Културен центар Archives - Република https://republika.mk/tema/kulturen-centar/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Jun 2022 07:57:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Културен центар Archives - Република https://republika.mk/tema/kulturen-centar/ 32 32 Костадиновска – Стојчевска од Брисел: Потребен нѝ е македонски културно – информативен центар во срцето на Европа https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-od-brisel-potreben-n-e-makedonski-kulturno-informativen-centar-vo-srceto-na-evropa/ Mon, 13 Jun 2022 07:57:30 +0000 https://republika.mk/?p=514333

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска смета дека треба да биде отворен македонски културно – информативен центар во Брисел.

 

Ќе бидам горда доколку во срцето на Европа формираме центар кој ќе ја промовира македонската култура и традиција. На овој начин би ги презентирале македонските вредности токму во градот во кој има бројни меѓународни организации и претставништва, дипломатски мисии, град кој ја симболизира обединета Европа, вели Бисера Костадиновска - Стојчевска која е во дводневна работна посета на Европската комисија.

На агендата на Костадиновска - Стојчевска е и средба  со премиерот на Фландрија, Jан Јамбон, кој истовремено е задолжен и за областа култура.

 

Костадиновска - Стојчевска денеска ќе се сретне со генералната директорка за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, Темис Кристофиду, со која ќе разговара за можностите за интензивирање на соработката во проектите од областа на европските интеграции и ќе ја потенцира воспоставената добра практика на транснационалната културна соработка.

 

Министерката за култура ќе се сретне и со директорката за меѓународни односи на Палатата за убави уметности, Магдалена Лискова. Со неа ќе дискутира за можноста таму да се организираат македонски културни настани. На средбата ќе присуствува и Жулиет Дуре, директорка за филм со која е предвидено да се разговара за соработката во филмската уметност и за Фестивалот на Југоисточна Европа кој треба да се одржи во јануари 2023 година.

 

Република Македонија е активна и во рамките на Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, но и преку активностите во Агендата за Западен Балкан на ЕУ и Инструментот за претпристапна помош на ЕУ каде што има голем број примери на квалитетни проекти на тема културно наследство, особено во ИПА програмите за прекугранична соработка со Албанија во кои сме лидер земја, како и партнер земја на проекти со Бугарија, Грција, Србија, Косово.

The post Костадиновска – Стојчевска од Брисел: Потребен нѝ е македонски културно – информативен центар во срцето на Европа appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска смета дека треба да биде отворен македонски културно – информативен центар во Брисел.

 

Ќе бидам горда доколку во срцето на Европа формираме центар кој ќе ја промовира македонската култура и традиција. На овој начин би ги презентирале македонските вредности токму во градот во кој има бројни меѓународни организации и претставништва, дипломатски мисии, град кој ја симболизира обединета Европа, вели Бисера Костадиновска - Стојчевска која е во дводневна работна посета на Европската комисија.

На агендата на Костадиновска - Стојчевска е и средба  со премиерот на Фландрија, Jан Јамбон, кој истовремено е задолжен и за областа култура.   Костадиновска - Стојчевска денеска ќе се сретне со генералната директорка за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, Темис Кристофиду, со која ќе разговара за можностите за интензивирање на соработката во проектите од областа на европските интеграции и ќе ја потенцира воспоставената добра практика на транснационалната културна соработка.   Министерката за култура ќе се сретне и со директорката за меѓународни односи на Палатата за убави уметности, Магдалена Лискова. Со неа ќе дискутира за можноста таму да се организираат македонски културни настани. На средбата ќе присуствува и Жулиет Дуре, директорка за филм со која е предвидено да се разговара за соработката во филмската уметност и за Фестивалот на Југоисточна Европа кој треба да се одржи во јануари 2023 година.   Република Македонија е активна и во рамките на Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, но и преку активностите во Агендата за Западен Балкан на ЕУ и Инструментот за претпристапна помош на ЕУ каде што има голем број примери на квалитетни проекти на тема културно наследство, особено во ИПА програмите за прекугранична соработка со Албанија во кои сме лидер земја, како и партнер земја на проекти со Бугарија, Грција, Србија, Косово.

The post Костадиновска – Стојчевска од Брисел: Потребен нѝ е македонски културно – информативен центар во срцето на Европа appeared first on Република.

]]>
Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dozvolil-da-se-formira-vancho-mihajlov-deskoska-tvrdi-deka-pravda-ne-dala-soglasnost-da-se-formira-zdruzenieto/ Mon, 18 Apr 2022 16:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=490182

Универзитетската професорка и министерка за правда во времето кога било регистрирано здружението „Иван Михајлов“ во Битола, Рената Десковска, вели дека јавноста со право реагира, но исто така посочува дека министерството не издало такво одобрение.

Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов, вели Десковска, која го објави документот-одговор на барањето во министерството.

„Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на Законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, додава професорката.

Државата не смее да се однесува како село без кучиња и треба да одговори кој дозволил да се регистрира бугарскиот културен клуб со име на контраверзна личност за македонската историја, рече историчарот Тодор Чепреганов во Студио 10 на ТВ24, кој праша и зошто клубот е отворен токму во Битола и дали пробугарската струја е најсилна во Битола.

https://republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-drzavata-da-odgovori-koj-dozvolil-registracija-na-bugarskiot-kulturen-klub-vancho-mihajlov/?fbclid=IwAR2_W0dCLqZuxBRTpSnGiM7JGzA_-zoavJcjzMD7iczf0KldhdqjLkOWMD0

 

 

The post Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението appeared first on Република.

]]>

Универзитетската професорка и министерка за правда во времето кога било регистрирано здружението „Иван Михајлов“ во Битола, Рената Десковска, вели дека јавноста со право реагира, но исто така посочува дека министерството не издало такво одобрение.
Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов, вели Десковска, која го објави документот-одговор на барањето во министерството.
„Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на Законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, додава професорката. Државата не смее да се однесува како село без кучиња и треба да одговори кој дозволил да се регистрира бугарскиот културен клуб со име на контраверзна личност за македонската историја, рече историчарот Тодор Чепреганов во Студио 10 на ТВ24, кој праша и зошто клубот е отворен токму во Битола и дали пробугарската струја е најсилна во Битола. https://republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-drzavata-da-odgovori-koj-dozvolil-registracija-na-bugarskiot-kulturen-klub-vancho-mihajlov/?fbclid=IwAR2_W0dCLqZuxBRTpSnGiM7JGzA_-zoavJcjzMD7iczf0KldhdqjLkOWMD0    

The post Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението appeared first on Република.

]]>