - придружен вокал, Дино Хриџиќ - придружен вокал. Гости се Теда, група Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски Бранко Илиевски и Ангел Ќосев Билетите се по цена од 300 денари и ќе се продаваат на влезот на Куршумли-ан.  

The post Со концерт во Куршумли-ан Мијата ќе го промовира вториот албум „Вида“ appeared first on Република.

]]>
Куршумли ан ќе биде прогласен за културно наследство од особено значење https://republika.mk/vesti/kultura/kurshumli-an-kje-bide-proglasen-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachenje/ Wed, 02 Mar 2022 15:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=466567

На предлог на Управата за заштита на културното наследство, Владата денеска на 19-тата седница донесе одлука за прогласување на Куршумли ан во Скопје за културно наследство од особено значење.

Куршумли ан е изграден во средината на ХVI век и претставува споменик на културата. Со оваа одлука се овозможува негово трајно зачувување во изворна состојба, ширење на вредностите и значењето на Куршумли ан, како и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање на овој културно-историски споменик од архитектонското наследство, соопшти владината прес-служба

The post Куршумли ан ќе биде прогласен за културно наследство од особено значење appeared first on Република.

]]>

На предлог на Управата за заштита на културното наследство, Владата денеска на 19-тата седница донесе одлука за прогласување на Куршумли ан во Скопје за културно наследство од особено значење.
Куршумли ан е изграден во средината на ХVI век и претставува споменик на културата. Со оваа одлука се овозможува негово трајно зачувување во изворна состојба, ширење на вредностите и значењето на Куршумли ан, како и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање на овој културно-историски споменик од архитектонското наследство, соопшти владината прес-служба

The post Куршумли ан ќе биде прогласен за културно наследство од особено значење appeared first on Република.

]]>