културно налседство Archives - Република https://republika.mk/tema/kulturno-nalsedstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Feb 2023 16:45:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png културно налседство Archives - Република https://republika.mk/tema/kulturno-nalsedstvo/ 32 32 Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Дали во време на идентитетско и културолошко негирање на македонската самобитност, треба да се загрижиме и за безбедноста на културното наследство во депоата!? https://republika.mk/vesti/kultura/komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-dali-vo-vreme-na-identitetsko-i-kulturoloshko-negirane-na-makedonskata-samobitnost-treba-da-se-zagrizhime-i-za-bezbednosta-na-kulturnoto-nasledstvo-vo-depoata/ Sat, 25 Feb 2023 16:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=613147

,,СЛЕП ВОДИ САКАТ": ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАГРОЗЕНОСТ НА БЕЗБЕДНОСТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Почитувана министерке, годишната програма од национален интерес во културата за 2023 година во делот на заштитата на културното наследство буквално може да се преточи во максимата - ,,СЛЕП ВОДИ САКАТ"!, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Особено во областа на заштитата на движното и недвижното културно наследство општиот впечаток кон активностите на заводите и музеите оддава слика на депресија, на проекти кои се придвижувани од инерцијата низ годините, а мотивирани од неинвентивноста и апатијата во која некои од заводите едвај и да ја пронаѓаат вратата до своите депоа, а други никако да излезат од своите атари да се „опул’ат“ наоколу, барем во својот двор.

Таква слика се создава кога се нема концепт и критериуми за евалуација на проектите што се оценуваат. Непропорционално распределените средства во заштитата ја вчудоневидуваат стручната јавност кога индивидуалниот објект „Алим Беговата куќа“ во Тетово ќе се заштитува со 2.500.000 денари, наспроти објектот „Куќата на Стефовци“ во Охрид, патем од семејството на Вашата претходничка Ирена Стефоска, која ќе се заштитува со само 200.000 денари.
Голем дисбаланс во распределбата на средствата гледаме во поддршката на Заводот за заштита на спомениците на културата од Вашиот роден град Битола (поддржан со 9.000.000 денари), додека градовите на УНЕСКО, Охрид и Струга, за заштита ќе добијат вкупно 2.100.000 денари. А можеби логика треба да најдеме во интервентните 7.700.000 одвоени за Курбиново или 8.500.000 за Трескавец, а притоа во целост се паднати во заборав Хераклеја, Баргала, неолитскиот локалитет Влахо, а и манастирот во Матејче, за кој на Вашата манипулативна прес-конференција спомнавте дека ќе го поддржите со 1.500.000 денари.
Белото знаме госпоѓо Бисера Костадиновска Стојчевска одамна е развиено во заштитата, кога очекувате со бедни 50.000 денари, да, 50.000 денари, кумановските конзерватори да извршат невозможна мисија за да ја опремат конзерваторската лабораторија во нивниот град. Не е ни чудо, ниту е првпат кај нас, штетите најнапред да мора да се прикријат, па потоа да се поправаат. Таков мизерен впечаток добива секој добронамерник кога пристапува кон институција од заштитата, додека секој заштитар е во континуиран стрес од состојбите во неговата дејност.
Затоа ли, Министерството за култура се погрижи годинава да го избере како „посебно важен проект“ партерното уредување и хортикултурата пред Македониумот во Крушево, додека штетите и несанираните делови од објектот ги остава далеку од погледот на јавноста, и од домашните и од странските туристи, криејќи ги несанираните витражи во задната страна на истиот објект со големо име – МАКЕДОНИУМ?
Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп, иако има надлежност врз огромен регион, навистина е време да си погледне во прилепски Варош и да направи увид во состојбата на фреските во црквата Св. Архангел Михаил, бидејќи нашето културно наследство во иднина ќе можеме да го гледаме само во книги, додека етнолошкото наследство во едукативните сликовници, филмови и виртуелни игри оставени во рацете на чудно зголемиот број невладини организации (патем да ви укажеме дека некои од нив во називот го содржат терминот „валоризација“, резервиран исклучиво за државни установи) од областа на заштитата на културното наследство.
Доколку не ја согледаме потребата за конзервација на национално важните збирки, со етнолошки предмети, на пример - накитот, барем на оние во Музејот на Македонија, и тие ќе бидат заборавени исто како и иконите од Галеријата на икони кои бел ден не видоа.
Врв на лакрдијата се 150.000 или, пак, 200.000 денари за сондажно, односно систематско археолошко истражување во услови на 40% инфлација, што покажува дека ваквите истражувања вредат помалку од, на пример, Првата манифестација за спорт и традиционионални јадења во регионот на Пелагонија (Прилеп, Долнени, Крушево) на Здружението за културно наследство АЛБ-КУЛТ од Скопје - „Игрите и традиционалните јадења на нашите предци“ со сума од 352.000 денари или, пак, се изедначува со „Денот на летото“ (Dita e Verës) од Хуманитарното здружение за култура, екологија и спорт ЕКО ВИТА АРТ Скопје - Сарај со 210.000 денари.
Ете, барем да го поддржевте едиствениот музеј во државава посветен на ослободувањето на Македонија од фашизмот во II светска војна, НУ Музеј „Западна Македонија во НОВ“ - Кичево, кој сте го поддржале со само 2 проекти во вкупна вредност од 200.000 денари, а се изнаслушавме како наследството од периодот на Народноослободителната војна Ви е приоритет број еден.
Но затоа не сте заборавиле да поддржите проект за двете години постоење од Музејот на Република „Северна“ Македонија, кои треба да се овековечат со документарен филм (втор дел) во програмата за музејска дејност. Зарем преименувањето на установите со додавката „северна“ достигна степен на документарност, а печатењето на влезните билети за Музејот - Гевгелија стана проект од национален интерес, наспроти целосно изземената поддршка за Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“ со теми од македонската средновековна историја.
Кога станува збор за нематеријалното културно наследство, тоа безмалку и да го нема во 2023 година, односно го сведовте на провиден локален патриотизам, па така Струмичкиот карневал го наградивте со 495.000 денари, заради Вашиот претходен партиски газда, а традиционалниот Вевчански карневал го избришавте од мапата на постоење, сакајќи да ја избришете колективната меморија на македонскиот народ!
Поразувачки е фактот дека буџетот на единствената национална институција за заштитата на македонското кинематографско културно наследство, Кинотеката на Македонија, е со скоро 50% намален буџет. Во програмата го нема капиталниот проект за обнова, заштита и ревитализација на Хавзи пашините конаци или, пак, постојаната изложбена поставка. Очигледно изготвените проекти од времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ се ставени во некој „бункер“. Уште позагрижувачки е фактот што од вкупната одобрена сума за заштита на филмското наследство едвај 50% се наменати за основната дејност на Кинотеката – а, за истражувачки проекти има нула денари. Затоа, повторно и оваа година примарна дејност на Кинотеката за жал, ќе биде работата на кинотечното кино и по некој проект на евтина дигитализација.
И така, ден по ден, година по година, стигнавме до Годишната програма за 2023 година, во која врв на национален интерес во заштитата да ти било физичкото обезбедување на институциите со 2.400.000 денари за само два конзерваторски центри во Скопје (и тоа од програмските средства), додека музеите во меѓувреме добиваат циркуларно писмо сами да си се снаоѓаат од сопствени средства за истата таа потреба.
Министерке, нехармоничната и неизбалансирана културна политика која ја водите од позиција на лична преференција кон одредени институции и директори е прозрена и презрена. Евидентен е фактот дека Ве плаши тоа што музеите ги поседуваат материјалните докази за идентитетското и културолошко постоење на Македонија, и затоа нивните проекти свесно ги девалвирате и маргинализирате!
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ прашува дали во време на отворено, агресивно, безмилосно и брутално идентитетско и културолошко негирање на македонската самобитност, треба да се загрижиме и за основната безбедност на културното наследство во депоата!? Не нè чуди ни загриженоста на јавноста за тоа дали ДУИ и СДС(М) подготвуваат терен за бришење на материјалната поткрепа на македонското национално постоење?
Не ни треба никој да фрла со камења по нас од Калето. Неколкуте самоникнати дрвја на фортификацискиот ѕид од јужната страна победоносно ја означуваат капитулацијата на заштитата во нашата земја!

The post Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Дали во време на идентитетско и културолошко негирање на македонската самобитност, треба да се загрижиме и за безбедноста на културното наследство во депоата!? appeared first on Република.

]]>