купопродажба на станови Archives - Република https://republika.mk/tema/kupoprodazba-na-stanovi/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Mar 2023 07:25:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png купопродажба на станови Archives - Република https://republika.mk/tema/kupoprodazba-na-stanovi/ 32 32 Купувал стан во Скопје преку вибер: Кавадарчанец наседнал на измамници https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kupuval-stan-vo-skopje-preku-viber-kavadarchanets-nasednal-na-izmamnitsi/ Wed, 01 Mar 2023 07:25:59 +0000 https://republika.mk/?p=614410

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца скопјани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Како што информираат од МВР, пријавените, Ф.С. (33) и Ф.Ј. (31), во текот на ноември 2022 година креирале оглас на еден од порталите регистрирани за огласување дека наводно продаваат стан и презеле фотографии од друг огласен стан за продажба. На тој начин тие довеле во заблуда оштетено лице од Кавадарци дека огласениот стан за продажба е сопственост на правно лице на кое што застапник бил второпријавениот.

„Тие, исто така, на оштетениот, преку апликацијата вибер му покажале слики од станот и го навеле да им уплати 5.000 евра капар за купопродажба на станот на сметка на правното лице на второпријавениот. После тоа, тие и понатаму го држеле во заблуда оштетениот со најразлични изговори околу купопродажбата на станот, а откако увидел дека од купопродажбата на огласениот стан нема ништо, односно дека е измамен, тој го пријавил случајот во полиција“, се наведува во соопштението од МВР.

The post Купувал стан во Скопје преку вибер: Кавадарчанец наседнал на измамници appeared first on Република.

]]>

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца скопјани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. Како што информираат од МВР, пријавените, Ф.С. (33) и Ф.Ј. (31), во текот на ноември 2022 година креирале оглас на еден од порталите регистрирани за огласување дека наводно продаваат стан и презеле фотографии од друг огласен стан за продажба. На тој начин тие довеле во заблуда оштетено лице од Кавадарци дека огласениот стан за продажба е сопственост на правно лице на кое што застапник бил второпријавениот.