куманово Archives - Република https://republika.mk/tema/kumanovo/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 08:04:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png куманово Archives - Република https://republika.mk/tema/kumanovo/ 32 32 Изложба „Енергија на светлината“ на Благојче Наумоски-Бане во Уметничката галерија во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-energija-na-svetlinata-na-blagojche-naumoski-bane-vo-umetnichkata-galerija-vo-kumanovo/ Tue, 19 Nov 2024 08:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=839429

„Енергија на светлината“ е нова изложба на уметникот Благојче Наумоски-Бане од циклусот „Урбани трансформации“ која ќе се отвори на 20 ноември (среда) во 20:00 часот во Уметничката галерија на НУ Музеј Куманово.

„Најновиот творечки циклус на ликовниот уметник Благојче Наумоски – Бане, со наслов „Урбани трансформации“ е продолжување на неговото трагање по визуелните сензации во урбаните простори, кои го опседнуваат авторот со своите динамични композиции, геометризмот и игрите помеѓу материјалноста и апстрактното“, пишува Гордана Вренцовска за изложбата.

Овој проект се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми и волумените што го дефинираат брутализмот. Тој со своите моќни, монолитни и често минималистички форми, нуди богат визуелен јазик за интерпретација, преку кој со своите необработени конкретни форми, неукрасена функционалност и импозантно присуство, долго време ја плени мојата имагинација, изјавува Наумовски.

„За разлика од претходниот проект ‘Пукнатини/трансформации’ каде беа применети дигиталните техники, во овој циклус авторот целосно се потпира на сликањето со акрилни бои на платно, со што ја нагласува човечката компонента и емоцијата што сака да преовладее во отсликувањето на овие навидум сурови архитектонски структури. Може да се каже дека во оваа серија на платна, од кои повеќето со мали димензии, Наумоски ја доживеал својата сликарска зрелост, нудејќи возбудливи и вибрантни колорни комбинации, неочекувани композициски решенија и смели форми. Но и овде, геометриската апстракција и претопувањето на наративните елементи во текстури, светлосни снопови и сенки (што го потенцира и во воведниот наслов ‘Енергија на светлината’), нѐ враќа до намерата на авторот да ни понуди чист визуелен концепт, во кој тој успеал чудесно да ги поврзе сите видливи со невидливите (емотивните) состојки“, истакнува Вренцовска за изложбата.

The post Изложба „Енергија на светлината“ на Благојче Наумоски-Бане во Уметничката галерија во Куманово appeared first on Република.

]]>

„Енергија на светлината“ е нова изложба на уметникот Благојче Наумоски-Бане од циклусот „Урбани трансформации“ која ќе се отвори на 20 ноември (среда) во 20:00 часот во Уметничката галерија на НУ Музеј Куманово. „Најновиот творечки циклус на ликовниот уметник Благојче Наумоски – Бане, со наслов „Урбани трансформации“ е продолжување на неговото трагање по визуелните сензации во урбаните простори, кои го опседнуваат авторот со своите динамични композиции, геометризмот и игрите помеѓу материјалноста и апстрактното“, пишува Гордана Вренцовска за изложбата.
Овој проект се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми и волумените што го дефинираат брутализмот. Тој со своите моќни, монолитни и често минималистички форми, нуди богат визуелен јазик за интерпретација, преку кој со своите необработени конкретни форми, неукрасена функционалност и импозантно присуство, долго време ја плени мојата имагинација, изјавува Наумовски.
„За разлика од претходниот проект ‘Пукнатини/трансформации’ каде беа применети дигиталните техники, во овој циклус авторот целосно се потпира на сликањето со акрилни бои на платно, со што ја нагласува човечката компонента и емоцијата што сака да преовладее во отсликувањето на овие навидум сурови архитектонски структури. Може да се каже дека во оваа серија на платна, од кои повеќето со мали димензии, Наумоски ја доживеал својата сликарска зрелост, нудејќи возбудливи и вибрантни колорни комбинации, неочекувани композициски решенија и смели форми. Но и овде, геометриската апстракција и претопувањето на наративните елементи во текстури, светлосни снопови и сенки (што го потенцира и во воведниот наслов ‘Енергија на светлината’), нѐ враќа до намерата на авторот да ни понуди чист визуелен концепт, во кој тој успеал чудесно да ги поврзе сите видливи со невидливите (емотивните) состојки“, истакнува Вренцовска за изложбата.

The post Изложба „Енергија на светлината“ на Благојче Наумоски-Бане во Уметничката галерија во Куманово appeared first on Република.

]]>
Две малолетнички се степале на свадба во Куманово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-maloletnichki-se-stepale-na-svadba-vo-kumanovo/ Sun, 17 Nov 2024 14:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=838856

На 16.11.2024 во 08.50 часот во СВР Куманово, Н.Р.(37) од Куманово пријавил дека на 14.11.2024 околу 15.00 часот на свадбена веселба во Куманово, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, а потоа и од нејзината мајка и сестра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Две малолетнички се степале на свадба во Куманово appeared first on Република.

Му кажал дека треба да му префрли биткоини во вредност 14,5 илјади долари и му побарал трансaкциска – кумановец измамен за 200.000 денари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mu-kazhal-deka-treba-da-mu-prefrli-bitkoini-vo-vrednost-14-5-iljadi-dolari-i-mu-pobaral-transaktsiska-kumanovets-izmamen-za-200-000-denari/ Fri, 15 Nov 2024 17:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=838236

На 14.11.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 45-годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 200.000 денари.

Според пријавеното, претставувајќи се дека е од „агенција за биткоини“, лицето му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари и му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства.

Како што е пријавено, за да може да му ги префли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавителот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Му кажал дека треба да му префрли биткоини во вредност 14,5 илјади долари и му побарал трансaкциска – кумановец измамен за 200.000 денари appeared first on Република.

]]>

На 14.11.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 45-годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 200.000 денари. Според пријавеното, претставувајќи се дека е од „агенција за биткоини“, лицето му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари и му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства. Како што е пријавено, за да може да му ги префли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавителот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Му кажал дека треба да му префрли биткоини во вредност 14,5 илјади долари и му побарал трансaкциска – кумановец измамен за 200.000 денари appeared first on Република.

]]>
Наставник нападнат зошто наводно нападнал ученик https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnik-napadnat-zoshto-navodno-napadnal-uchenik/ Tue, 05 Nov 2024 14:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=834405

Двајца наставници од основни училишта од Куманово вчера биле пријавени дека нападнале ученици во два одвоени случаи. Како што соопшти денеска кумановската полиција, еден од наставниците пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект, поради претходно недоразбирање со ученик.

Вчера 17:00 часот во СВР Куманово, М.Љ.(27) – вработен во основно училиште во Куманово пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило и со остар предмет поради претходно недоразбирање со ученик од училиштето. Подоцна, во 21.05 часот, М.Б.(40) од Куманово пријавил дека во основното училиште во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот М.Љ.

Вчера, во 17:30 часот во СВР Куманово, Д.И.(41) од Куманово пријавил дека во основното училиште во Куманово во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Д. Д.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

The post Наставник нападнат зошто наводно нападнал ученик appeared first on Република.

]]>

Двајца наставници од основни училишта од Куманово вчера биле пријавени дека нападнале ученици во два одвоени случаи. Како што соопшти денеска кумановската полиција, еден од наставниците пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект, поради претходно недоразбирање со ученик. Вчера 17:00 часот во СВР Куманово, М.Љ.(27) – вработен во основно училиште во Куманово пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило и со остар предмет поради претходно недоразбирање со ученик од училиштето. Подоцна, во 21.05 часот, М.Б.(40) од Куманово пријавил дека во основното училиште во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот М.Љ. Вчера, во 17:30 часот во СВР Куманово, Д.И.(41) од Куманово пријавил дека во основното училиште во Куманово во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Д. Д. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

The post Наставник нападнат зошто наводно нападнал ученик appeared first on Република.

]]>
Определен притвор за градежната инспекторка од Куманово фатена за примање поткуп https://republika.mk/vesti/crna-hronika/opredelen-pritvor-za-gradezhnata-inspektorka-od-kumanovo-fatena-za-primane-potkup/ Sat, 02 Nov 2024 17:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=833589

Основниот суд Куманово, по предлог на обвинителството, определи притвор во траење од триесет дена на градежната инспекторка која вчера беше уапсена при примање мито, соопшти денеска ЈОРСМ.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишна осомничена, за која постои основано сомнение дека во својство на службено лице, градежен инспектор сторила кривично дело „Примање поткуп од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик“. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судот со решение и определи притвор во траење од 30 дена.

Истрагата е поведена бидејќи осомничената на 1 ноември, во еден ресторан во Куманово, во својство на службено лице, градежен инспектор во Општина Куманово, сектор за градежен инспекциски надзор, побарала и примила подарок за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши со што прибавила поголема имотна корист. Уште во текот на август годинава таа извршила увид на самото место на градба лоцирана на улицата „Доне Божинов“ и констатирала отстапување од одобрението за реконструкција на објект. Наместо согласно своето службено овластување да изготви записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на доградените делови на објектот, од оштетениот изведувач на градбата директно побарала да и даде поткуп во износ од 1.500 евра, велат од обвинителството.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека откако во септември, пријавената била разрешена од функцијата,  раководител на градежна инспекција и била назначена за овластен инспектор отишла во контрола на друг објект во изградба каде управител на фирмата изведувач повторно бил  оштетениот.

И таму констатирала неправилности во фаза на градба-отстапување на одобрение за градење, но повторно не составила записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на констатираните недостатоци на градбата, туку се сретнала со оштетениот и побарала поткуп дополнително уште 2.500 евра или вкупно 4.000 евра за двата објекти. Парите и биле исплатени во целост во готовина на рака на 1 ноември, годинава, со што пријавената се стекнала со противправна имотна корист, велат од обвинителството.

Полицијата вчера ја уапси инспекторка од Куманово при примање мито.

На 25 септември, годинава граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1.500 евра, за да на 31 октомври, годинава ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра. По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки. На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово, информираа вчера од полицијата.

The post Определен притвор за градежната инспекторка од Куманово фатена за примање поткуп appeared first on Република.

]]>

Основниот суд Куманово, по предлог на обвинителството, определи притвор во траење од триесет дена на градежната инспекторка која вчера беше уапсена при примање мито, соопшти денеска ЈОРСМ. Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишна осомничена, за која постои основано сомнение дека во својство на службено лице, градежен инспектор сторила кривично дело „Примање поткуп од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик“. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судот со решение и определи притвор во траење од 30 дена.
Истрагата е поведена бидејќи осомничената на 1 ноември, во еден ресторан во Куманово, во својство на службено лице, градежен инспектор во Општина Куманово, сектор за градежен инспекциски надзор, побарала и примила подарок за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши со што прибавила поголема имотна корист. Уште во текот на август годинава таа извршила увид на самото место на градба лоцирана на улицата „Доне Божинов“ и констатирала отстапување од одобрението за реконструкција на објект. Наместо согласно своето службено овластување да изготви записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на доградените делови на објектот, од оштетениот изведувач на градбата директно побарала да и даде поткуп во износ од 1.500 евра, велат од обвинителството.
Во соопштението на обвинителството се наведува дека откако во септември, пријавената била разрешена од функцијата,  раководител на градежна инспекција и била назначена за овластен инспектор отишла во контрола на друг објект во изградба каде управител на фирмата изведувач повторно бил  оштетениот.
И таму констатирала неправилности во фаза на градба-отстапување на одобрение за градење, но повторно не составила записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на констатираните недостатоци на градбата, туку се сретнала со оштетениот и побарала поткуп дополнително уште 2.500 евра или вкупно 4.000 евра за двата објекти. Парите и биле исплатени во целост во готовина на рака на 1 ноември, годинава, со што пријавената се стекнала со противправна имотна корист, велат од обвинителството.
Полицијата вчера ја уапси инспекторка од Куманово при примање мито.
На 25 септември, годинава граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1.500 евра, за да на 31 октомври, годинава ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра. По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки. На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово, информираа вчера од полицијата.

The post Определен притвор за градежната инспекторка од Куманово фатена за примање поткуп appeared first on Република.

]]>
Димитриевски иницирал вонредна седница на Советот на Куманово за помош на збратимениот град Нови Сад https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-initsiral-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-kumanovo-za-pomosh-na-zbratimeniot-grad-novi-sad/ Sat, 02 Nov 2024 15:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=833532

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, иницирал вонредна седница на Совет на Општина Куманово со предлог да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад по несреќата на железничката станица.

Градоначалникот на Куманово најави и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vasko-sazdovski-inovativniot-um-koj-makedonija-ne-go-prepozna/

Градоначалникот на Општина Куманово во име на граѓаните на Куманово упатува сочувство до семејствата на жртвите, граѓаните на Нови Сад и Република Србија, соопшти Општина Куманово.

The post Димитриевски иницирал вонредна седница на Советот на Куманово за помош на збратимениот град Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, иницирал вонредна седница на Совет на Општина Куманово со предлог да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад по несреќата на железничката станица. Градоначалникот на Куманово најави и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин. https://republika.mk/vesti/makedonija/vasko-sazdovski-inovativniot-um-koj-makedonija-ne-go-prepozna/
Градоначалникот на Општина Куманово во име на граѓаните на Куманово упатува сочувство до семејствата на жртвите, граѓаните на Нови Сад и Република Србија, соопшти Општина Куманово.

The post Димитриевски иницирал вонредна седница на Советот на Куманово за помош на збратимениот град Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Бесплатниот автобуски превоз во Куманово трае до 31октомври, Советот ќе разгледува дали ќе продолжи до крајот на годинава https://republika.mk/vesti/makedonija/besplatniot-avtobuski-prevoz-vo-kumanovo-trae-do-31oktomvri-sovetot-ke-razgleduva-dali-ke-prodolzhi-do-krajot-na-godinava/ Mon, 28 Oct 2024 22:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=831881

Советниците во општина Куманово утре ќе ја разгледуваат одлуката дали да се продолжи субвенционирањето на општинскиот линиски превоз на подрачјето на општината.

Со донесување на одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово произлезе голем интерес од граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз, па според тоа субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општината ќе продолжи и во следните два месеци од 2024 година. Од самиот почеток оваа мерка се покажа како оправдана, а како крајни корисници на јавен превоз се граѓаните кои се најзасегнати од секојдневното зголемување на цените, па од тие причини Општина Куманово одлучи да издвои средства од буџетот за период уште од два месеци заклучно со 31. 12.2024 година. За општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина со што би се ублажила економската криза за сите учесници во општинскиот линиски превоз, велат од општината.

Одлуката за изменување за субвенционирањето на општинскиот линиски превоз на патниците на подрачјето на Куманово опфаќа и измена на член кој се однесува на средствата при што за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници општина Куманово од Буџетот на Општина Куманово ќе издвои 60.000.000 денари со данок на додадена вредност за период дванаесет месеци почнувајќи од 1 јануари годинава, заклучно со 31 декември годинава. Со претходната измена субвенциониранио линиски превоз траеше до крајот на овој месец.

Од општината сметаат дека донесување на одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници до крајот на годинава произлегува од големиот интерес на граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз.

Опозицијата постојано реагираше и бараше оваа одлука да се преиначи, бидејќи како што укажуваа во неколку наврати го поддржуваат бесплатниот превоз кој според нив треба да оди по купен билет при што граѓаните ќе имаат увид како и зошто се трошат нивните пари и бараа да се надминат аномалиите на кои укажуваа граѓаните. Дел од граѓаните пак реагираат дека одредени категории граѓани ја злоупотребуваат мерката и бараат од превозниците, учениците да имаат предност при користење на превозот во термините кога почнува првата и втората смена во средните и основните училишта од градот. Дел од кумановци сметаат дека е прескап проект кој е во интерес исклучиво на жителите од приградските населби. Тие реагираа за одлуката, укажувајќи дека е потребно општината да формира претпријатие за вршење на дејноста.

Општината ја правда одлуката како оправдана, укажувајќи дека се ублажила енергетската криза подобрен е на семејниот буџет, намален е на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и загадувањето на животната средина.

The post Бесплатниот автобуски превоз во Куманово трае до 31октомври, Советот ќе разгледува дали ќе продолжи до крајот на годинава appeared first on Република.

]]>

Советниците во општина Куманово утре ќе ја разгледуваат одлуката дали да се продолжи субвенционирањето на општинскиот линиски превоз на подрачјето на општината.
Со донесување на одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово произлезе голем интерес од граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз, па според тоа субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општината ќе продолжи и во следните два месеци од 2024 година. Од самиот почеток оваа мерка се покажа како оправдана, а како крајни корисници на јавен превоз се граѓаните кои се најзасегнати од секојдневното зголемување на цените, па од тие причини Општина Куманово одлучи да издвои средства од буџетот за период уште од два месеци заклучно со 31. 12.2024 година. За општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина со што би се ублажила економската криза за сите учесници во општинскиот линиски превоз, велат од општината.
Одлуката за изменување за субвенционирањето на општинскиот линиски превоз на патниците на подрачјето на Куманово опфаќа и измена на член кој се однесува на средствата при што за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници општина Куманово од Буџетот на Општина Куманово ќе издвои 60.000.000 денари со данок на додадена вредност за период дванаесет месеци почнувајќи од 1 јануари годинава, заклучно со 31 декември годинава. Со претходната измена субвенциониранио линиски превоз траеше до крајот на овој месец. Од општината сметаат дека донесување на одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници до крајот на годинава произлегува од големиот интерес на граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз. Опозицијата постојано реагираше и бараше оваа одлука да се преиначи, бидејќи како што укажуваа во неколку наврати го поддржуваат бесплатниот превоз кој според нив треба да оди по купен билет при што граѓаните ќе имаат увид како и зошто се трошат нивните пари и бараа да се надминат аномалиите на кои укажуваа граѓаните. Дел од граѓаните пак реагираат дека одредени категории граѓани ја злоупотребуваат мерката и бараат од превозниците, учениците да имаат предност при користење на превозот во термините кога почнува првата и втората смена во средните и основните училишта од градот. Дел од кумановци сметаат дека е прескап проект кој е во интерес исклучиво на жителите од приградските населби. Тие реагираа за одлуката, укажувајќи дека е потребно општината да формира претпријатие за вршење на дејноста. Општината ја правда одлуката како оправдана, укажувајќи дека се ублажила енергетската криза подобрен е на семејниот буџет, намален е на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и загадувањето на животната средина.

The post Бесплатниот автобуски превоз во Куманово трае до 31октомври, Советот ќе разгледува дали ќе продолжи до крајот на годинава appeared first on Република.

]]>
Нема интерес за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Куманово https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-interes-za-besplatno-otstranuvane-na-havarisani-vozila-vo-kumanovo/ Mon, 28 Oct 2024 15:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=831769

Ниту еден сопственик на хаварисано возило не се јавил за да ја искористи услугата што ја нуди општина Куманово за бесплатен транспорт на возило до лиценциран отпад за железо, соопштија надлежните. Акцијата почна денеска и ќе трае наредните триесет дена.

Општина Куманово заедно со ЈП „Куманово паркинг“ и СВР Куманово ќе спроведе акција за отстранување на хаварисани автомобили кои не се во возна состојба и со години зафаќаат јавни површини и паркинг простор

Сопствениците на хаварисаните автомобили со службите на ЈП „Куманово Паркинг“ имаат можност бесплатно да го транспортираат возилото до лиценциран отпад за железо. Сопственикот на автомобилот треба да биде присутен на проценката и за истото возило ќе си добие паричен надоместок, соопшти претседателката на советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска на неодамнешната прес-конференција.

По истекот на акцијата за бесплатен транспорт на хаварисаните возила, задолжените служби ќе почнат со отстранување на возилата кои со години зафаќаат простор на тротоарите. Според првичните информации од комуналните инспектори, само во централното градско подрачје во Општина Куманово има седумдесетина автомобили кои со години стојат на иста површина. Полицијата ги проверува сопствениците.

Отстранувањето на возилата ќе ги ослободи тротоарите, сметаат надлежните од ЈП „Куманово Паркинг“ кои најавија исцртување на паркинг зона „Б“.

The post Нема интерес за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Куманово appeared first on Република.

]]>

Ниту еден сопственик на хаварисано возило не се јавил за да ја искористи услугата што ја нуди општина Куманово за бесплатен транспорт на возило до лиценциран отпад за железо, соопштија надлежните. Акцијата почна денеска и ќе трае наредните триесет дена. Општина Куманово заедно со ЈП „Куманово паркинг“ и СВР Куманово ќе спроведе акција за отстранување на хаварисани автомобили кои не се во возна состојба и со години зафаќаат јавни површини и паркинг простор
Сопствениците на хаварисаните автомобили со службите на ЈП „Куманово Паркинг“ имаат можност бесплатно да го транспортираат возилото до лиценциран отпад за железо. Сопственикот на автомобилот треба да биде присутен на проценката и за истото возило ќе си добие паричен надоместок, соопшти претседателката на советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска на неодамнешната прес-конференција.
По истекот на акцијата за бесплатен транспорт на хаварисаните возила, задолжените служби ќе почнат со отстранување на возилата кои со години зафаќаат простор на тротоарите. Според првичните информации од комуналните инспектори, само во централното градско подрачје во Општина Куманово има седумдесетина автомобили кои со години стојат на иста површина. Полицијата ги проверува сопствениците. Отстранувањето на возилата ќе ги ослободи тротоарите, сметаат надлежните од ЈП „Куманово Паркинг“ кои најавија исцртување на паркинг зона „Б“.

The post Нема интерес за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Куманово appeared first on Република.

]]>
Во Скопје, Куманово и Тетово има најмногу пријавени случаи на голема кашлица https://republika.mk/vesti/vo-skopje-kumanovo-i-tetovo-ima-najmnogu-prijaveni-sluchai-na-golema-kashlitsa/ Mon, 14 Oct 2024 19:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=826815

Ентероколити и овчи сипаници се двете најчести заразни заболувања евидентирани во септември, покажуваат податоците објавени во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Во текот на месец септември до ИЈЗ, пристигнати биле пријави за вкупно 796 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ во Република Македонија, со вкупна инциденца од 43,3 на 100.000 жители.

– Вкупниот број на пријавени лица во месец септември е за 17,2 отсто помал во однос на претходниот месец август 2024 година. Во однос на месец септември 2023 година, се регистрира намалување на пријавените лица од акутни заразни заболувања за 9,9 проценти, додека во однос на аритметичката средина за десетгодишниот период, се регистрира намалување од 50,0 отсто, се наведува во извештајот.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции без ХИВ/СИДА, регистрирани биле 13 заболени лица – пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, по еден случај на сифилис и инфекции со хламидија.

Пријавени биле три потврдени случаи на ХИВ и два на СИДА во септември, лица кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години.

Во вкупниот број на пријавените случаи на вакцино-превентабилни болести, 84,4 отсто биле на голема кашлица, појаснуваат од ИЈЗ, како резултат на тековната епидемија на територијата на град Скопје, Куманово и на Тетово.

Во Република Македонија во текот на месец септември, пријавени биле вкупно 288 случаи на Ковид-19. Во текот на месецот, регистрирани биле пет починати лица асоцирани со Ковид-19, сите од возрасната група над 60 години.

Пријавени биле два смртни случаја од акутно заразно заболување – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ. Првиот регистриран смртен случај во месец септември е од бактериски менингит. Се работи за 74-годишно женско лице од Тетово. Кај пациентот, покрај основната болест, регистриран е и коморбидитет. Вториот регистриран смртен случај е од енцефалитис предизвикан од west nile вирусот (WNV). Се работи за 78-годишно машко лице од Кочани кај кое симптомите на заболувањето започнале на 9 септември, а во КИБФС било хоспитализирано следниот ден.

Во текот на месец септември, пристигнати се 10 пријави за заразни заболувања кај странски државјани кои престојувале во државава.

The post Во Скопје, Куманово и Тетово има најмногу пријавени случаи на голема кашлица appeared first on Република.

]]>

Ентероколити и овчи сипаници се двете најчести заразни заболувања евидентирани во септември, покажуваат податоците објавени во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Во текот на месец септември до ИЈЗ, пристигнати биле пријави за вкупно 796 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ во Република Македонија, со вкупна инциденца од 43,3 на 100.000 жители. – Вкупниот број на пријавени лица во месец септември е за 17,2 отсто помал во однос на претходниот месец август 2024 година. Во однос на месец септември 2023 година, се регистрира намалување на пријавените лица од акутни заразни заболувања за 9,9 проценти, додека во однос на аритметичката средина за десетгодишниот период, се регистрира намалување од 50,0 отсто, се наведува во извештајот. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции без ХИВ/СИДА, регистрирани биле 13 заболени лица – пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, по еден случај на сифилис и инфекции со хламидија. Пријавени биле три потврдени случаи на ХИВ и два на СИДА во септември, лица кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години. Во вкупниот број на пријавените случаи на вакцино-превентабилни болести, 84,4 отсто биле на голема кашлица, појаснуваат од ИЈЗ, како резултат на тековната епидемија на територијата на град Скопје, Куманово и на Тетово. Во Република Македонија во текот на месец септември, пријавени биле вкупно 288 случаи на Ковид-19. Во текот на месецот, регистрирани биле пет починати лица асоцирани со Ковид-19, сите од возрасната група над 60 години. Пријавени биле два смртни случаја од акутно заразно заболување – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ. Првиот регистриран смртен случај во месец септември е од бактериски менингит. Се работи за 74-годишно женско лице од Тетово. Кај пациентот, покрај основната болест, регистриран е и коморбидитет. Вториот регистриран смртен случај е од енцефалитис предизвикан од west nile вирусот (WNV). Се работи за 78-годишно машко лице од Кочани кај кое симптомите на заболувањето започнале на 9 септември, а во КИБФС било хоспитализирано следниот ден. Во текот на месец септември, пристигнати се 10 пријави за заразни заболувања кај странски државјани кои престојувале во државава.  

The post Во Скопје, Куманово и Тетово има најмногу пријавени случаи на голема кашлица appeared first on Република.

]]>
Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври https://republika.mk/vesti/makedonija/kumanovo-go-slavi-denot-na-narodnoto-vostanie-11-oktomvri/ Fri, 11 Oct 2024 11:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=825516

Куманово го чествува празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 83 години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Бројни делегации, предводени од Здужението на борците Куманово, градоначалникот на општина Куманово, делегација од Владата, од Собранието, од кабинетот на претседателот, Армија, МВР, државни институции, амбасадори и претставници од амбасади, установи, политички партии, здруженија на граѓани, денеска положија цвеќе на Спомен костурницата во Куманово.

Пред присутните се обрати кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој рече дека е гордост да се оддава почита на храбрите борци и херои кои ги дадоа животите за слободна Македонија. Во говорот се осврна и на формирањето на козјачкиот и карадачкиот одред од кумановско, како предводници на слободарските тенденции на народот.

11 Октомври ја испиша македонската историја, која нè мотивира да одиме напред, да имаме повеќе доверба едни во други. Денот кога е поставен еден од темелите на македонската државност е симбол на визијата, храброста, пожртвуваноста на борците, рече Димитриевски и повика да не се заборава датумот кој е чекор напред во поддржувањето македонската традиција, на напредното општество, против негација на општочовечки вредности.

Тој повика љубоморно да се чува земјата од сите зла, зашто, како што истакна друга, резервна татковина немаме.

Денеска живееме во држава полноправна членка на НАТО, се стремиме да влеземе како еднаква членка во големото европско семејство, но за жал, сè уште во 21 век не се надминуваат стеротипите од минатото, сè уште доаѓаат континуирани негации однадвор на македонскиот јазик, идентитет, култура, историја, самобитност. Денес се обидуваат да нè убедат дека окупаторите коишто ги убија сите овие борци на Спомен костурницата и ширум Македонија и одземаа голем број на животи, граѓани на Македонија, не биле окупатори, туку биле администратори. Ние добро си ја знаеме историјата, ќе ја почитуваме, ќе ја негуваме, нема да дозволиме никому да ни ја смени. Тоа е наш долг кон предците кои ги положија своите животите за независна Македонија. Не постои цена за членство во ниту една организација или сојуз која ќе ни го промени ставот и ќе нè наведе на непочитување на сопствената историја, изградена на многу изгубени човечки животи, рече во говорот Димитриевски.

Честитајќи им го празникот на бројните граѓани и присутни, тој повика на сплотеност, на меѓусебна почит, на напредок на државата, со заеднички сили и напори да се изгради стабилна и сигурна иднина.

Пред присутните зборуваше и претставник од здружението на борците и негови поддржувачи. Благе Јакимовски кој во говорот кажа дека на денешниот ден на македонското востание и денот на борецот, сите треба да искажат благодарност за сите кои учествувале во борбата, кои се вложиле за национална и социјална слобода и учествувале во создавањето на Македонија. Тој кажа дека борците покажале огромна „храброст и пркос во борбата против фашистичка Германија и нејзините сателити“ и повика идните генерации достојно да ги одбележуваат значајните датуми.

Владината делегација ја сочинуваа министрите за јавна администрација и за спорт, Горан Минчев и Борко Ристовски и заменик министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасијевиќ Варџиски. Цвеќе положија и пратениците, Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски.

Куманово достојно со бројни културни и спортски манифестации го одбележува 11 Октомври. Денеска ќе се одржат бројни настани на отворено фестивали „Куманиум“, „Гитаријада“ и „Арт Атак“, изложба на олдтајмери, турнири во фудбал, пинг-понг, ракомет, атлетски митинг во атлетика, велосипедска трка, над десетина манифестации наменети за сите возрасти.

Спомен костурницата изградена е во 1957 година, ја проектирал архитектот Кочо Зордумис, спомениците ги изработил вајарот Сретен Стојановиќ. Централна положба е скулптура на жена со високо подигнато класје и обелиск и костурници во кои се сместени посмртните останки на загинатите во народноослободителната војна од кумановско.

The post Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври appeared first on Република.

]]>

Куманово го чествува празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 83 години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Бројни делегации, предводени од Здужението на борците Куманово, градоначалникот на општина Куманово, делегација од Владата, од Собранието, од кабинетот на претседателот, Армија, МВР, државни институции, амбасадори и претставници од амбасади, установи, политички партии, здруженија на граѓани, денеска положија цвеќе на Спомен костурницата во Куманово. Пред присутните се обрати кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој рече дека е гордост да се оддава почита на храбрите борци и херои кои ги дадоа животите за слободна Македонија. Во говорот се осврна и на формирањето на козјачкиот и карадачкиот одред од кумановско, како предводници на слободарските тенденции на народот.
11 Октомври ја испиша македонската историја, која нè мотивира да одиме напред, да имаме повеќе доверба едни во други. Денот кога е поставен еден од темелите на македонската државност е симбол на визијата, храброста, пожртвуваноста на борците, рече Димитриевски и повика да не се заборава датумот кој е чекор напред во поддржувањето македонската традиција, на напредното општество, против негација на општочовечки вредности.
Тој повика љубоморно да се чува земјата од сите зла, зашто, како што истакна друга, резервна татковина немаме.
Денеска живееме во држава полноправна членка на НАТО, се стремиме да влеземе како еднаква членка во големото европско семејство, но за жал, сè уште во 21 век не се надминуваат стеротипите од минатото, сè уште доаѓаат континуирани негации однадвор на македонскиот јазик, идентитет, култура, историја, самобитност. Денес се обидуваат да нè убедат дека окупаторите коишто ги убија сите овие борци на Спомен костурницата и ширум Македонија и одземаа голем број на животи, граѓани на Македонија, не биле окупатори, туку биле администратори. Ние добро си ја знаеме историјата, ќе ја почитуваме, ќе ја негуваме, нема да дозволиме никому да ни ја смени. Тоа е наш долг кон предците кои ги положија своите животите за независна Македонија. Не постои цена за членство во ниту една организација или сојуз која ќе ни го промени ставот и ќе нè наведе на непочитување на сопствената историја, изградена на многу изгубени човечки животи, рече во говорот Димитриевски.
Честитајќи им го празникот на бројните граѓани и присутни, тој повика на сплотеност, на меѓусебна почит, на напредок на државата, со заеднички сили и напори да се изгради стабилна и сигурна иднина. Пред присутните зборуваше и претставник од здружението на борците и негови поддржувачи. Благе Јакимовски кој во говорот кажа дека на денешниот ден на македонското востание и денот на борецот, сите треба да искажат благодарност за сите кои учествувале во борбата, кои се вложиле за национална и социјална слобода и учествувале во создавањето на Македонија. Тој кажа дека борците покажале огромна „храброст и пркос во борбата против фашистичка Германија и нејзините сателити“ и повика идните генерации достојно да ги одбележуваат значајните датуми. Владината делегација ја сочинуваа министрите за јавна администрација и за спорт, Горан Минчев и Борко Ристовски и заменик министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасијевиќ Варџиски. Цвеќе положија и пратениците, Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски. Куманово достојно со бројни културни и спортски манифестации го одбележува 11 Октомври. Денеска ќе се одржат бројни настани на отворено фестивали „Куманиум“, „Гитаријада“ и „Арт Атак“, изложба на олдтајмери, турнири во фудбал, пинг-понг, ракомет, атлетски митинг во атлетика, велосипедска трка, над десетина манифестации наменети за сите возрасти. Спомен костурницата изградена е во 1957 година, ја проектирал архитектот Кочо Зордумис, спомениците ги изработил вајарот Сретен Стојановиќ. Централна положба е скулптура на жена со високо подигнато класје и обелиск и костурници во кои се сместени посмртните останки на загинатите во народноослободителната војна од кумановско.

The post Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври appeared first on Република.

]]>
Во Куманово „Џез фестивал 2024“ https://republika.mk/scena/muzika/vo-kumanovo-dhez-festival-2024/ Tue, 08 Oct 2024 12:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=824230

Во занаетчискиот дом Куманово вечер во 20 часот по осми пат ќе се одржи „Џез фестивал Куманово 2024“, информираа денеска организаторите на фестивалот, „Институтот за наука, уметност култура и спорт“.

Кумановци вечер ќе имаат можност да ги проследат настапите на македонските бендови н „Такси Консилиум“ и „Максимовски јунајтед“.

Почнавме скромно 2017-та година, се надоградуваме и се обидуваме да ја промовираме џез културата во градот. Поддршка имаме само од општината, градоначалникот и советот кои го поддржа настанот. Очекуваме посетеноста да биде исто како и лани, кога беа исполнети сите места во Занаетчискиот дом, изјави Филип Стевановски, уметнички директор.

Организаторите ги поканија граѓаните да уживаат во звуците на џез музиката, додавајќи дека влезот е слободен.

The post Во Куманово „Џез фестивал 2024“ appeared first on Република.

]]>

Во занаетчискиот дом Куманово вечер во 20 часот по осми пат ќе се одржи „Џез фестивал Куманово 2024“, информираа денеска организаторите на фестивалот, „Институтот за наука, уметност култура и спорт“. Кумановци вечер ќе имаат можност да ги проследат настапите на македонските бендови н „Такси Консилиум“ и „Максимовски јунајтед“.
Почнавме скромно 2017-та година, се надоградуваме и се обидуваме да ја промовираме џез културата во градот. Поддршка имаме само од општината, градоначалникот и советот кои го поддржа настанот. Очекуваме посетеноста да биде исто како и лани, кога беа исполнети сите места во Занаетчискиот дом, изјави Филип Стевановски, уметнички директор.
Организаторите ги поканија граѓаните да уживаат во звуците на џез музиката, додавајќи дека влезот е слободен.

The post Во Куманово „Џез фестивал 2024“ appeared first on Република.

]]>
Старец прегазен во Куманово, однесен итно во болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/starets-pregazen-vo-kumanovo-odnesen-itno-vo-bolnitsa/ Sat, 05 Oct 2024 10:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=823017

На 04.10.2024 во 18.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.П.(35) од с.Младо Нагоричане-о.Старо Нагоричане удрило во пешакот В.Ј.(88) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

The post Старец прегазен во Куманово, однесен итно во болница appeared first on Република.

]]>

На 04.10.2024 во 18.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.П.(35) од с.Младо Нагоричане-о.Старо Нагоричане удрило во пешакот В.Ј.(88) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

The post Старец прегазен во Куманово, однесен итно во болница appeared first on Република.

]]>
Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето https://republika.mk/zivot/zdravje/idnata-nedela-ke-se-znae-dali-imalo-propusti-od-lekarite-kaj-kumanovkata-koja-pochina-pri-poroduvaneto/ Fri, 04 Oct 2024 10:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=822563

Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти кај лекарите при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница која почина. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања.

Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.

Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.

Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди посочи дека новороденчето е се уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на грчеви.

Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Се уште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.

Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење. Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина.

Во Кумановската општа болница на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата родилка. Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

The post Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето appeared first on Република.

]]>

Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти кај лекарите при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница која почина. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања. Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела. Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.
Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.
Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди посочи дека новороденчето е се уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на грчеви.
Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Се уште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.
Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење. Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина. Во Кумановската општа болница на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата родилка. Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

The post Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето appeared first on Република.

]]>
18-годишник од Липково прегази девојка, па избега https://republika.mk/vesti/crna-hronika/18-godishnik-od-lipkovo-pregazi-devojka-pa-izbega/ Tue, 01 Oct 2024 10:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=821356

Вчера во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Р. констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.

The post 18-годишник од Липково прегази девојка, па избега appeared first on Република.

]]>

Вчера во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Р. констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.

The post 18-годишник од Липково прегази девојка, па избега appeared first on Република.

]]>
Новороденчето од Куманово сѐ уште е во многу тешка здравствена состојба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/novorodencheto-od-kumanovo-s-ushte-e-vo-mnogu-teshka-zdravstvena-sostojba/ Sun, 29 Sep 2024 17:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=820798

Сѐ уште е во тешка состојба бебето на 31-годишната родилка од Куманово која почина при породувањето во Кумановската болница завчера. Родено е со царски рез во 40 гестациска недела, но без срцева акција, по што било реанимирано. Лекарите не успејаа да ја спасат неговата мајка.

https://republika.mk/zivot/zdravje/novorodencheto-na-pochinatata-kumanovka-preneseno-na-urgenten-vo-detska-klinika/

Од Кумановската болница, новороденчето веднаш беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде е поставени на механичка вентилација. Директорот Реџеп Мемеди вели дека кај бебето параметрите засега се стабилни, но рано е да се прогнозира.

Состојбата е сѐ уште тешка. Бебето од старт било во тешка општа состојба, без срце и без дишење, страдал повеќе и мозокот. На нашата Клиника успеавме да го стабилизираме, но се уште е во тешка состојба, на респиратор е , на механичка вентилација. Ќе го следиме, се уште е рано да дадеме некоја проценка, изјави за „Телма“ Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.

The post Новороденчето од Куманово сѐ уште е во многу тешка здравствена состојба appeared first on Република.

]]>

Сѐ уште е во тешка состојба бебето на 31-годишната родилка од Куманово која почина при породувањето во Кумановската болница завчера. Родено е со царски рез во 40 гестациска недела, но без срцева акција, по што било реанимирано. Лекарите не успејаа да ја спасат неговата мајка. https://republika.mk/zivot/zdravje/novorodencheto-na-pochinatata-kumanovka-preneseno-na-urgenten-vo-detska-klinika/ Од Кумановската болница, новороденчето веднаш беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде е поставени на механичка вентилација. Директорот Реџеп Мемеди вели дека кај бебето параметрите засега се стабилни, но рано е да се прогнозира.
Состојбата е сѐ уште тешка. Бебето од старт било во тешка општа состојба, без срце и без дишење, страдал повеќе и мозокот. На нашата Клиника успеавме да го стабилизираме, но се уште е во тешка состојба, на респиратор е , на механичка вентилација. Ќе го следиме, се уште е рано да дадеме некоја проценка, изјави за „Телма“ Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.

The post Новороденчето од Куманово сѐ уште е во многу тешка здравствена состојба appeared first on Република.

]]>
Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника https://republika.mk/zivot/zdravje/novorodencheto-na-pochinatata-kumanovka-preneseno-na-urgenten-vo-detska-klinika/ Sat, 28 Sep 2024 11:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=820526

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била примена завчера.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-rodilka-vo-kumanovo/

Вчера се случи еден трагичен настан, при породување на 31-годишна возраст, родилка ненадејно почина. Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето. Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација, кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиено срцева акција и притисок крвен, веднаш е внесено во сала за операции да се извади плодот. Бебето е извадено живо и е итно однесено на ургентен центар на детската клиника, проследено целиот пат од наш неонатолог кој бил дежурен, изјави директорот на кумановската општа болница Стефан Трајановски.

Раководителот на акушерското одделение го известил директорот, кој по информативниот разговор со дежурната екипа веднаш повикал обвинител кој пристигнал до истражна екипа.

Детално е извршен увид, земени се изјави од сите што биле во контакт со родилката. Додека траело породувањето имало двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа, во актот на вадењето на бебето стигнал и раководителот на одделот. Бебето е живо, кажа Трајановски.

Тој повтори дека обвинителството повело истрага и обдукцискиот наод ќе ги покаже причините за смртта на родилката. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.

Поведена е од страна на обвинителството истрага, бидејќи е ова ненадејна смрт со неутврдена причина, покрената е истрага, ќе има обдукцискиот наод и ќе биде утврдено точно како и зошто е настаната оваа случка. Кога ќе ги добијам наодите на обдукцискиот наод ќе има и такво нешто, постапката ќе оди на начин што ќе има и професионална одговорност ако биде утврдено лекарска грешка, од наши професионални организации. Ова и е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет, изјави Трајановски.

Од СВР Куманово, претходно информираа дека кај нив случајот за починатата 31-годишна родилка го пријавил директорот на болницата во 21. 35 часот Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Од ЈОРМ за МИА информираа дека Основното јавно обвинителство од Куманово наредило обдукција за утврдување на причините за смртта и обезбедена е целокупна медицинска документација за водењето на бременоста.

The post Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била примена завчера. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-rodilka-vo-kumanovo/  
Вчера се случи еден трагичен настан, при породување на 31-годишна возраст, родилка ненадејно почина. Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето. Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација, кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиено срцева акција и притисок крвен, веднаш е внесено во сала за операции да се извади плодот. Бебето е извадено живо и е итно однесено на ургентен центар на детската клиника, проследено целиот пат од наш неонатолог кој бил дежурен, изјави директорот на кумановската општа болница Стефан Трајановски.
Раководителот на акушерското одделение го известил директорот, кој по информативниот разговор со дежурната екипа веднаш повикал обвинител кој пристигнал до истражна екипа.
Детално е извршен увид, земени се изјави од сите што биле во контакт со родилката. Додека траело породувањето имало двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа, во актот на вадењето на бебето стигнал и раководителот на одделот. Бебето е живо, кажа Трајановски.
  Тој повтори дека обвинителството повело истрага и обдукцискиот наод ќе ги покаже причините за смртта на родилката. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.
Поведена е од страна на обвинителството истрага, бидејќи е ова ненадејна смрт со неутврдена причина, покрената е истрага, ќе има обдукцискиот наод и ќе биде утврдено точно како и зошто е настаната оваа случка. Кога ќе ги добијам наодите на обдукцискиот наод ќе има и такво нешто, постапката ќе оди на начин што ќе има и професионална одговорност ако биде утврдено лекарска грешка, од наши професионални организации. Ова и е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет, изјави Трајановски.
Од СВР Куманово, претходно информираа дека кај нив случајот за починатата 31-годишна родилка го пријавил директорот на болницата во 21. 35 часот Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Од ЈОРМ за МИА информираа дека Основното јавно обвинителство од Куманово наредило обдукција за утврдување на причините за смртта и обезбедена е целокупна медицинска документација за водењето на бременоста.

The post Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника appeared first on Република.

]]>
„Секс лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид вечерва гостува на „Денови на комедијата“ во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/seks-lagi-i-lubomora-na-naroden-teatar-ohrid-vecherva-gostuva-na-denovi-na-komedijata-vo-kumanovo/ Wed, 25 Sep 2024 10:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=819531

Вчера вечер пред преполната сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово,
свечено беше отворен и започна 27. по ред МТФ „Денови на комедија“ Куманово 2024.

Првата Фестивалска вечер публиката имаше можност да ја погледа одличната претстава „Вечера за глупаци“ од Театар Велес која на крајот беше наградена со голем аплауз.

На отворањето на Фестивалот, вечерта му беше доделена и наградата „Васил Иљоски“ на актерот лауреат Сашко Коцев која се доделува за особен придонес во театарската дејност посебно во делот на комедијата. Фестивалот за отворен го прогласи и отвори градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Денес, на репертоар е Театарот од Охрид со претставата „Секс лаги и љубомора“ од 20 часот. На Фестивалот ќе се изиграат единаесет театарски претстави кои се во конкуренција за награди кои ќе се доделат на затворањето на фестивалот на 9 октомври.

За наградите: најдобра актерка/актер, најдобра споредна улога женска и машка, најдобра режија, сценографија, костимографија и најдобра претстава одлучува стручна жири комисија.

The post „Секс лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид вечерва гостува на „Денови на комедијата“ во Куманово appeared first on Република.

]]>

Вчера вечер пред преполната сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, свечено беше отворен и започна 27. по ред МТФ „Денови на комедија“ Куманово 2024. Првата Фестивалска вечер публиката имаше можност да ја погледа одличната претстава „Вечера за глупаци“ од Театар Велес која на крајот беше наградена со голем аплауз. На отворањето на Фестивалот, вечерта му беше доделена и наградата „Васил Иљоски“ на актерот лауреат Сашко Коцев која се доделува за особен придонес во театарската дејност посебно во делот на комедијата. Фестивалот за отворен го прогласи и отвори градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Денес, на репертоар е Театарот од Охрид со претставата „Секс лаги и љубомора“ од 20 часот. На Фестивалот ќе се изиграат единаесет театарски претстави кои се во конкуренција за награди кои ќе се доделат на затворањето на фестивалот на 9 октомври. За наградите: најдобра актерка/актер, најдобра споредна улога женска и машка, најдобра режија, сценографија, костимографија и најдобра претстава одлучува стручна жири комисија.

The post „Секс лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид вечерва гостува на „Денови на комедијата“ во Куманово appeared first on Република.

]]>
Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izgasnat-pozhar-vo-stan-od-zgrada-vo-tsentralnoto-gradsko-podrachje-vo-kumanovo/ Tue, 24 Sep 2024 17:49:04 +0000 https://republika.mk/?p=819364

Пожар избувна попладнево после 16 часот во стан од зграда на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари.

Во пожарот нема повредени лица.

- Изгаснат е и нема повредени лица, причинета е материјална штета, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарникарите го гасеа пожарот околу два и пол часа.

The post Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово appeared first on Република.

]]>

Пожар избувна попладнево после 16 часот во стан од зграда на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари. Во пожарот нема повредени лица.
- Изгаснат е и нема повредени лица, причинета е материјална штета, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Пожарникарите го гасеа пожарот околу два и пол часа.

The post Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово appeared first on Република.

]]>
Во Куманово вечерва почнува Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-kumanovo-vecherva-pochnuva-megunarodniot-festival-denovi-na-komedijata/ Tue, 24 Sep 2024 11:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=819267

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово од вечерва ќе биде домаќин на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кој ќе трае до деветти октомври.

Фестивалот оваа година ќе се отвори со свеченото доделување на наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Истата вечер, Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“.

Во текот на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во 11 претстави, меѓу кои „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Бугарија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, и „Ноќ спроти Водици“ на Театар Куманово, која ќе биде премиерно изведена на 8 октомври.

Фестивалот ќе заврши на 9 октомври со доделување награди за најдобри актерски и технички остварувања.

The post Во Куманово вечерва почнува Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата“ appeared first on Република.

]]>

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово од вечерва ќе биде домаќин на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кој ќе трае до деветти октомври. Фестивалот оваа година ќе се отвори со свеченото доделување на наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Истата вечер, Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“. Во текот на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во 11 претстави, меѓу кои „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Бугарија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, и „Ноќ спроти Водици“ на Театар Куманово, која ќе биде премиерно изведена на 8 октомври. Фестивалот ќе заврши на 9 октомври со доделување награди за најдобри актерски и технички остварувања.

The post Во Куманово вечерва почнува Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата“ appeared first on Република.

]]>
Со претставата „Вечера за глупаци“ почнува Фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/so-pretstavata-vechera-za-glupatsi-pochnuva-festivalot-denovi-na-komedijata-vo-kumanovo/ Sun, 22 Sep 2024 15:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=818762

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде домаќин на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кое ќе се одржи од 24 септември до 9 октомври.

Фестивалот оваа година ќе се отвори со свеченото доделување на наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Истата вечер, Театар „Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“.

Во текот на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во 11 претстави, меѓу кои „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Бугарија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, и „Ноќ спроти Водици“ на Театар Куманово, која ќе биде премиерно изведена на 8 октомври.

Фестивалот ќе заврши на 9 октомври со доделување награди за најдобри актерски и технички остварувања.

The post Со претставата „Вечера за глупаци“ почнува Фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово appeared first on Република.

]]>

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде домаќин на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кое ќе се одржи од 24 септември до 9 октомври. Фестивалот оваа година ќе се отвори со свеченото доделување на наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Истата вечер, Театар „Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“. Во текот на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во 11 претстави, меѓу кои „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Бугарија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, и „Ноќ спроти Водици“ на Театар Куманово, која ќе биде премиерно изведена на 8 октомври. Фестивалот ќе заврши на 9 октомври со доделување награди за најдобри актерски и технички остварувања.

The post Со претставата „Вечера за глупаци“ почнува Фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово appeared first on Република.

]]>