Културна клучалка Archives - Република https://republika.mk/tema/kulturna-kluchalka/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Aug 2023 11:32:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Културна клучалка Archives - Република https://republika.mk/tema/kulturna-kluchalka/ 32 32 5.000. издание на емисијата „Културна клучалка“ денеска на Македонското радио-Радио Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/5-000-izdanie-na-emisijata-kulturna-kluchalka-deneska-na-makedonskoto-radio-radio-skopje/ Wed, 23 Aug 2023 11:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=674955

Македонското радио-Радио Скопје денеска на своите бранови го емитува јубилејното 5.000-то издание на дневната емисија од областа на културата, „Културна клучалка“. За македонскиот медиумски простор ова е речиси незабележан програмски континуитет од над 20 години (овој своевиден радиски културен подиум своето прво издание го имаше на 5 март 2003 година), во кој секојдневните едночасовни емисии КУЛТУРНА КЛУЧАЛКА (се емитуваат секој работен ден од 13 до 14 часот) им овозможуваат на слушателите да ѕирнат низ тоа што го пропуштиле минатиот ден или да го одберат својот „културен фаворит“ за тековниот ден. Статистиката бележи над 30.000 прилози од сите сфери на културата и уметноста споделени со радиската публика низ изминатите 2 децении, пишува на социјалните мрежи водителот и уредник на Културната програма на Македонското радио-Радио Скопје, Тони Цифровски.

Во овој период, пред микрофоните на „Културната клучалка“ биле еминентни светски и македонски културни работници и уметници: од Јустејн Гордер, Давид Албахари... до Петре М. Андреески, Радован Павловски или Гоце Смилевски, Лидија Димковска или Пијан Славеј, од Џим Шеридан и Фатих Акин до Милчо Манчевски, Горан Столевски или Дејан Пројковски, од Ванеса Редгрејв, Џереми Ајронс, Ричард Гир, Викторија Абрил преку Милена Дравиќ, Мира Фурлан, Раде Шербеџија или Милош Биковиќ до Мето Јовановски, Бајруш Мјаку, Бедија Беговска, Билјана Драгичевиќ или Сашко Коцев, од Хозе Карерас, Лорин Мазел, Владимир Ашкенази, Максим Венгеров до Симон Трпчески или Ана Дурловски и Весна Гиновска Илкова, од Збигњев Прајснер до Дуке Бојаџиев, од Едвард Луси Смит до Владимир Георгиевски, Ибрахим Беди, генерациите на семејствата Коџоман или Корубин до Шќипе Мехмети, од Рина Усикова до Виктор Фридман, од Вера Битракова-Грозданова до Елизабета Димитрова, од Пети Смит и Шарлин Спитери („Тексас“’) преку Ѓорѓе Балашевиќ до членовите на „Леб и сол“ или „Фолтин“...

Самата идеја за емисијата „Културна клучалка“ пред многу години се роди како неопходност да се направи разлика помеѓу опасноста од естраден третман на културата (процес што за жал секојдневно се’ поинтензивно неминовно „не’ окупира“) од една, како и обидот истата да се приближи до пошироката публика разобличувајќи ја наводната „салонска“ нишка, од друг страна. Така, приодот во неа е еден вид мамка да се разбуди, задржи и продлабочи љубопитството кај публиката за одредени случувања. Честите препораки или забелешки, нашиот јасно изречен став или резерва, многу пати се покажале како соодветен водич и насочувач на институциите, но и на публиката која знае и да полемизира со нас, вели водителот и уредник на Културната програма на Македонското радио-Радио Скопје, Тони Цифровски.

Од почетокот до денеска неуморни во љубопитноста и желбата да ги пренесуваат пораките од културата се и Корнелија Буклеска и Душко Христов, додека низ годините свое активно учество имаа и доајените на македонското културно новинарство Тодор Кузманов и Благоја Куновски, како и нашите колешки кои своевремено го внесоа својот младешки креативен дух, Александра Јуруковска и Наташа Димовска.

Во овој контекест, во моментов е неопходно итно подмладување на кадарот за обезбедување натамошен континуитет како дел од законските обврски на Македонското радио како национален медиум, подвлекува уредничката на Редакцијата за култура и уметност, Корнелија Буклеска.

Македонското радио-Радио Скопје секогаш со посебно внимание ги негува и развива содржините од областа на културата и уметноста и нивното унапредување ќе биде врвен приоритет и понатаму“ - вели Наташа Андрееска, Одговорен уредник на Првиот програмски сервис на Македонското радио.

The post 5.000. издание на емисијата „Културна клучалка“ денеска на Македонското радио-Радио Скопје appeared first on Република.

]]>