Културен амалгам Archives - Република https://republika.mk/tema/kulturen-amalgam/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 07:21:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Културен амалгам Archives - Република https://republika.mk/tema/kulturen-amalgam/ 32 32 Културен амалгам – завршна средба со авторите Никола Јовановиќ и Саша Станишиќ https://republika.mk/vesti/kultura/kulturen-amalgam-zavrshna-sredba-so-avtorite-nikola-jovanovik-i-sasha-stanishik/ Wed, 09 Oct 2024 07:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=824414

Со средба со авторите Никола Јовановиќ и Саша Станишиќ денеска, во 18 часот во Културно информативниот центар - Скопје, Салон Империјал 2 ќе биде затворено овогодишното прво издание на Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“.

На затворањето ќе имаме прилика да се сретнеме со уметниците кои учествува на фестивалот, режисерот на филмовите "Митот за Сара", "Мангава диско панк" и "Долу од рајот" Саша Станишиќ и авторот на изложбата „24“ Никола Јовановиќ. Присутните ќе имаат прилика да разговараат со авторите и да им постават прашања во врска со нивната работа. На настанот накратко ќе се осврнеме и на искуствата од оваа мини уметничка турнеја и за плановите за следното издание, наведуваат организаторите на фестивалот.

Првото издание на Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ, беше отворено на 23 јули 2024, во Културно информативен центар – Скопје со што започна патувачкиот дел низ сродните установи низ земјава и тоа: Домот на културата „Лазар Софијанов“, Кратово; „Спомен Куќа ТОДОР ПРОЕСКИ“; Крушево и Културно информативниот центар – Битола.

Во својата основа фестивалот имаше за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка и градење на културна свест во различни средини низ различни градови.

Соработката на Културно информативнит центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал постави темел за понатамошно аплицирање на истиот и низ останатите градови низ Македонија, се наведува во соопштението.

Фестивалот „Културен амалгам“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.

The post Културен амалгам – завршна средба со авторите Никола Јовановиќ и Саша Станишиќ appeared first on Република.

]]>

Со средба со авторите Никола Јовановиќ и Саша Станишиќ денеска, во 18 часот во Културно информативниот центар - Скопје, Салон Империјал 2 ќе биде затворено овогодишното прво издание на Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“.
На затворањето ќе имаме прилика да се сретнеме со уметниците кои учествува на фестивалот, режисерот на филмовите "Митот за Сара", "Мангава диско панк" и "Долу од рајот" Саша Станишиќ и авторот на изложбата „24“ Никола Јовановиќ. Присутните ќе имаат прилика да разговараат со авторите и да им постават прашања во врска со нивната работа. На настанот накратко ќе се осврнеме и на искуствата од оваа мини уметничка турнеја и за плановите за следното издание, наведуваат организаторите на фестивалот.
Првото издание на Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ, беше отворено на 23 јули 2024, во Културно информативен центар – Скопје со што започна патувачкиот дел низ сродните установи низ земјава и тоа: Домот на културата „Лазар Софијанов“, Кратово; „Спомен Куќа ТОДОР ПРОЕСКИ“; Крушево и Културно информативниот центар – Битола. Во својата основа фестивалот имаше за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка и градење на културна свест во различни средини низ различни градови.
Соработката на Културно информативнит центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал постави темел за понатамошно аплицирање на истиот и низ останатите градови низ Македонија, се наведува во соопштението.
Фестивалот „Културен амалгам“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.

The post Културен амалгам – завршна средба со авторите Никола Јовановиќ и Саша Станишиќ appeared first on Република.

]]>
По Скопје, денеска Фестивалот „Културен амалгам“ продолжува во Кратово https://republika.mk/scena/film/po-skopje-deneska-festivalot-kulturen-amalgam-prodolzhuva-vo-kratovo/ Sat, 27 Jul 2024 13:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=800766

Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“, кој беше отворен синоќа со изложбата „24“ на Никола Јовановиќ во салонот Империјал 2, денеска продолжува во Културниот дом „Лазар Софијанов“ во Кратово.

Во месец август, фестивалот продолжува во сродните културни центри во Крушево (6 август) и Битола (22 август), со цел да ги отвори вратите кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија, преку поставување темели за соработка во различни средини и низ различни градови.

- Соработката на Културно информативниот центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал треба да биде основа за понатамошно проширување и низ останатите градови низ Македонија и со збогатување на програмата со останати уметнички дисциплини како музиката, театарот, книжевноста, стрипот, велат од КИЦ.

Фестивалот синоќа почна во Скопје, изложбата „24“ на Никола Јовановиќ во салонот Империјал 2, составена од дваесет досега необјавени црно-бели фотографии на кои се прикажани портрети од музичкиот свет. Фотографиите се снимени во периодот 2023 до 2024 година на различни локации. Потоа фестивалот продолжи во Салонот 19:19, каде беа прикажани четири кратки филмови на Саша Станишиќ.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

The post По Скопје, денеска Фестивалот „Културен амалгам“ продолжува во Кратово appeared first on Република.

]]>

Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“, кој беше отворен синоќа со изложбата „24“ на Никола Јовановиќ во салонот Империјал 2, денеска продолжува во Културниот дом „Лазар Софијанов“ во Кратово. Во месец август, фестивалот продолжува во сродните културни центри во Крушево (6 август) и Битола (22 август), со цел да ги отвори вратите кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија, преку поставување темели за соработка во различни средини и низ различни градови. - Соработката на Културно информативниот центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал треба да биде основа за понатамошно проширување и низ останатите градови низ Македонија и со збогатување на програмата со останати уметнички дисциплини како музиката, театарот, книжевноста, стрипот, велат од КИЦ. Фестивалот синоќа почна во Скопје, изложбата „24“ на Никола Јовановиќ во салонот Империјал 2, составена од дваесет досега необјавени црно-бели фотографии на кои се прикажани портрети од музичкиот свет. Фотографиите се снимени во периодот 2023 до 2024 година на различни локации. Потоа фестивалот продолжи во Салонот 19:19, каде беа прикажани четири кратки филмови на Саша Станишиќ. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

The post По Скопје, денеска Фестивалот „Културен амалгам“ продолжува во Кратово appeared first on Република.

]]>
Прво издание на патувачкиот фестивал „Културен амалгам“: Изложба на фотографии од Никола Јовановиќ и проекција на филмови од Саша Станишиќ во Скопје, Кратово, Крушево и Битола https://republika.mk/vesti/kultura/prvo-izdanie-na-patuvachkiot-festival-kulturen-amalgam-izlozhba-na-fotografii-od-nikola-jovanovik-i-proektsija-na-filmovi-od-sasha-stanishik-vo-skopje-kratovo-krushevo-i-bitola/ Mon, 15 Jul 2024 08:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=796890

Културно информативниoт центар – Скопје влегува во нова приказна. Овој пат во соработка со сродните културни центри од внатрешнста на Македонија. Се работи за патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ!

Во својата основа овој фестивал има за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка и градење на културна свест во различни средини низ различни градови. Соработката на Културно информативнит центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал треба да постави темел за понатамошно аплицирање на истиот и низ останатите градови низ Македонија, а по примерот на Скопје, Кратово, Крушево и Битола, кои се предвидени за ова прво издание на фестивалот.

КАЛЕНДАР:

Културно информативен центар – Скопје, Скопје
23 јули 2024

Дом на културата „Лазар Софијанов“, Кратово
27 јули 2024

Дом за култура „Наум Наумовски Борче“, Крушево
6 август 2024

Центар за култура – Битола, Битола
август 2024 (TBC)

ПРОГРАМА:

„24“ Изложба на фотографии од Никола Јовановиќ

Проекции на филмови од Саша Станишиќ:
- „Митот за Сара“
- „Мангава диско панк“
- „Долу од рајот“

(Локалната програма ќе биде збогатена до дополнителни содржини)

Никола Јовановиќ е млад фотограф роден во Скопје (2002), кој активно се бави фотографија веќе неколку години. Кон крајот на 2020-та година почнува активно да се бави со портретна и музичка фотографија. Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20-от век.

Саша Станишиќ е претставник на новата генерација на режисери од Македонија чиј фокус на интерес е сместен на локалните реалистични дискурси кои можат да се протегнат или аплицират по својата универзалност и на други делови од планетата, неговите партикуларни теми често во себе кријат општа човечка детерминанта. Во филмовите на Станишиќ свој одраз има и неговото претходно образование од книжевната компаративистка, која го збогатува неговиот наративен и интертекстуален пристап.

The post Прво издание на патувачкиот фестивал „Културен амалгам“: Изложба на фотографии од Никола Јовановиќ и проекција на филмови од Саша Станишиќ во Скопје, Кратово, Крушево и Битола appeared first on Република.

]]>

Културно информативниoт центар – Скопје влегува во нова приказна. Овој пат во соработка со сродните културни центри од внатрешнста на Македонија. Се работи за патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ!
Во својата основа овој фестивал има за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка и градење на културна свест во различни средини низ различни градови. Соработката на Културно информативнит центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал треба да постави темел за понатамошно аплицирање на истиот и низ останатите градови низ Македонија, а по примерот на Скопје, Кратово, Крушево и Битола, кои се предвидени за ова прво издание на фестивалот.
КАЛЕНДАР: Културно информативен центар – Скопје, Скопје 23 јули 2024 Дом на културата „Лазар Софијанов“, Кратово 27 јули 2024 Дом за култура „Наум Наумовски Борче“, Крушево 6 август 2024 Центар за култура – Битола, Битола август 2024 (TBC) ПРОГРАМА: „24“ Изложба на фотографии од Никола Јовановиќ Проекции на филмови од Саша Станишиќ: - „Митот за Сара“ - „Мангава диско панк“ - „Долу од рајот“ (Локалната програма ќе биде збогатена до дополнителни содржини) Никола Јовановиќ е млад фотограф роден во Скопје (2002), кој активно се бави фотографија веќе неколку години. Кон крајот на 2020-та година почнува активно да се бави со портретна и музичка фотографија. Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20-от век. Саша Станишиќ е претставник на новата генерација на режисери од Македонија чиј фокус на интерес е сместен на локалните реалистични дискурси кои можат да се протегнат или аплицират по својата универзалност и на други делови од планетата, неговите партикуларни теми често во себе кријат општа човечка детерминанта. Во филмовите на Станишиќ свој одраз има и неговото претходно образование од книжевната компаративистка, која го збогатува неговиот наративен и интертекстуален пристап.  