Кулеба Archives - Република https://republika.mk/tema/kuleba/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 15:02:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кулеба Archives - Република https://republika.mk/tema/kuleba/ 32 32 Кулеба пристигна во Пекинг на разговори за мир во Украина https://republika.mk/vesti/svet/kuleba-pristigna-vo-peking-na-razgovori-za-mir-vo-ukraina/ Tue, 23 Jul 2024 16:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=799597

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска пристигна во тридневна посета на Пекинг, каде со својот кинески колега Ванг Ји ќе разговара за изнаоѓањето начини за воспоставување мир во Украина.

Тој посочи дека се очекуваат опсежни, детални, содржајни разговори со Ванг Ји за патот кон праведен мир, пренесува Укринформ.

„Мораме да избегнеме конкуренција меѓу мировните планови. Многу е важно Киев и Пекинг да влезат во директен дијалог и размена на ставови“, нагласи Кулеба

The post Кулеба пристигна во Пекинг на разговори за мир во Украина appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска пристигна во тридневна посета на Пекинг, каде со својот кинески колега Ванг Ји ќе разговара за изнаоѓањето начини за воспоставување мир во Украина. Тој посочи дека се очекуваат опсежни, детални, содржајни разговори со Ванг Ји за патот кон праведен мир, пренесува Укринформ. „Мораме да избегнеме конкуренција меѓу мировните планови. Многу е важно Киев и Пекинг да влезат во директен дијалог и размена на ставови“, нагласи Кулеба

The post Кулеба пристигна во Пекинг на разговори за мир во Украина appeared first on Република.

]]>
Кулеба: Украина ќе го почитува изборот на словачкиот народ https://republika.mk/vesti/svet/kuleba-ukraina-ke-go-pochituva-izborot-na-slovachkiot-narod/ Mon, 02 Oct 2023 10:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=687056

Шефот на украинската дипломатија Украина, Дмитро Кулеба денеска по победата на популистичката партија Смер-социјалдемократија, која се противи на помошта за Киев, на парламентарните избори во Словачка, истакна дека Киев ќе „го почитува изборот на словачкиот народ“.

Го почитуваме изборот на словачкиот народ. Сепак, прерано е да се каже како резултатот од овие избори ќе влијае на позицијата на Словачка. Треба да почекаме да се формира коалицијата и потоа, откако ќе го видиме нејзиниот состав, ќе ги донесеме првите заклучоци, истакна Кулеба на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Европска Унија, што се одржува во Киев.

Партијата Смер-социјалдемократија, предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо, планира да ја прекине воената помош за Украина и ги критикува ЕУ и НАТО. Фицо, за време на изборна кампања, вети дека Словачка нема да испрати „ниту еден куршум“ во Киев и повика на подобри врски со Русија.

Словачка е меѓу земјите кои обезбедија најмногу помош за Украина

The post Кулеба: Украина ќе го почитува изборот на словачкиот народ appeared first on Република.

]]>

Шефот на украинската дипломатија Украина, Дмитро Кулеба денеска по победата на популистичката партија Смер-социјалдемократија, која се противи на помошта за Киев, на парламентарните избори во Словачка, истакна дека Киев ќе „го почитува изборот на словачкиот народ“.
Го почитуваме изборот на словачкиот народ. Сепак, прерано е да се каже како резултатот од овие избори ќе влијае на позицијата на Словачка. Треба да почекаме да се формира коалицијата и потоа, откако ќе го видиме нејзиниот состав, ќе ги донесеме првите заклучоци, истакна Кулеба на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Европска Унија, што се одржува во Киев.
Партијата Смер-социјалдемократија, предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо, планира да ја прекине воената помош за Украина и ги критикува ЕУ и НАТО. Фицо, за време на изборна кампања, вети дека Словачка нема да испрати „ниту еден куршум“ во Киев и повика на подобри врски со Русија. Словачка е меѓу земјите кои обезбедија најмногу помош за Украина

The post Кулеба: Украина ќе го почитува изборот на словачкиот народ appeared first on Република.

]]>
Кулеба: Членките на НАТО постигнаа консензус за отстранување на МАП од патот на Украина за членство https://republika.mk/vesti/svet/kuleba-chlenkite-na-nato-postignaa-konsenzus-za-otstranuvane-na-map-od-patot-na-ukraina-za-chlenstvo/ Mon, 10 Jul 2023 11:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=659697

НАТО одлучи да се откаже од барањето Украина да учествува во Акцискиот план за членство (МАП) кој ги поставува целите што треба да се постигнат пред да се приклучи на воената алијанса, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Шефот на украинската дипломатија еден ден пред самитот на НАТО рече дека таквиот потег ќе го скрати патот на Украина до членство во алијансата.

„По интензивни преговори, членките на НАТО постигнаа консензус за отстранување на МАП од патот на Украина за членство. Ја поздравувам оваа долгоочекувана одлука која ни го скратува патот кон НАТО“, напиша Кулеба на Твитер.

Лидерите на алијансата се состануваат во вторник и среда во литванскиот главен град Вилнус, каде што ќе се обидат да ги надминат поделбите околу обидот Украина да се приклучи на блокот.

Киев сака да добие јасна покана за членство во НАТО по завршувањето на руската војна против Украина и се надева дека дотогаш ќе добие безбедносни гаранции.

Рускиот претседател Владимир Путин го наведе проширувањето на НАТО кон руските граници во последните две децении како причина за неговата одлука да испрати десетици илјади војници во Украина на 24 февруари 2022 година.

Се поголем број членки на алијансата го поддржаа британскиот предлог пред самитот да му се дозволи на Киев да ја прескокне програмата МАП, која поставува политички, економски и воени цели за земјите кандидати да ги исполнат и кои другите источноевропски држави мораа да ги исполнат пред да се приклучат на НАТО.

Со таков потег, алијансата може да одговори на барањата да направи повеќе од декларацијата од самитот на НАТО во 2008 година, која ветуваше дека Украина на крајот ќе стане членка, но на Киев не му беше понудена вистинска покана или временска рамка.

„Тоа е, исто така, најдобриот момент да се понуди јасност во врска со поканата за Украина да стане членка“, напиша Кулеба на Твитер.

The post Кулеба: Членките на НАТО постигнаа консензус за отстранување на МАП од патот на Украина за членство appeared first on Република.

]]>

НАТО одлучи да се откаже од барањето Украина да учествува во Акцискиот план за членство (МАП) кој ги поставува целите што треба да се постигнат пред да се приклучи на воената алијанса, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Шефот на украинската дипломатија еден ден пред самитот на НАТО рече дека таквиот потег ќе го скрати патот на Украина до членство во алијансата.
„По интензивни преговори, членките на НАТО постигнаа консензус за отстранување на МАП од патот на Украина за членство. Ја поздравувам оваа долгоочекувана одлука која ни го скратува патот кон НАТО“, напиша Кулеба на Твитер.
Лидерите на алијансата се состануваат во вторник и среда во литванскиот главен град Вилнус, каде што ќе се обидат да ги надминат поделбите околу обидот Украина да се приклучи на блокот. Киев сака да добие јасна покана за членство во НАТО по завршувањето на руската војна против Украина и се надева дека дотогаш ќе добие безбедносни гаранции. Рускиот претседател Владимир Путин го наведе проширувањето на НАТО кон руските граници во последните две децении како причина за неговата одлука да испрати десетици илјади војници во Украина на 24 февруари 2022 година. Се поголем број членки на алијансата го поддржаа британскиот предлог пред самитот да му се дозволи на Киев да ја прескокне програмата МАП, која поставува политички, економски и воени цели за земјите кандидати да ги исполнат и кои другите источноевропски држави мораа да ги исполнат пред да се приклучат на НАТО. Со таков потег, алијансата може да одговори на барањата да направи повеќе од декларацијата од самитот на НАТО во 2008 година, која ветуваше дека Украина на крајот ќе стане членка, но на Киев не му беше понудена вистинска покана или временска рамка.
„Тоа е, исто така, најдобриот момент да се понуди јасност во врска со поканата за Украина да стане членка“, напиша Кулеба на Твитер.

The post Кулеба: Членките на НАТО постигнаа консензус за отстранување на МАП од патот на Украина за членство appeared first on Република.

]]>
Блинкен разговараше со Кулеба за економското закрепнување на Украина https://republika.mk/vesti/svet/blinken-razgovarashe-so-kuleba-za-ekonomskoto-zakrepnuvane-na-ukraina/ Tue, 20 Jun 2023 20:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=653507

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја нагласи американската поддршка за економското закрепнување на Украина и важноста од континуирана тесна соработка преку мултиагенциска платформа за координација на донатори.

„САД се посветени на соработка со приватниот сектор со цел да се модернизира и ревитализира Украина“, рече Блинкен за време на состанокот во Лондон со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на маргините на конференцијата за обнова на Украина.

Според Стејт департментот, тие разговарале за потребата Украина да продолжи со спроведувањето на реформите насочени кон воспоставување средина за инвестиции и одржлив економски раст.

The post Блинкен разговараше со Кулеба за економското закрепнување на Украина appeared first on Република.

Кулеба: Речиси 16.000 домаќинства без струја, ќе го вратиме снабдувањето https://republika.mk/vesti/svet/kuleba-rechisi-16-000-domakjinstva-bez-struja-kje-go-vratime-snabduvanjeto/ Wed, 02 Nov 2022 11:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=568739

Регионалниот гувернер на Киев, Олексиј Кулеба, објави дека 16.000 дома останале без струја, пишува „Гардијан“.

Во порака на „Телеграм“ им порача на граѓаните дека украинските „инженери веќе трет ден работат без престан“.

Во текот на денот ќе им го вратиме снабдувањето со електрична енергија на сите претплатници“, нагласи Кулеба.

The post Кулеба: Речиси 16.000 домаќинства без струја, ќе го вратиме снабдувањето appeared first on Република.

]]>

Регионалниот гувернер на Киев, Олексиј Кулеба, објави дека 16.000 дома останале без струја, пишува „Гардијан“. Во порака на „Телеграм“ им порача на граѓаните дека украинските „инженери веќе трет ден работат без престан“. Во текот на денот ќе им го вратиме снабдувањето со електрична енергија на сите претплатници“, нагласи Кулеба.

The post Кулеба: Речиси 16.000 домаќинства без струја, ќе го вратиме снабдувањето appeared first on Република.

]]>
Кулеба: Германија и Франција направија стратешка грешка и не дозволија Украина да влезе во НАТО https://republika.mk/vesti/svet/kuleba-germanija-i-francija-napravija-strateshka-greshka-i-ne-dozvolija-ukraina-da-vleze-vo-nato/ Sun, 10 Apr 2022 17:56:09 +0000 https://republika.mk/?p=486329

Да бевме членка на НАТО, оваа војна немаше да се случи, рече Кулеба во неделното утринско интервју за „Meet the Press“ на NBC.

Стратешката грешка што беше направена во 2008 година од Германија и Франција, кои ги отфрлија напорите на Соединетите Држави и другите сојузници да ја внесат Украина, е нешто за што сега плаќаме, рече Кулеба.

Не Германија или Франција ја плаќаат цената за оваа грешка, туку Украина, додаде тој.

The post Кулеба: Германија и Франција направија стратешка грешка и не дозволија Украина да влезе во НАТО appeared first on Република.

]]>

Да бевме членка на НАТО, оваа војна немаше да се случи, рече Кулеба во неделното утринско интервју за „Meet the Press“ на NBC.
Стратешката грешка што беше направена во 2008 година од Германија и Франција, кои ги отфрлија напорите на Соединетите Држави и другите сојузници да ја внесат Украина, е нешто за што сега плаќаме, рече Кулеба. Не Германија или Франција ја плаќаат цената за оваа грешка, туку Украина, додаде тој.

The post Кулеба: Германија и Франција направија стратешка грешка и не дозволија Украина да влезе во НАТО appeared first on Република.

]]>
Османи по средбата со Кулеба: Треба да направиме повеќе, не само за справување со последиците, туку и да го запреме ова лудило https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-po-sredbata-so-kuleba-treba-da-napravime-povekje-ne-samo-za-spravuvanje-so-posledicite-tuku-i-da-go-zapreme-ova-ludilo/ Fri, 08 Apr 2022 15:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=485447

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ, заедно со хомолозите од Полска, Збигњев Рау и од Шведска, Ан Линде, денес на полско-украинската граница остварија средба со нивниот колега од Украина, Дмитро Кулеба.

На средбата со Кулеба, беа дискутирани потребите на украинската страна за одбрана на својата земја, и помошта што меѓународната заедница треба да ја обезбеди на Украина за справување со последиците од војната.

Треба да направиме повеќе, не само за справување со последиците, туку и да го запреме ова лудило. Херојскиот отпор на украинскиот народ е за највисоко восхитување: додека ја бранат својата татковина, тие ги бранат и нашите заеднички вредности, нашите принципи, нашиот начин на живот, и наша должност е да им помогнеме на секој можен начин, истакна Османи на прес конференцијата после средбата со Кулеба.

Министрите го посетија и прифатниот центар за бегалци Млини во близина на граничниот премин Корчова, на полско-украинската граница. Како резултат на руската воена агресија, милиони граѓани на Украина беа принудени да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште пред се во соседните земји.

Сликите од кампови и бранови на беглаци се длабоко вознемирувачки, особено за нашиот регион каде се уште се свежи сеќавањата од војните во 90-тите година.“ нагласи Османи.

Министрите уште еднаш ја осудија неоправданата и неиспровоцираната руска воена инвазија врз една независна држава, спротивно на меѓународното право и основните документи на ОБСЕ. Воедно, укажаа и на неопходноста од почитување на меѓународното хуманитарно право и фундаменталните човекови права од страна на Руската Федерација.

Посетата на тројцата министри е дополнително уверување дека Украина ќе биде во фокусот на делувањето на ОБСЕ, и во таа насока ќе се искористат сите механизми на Организацијата за постигнување на мир, безбедност и трајна стабилност во земјата но и во целиот ОБСЕ регион.

The post Османи по средбата со Кулеба: Треба да направиме повеќе, не само за справување со последиците, туку и да го запреме ова лудило appeared first on Република.

Кулеба до НАТО: Дајте ни оружје, ние ќе ги жртвуваме нашите животи https://republika.mk/vesti/svet/kuleba-do-nato-dajte-ni-oruzje-nie-kje-gi-zrtvuvame-nashite-zivoti/ Thu, 07 Apr 2022 10:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=484668

Украина ќе продолжи да го притиска западот да воведе ембарго на руските нафта и гас, изјави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба пред денешното обраќање до 30-те членки на НАТО, додека Европската Унија вети петти пакет санкции за Русија до утре.

Ќе продолжиме да инсистираме на целосно ембарго на нафта и гас. Мислам дека договорот што го нуди Украина е фер: дајте ни оружје, ние ќе ги жртвуваме нашите животи, а војната ќе остане во рамките на Украина, изјави Кулеба.

Тој особено ја повика Германија да забрза со испораките на оружје во Украина, барајќи авиони, противвоздушни и антибродски системи, проектили и оклопни возила.

Има три точки во мојата агенда кога ќе разговарам со сојузниците; оружје, оружје и оружје. Не правиме разлика помеѓу дефанзивно и офанзивно оружје, секое оружје може да се искористи за одбрана на Украина, дециден е Кулеба.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Хосеп Борел, вчера призна дека од почетокот на инвазијата, Брисел ѝ платил 35 милијарди евра на Русија за енергенсите, а на Украина ѝ дал воена помош од само една милијарда евра. Руската компанија „Газпром“ потврди дека ќе продолжи со испораките на природниот гас во Европа, согласно барањата на муштериите.

The post Кулеба до НАТО: Дајте ни оружје, ние ќе ги жртвуваме нашите животи appeared first on Република.

Кулеба: Кина мора да одигра важна улога во изнаоѓањето решение за украинската војна https://republika.mk/vesti/svet/kuleba-kina-mora-da-odigra-vazna-uloga-vo-iznaogjanjeto-reshenie-za-ukrainskata-vojna/ Mon, 21 Mar 2022 19:28:33 +0000 https://republika.mk/?p=476284

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, ја повика Кина да одигра „важна улога“ во напорите за решавање на конфликтот во Украина.

Претходно, украинскиот преговарач и советник на претседателот Зеленски, Михаил Подољак, ја повика Кина да му се придружи на Западот во осудата на „руското варварство“.

Новите повици доаѓаат откако американскиот претседател Џо Бајден два часа разговараше со кинескиот лидер Си Џинпинг.

The post Кулеба: Кина мора да одигра важна улога во изнаоѓањето решение за украинската војна appeared first on Република.

]]>

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, ја повика Кина да одигра „важна улога“ во напорите за решавање на конфликтот во Украина. Претходно, украинскиот преговарач и советник на претседателот Зеленски, Михаил Подољак, ја повика Кина да му се придружи на Западот во осудата на „руското варварство“. Новите повици доаѓаат откако американскиот претседател Џо Бајден два часа разговараше со кинескиот лидер Си Џинпинг.

The post Кулеба: Кина мора да одигра важна улога во изнаоѓањето решение за украинската војна appeared first on Република.

]]>
Кулеба: Русите киднапираа уште еден украински градоначалник https://republika.mk/vesti/svet/kuleba-rusite-kidnapiraa-ushte-eden-ukrainski-gradonachalnik/ Sun, 13 Mar 2022 12:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=472092

Руските сили го киднапираа градоначалникот на јужниот град Дњепрорудне, Јехвен Метвејев, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

Кулеба рече дека Метвеј бил киднапиран од „руски воени злосторници“.

Напаѓачите не добиваат никаква локална поддршка, па се свртуваат кон терор. Ги повикувам сите држави и меѓународни организации да го запрат рускиот терор врз Украина и демократијата, напиша Кулеба на Твитер.

Ова е втор украински градоначалник за кој украинските власти тврдат дека бил киднапиран од руските сили. Во петокот беше киднапиран градоначалникот на Мелитопол Иван Федоров.

Киднапирањето на Федоров предизвика протести на локалните жители кои извикуваа „ослободете го градоначалникот“.

Локална телевизија синоќа соопшти дека Галина Данилченко, поранешна членка на советот на градот е нова градоначалничка на Мелитопол.

Данилченко ги повика жителите да не учествуваат во, како што рече, „екстремистички акции“.

Во градот е најавен полициски час, а протести се забранети

The post Кулеба: Русите киднапираа уште еден украински градоначалник appeared first on Република.

]]>

Руските сили го киднапираа градоначалникот на јужниот град Дњепрорудне, Јехвен Метвејев, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба. Кулеба рече дека Метвеј бил киднапиран од „руски воени злосторници“.
Напаѓачите не добиваат никаква локална поддршка, па се свртуваат кон терор. Ги повикувам сите држави и меѓународни организации да го запрат рускиот терор врз Украина и демократијата, напиша Кулеба на Твитер.
Ова е втор украински градоначалник за кој украинските власти тврдат дека бил киднапиран од руските сили. Во петокот беше киднапиран градоначалникот на Мелитопол Иван Федоров. Киднапирањето на Федоров предизвика протести на локалните жители кои извикуваа „ослободете го градоначалникот“. Локална телевизија синоќа соопшти дека Галина Данилченко, поранешна членка на советот на градот е нова градоначалничка на Мелитопол. Данилченко ги повика жителите да не учествуваат во, како што рече, „екстремистички акции“. Во градот е најавен полициски час, а протести се забранети

The post Кулеба: Русите киднапираа уште еден украински градоначалник appeared first on Република.

]]>
Кулеба: Да го запреме Путин додека не ја уништил цела Европа https://republika.mk/vesti/svet/kuleba-da-go-zapreme-putin-dodeka-ne-ja-unishtil-cela-evropa/ Thu, 10 Mar 2022 11:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=470605

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во својот авторски текст за германскиот весник „Ди Велт“ ја предупредува Германија „да не преземе голема историска вина по втор пат“.

Текстот, чиј превод го испрати Украинската амбасада во Скопје, го пренесуваме во целост:

Завчера во опколениот Мариупол почина шест годишната Тања… од дехидрација! Дете. Која не ни видела живот. Таа едноставно немала што да пие, бидејќи руските напаѓачи го држеле градот без храна, вода, греење и струја повеќе од девет дена, а не ги пуштија хуманитарните камиони од Украина. Детето почина. Детето не беше митски „неонацист“ или војник на НАТО од руските ТВ емисии. Зошто згасна младиот украински живот, како и уште најмалку 38 детски животи прекинати заради Русите? Какво ѓаволско зло се појави на нашата планета што е способно да изврши такви ѕверства?

Војната од големи размери на Русија против Украина трае речиси две недели. Руските трупи продолжуваат да вршат варварски воени злосторства и злосторства против човештвото во размери кои Европа не ги видела од Втората светска војна. Тие бомбардираат станбени области во градовите со воздушни бомби од 500 килограми, лансираат крстосувачки ракети врз цивилната критична инфраструктура и спречуваат евакуација на луѓето од опколените градови. Украинците со денови не можат да излезат од подрумите поради гранатирање и закана од убиство. Пресретнавме многу повици на руски војници од Украина. Тие им се јавуваат на своите сопруги, им кажуваат како се пука во цивили и ветуваат дека ќе донесат дома сосема нов телевизор во дневната соба и блендер во кујната, украдени од украинските продавници.

Сето ова е само стоти дел од тагата, солзите и крвта низ кои Украина минува речиси две недели како еден долг и страшен сон. И сето тоа се случува поради бесмислената, неиспровоцираната агресија на Руската Федерација, заснована на слепата омраза на Путин кон Украинците и на ништо повеќе.

Претпоставувам страшно ви е кога го читате ова. Но, за сето ова ве предупредивме претходно. Побаравме оружје, а како одговор слушнавме приказни за „историска одговорност“, која поради некоја причина се однесуваше на Русите, но не и на Украинците. Побаравме да не се гради Северен поток 2. Но, вие рековте дека тоа е чисто „комерцијален“ проект. Предупредивме дека Путин е зло од такви размери какви светот не видел осумдесет години. Побаравме да не се повторуваат грешките од минатото и да го запреме пред катастрофата. Вие не ни верувавте и инсистиравте на важноста на дијалогот со Путин. Он може да не лаже нас, Украинците, но не и вас, Германците – си помисливте вие.

А потоа вие сами ги признавте грешките. Сега веќе ни давате оружје, го уништивте рускиот гасовод и ги поддржавте првите сериозни санкции. Па, зошто ова не можеше да се направи веднаш штом од вас беше побарано да го направите тоа? Дали навистина требаше да дочекаме кога украинските деца ќе умрат од дехидрација и страшни воздушни бомби?

Каква е таа германска политика? Која е нејзината суштина, логика, реализам, прагматизам? Зарем цената за тоа нечии очи да се отворат во Германија е засекогаш да се затворат нечии во Украина?

Ве замолувам. Отворете ги очите. Несомнено, Хитлер бил уникатно зло. Но, такви размери на омраза, уништување и тага што Путин веќе ни ги нанесува, Украина и Европа не виделе од 1940-тите години. Вие како никој друг треба да знаете дека во ваква ситуација секој час доцнење и сомнеж вреди животи и уште поголема катастрофа.

На Украина и треба помош. Дајте ни повеќе оружје за да можеме да се браниме. Помогнете ни да го заштитиме нашето небо, помогнете ни да обезбедиме борбени авиони, да обезбедиме посериозно противтенковско, противвоздушно и противракетно оружје. Воведете уште построги санкции против Русија, вклучително и откажување од руските енергетски носители, исклучување на Сбербанк од SWIFT, замрзнување на кореспондентски сметки на руски банки и компании, забрана за влез на руски бродови во европските пристаништа.

На Украина и е потребен постојан јавен притисок врз Русија од страна на нашите партнери, вклучително со барање да се стави крај на воените злосторства и да се дозволат хуманитарни коридори за спасување на цивилите. Денес, на Европа и требаат големи, историски одлуки. Овие одлуки ќе бидат во интерес и на Украина и на Европа, на која не и треба војна, но за чија безбедност и просперитет е потребна европска Украина.

Благодарни сме за веќе донесените одлуки во текот на овие две недели. Гледаме дека Германија го промени својот пристап. Германија презеде голем број тешки чекори, иако трагично задоцнети. Но, Путин не запира. Невините украински мажи, жени и деца продолжуваат да умираат. Мора да има повеќе одлуки. Но, главно е дека тие мора да бидат проактивни, мора да бидат итни. Конечно, слушнете ја Украина и дејствувајте додека не сме починале и Путин не тргнал понатаму! Мора да го запреме овој варварин сега додека не ја уништил цела Европа.

Јас, министерот за надворешни работи на земја која се бори за своето право да постои, веќе не можам мирно да слушам дека на Германија и треба повеќе време за да донесе одлуки за предавање на оружје, скептично гледа на пристапувањето на Украина во Европската унија, воздржано се однесува кон создавање на нови моќни, а не номинални санкции против Русија.

Можеби ќе ви се чини дека веќе сте направиле подвиг со донесување на голем број важни одлуки. Но, додека луѓето умираат во европска Украина, вие направивте премалку. Тоа време дојде: или Германија ќе стане лидер во помагањето на Украина и потиснувањето на руското зло, или Германија ќе има уште една историска одговорност за изгубените животи и уништените градови.

The post Кулеба: Да го запреме Путин додека не ја уништил цела Европа appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во својот авторски текст за германскиот весник „Ди Велт“ ја предупредува Германија „да не преземе голема историска вина по втор пат“.
Текстот, чиј превод го испрати Украинската амбасада во Скопје, го пренесуваме во целост:
Завчера во опколениот Мариупол почина шест годишната Тања… од дехидрација! Дете. Која не ни видела живот. Таа едноставно немала што да пие, бидејќи руските напаѓачи го држеле градот без храна, вода, греење и струја повеќе од девет дена, а не ги пуштија хуманитарните камиони од Украина. Детето почина. Детето не беше митски „неонацист“ или војник на НАТО од руските ТВ емисии. Зошто згасна младиот украински живот, како и уште најмалку 38 детски животи прекинати заради Русите? Какво ѓаволско зло се појави на нашата планета што е способно да изврши такви ѕверства? Војната од големи размери на Русија против Украина трае речиси две недели. Руските трупи продолжуваат да вршат варварски воени злосторства и злосторства против човештвото во размери кои Европа не ги видела од Втората светска војна. Тие бомбардираат станбени области во градовите со воздушни бомби од 500 килограми, лансираат крстосувачки ракети врз цивилната критична инфраструктура и спречуваат евакуација на луѓето од опколените градови. Украинците со денови не можат да излезат од подрумите поради гранатирање и закана од убиство. Пресретнавме многу повици на руски војници од Украина. Тие им се јавуваат на своите сопруги, им кажуваат како се пука во цивили и ветуваат дека ќе донесат дома сосема нов телевизор во дневната соба и блендер во кујната, украдени од украинските продавници. Сето ова е само стоти дел од тагата, солзите и крвта низ кои Украина минува речиси две недели како еден долг и страшен сон. И сето тоа се случува поради бесмислената, неиспровоцираната агресија на Руската Федерација, заснована на слепата омраза на Путин кон Украинците и на ништо повеќе. Претпоставувам страшно ви е кога го читате ова. Но, за сето ова ве предупредивме претходно. Побаравме оружје, а како одговор слушнавме приказни за „историска одговорност“, која поради некоја причина се однесуваше на Русите, но не и на Украинците. Побаравме да не се гради Северен поток 2. Но, вие рековте дека тоа е чисто „комерцијален“ проект. Предупредивме дека Путин е зло од такви размери какви светот не видел осумдесет години. Побаравме да не се повторуваат грешките од минатото и да го запреме пред катастрофата. Вие не ни верувавте и инсистиравте на важноста на дијалогот со Путин. Он може да не лаже нас, Украинците, но не и вас, Германците – си помисливте вие. А потоа вие сами ги признавте грешките. Сега веќе ни давате оружје, го уништивте рускиот гасовод и ги поддржавте првите сериозни санкции. Па, зошто ова не можеше да се направи веднаш штом од вас беше побарано да го направите тоа? Дали навистина требаше да дочекаме кога украинските деца ќе умрат од дехидрација и страшни воздушни бомби? Каква е таа германска политика? Која е нејзината суштина, логика, реализам, прагматизам? Зарем цената за тоа нечии очи да се отворат во Германија е засекогаш да се затворат нечии во Украина? Ве замолувам. Отворете ги очите. Несомнено, Хитлер бил уникатно зло. Но, такви размери на омраза, уништување и тага што Путин веќе ни ги нанесува, Украина и Европа не виделе од 1940-тите години. Вие како никој друг треба да знаете дека во ваква ситуација секој час доцнење и сомнеж вреди животи и уште поголема катастрофа. На Украина и треба помош. Дајте ни повеќе оружје за да можеме да се браниме. Помогнете ни да го заштитиме нашето небо, помогнете ни да обезбедиме борбени авиони, да обезбедиме посериозно противтенковско, противвоздушно и противракетно оружје. Воведете уште построги санкции против Русија, вклучително и откажување од руските енергетски носители, исклучување на Сбербанк од SWIFT, замрзнување на кореспондентски сметки на руски банки и компании, забрана за влез на руски бродови во европските пристаништа. На Украина и е потребен постојан јавен притисок врз Русија од страна на нашите партнери, вклучително со барање да се стави крај на воените злосторства и да се дозволат хуманитарни коридори за спасување на цивилите. Денес, на Европа и требаат големи, историски одлуки. Овие одлуки ќе бидат во интерес и на Украина и на Европа, на која не и треба војна, но за чија безбедност и просперитет е потребна европска Украина. Благодарни сме за веќе донесените одлуки во текот на овие две недели. Гледаме дека Германија го промени својот пристап. Германија презеде голем број тешки чекори, иако трагично задоцнети. Но, Путин не запира. Невините украински мажи, жени и деца продолжуваат да умираат. Мора да има повеќе одлуки. Но, главно е дека тие мора да бидат проактивни, мора да бидат итни. Конечно, слушнете ја Украина и дејствувајте додека не сме починале и Путин не тргнал понатаму! Мора да го запреме овој варварин сега додека не ја уништил цела Европа. Јас, министерот за надворешни работи на земја која се бори за своето право да постои, веќе не можам мирно да слушам дека на Германија и треба повеќе време за да донесе одлуки за предавање на оружје, скептично гледа на пристапувањето на Украина во Европската унија, воздржано се однесува кон создавање на нови моќни, а не номинални санкции против Русија. Можеби ќе ви се чини дека веќе сте направиле подвиг со донесување на голем број важни одлуки. Но, додека луѓето умираат во европска Украина, вие направивте премалку. Тоа време дојде: или Германија ќе стане лидер во помагањето на Украина и потиснувањето на руското зло, или Германија ќе има уште една историска одговорност за изгубените животи и уништените градови.

The post Кулеба: Да го запреме Путин додека не ја уништил цела Европа appeared first on Република.

]]>
Во Анталија започна средбата на министрите за надворешни работи на Русија и Украина https://republika.mk/vesti/svet/vo-antalija-zapochna-sredbata-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-rusija-i-ukraina/ Thu, 10 Mar 2022 09:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=470459

По почетокот на војната, министрите за надворешни работи на Русија и Украина за првпат ќе седнат на маса во Анталија, на повик на Турција. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и шефот на украинската дипломатија Дмитри Кулеба чекаат чекор што ќе ја запре драмата во Украина на средбата.

Министерот Чавушоглу и украинскиот министер за надворешни работи Кулеба се сретнаа пред трилатералната средба. Министерот Чавушоглу ја објави средбата на својот профил на социјалните мрежи.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе се сретне со руските и украинските колеги во 11:00 часот на Форумот за дипломатија во Анталија во трипартитен формат. Под строги безбедносни мерки во раните утрински часови во салата беа однесени 334 локални и странски новинари кои ќе го следат самитот.

Додека војната меѓу Русија и Украина продолжува на својот 15-ти ден, се врши интензивен дипломатски притисок за прогласување прекин на огнот и мир.

The post Во Анталија започна средбата на министрите за надворешни работи на Русија и Украина appeared first on Република.

]]>

По почетокот на војната, министрите за надворешни работи на Русија и Украина за првпат ќе седнат на маса во Анталија, на повик на Турција. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и шефот на украинската дипломатија Дмитри Кулеба чекаат чекор што ќе ја запре драмата во Украина на средбата. Министерот Чавушоглу и украинскиот министер за надворешни работи Кулеба се сретнаа пред трилатералната средба. Министерот Чавушоглу ја објави средбата на својот профил на социјалните мрежи. Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе се сретне со руските и украинските колеги во 11:00 часот на Форумот за дипломатија во Анталија во трипартитен формат. Под строги безбедносни мерки во раните утрински часови во салата беа однесени 334 локални и странски новинари кои ќе го следат самитот. Додека војната меѓу Русија и Украина продолжува на својот 15-ти ден, се врши интензивен дипломатски притисок за прогласување прекин на огнот и мир.

The post Во Анталија започна средбата на министрите за надворешни работи на Русија и Украина appeared first on Република.

]]>
Лавров патува за Турција каде ќе се сретне со својот украински колега, Кулеба https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-patuva-za-turcija-kade-kje-se-sretne-so-svojot-ukrainski-kolega-kuleba/ Wed, 09 Mar 2022 07:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=469877

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот украински колега Дмитриј Кулеба ќе се сретнат во Турција, потврди руското Министерство за надворешни работи.

Ова ќе биде прва средба меѓу двајцата од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, пишува Си-Ен-Ен.

Лавров оди на меѓународен дипломатски форум во Анталија, а таму се планира неговиот контакт со Кулеб, изјави утрово портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, а јави руската државна новинска агенција РИА Новости.

Средбата ја предложи турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Засега е најавено дека средбата ќе се одржи на 10 март, додека дипломатскиот форум е закажан за 11 март.

Мировните преговори меѓу Русија и Украина досега се покажаа како предизвик, а конкретен договор се уште не е постигнат.

The post Лавров патува за Турција каде ќе се сретне со својот украински колега, Кулеба appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот украински колега Дмитриј Кулеба ќе се сретнат во Турција, потврди руското Министерство за надворешни работи. Ова ќе биде прва средба меѓу двајцата од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, пишува Си-Ен-Ен. Лавров оди на меѓународен дипломатски форум во Анталија, а таму се планира неговиот контакт со Кулеб, изјави утрово портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, а јави руската државна новинска агенција РИА Новости. Средбата ја предложи турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Засега е најавено дека средбата ќе се одржи на 10 март, додека дипломатскиот форум е закажан за 11 март. Мировните преговори меѓу Русија и Украина досега се покажаа како предизвик, а конкретен договор се уште не е постигнат.

The post Лавров патува за Турција каде ќе се сретне со својот украински колега, Кулеба appeared first on Република.

]]>