Куран Archives - Република https://republika.mk/tema/kuran/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 08:51:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Куран Archives - Република https://republika.mk/tema/kuran/ 32 32 Уништена иконата на Исус на крстот во Драчево, до неа оставен Куран https://republika.mk/vesti/skopje/unishtena-ikonata-na-isus-na-krstot-vo-drachevo-do-nea-ostaven-kuran/ Mon, 30 Sep 2024 08:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=820929

Вандали ја оштетиле иконата на Исус која е поставена на големиот крст во паркот во Драчево. До неа оставен е Куран.

Верниците реагираат бурно и бараат сторителите да бидат пронајдени.

Големиот крст во Драчево беше осветен пролетва, на православниот празник Цветници:

https://republika.mk/vesti/makedonija/od-denes-pogledot-kon-neboto-nema-da-e-ist-na-tsvetnitsi-osveteni-dva-novi-krsta-megu-koi-vtoriot-najgolem-vo-makedonija/

The post Уништена иконата на Исус на крстот во Драчево, до неа оставен Куран appeared first on Република.

]]>

Вандали ја оштетиле иконата на Исус која е поставена на големиот крст во паркот во Драчево. До неа оставен е Куран. Верниците реагираат бурно и бараат сторителите да бидат пронајдени. Големиот крст во Драчево беше осветен пролетва, на православниот празник Цветници: https://republika.mk/vesti/makedonija/od-denes-pogledot-kon-neboto-nema-da-e-ist-na-tsvetnitsi-osveteni-dva-novi-krsta-megu-koi-vtoriot-najgolem-vo-makedonija/

The post Уништена иконата на Исус на крстот во Драчево, до неа оставен Куран appeared first on Република.

]]>
Во Норвешка е уапсен Салван Момика поради палење примерок од Куранот https://republika.mk/vesti/vo-norveshka-e-uapsen-salvan-momika-poradi-palene-primerok-od-kuranot/ Thu, 04 Apr 2024 19:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=762375

Норвешката полиција го уапси ирачкиот активист и организатор на собири за палење примерок од Куранот, Салван Момика и ќе го депортира во Шведска.

„Депортирањето ќе биде извршено веднаш штом ќе се создадат формални и практични услови“, се наведува во пресудата на Окружниот суд во Осло.

Се забележува дека Момика е уапсен на 28 март, откако за шведските медиуми изјавил дека отишол во Норвешка да побара азил, бидејќи „Шведска не го почитува“, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.

The post Во Норвешка е уапсен Салван Момика поради палење примерок од Куранот appeared first on Република.

]]>

Норвешката полиција го уапси ирачкиот активист и организатор на собири за палење примерок од Куранот, Салван Момика и ќе го депортира во Шведска. „Депортирањето ќе биде извршено веднаш штом ќе се создадат формални и практични услови“, се наведува во пресудата на Окружниот суд во Осло. Се забележува дека Момика е уапсен на 28 март, откако за шведските медиуми изјавил дека отишол во Норвешка да побара азил, бидејќи „Шведска не го почитува“, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.

The post Во Норвешка е уапсен Салван Момика поради палење примерок од Куранот appeared first on Република.

]]>
Данска со закон го забрани палењето на Куранот; за критичарите тоа ја поткопува слободата https://republika.mk/vesti/svet/danska-so-zakon-go-zabrani-paleneto-na-kuranot-za-kriticharite-toa-ja-potkopuva-slobodata/ Thu, 07 Dec 2023 16:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=720819

Данскиот Парламент денеска изгласа закон со кој станува незаконско палењето на копии од Куранот на јавни места, откако протестите во муслиманските земји поради уништувањето на светата книгата за муслиманите, предизвика загриженост за националната безбедност во оваа нордиска земја.

Антиисламските активисти во Данска и Шведска одржаа серија јавни протести на кои запалија или оштетија копии на Куранот, што предизвика тензии со муслиманите и доведе до барања нордиските влади да ги забранат таквите практики.

Данска се обиде да постигне рамнотежа помеѓу уставно заштитената слобода на говор, вклучително и правото да се критикува религијата, и националната безбедност поради стравувањата дека палењето на Куранот може да предизвика исламистички напади.

Критичарите во Шведска и Данска тврдат дека секое ограничување на критиките упатени кон религиите, вклучително и палењето на Куранот, ги поткопува тешко стекнатите слободи.

– Историјата ќе нè суди строго поради ова и со добра причина. Сè се сведува на тоа дали решивме да ја ограничиме слободата на говор или дали тоа ни беше наметнато однадвор, рече Ингер Стојберг, шеф на антиимигрантската партија Дански демократи, која се противи на забраната.

Центристичката влада во Копенхаген тврди дека новите правила ќе имаат само маргинален ефект врз слободата на говорот и дека критикувањето на религијата на други начини е сè уште легално. Прекршувањето на новиот закон ќе се казнува со парична казна или со затвор до две години, соопшти Владата.

Шведска, исто така, разгледува начини за легално ограничување на сквернавењето на Куранот, но има поинаков пристап од Данска. Стокхолм ја разгледува можноста полицијата да ја земе предвид националната безбедност при одлучувањето за барањата за одобрување јавни протести.

The post Данска со закон го забрани палењето на Куранот; за критичарите тоа ја поткопува слободата appeared first on Република.

]]>

Данскиот Парламент денеска изгласа закон со кој станува незаконско палењето на копии од Куранот на јавни места, откако протестите во муслиманските земји поради уништувањето на светата книгата за муслиманите, предизвика загриженост за националната безбедност во оваа нордиска земја. Антиисламските активисти во Данска и Шведска одржаа серија јавни протести на кои запалија или оштетија копии на Куранот, што предизвика тензии со муслиманите и доведе до барања нордиските влади да ги забранат таквите практики. Данска се обиде да постигне рамнотежа помеѓу уставно заштитената слобода на говор, вклучително и правото да се критикува религијата, и националната безбедност поради стравувањата дека палењето на Куранот може да предизвика исламистички напади. Критичарите во Шведска и Данска тврдат дека секое ограничување на критиките упатени кон религиите, вклучително и палењето на Куранот, ги поткопува тешко стекнатите слободи. – Историјата ќе нè суди строго поради ова и со добра причина. Сè се сведува на тоа дали решивме да ја ограничиме слободата на говор или дали тоа ни беше наметнато однадвор, рече Ингер Стојберг, шеф на антиимигрантската партија Дански демократи, која се противи на забраната. Центристичката влада во Копенхаген тврди дека новите правила ќе имаат само маргинален ефект врз слободата на говорот и дека критикувањето на религијата на други начини е сè уште легално. Прекршувањето на новиот закон ќе се казнува со парична казна или со затвор до две години, соопшти Владата. Шведска, исто така, разгледува начини за легално ограничување на сквернавењето на Куранот, но има поинаков пристап од Данска. Стокхолм ја разгледува можноста полицијата да ја земе предвид националната безбедност при одлучувањето за барањата за одобрување јавни протести.

The post Данска со закон го забрани палењето на Куранот; за критичарите тоа ја поткопува слободата appeared first on Република.

]]>
Шведска и Данска ќе го забранат палењето на Куранот: Двете земји се во најтешка безбедносна состојба по Втората светска војна https://republika.mk/vesti/svet/shvedska-i-danska-ke-go-zabranat-paleneto-na-kuranot-dvete-zemji-se-vo-najteshka-bezbednosna-sostojba-po-vtorata-svetska-vojna/ Mon, 31 Jul 2023 11:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=667259

Шведска и Данска размислуваат да го забранат палењето на Куранот,  бидејќи тоа ја загрозува нивната безбедност и предизвикува силни протести во муслиманските земји, пишува ДПА.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека е во близок контакт со неговата данска колешка Мете Фредериксен за можната забрана.

Се наоѓаме во најсериозна безбедносна ситуација од Втората светска војна, напиша синоќа Кристерсон на Инстаграм, додавајќи дека многумина би можеле да ја искористат ситуацијата.

Данската влада, претходно, најави дека ќе разгледа серија правни лекови за забрана на палење на Куранот пред странските амбасади.

Дозволено е да се критикуваат религиите – изјави шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен. – Но, ако застанете пред странска амбасада и запалите Куран или запалите свиток од Тора пред израелската Амбасада, тоа не служи за ништо друго освен за потсмев.

Тоа, меѓутоа, ја загрозува колективната безбедност на земјата, рече тој.

Неодамна, мали групи таканаречени патриоти запалија копии од Куранот за време на исламофобични акции во Шведска и во Данска. Ова доведе до лути протести и закани во неколку муслимански земји.

Особено силни реакции имаше во Ирак, чија влада го протера шведскиот амбасадор. Претходно демонстрантите во Багдад упаднаа во шведската Амбасада и ја запалија

The post Шведска и Данска ќе го забранат палењето на Куранот: Двете земји се во најтешка безбедносна состојба по Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Шведска и Данска размислуваат да го забранат палењето на Куранот,  бидејќи тоа ја загрозува нивната безбедност и предизвикува силни протести во муслиманските земји, пишува ДПА. Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека е во близок контакт со неговата данска колешка Мете Фредериксен за можната забрана. Се наоѓаме во најсериозна безбедносна ситуација од Втората светска војна, напиша синоќа Кристерсон на Инстаграм, додавајќи дека многумина би можеле да ја искористат ситуацијата. Данската влада, претходно, најави дека ќе разгледа серија правни лекови за забрана на палење на Куранот пред странските амбасади. Дозволено е да се критикуваат религиите – изјави шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен. – Но, ако застанете пред странска амбасада и запалите Куран или запалите свиток од Тора пред израелската Амбасада, тоа не служи за ништо друго освен за потсмев. Тоа, меѓутоа, ја загрозува колективната безбедност на земјата, рече тој. Неодамна, мали групи таканаречени патриоти запалија копии од Куранот за време на исламофобични акции во Шведска и во Данска. Ова доведе до лути протести и закани во неколку муслимански земји. Особено силни реакции имаше во Ирак, чија влада го протера шведскиот амбасадор. Претходно демонстрантите во Багдад упаднаа во шведската Амбасада и ја запалија

The post Шведска и Данска ќе го забранат палењето на Куранот: Двете земји се во најтешка безбедносна состојба по Втората светска војна appeared first on Република.

]]>
Шведска и Данска размислуваат да забранат палење на Куранот: Тоа влијае врз нашата безбедност https://republika.mk/vesti/svet/shvedska-i-danska-razmisluvaat-da-zabranat-palene-na-kuranot-toa-vlijae-vrz-nashata-bezbednost/ Mon, 31 Jul 2023 11:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=667256

Шведска и Данска размислуваат да го забранат палењето на Куранот бидејќи тоа ја загрозува нивната безбедност и предизвика силни протести во муслиманските земји, пишува ДПА.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека е во близок контакт со неговата данска колешка Мете Фредериксен за можната забрана.

„Се наоѓаме во најсериозна безбедносна ситуација од Втората светска војна“, напиша синоќа Кристерсон на Инстаграм, додавајќи дека многумина би можеле да ја искористат ситуацијата.

Данската влада, претходно, најави дека ќе разгледа серија правни лекови за забрана на палење на Куранот пред странските амбасади.

Дозволено е да се критикуваат религиите, изјави шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен. „Но, ако застанете пред странска амбасада и запалите Куран или запалите свиток од Тора пред израелската Амбасада, тоа не служи за ништо друго освен за потсмев“.

Тоа, меѓутоа, ја загрозува колективната безбедност на земјата, рече тој.

Неодамна, мали групи таканаречени патриоти запалија копии од Куранот за време на исламофобични акции во Шведска и Данска. Ова доведе до лути протести и закани во неколку муслимански земји. Особено силни реакции имаше во Ирак, чија влада го протера шведскиот амбасадор. Претходно демонстрантите во Багдад упаднаа во шведската Амбасада и ја запалија.

The post Шведска и Данска размислуваат да забранат палење на Куранот: Тоа влијае врз нашата безбедност appeared first on Република.

]]>

Шведска и Данска размислуваат да го забранат палењето на Куранот бидејќи тоа ја загрозува нивната безбедност и предизвика силни протести во муслиманските земји, пишува ДПА. Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека е во близок контакт со неговата данска колешка Мете Фредериксен за можната забрана.
„Се наоѓаме во најсериозна безбедносна ситуација од Втората светска војна“, напиша синоќа Кристерсон на Инстаграм, додавајќи дека многумина би можеле да ја искористат ситуацијата.
Данската влада, претходно, најави дека ќе разгледа серија правни лекови за забрана на палење на Куранот пред странските амбасади.
Дозволено е да се критикуваат религиите, изјави шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен. „Но, ако застанете пред странска амбасада и запалите Куран или запалите свиток од Тора пред израелската Амбасада, тоа не служи за ништо друго освен за потсмев“.
Тоа, меѓутоа, ја загрозува колективната безбедност на земјата, рече тој. Неодамна, мали групи таканаречени патриоти запалија копии од Куранот за време на исламофобични акции во Шведска и Данска. Ова доведе до лути протести и закани во неколку муслимански земји. Особено силни реакции имаше во Ирак, чија влада го протера шведскиот амбасадор. Претходно демонстрантите во Багдад упаднаа во шведската Амбасада и ја запалија.

The post Шведска и Данска размислуваат да забранат палење на Куранот: Тоа влијае врз нашата безбедност appeared first on Република.

]]>
Турција бара од Данска да преземе итни мерки за да го спречи палењето на Куранот https://republika.mk/vesti/svet/turtsija-bara-od-danska-da-prezeme-itni-merki-za-da-go-sprechi-paleneto-na-kuranot/ Sat, 29 Jul 2023 18:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=666737

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја повика Данска да преземе итни мерки за да го спречи палењето на Куранот, изјавил за светските агенции неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи.

Според него, во телефонски разговор со шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен, Фидан ги осудил континуираните „гнасни напади“ врз Куранот.

Тој му рекол на Расмусен дека е неприфатливо да се дозволат такви акции под превезот на слободата на изразување.

Припадници на данската ултранационалистичка организација „Патриоти“ на 21 јули запалија копија од Куранот и ирачко знаме пред ирачката амбасада во Копенхаген, а нивната акција ја пренесуваа во живо на Фејсбук.

The post Турција бара од Данска да преземе итни мерки за да го спречи палењето на Куранот appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја повика Данска да преземе итни мерки за да го спречи палењето на Куранот, изјавил за светските агенции неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи. Според него, во телефонски разговор со шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен, Фидан ги осудил континуираните „гнасни напади“ врз Куранот. Тој му рекол на Расмусен дека е неприфатливо да се дозволат такви акции под превезот на слободата на изразување. Припадници на данската ултранационалистичка организација „Патриоти“ на 21 јули запалија копија од Куранот и ирачко знаме пред ирачката амбасада во Копенхаген, а нивната акција ја пренесуваа во живо на Фејсбук.

The post Турција бара од Данска да преземе итни мерки за да го спречи палењето на Куранот appeared first on Република.

]]>
Борел за палењето на Куранот: ЕУ е против верската омраза и нетолеранција https://republika.mk/vesti/svet/borel-za-paleneto-na-kuranot-eu-e-protiv-verskata-omraza-i-netolerantsija/ Wed, 26 Jul 2023 08:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=665422

По неодамнешните постапки на поединци во Европа кои беа навреда за многу муслимани, Европската Унија го повторува своето силно и решително отфрлање на каква било форма на поттикнување верска омраза и нетолеранција, изјави денеска високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел.

Неодамна, примероци од Куранот беа запалени пред амбасадите на земји како Египет или Турција во Данска и Шведска.

„Почитувањето на различностите е основна вредност на Европската Унија. Ова вклучува почитување на другите верски заедници. Сквернавењето на Куранот, или која било друга книга што се смета за света, претставува навреда, непочитување и е јасна провокација. Нема место во ЕУ за расизам, ксенофобија и нетолеранција, изјави Борел.

„Ние и натаму ја браниме слободата на вероисповед или верување и слободата на изразување, во странство и дома; но сè што е легално не значи дека е етично“, се вели во изјавата на Борел, објавена од прес-службата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

The post Борел за палењето на Куранот: ЕУ е против верската омраза и нетолеранција appeared first on Република.

]]>

По неодамнешните постапки на поединци во Европа кои беа навреда за многу муслимани, Европската Унија го повторува своето силно и решително отфрлање на каква било форма на поттикнување верска омраза и нетолеранција, изјави денеска високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел. Неодамна, примероци од Куранот беа запалени пред амбасадите на земји како Египет или Турција во Данска и Шведска.
„Почитувањето на различностите е основна вредност на Европската Унија. Ова вклучува почитување на другите верски заедници. Сквернавењето на Куранот, или која било друга книга што се смета за света, претставува навреда, непочитување и е јасна провокација. Нема место во ЕУ за расизам, ксенофобија и нетолеранција, изјави Борел. „Ние и натаму ја браниме слободата на вероисповед или верување и слободата на изразување, во странство и дома; но сè што е легално не значи дека е етично“, се вели во изјавата на Борел, објавена од прес-службата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

The post Борел за палењето на Куранот: ЕУ е против верската омраза и нетолеранција appeared first on Република.

]]>
Дански националисти запалија Куран пред египетската амбасада во Копенхаген https://republika.mk/vesti/svet/danski-natsionalisti-zapalija-kuran-pred-egipetskata-ambasada-vo-kopenhagen/ Tue, 25 Jul 2023 17:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=665199

Петмина антиисламски активисти запалиле Куран пред египетската амбасада во Копенхаген, што е трет ваков инцидент во Данска за помалку од една недела.

Собирот пред амбасадата го одржа група која себеси се нарекува „Дански патриоти“. Истата група претходно организираше палење на Куранот пред ирачката амбасада во Копенхаген.

Данската Влада соопшти дека го осудува „сквернавењето“ на Куранот, велејќи дека тоа е „провокативна и срамна акција“. Сепак, додава дека владата нема моќ да ги блокира ненасилните демонстранти.

Слободата на говор за време на демонстрации не вклучува само вербално изразување. Луѓето можат да се изразат на различни начини, како што се палење предмети, изјави професорката по право на Универзитетот во Копенхаген, Трине Баумбах.

Слични инциденти се случија во Шведска минатиот месец.

Министерството за надворешни работи на Ирак ги повика властите во земјите на Европската Унија „брзо да ја разгледаат таканаречената слобода на изразување и правото на демонстрации“, а властите на Турција соопштија дека остро го осудуваат „грозоморниот напад“ врз Куранот.

Официјална Анкара ја повика Данска да ги преземе неопходните мерки за да ги спречи ваквите „злосторства од омраза“ против исламот.

The post Дански националисти запалија Куран пред египетската амбасада во Копенхаген appeared first on Република.

]]>

Петмина антиисламски активисти запалиле Куран пред египетската амбасада во Копенхаген, што е трет ваков инцидент во Данска за помалку од една недела. Собирот пред амбасадата го одржа група која себеси се нарекува „Дански патриоти“. Истата група претходно организираше палење на Куранот пред ирачката амбасада во Копенхаген. Данската Влада соопшти дека го осудува „сквернавењето“ на Куранот, велејќи дека тоа е „провокативна и срамна акција“. Сепак, додава дека владата нема моќ да ги блокира ненасилните демонстранти.
Слободата на говор за време на демонстрации не вклучува само вербално изразување. Луѓето можат да се изразат на различни начини, како што се палење предмети, изјави професорката по право на Универзитетот во Копенхаген, Трине Баумбах.
Слични инциденти се случија во Шведска минатиот месец. Министерството за надворешни работи на Ирак ги повика властите во земјите на Европската Унија „брзо да ја разгледаат таканаречената слобода на изразување и правото на демонстрации“, а властите на Турција соопштија дека остро го осудуваат „грозоморниот напад“ врз Куранот. Официјална Анкара ја повика Данска да ги преземе неопходните мерки за да ги спречи ваквите „злосторства од омраза“ против исламот.

The post Дански националисти запалија Куран пред египетската амбасада во Копенхаген appeared first on Република.

]]>
Хамнеи: Со сквернавењето на Куранот Шведска тргна во борба против муслиманскиот свет https://republika.mk/vesti/svet/hamnei-so-skvernaveneto-na-kuranot-shvedska-trgna-vo-borba-protiv-muslimanskiot-svet/ Sun, 23 Jul 2023 06:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=664338

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, вчера кажа дека луѓето кои го сквернават Куранот треба да се соочат со „строги казни“ и дека Шведска „појде во војна против муслиманскиот свет“ со тоа што не ги казнува одговорните.

Иранските државни медиуми објавија дека Хамнеи побарал од Шведска да ги предаде одговорните на исламските земји.

-Сите исламски научници се согласуваат дека оние кои го сквернават Куранот заслужуваат најстрога казна. Должност на шведската Влада е да го предаде сторителот на судските системи на исламските земји, објави Хамнеи преку иранските државни медиуми.

Демонстрантите во Шведска во четвртокот шутираа и делумно уништија Куран пред ирачката амбасада во Стокхолм, но не го запалија како што се закануваа, изјавија очевидци.

Британските медиуми потсетуваат дека стотици демонстрати во четвртокот рано утрината упаднаа во шведската Амбасада во центарот на Багдад и ја запалија во знак на протест против најавеното за истиот ден палење на светата книга на исламот во Шведска.

Шведските власти го осудија чинот, но рекоа дека не можат да интервенираат поради правилата за слобода на говорот.

The post Хамнеи: Со сквернавењето на Куранот Шведска тргна во борба против муслиманскиот свет appeared first on Република.

]]>

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, вчера кажа дека луѓето кои го сквернават Куранот треба да се соочат со „строги казни“ и дека Шведска „појде во војна против муслиманскиот свет“ со тоа што не ги казнува одговорните. Иранските државни медиуми објавија дека Хамнеи побарал од Шведска да ги предаде одговорните на исламските земји. -Сите исламски научници се согласуваат дека оние кои го сквернават Куранот заслужуваат најстрога казна. Должност на шведската Влада е да го предаде сторителот на судските системи на исламските земји, објави Хамнеи преку иранските државни медиуми. Демонстрантите во Шведска во четвртокот шутираа и делумно уништија Куран пред ирачката амбасада во Стокхолм, но не го запалија како што се закануваа, изјавија очевидци. Британските медиуми потсетуваат дека стотици демонстрати во четвртокот рано утрината упаднаа во шведската Амбасада во центарот на Багдад и ја запалија во знак на протест против најавеното за истиот ден палење на светата книга на исламот во Шведска. Шведските власти го осудија чинот, но рекоа дека не можат да интервенираат поради правилата за слобода на говорот.

The post Хамнеи: Со сквернавењето на Куранот Шведска тргна во борба против муслиманскиот свет appeared first on Република.

]]>
За да се изрази „одредено мислење“: Во Шведска одобрен собир на кој ќе се палат Библијата и еврејската Тора https://republika.mk/vesti/svet/za-da-se-izrazi-odredeno-mislene-vo-shvedska-odobren-sobir-na-koj-ke-se-palat-biblijata-i-evrejskata-tora/ Fri, 14 Jul 2023 19:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=661486

Шведската полиција одобри собир на кој три лица планираат да запалат по еден примерок од Библијата и Тората пред израелската Амбасада во Стокхолм, а Израел веднаш ја осуди одлуката.

Во барањето испратено до полицијата, организаторот наведува дека сака да ги запали овие верски книги како одговор на палењето на Куранот организирано во јуни пред џамија во Стокхолм, што ги налути муслиманите ширум светот.

Собирот треба да се одржи утре меѓу 13:00 и 14:00 часот по локално време.

Полицијата наведе дека не издала одобрение за официјално барање за палење верски книги, туку одобрила јавен собир на кој ќе се изрази „одредено мислење“.

Таа разлика е важна“, додаде Карина Скагерлинд, портпаролка на полицијата во Стокхолм.

Собирот, сепак, предизвика остри критики од страна на Израел и еврејските организации.

Го осудив палењето на Куранот, кој е свет за муслиманите ширум светот, а денес душата ме боли од помислата дека истата судбина ја чека и еврејската Библија, вечната книга на еврејскиот народ“, реагираше израелскиот претседател Исак Херцог.

Јаков Хагоел, претседател на Светската ционистичка организација, оцени дека издавањето ваква полициска дозвола не е „слобода на говор, туку антисемитизам“.

На 28 јуни, Ирачанец кој избегал во Шведска запали неколку страници од Куранот пред главната џамија во Стокхолм на Курбан Бајрам, празник што го слават муслиманите ширум светот.

Настанот предизвика низа реакции во муслиманскиот свет, а Советот за човекови права на ОН во средата донесе резолуција со која го осудува палењето на Куранот и изразувањето на верска омраза.

Сепак, некои земји, главно западни земји, се спротивставија на донесувањето на закони за богохулење, но јасно ги осудија таквите постапки.

The post За да се изрази „одредено мислење“: Во Шведска одобрен собир на кој ќе се палат Библијата и еврејската Тора appeared first on Република.

]]>

Шведската полиција одобри собир на кој три лица планираат да запалат по еден примерок од Библијата и Тората пред израелската Амбасада во Стокхолм, а Израел веднаш ја осуди одлуката. Во барањето испратено до полицијата, организаторот наведува дека сака да ги запали овие верски книги како одговор на палењето на Куранот организирано во јуни пред џамија во Стокхолм, што ги налути муслиманите ширум светот. Собирот треба да се одржи утре меѓу 13:00 и 14:00 часот по локално време. Полицијата наведе дека не издала одобрение за официјално барање за палење верски книги, туку одобрила јавен собир на кој ќе се изрази „одредено мислење“.
Таа разлика е важна“, додаде Карина Скагерлинд, портпаролка на полицијата во Стокхолм.
Собирот, сепак, предизвика остри критики од страна на Израел и еврејските организации.
Го осудив палењето на Куранот, кој е свет за муслиманите ширум светот, а денес душата ме боли од помислата дека истата судбина ја чека и еврејската Библија, вечната книга на еврејскиот народ“, реагираше израелскиот претседател Исак Херцог.
Јаков Хагоел, претседател на Светската ционистичка организација, оцени дека издавањето ваква полициска дозвола не е „слобода на говор, туку антисемитизам“. На 28 јуни, Ирачанец кој избегал во Шведска запали неколку страници од Куранот пред главната џамија во Стокхолм на Курбан Бајрам, празник што го слават муслиманите ширум светот. Настанот предизвика низа реакции во муслиманскиот свет, а Советот за човекови права на ОН во средата донесе резолуција со која го осудува палењето на Куранот и изразувањето на верска омраза. Сепак, некои земји, главно западни земји, се спротивставија на донесувањето на закони за богохулење, но јасно ги осудија таквите постапки.

The post За да се изрази „одредено мислење“: Во Шведска одобрен собир на кој ќе се палат Библијата и еврејската Тора appeared first on Република.

]]>
Папата Франциск се налутил и згрозил затоа што Куранот бил запален https://republika.mk/vesti/svet/papata-frantsisk-se-nalutil-i-zgrozil-zatoa-shto-kuranot-bil-zapalen/ Mon, 03 Jul 2023 13:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=657762

Папата Франциск изјави дека го налутило и згрозило палењето на светата книга Куран и дека го осудува и отфрла дозволувањето на таквиот чин како форма на слобода на говор.

Секоја книга што се смета за света треба да се почитува за да се почитуваат оние кои веруваат во неа“, кажа папата во интервју за весникот од Обединетите Арапски Емирати „Ал Итихад, што денеска е објавено.

Јас сум лут и згрозен од тие постапки. Слободата на говорот никогаш не смее да се користи како алатка за презирање на другите, а дозволувањето на тоа е отфрлено и осудено, кажа папата во интервјуто.

Маж минатата недела искина и запали Куран во шведскиот главен град Стокхолм, што наиде на остра осуда од неколку земји, вклучително и Турција, чија поддршка Шведска треба да добие за да се приклучи на воената алијанса на НАТО.

Иако шведската полиција одби неколку неодамнешни барања за протести против Куранот, судовите ги укинаа ваквите одлуки, наведувајќи дека тоа ја нарушува слободата на говорот.

Група од 57 исламски нации вчера соопшти дека се потребни колективни мерки за да се спречат актите на сквернавење на Куранот и дека меѓународното право треба да се користи за да се запре верската омраза.

 

The post Папата Франциск се налутил и згрозил затоа што Куранот бил запален appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск изјави дека го налутило и згрозило палењето на светата книга Куран и дека го осудува и отфрла дозволувањето на таквиот чин како форма на слобода на говор.
Секоја книга што се смета за света треба да се почитува за да се почитуваат оние кои веруваат во неа“, кажа папата во интервју за весникот од Обединетите Арапски Емирати „Ал Итихад, што денеска е објавено. Јас сум лут и згрозен од тие постапки. Слободата на говорот никогаш не смее да се користи како алатка за презирање на другите, а дозволувањето на тоа е отфрлено и осудено, кажа папата во интервјуто.
Маж минатата недела искина и запали Куран во шведскиот главен град Стокхолм, што наиде на остра осуда од неколку земји, вклучително и Турција, чија поддршка Шведска треба да добие за да се приклучи на воената алијанса на НАТО. Иако шведската полиција одби неколку неодамнешни барања за протести против Куранот, судовите ги укинаа ваквите одлуки, наведувајќи дека тоа ја нарушува слободата на говорот. Група од 57 исламски нации вчера соопшти дека се потребни колективни мерки за да се спречат актите на сквернавење на Куранот и дека меѓународното право треба да се користи за да се запре верската омраза.  

The post Папата Франциск се налутил и згрозил затоа што Куранот бил запален appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Палењето на Куранот е достојно за презир, нема да попуштиме на провокации https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-paleneto-na-kuranot-e-dostojno-za-prezir-nema-da-popushtime-na-provokatsii/ Thu, 29 Jun 2023 14:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=656504

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, чинот на палење на Куранот во Шведска го окарактеризира како „достоен за презир“.

Тој додаде дека Анкара нема да попушти пред заканите и провокациите.

Шведската полиција им дозволи на демонстрантите да запалат копија од Куранот во близина на главната џамија во Стокхолм на 28 јуни, празникот Курбан Бајрам.

„Непријателите на исламот и човештвото се обидуваат да го затемнат расположението со провокации заштитени од полицијата. Еден од нив е грозоморниот напад во Шведска. Оние кои го дозволуваат тоа и оние кои го одобруваат овој одвратен чин нема да можат да ги остварат своите амбиции. Нема да подлегнеме на политички провокации и закани“, рече Ердоган денеска во видео порака до членовите на партијата, пренесува РИА Новости.

Инаку, вчера околу 200 набљудувачи беа сведоци како еден од двајцата демонстранти кинеше страници од Куранот и ги бришеше чевлите пред да ја запали верската книга, додека другиот зборуваше на мегафон.

Во исто време, околу 10.000 муслимани ја посетуваат џамијата во Стокхолм на верскиот празник Курбан Бајрам.

Некои од присутните во знак на протест против палењето извикуваа „Господ е голем“ на арапски, а еден маж беше приведен од полицијата откако се обиде да фрли камен кон антиисламистите.

The post Ердоган: Палењето на Куранот е достојно за презир, нема да попуштиме на провокации appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, чинот на палење на Куранот во Шведска го окарактеризира како „достоен за презир“. Тој додаде дека Анкара нема да попушти пред заканите и провокациите. Шведската полиција им дозволи на демонстрантите да запалат копија од Куранот во близина на главната џамија во Стокхолм на 28 јуни, празникот Курбан Бајрам.
„Непријателите на исламот и човештвото се обидуваат да го затемнат расположението со провокации заштитени од полицијата. Еден од нив е грозоморниот напад во Шведска. Оние кои го дозволуваат тоа и оние кои го одобруваат овој одвратен чин нема да можат да ги остварат своите амбиции. Нема да подлегнеме на политички провокации и закани“, рече Ердоган денеска во видео порака до членовите на партијата, пренесува РИА Новости.
Инаку, вчера околу 200 набљудувачи беа сведоци како еден од двајцата демонстранти кинеше страници од Куранот и ги бришеше чевлите пред да ја запали верската книга, додека другиот зборуваше на мегафон. Во исто време, околу 10.000 муслимани ја посетуваат џамијата во Стокхолм на верскиот празник Курбан Бајрам. Некои од присутните во знак на протест против палењето извикуваа „Господ е голем“ на арапски, а еден маж беше приведен од полицијата откако се обиде да фрли камен кон антиисламистите.

The post Ердоган: Палењето на Куранот е достојно за презир, нема да попуштиме на провокации appeared first on Република.

]]>
Турција го осуди палењето на Куранот во Шведска https://republika.mk/vesti/svet/turtsija-go-osudi-paleneto-na-kuranot-vo-shvedska/ Wed, 28 Jun 2023 20:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=656199

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, го осуди палењето на Куранот во Шведска.

Го осудувам протестот во Шведска против нашата света книга на првиот ден од Бајрам, напиша Фидан во средата на Твитер, додавајќи дека е неприфатливо да се дозволат антиисламски протести во име на слободата на изразување.

Реакцијата доаѓа откако човек искина и запали Куран пред централната џамија во Стокхолм. Тоа се случи откако шведската полиција одобри одржување на протестот.

Околу 200 луѓе гледаа како еден од двајцата организатори на протестот ги кине страниците на копија од Куранот, потоа си ги избриша чевлите со нив, па завитка сланината во нив и на крајот ја запали книгата.

Пред џамијата во Стокхолм имаше и лица кои протестираат против палењето на Куранот, извикувајќи „Алах акбар“ (Бог е голем). Еден од нив е приведен од полицијата.

Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон изјави дека не сака да шпекулира како одобрениот протест може да влијае на процесот на влез на Шведска во НАТО.

Тоа е легално, но не е примерно. Верувам дека живееме во време кога е неопходно да се остане смирен и да се размислува за тоа што е најдобро за долгорочните интереси на Шведска, посочи Кристерсон.

The post Турција го осуди палењето на Куранот во Шведска appeared first on Република.

]]>

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, го осуди палењето на Куранот во Шведска.
Го осудувам протестот во Шведска против нашата света книга на првиот ден од Бајрам, напиша Фидан во средата на Твитер, додавајќи дека е неприфатливо да се дозволат антиисламски протести во име на слободата на изразување.
Реакцијата доаѓа откако човек искина и запали Куран пред централната џамија во Стокхолм. Тоа се случи откако шведската полиција одобри одржување на протестот. Околу 200 луѓе гледаа како еден од двајцата организатори на протестот ги кине страниците на копија од Куранот, потоа си ги избриша чевлите со нив, па завитка сланината во нив и на крајот ја запали книгата. Пред џамијата во Стокхолм имаше и лица кои протестираат против палењето на Куранот, извикувајќи „Алах акбар“ (Бог е голем). Еден од нив е приведен од полицијата. Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон изјави дека не сака да шпекулира како одобрениот протест може да влијае на процесот на влез на Шведска во НАТО.
Тоа е легално, но не е примерно. Верувам дека живееме во време кога е неопходно да се остане смирен и да се размислува за тоа што е најдобро за долгорочните интереси на Шведска, посочи Кристерсон.

The post Турција го осуди палењето на Куранот во Шведска appeared first on Република.

]]>
Шведската полиција одобри демонстрации со палење на Куранот пред џамијата https://republika.mk/vesti/svet/shvedskata-politsija-odobri-demonstratsii-so-palene-na-kuranot-pred-dhamijata/ Wed, 28 Jun 2023 13:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=656107

Полицијата одобри демонстрации пред џамијата во Стокхолм во средата, што може да ја налути Турција додека Шведска се обидува да се приклучи на НАТО. Иако на протестот се очекуваат само две лица, организаторите најавија дека ќе го искинат и запалат Куранот.

Серијата протести во Шведска против исламот и за правата на Курдите ја навреди Турција, чија поддршка и потребна на Шведска за да стане членка на НАТО.

Шведска поднесе барање за членство во НАТО по руската инвазија на Украина минатата година. Но, Анкара го блокира тој процес и ја обвинува Шведска за засолниште на терористи и бара нивна екстрадиција.

Шведската полиција отфрли неколку неодамнешни барања за протести против Коранот, но судовите ги укинаа тие одлуки, велејќи дека тие ја нарушуваат слободата на говорот.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави на прес-конференција во средата дека не сака да шпекулира како одобреното палење на Куранот може да влијае на процесот на пристапување на Шведска во НАТО.

Тоа е легално, но не е соодветно – рече Кристерсон и додаде дека на полицијата е да донесе одлука за тоа.

Верувам дека живееме во време во кое е неопходно да останеме смирени и да размислуваме што е најдобро за долгорочните интереси на Шведска – изјави Кристерсон.

Иако тоа би можело да има надворешнополитички последици, безбедносните ризици и последиците поврзани со палењето на Куранот не се доволни за да се одбие барањето, соопшти полицијата во одлуката да го одобри протестот.

Меѓу двајцата учесници на демонстрациите треба да биде Салван Момика, кој во едно неодамнешно интервју за весник се опиша себеси како ирачки бегалец кој сака Куранот да биде забранет. Ројтерс не можеше да дојде до него за коментар.

Турција ги прекина преговорите со Шведска за нејзината кандидатура за влез во НАТО кон крајот на јануари, откако Расмус Палудан, лидер на данската десничарска партија Тврда линија, запали копија од Куранот во близина на турската амбасада во Стокхолм.

Палудан не се очекува да учествува на демонстрациите во среда.

Неколку арапски земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Јордан и Кувајт, го осудија палењето на Куранот во јануари.

Турската амбасада во Стокхолм веднаш не ги коментираше последните случувања.

The post Шведската полиција одобри демонстрации со палење на Куранот пред џамијата appeared first on Република.

]]>

Полицијата одобри демонстрации пред џамијата во Стокхолм во средата, што може да ја налути Турција додека Шведска се обидува да се приклучи на НАТО. Иако на протестот се очекуваат само две лица, организаторите најавија дека ќе го искинат и запалат Куранот. Серијата протести во Шведска против исламот и за правата на Курдите ја навреди Турција, чија поддршка и потребна на Шведска за да стане членка на НАТО. Шведска поднесе барање за членство во НАТО по руската инвазија на Украина минатата година. Но, Анкара го блокира тој процес и ја обвинува Шведска за засолниште на терористи и бара нивна екстрадиција. Шведската полиција отфрли неколку неодамнешни барања за протести против Коранот, но судовите ги укинаа тие одлуки, велејќи дека тие ја нарушуваат слободата на говорот. Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави на прес-конференција во средата дека не сака да шпекулира како одобреното палење на Куранот може да влијае на процесот на пристапување на Шведска во НАТО.
Тоа е легално, но не е соодветно – рече Кристерсон и додаде дека на полицијата е да донесе одлука за тоа. Верувам дека живееме во време во кое е неопходно да останеме смирени и да размислуваме што е најдобро за долгорочните интереси на Шведска – изјави Кристерсон.
Иако тоа би можело да има надворешнополитички последици, безбедносните ризици и последиците поврзани со палењето на Куранот не се доволни за да се одбие барањето, соопшти полицијата во одлуката да го одобри протестот. Меѓу двајцата учесници на демонстрациите треба да биде Салван Момика, кој во едно неодамнешно интервју за весник се опиша себеси како ирачки бегалец кој сака Куранот да биде забранет. Ројтерс не можеше да дојде до него за коментар. Турција ги прекина преговорите со Шведска за нејзината кандидатура за влез во НАТО кон крајот на јануари, откако Расмус Палудан, лидер на данската десничарска партија Тврда линија, запали копија од Куранот во близина на турската амбасада во Стокхолм. Палудан не се очекува да учествува на демонстрациите во среда. Неколку арапски земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Јордан и Кувајт, го осудија палењето на Куранот во јануари. Турската амбасада во Стокхолм веднаш не ги коментираше последните случувања.

The post Шведската полиција одобри демонстрации со палење на Куранот пред џамијата appeared first on Република.

]]>
Турција кривично ќе гони двајца европски политичари бидејќи поттикнувале палење на Куранот https://republika.mk/vesti/balkan/turtsija-krivichno-ke-goni-dvajtsa-evropski-politichari-bidejki-pottiknuvale-palene-na-kuranot/ Wed, 01 Feb 2023 10:37:26 +0000 https://republika.mk/?p=603287

Турски обвинители почнаа истрага против дански и холандски политичари под обвинение за поттикнување омраза и непријателство во јавноста и за навреда на верските вредности, јави агенција Анадолија.

Овој потег уследи откако данско-шведскиот екстремист Расмус Палудан минатата недела во два наврати запали примероци од Куранот, прво пред турската амбасада во Шведска, а потоа и пред џамија во Данска.

Палењето на светата книга не е настан што треба да се занемари. Слободата на изразување не може да се користи за поттикнување, навреда, понижување, богохулење и напади врз светите вредности. Европа треба да реагира – изјави портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин.

Едвин Вагенсвелд, крајно десничарски холандски политичар и водач на исламофобната група „Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот“ (PEGIDA), искина страници од примерок на Куранот во Хаг, а потоа, како што е објавено на интернет, ги запалил искинатите страници во тепсија.

Осомничените извршиле дела на јавно поттикнување јавна омраза и непријателство кон светите вредности на исламската вероисповед, Куранот и Пратеникот на исламот, и отворено ги навредуваа верските вредности што ги застапува дел од луѓето“, се наведува во соопштението на обвинителите во Анкара.

Многу муслимански држави, а особено Турција, жестоко реагираа поради тоа што надлежните власти дозволија палење на Куранот. Во Турција и во многу други држави се одржаа протести по сквернавењето на Куранот.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека германскиот конзулат во Истанбул е затворен поради зголемена закана од напад.

Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим.

Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва.

Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција.

Расмус Палудан, лидерот на данската крајнодесничарска партија „Stram Kurs“, минатата недела под полициска заштита изврши провокативен чин на палење на светата книга Куран пред џамија во Копенхаген, а потоа продолжи со провокации и запалил копија од Куранот пред турската амбасада во главниот град на Данска. Тој се закани дека планира да пали по една копија од куранот секоја недела.

The post Турција кривично ќе гони двајца европски политичари бидејќи поттикнувале палење на Куранот appeared first on Република.

]]>

Турски обвинители почнаа истрага против дански и холандски политичари под обвинение за поттикнување омраза и непријателство во јавноста и за навреда на верските вредности, јави агенција Анадолија. Овој потег уследи откако данско-шведскиот екстремист Расмус Палудан минатата недела во два наврати запали примероци од Куранот, прво пред турската амбасада во Шведска, а потоа и пред џамија во Данска.
Палењето на светата книга не е настан што треба да се занемари. Слободата на изразување не може да се користи за поттикнување, навреда, понижување, богохулење и напади врз светите вредности. Европа треба да реагира – изјави портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин.
Едвин Вагенсвелд, крајно десничарски холандски политичар и водач на исламофобната група „Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот“ (PEGIDA), искина страници од примерок на Куранот во Хаг, а потоа, како што е објавено на интернет, ги запалил искинатите страници во тепсија.
Осомничените извршиле дела на јавно поттикнување јавна омраза и непријателство кон светите вредности на исламската вероисповед, Куранот и Пратеникот на исламот, и отворено ги навредуваа верските вредности што ги застапува дел од луѓето“, се наведува во соопштението на обвинителите во Анкара.
Многу муслимански држави, а особено Турција, жестоко реагираа поради тоа што надлежните власти дозволија палење на Куранот. Во Турција и во многу други држави се одржаа протести по сквернавењето на Куранот. Германското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека германскиот конзулат во Истанбул е затворен поради зголемена закана од напад. Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим. Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва. Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција. Расмус Палудан, лидерот на данската крајнодесничарска партија „Stram Kurs“, минатата недела под полициска заштита изврши провокативен чин на палење на светата книга Куран пред џамија во Копенхаген, а потоа продолжи со провокации и запалил копија од Куранот пред турската амбасада во главниот град на Данска. Тој се закани дека планира да пали по една копија од куранот секоја недела.

The post Турција кривично ќе гони двајца европски политичари бидејќи поттикнувале палење на Куранот appeared first on Република.

]]>
Турција поднесе протест до Холандија поради кинењето копија од Куранот на протест во Хаг https://republika.mk/vesti/svet/turtsija-podnese-protest-do-holandija-poradi-kineneto-kopija-od-kuranot-na-protest-vo-hag/ Tue, 24 Jan 2023 10:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=600418

Турција денеска го повика холандскиот амбасадор во Анкара на разговор во врска со протестот што се одржа во неделата во Хаг, а на кој беше искината копија од муслиманската света книга Куранот, соопшти министерството за надворешни работи.

Амбасадорот на Холандија во Анкара беше поканет во нашето министерство и ние го осудивме и протестиравме овој грозоморен и одвратен чин и баравме Холандија да не дозволи такви провокативни акти, се вели во соопштението.

Беше објавено дека „одвратниот чин“ во Холандија, по Шведска, каде што беа навредувани светите вредности на исламот, е „злосторство од омраза“ и дека е јасен показател дека „исламофобијата, дискриминацијата и ксенофобијата не познаваат граници во Европа“, наведува британската агенција.

Откако копија од Куранот беше запалена во саботата на протестот во Стокхолм, Турција ѝ кажа на Шведска дека не треба да очекува поддршка за нејзината кандидатура за членство во НАТО.

Не беше првпат екстремно десничарскиот политичар Расмус Палудан, кој го предводи данското антиисламско движење Страм Курс (тврдокорен), да го запали Куранот.

The post Турција поднесе протест до Холандија поради кинењето копија од Куранот на протест во Хаг appeared first on Република.

]]>

Турција денеска го повика холандскиот амбасадор во Анкара на разговор во врска со протестот што се одржа во неделата во Хаг, а на кој беше искината копија од муслиманската света книга Куранот, соопшти министерството за надворешни работи. Амбасадорот на Холандија во Анкара беше поканет во нашето министерство и ние го осудивме и протестиравме овој грозоморен и одвратен чин и баравме Холандија да не дозволи такви провокативни акти, се вели во соопштението. Беше објавено дека „одвратниот чин“ во Холандија, по Шведска, каде што беа навредувани светите вредности на исламот, е „злосторство од омраза“ и дека е јасен показател дека „исламофобијата, дискриминацијата и ксенофобијата не познаваат граници во Европа“, наведува британската агенција. Откако копија од Куранот беше запалена во саботата на протестот во Стокхолм, Турција ѝ кажа на Шведска дека не треба да очекува поддршка за нејзината кандидатура за членство во НАТО. Не беше првпат екстремно десничарскиот политичар Расмус Палудан, кој го предводи данското антиисламско движење Страм Курс (тврдокорен), да го запали Куранот.

The post Турција поднесе протест до Холандија поради кинењето копија од Куранот на протест во Хаг appeared first on Република.

]]>
ЕК го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска https://republika.mk/vesti/svet/ek-go-osudi-paleneto-na-kuranot-pred-ambasadata-na-turtsija-vo-shvedska/ Mon, 23 Jan 2023 13:26:04 +0000 https://republika.mk/?p=600022

Европска комисија денеска го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска.

Портпаролот на ЕК истакна дека очекува шведските власти да ги преземат неопходните мерки во овој случај.

Ваквите постапки се некомпатибилни со вредностите на кои е заснована ЕУ. Претходно изјавивме дека расизмот, ксенофобијата, омразата заснована на вера, раса и боја на кожа немаат место во ЕУ, истакна портпаролот на ЕК.

Поради палењето на куранот во Стокхолм, Турција најави дека ќе поднесе тужби пред меѓународните судови. Исто така, Анкара соопшти дека поради инцидентот откажана е посета на шведскиот министер за одбрана на Турција.

The post ЕК го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска appeared first on Република.

]]>

Европска комисија денеска го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска. Портпаролот на ЕК истакна дека очекува шведските власти да ги преземат неопходните мерки во овој случај. Ваквите постапки се некомпатибилни со вредностите на кои е заснована ЕУ. Претходно изјавивме дека расизмот, ксенофобијата, омразата заснована на вера, раса и боја на кожа немаат место во ЕУ, истакна портпаролот на ЕК. Поради палењето на куранот во Стокхолм, Турција најави дека ќе поднесе тужби пред меѓународните судови. Исто така, Анкара соопшти дека поради инцидентот откажана е посета на шведскиот министер за одбрана на Турција.

The post ЕК го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска appeared first on Република.

]]>
Хорор во Пакистан: Група луѓе каменувале маж бидејќи го запалил Куранот https://republika.mk/vesti/svet/horor-vo-pakistan-grupa-lugje-kamenuvale-maz-bidejkji-go-zapalil-kuranot/ Sun, 13 Feb 2022 22:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=458110

Нервозна група луѓе каменувале до смрт маж за наводно сквернавење на Куранот во село во источен Пакистан, соопшти денеска полицијата. Според портпаролот на полицијата Чаудри Имран, чуварот на локалната џамија рекол дека во саботата навечер видел маж како пали муслиманска света книга во џамијата, а тоа им го соопштил на другите пред да ја извести полицијата, пренесува агенцијата АП.

Инцидентот се случил во село во областа Каневал во провинцијата Пенџаб, а Имран изјави дека полицијата побрзала на местото на настанот, каде што бил пронајден маж кој бил опкружен со разгневена толпа луѓе.

Полицијата се обидела да го спаси човекот, но групата почнала и да ги каменува, при што тешко биле повредени тројца полицајци.

Портпаролот рече дека идентитетот на човекот обвинет за богохулење сè уште не е познат.

Началникот на полициската станица во Таламба, Мунавар Гујар изјави дека побрзал со засилувањата во џамијата, но тоа не стигнало пред толпата да го каменува човекот и да го обеси на дрво.

Тахир Махмуд Ашрафи, помошник премиерот Имран Кан во Канцеларијата за верски прашања Алама, го осуди убиството и вети дека ќе ги изведе сторителите пред лицето на правдата.

Тој рече дека никој нема право да го земе законот во свои раце, дури и ако осомничениот е вмешан во кривичното дело.

Меѓународните и националните групи за човекови права велат дека наводите за богохулење честопати се користеле за заплашување на верските малцинства и за расчистување на личните сметки.

Во Пакистан за богохулење се казнува со смрт.

The post Хорор во Пакистан: Група луѓе каменувале маж бидејќи го запалил Куранот appeared first on Република.

]]>

Нервозна група луѓе каменувале до смрт маж за наводно сквернавење на Куранот во село во источен Пакистан, соопшти денеска полицијата. Според портпаролот на полицијата Чаудри Имран, чуварот на локалната џамија рекол дека во саботата навечер видел маж како пали муслиманска света книга во џамијата, а тоа им го соопштил на другите пред да ја извести полицијата, пренесува агенцијата АП. Инцидентот се случил во село во областа Каневал во провинцијата Пенџаб, а Имран изјави дека полицијата побрзала на местото на настанот, каде што бил пронајден маж кој бил опкружен со разгневена толпа луѓе. Полицијата се обидела да го спаси човекот, но групата почнала и да ги каменува, при што тешко биле повредени тројца полицајци. Портпаролот рече дека идентитетот на човекот обвинет за богохулење сè уште не е познат. Началникот на полициската станица во Таламба, Мунавар Гујар изјави дека побрзал со засилувањата во џамијата, но тоа не стигнало пред толпата да го каменува човекот и да го обеси на дрво. Тахир Махмуд Ашрафи, помошник премиерот Имран Кан во Канцеларијата за верски прашања Алама, го осуди убиството и вети дека ќе ги изведе сторителите пред лицето на правдата. Тој рече дека никој нема право да го земе законот во свои раце, дури и ако осомничениот е вмешан во кривичното дело. Меѓународните и националните групи за човекови права велат дека наводите за богохулење честопати се користеле за заплашување на верските малцинства и за расчистување на личните сметки. Во Пакистан за богохулење се казнува со смрт.

The post Хорор во Пакистан: Група луѓе каменувале маж бидејќи го запалил Куранот appeared first on Република.

]]>