кукуш Archives - Република https://republika.mk/tema/kukush/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Feb 2023 12:18:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кукуш Archives - Република https://republika.mk/tema/kukush/ 32 32 Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис https://republika.mk/vesti/balkan/vo-grtsija-uapsen-makedonski-drzhavjanin-so-45-kilogrami-kanabis/ Fri, 10 Feb 2023 12:18:29 +0000 https://republika.mk/?p=607371

Во полициска акција во близина на грчкиот град Кукуш (Килкис) уапсени бил 27-годишен државјанин на Македонија под обвинение дека во автомобилот пренесувал 45 килограми канабис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, уапсениот првично не застанал на знаците на полицијата, се обидел да побегне, зголемувајќи ја брзината и во обид да заврти полукружно удрил во друг автомобил.

Во автомобилот на 27-годишниот македонски државјанин биле пронајдени две торби со 40 пакувања канабис со вкупна тежина од 45 килограми и два грама.

The post Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис appeared first on Република.

]]>

Во полициска акција во близина на грчкиот град Кукуш (Килкис) уапсени бил 27-годишен државјанин на Македонија под обвинение дека во автомобилот пренесувал 45 килограми канабис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации, уапсениот првично не застанал на знаците на полицијата, се обидел да побегне, зголемувајќи ја брзината и во обид да заврти полукружно удрил во друг автомобил. Во автомобилот на 27-годишниот македонски државјанин биле пронајдени две торби со 40 пакувања канабис со вкупна тежина од 45 килограми и два грама.

The post Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис appeared first on Република.

]]>
Смилев: Грците не нѐ чепнаа, но нашите уште примерок од урина што не ни побараа на граница https://republika.mk/vesti/makedonija/smilev-grtsite-ne-n-chepnaa-no-nashite-ushte-primerok-od-urina-shto-ne-ni-pobaraa-na-granitsa/ Sat, 04 Feb 2023 10:28:34 +0000 https://republika.mk/?p=604711

Официјална делегација на Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев, вчера го посети градот Кукуш (Егејска Македонија) – родното место на апостолот на македонското револуционерно движење и положија цвеќе на местото каде се претпоставува дека некогаш се наоѓала родната куќа на Гоце Делчев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/levitsa-vo-kukush-nema-rodendeni-so-premolcheni-mesta-na-ragane/

Во денешната објава на својот профил, еден од делагатите и член на Централниот комитет на партијата, Игор Смилев, со своја изјава ја опишува ситуацијата на граничниот премин.

Ме прашуваат дали сме имале проблеми со Грците на граница или во Кукуш...неее, каменот од блиску доаѓа нели...со нашите на граница имавме проблеми- целосен претрес, фенерчиња, ентериерно и партерно уредување на возилото...уште примерок од урина не дадовме...ама и ние упорни ѕвериња - упорно чисти, ништо не носевме, освен остатоци од кафе, кифли и сликата од Гоце која безбедно се врати во Републиката.
П.С. Да бидам искрен, и не очекував црвен тепих да ни постелат, оти тој денес им е капарисан за постилање пред СВ. Спас, пишува тој.

The post Смилев: Грците не нѐ чепнаа, но нашите уште примерок од урина што не ни побараа на граница appeared first on Република.

]]>

Официјална делегација на Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев, вчера го посети градот Кукуш (Егејска Македонија) – родното место на апостолот на македонското револуционерно движење и положија цвеќе на местото каде се претпоставува дека некогаш се наоѓала родната куќа на Гоце Делчев. https://republika.mk/vesti/makedonija/levitsa-vo-kukush-nema-rodendeni-so-premolcheni-mesta-na-ragane/ Во денешната објава на својот профил, еден од делагатите и член на Централниот комитет на партијата, Игор Смилев, со своја изјава ја опишува ситуацијата на граничниот премин.
Ме прашуваат дали сме имале проблеми со Грците на граница или во Кукуш...неее, каменот од блиску доаѓа нели...со нашите на граница имавме проблеми- целосен претрес, фенерчиња, ентериерно и партерно уредување на возилото...уште примерок од урина не дадовме...ама и ние упорни ѕвериња - упорно чисти, ништо не носевме, освен остатоци од кафе, кифли и сликата од Гоце која безбедно се врати во Републиката. П.С. Да бидам искрен, и не очекував црвен тепих да ни постелат, оти тој денес им е капарисан за постилање пред СВ. Спас, пишува тој.

The post Смилев: Грците не нѐ чепнаа, но нашите уште примерок од урина што не ни побараа на граница appeared first on Република.

]]>
Левица во Кукуш: Нема родендени со премолчени места на раѓање! https://republika.mk/vesti/makedonija/levitsa-vo-kukush-nema-rodendeni-so-premolcheni-mesta-na-ragane/ Fri, 03 Feb 2023 19:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=604484

Во пресрет на 4-ти февруари, денот на раѓањето на таткото на македонската нација - Гоце Делчев, официјална делегација на Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев, за првпат во политичката историја на независна Мекедонија, го посети градот Кукуш (Егејска Македонија) – родното место на овој апостол на македонското револуционерно движење, соопштија од партијата.

Делегацијата составена од членови на Централниот комитет на Левица оддаде почит, положи свежо цвеќе и одржа „пригодна беседа, во знак на незаборав и непокор на македонската кауза“, во стариот дел на градот, каде што се претпоставува дека некогаш се наоѓала родната куќа на Делчев.

Нема родендени со премолчени места на раѓање!
Нема родендени со наведнати глави!
Нема родендени со страв од името на Славеникот!
И досега можеа да дојдат овде Учителе, во твоето родно место, во Кукуш – градот на Делчев и на Влахов, ама се плашеа од твојот прекор, оти си ги продадоа душите, ја запустија земјата и се одрекоа од себе си.
Македонија денес е оваа нова освестена генерација предводена од Левица, составена од млади и борбени луѓе, кои на Твојот роденден во Твојот роден Кукуш го носи крикот на обесправените, понижените и негираните! Ама, го носиме и заветот кој извира од утробата на Македонија – дека не е доцна да се исправиме и да си ја сетиме силата.
Додека националните изроди коленичат пред амбасадите во Скопје, ние – здружени во Левица – го следиме Твојот пат! Одлучно тргнавме по патеката на правдата, националното достоинство и надежта на обесправените – пат кој единствено води до светот како поле за културен натпревар меѓу народите.
Тргнавме лево, почитувајќи ја народната волја, и стигнавме до колевката на Македонското револуционерно движење.
Среќен ти роденден, Учителе!, порачаа од Левица.

The post Левица во Кукуш: Нема родендени со премолчени места на раѓање! appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 4-ти февруари, денот на раѓањето на таткото на македонската нација - Гоце Делчев, официјална делегација на Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев, за првпат во политичката историја на независна Мекедонија, го посети градот Кукуш (Егејска Македонија) – родното место на овој апостол на македонското револуционерно движење, соопштија од партијата. Делегацијата составена од членови на Централниот комитет на Левица оддаде почит, положи свежо цвеќе и одржа „пригодна беседа, во знак на незаборав и непокор на македонската кауза“, во стариот дел на градот, каде што се претпоставува дека некогаш се наоѓала родната куќа на Делчев.
Нема родендени со премолчени места на раѓање! Нема родендени со наведнати глави! Нема родендени со страв од името на Славеникот! И досега можеа да дојдат овде Учителе, во твоето родно место, во Кукуш – градот на Делчев и на Влахов, ама се плашеа од твојот прекор, оти си ги продадоа душите, ја запустија земјата и се одрекоа од себе си. Македонија денес е оваа нова освестена генерација предводена од Левица, составена од млади и борбени луѓе, кои на Твојот роденден во Твојот роден Кукуш го носи крикот на обесправените, понижените и негираните! Ама, го носиме и заветот кој извира од утробата на Македонија – дека не е доцна да се исправиме и да си ја сетиме силата. Додека националните изроди коленичат пред амбасадите во Скопје, ние – здружени во Левица – го следиме Твојот пат! Одлучно тргнавме по патеката на правдата, националното достоинство и надежта на обесправените – пат кој единствено води до светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Тргнавме лево, почитувајќи ја народната волја, и стигнавме до колевката на Македонското револуционерно движење. Среќен ти роденден, Учителе!, порачаа од Левица.

The post Левица во Кукуш: Нема родендени со премолчени места на раѓање! appeared first on Република.

]]>
Николоски бара спомен куќа на Гоце Делчев во родниот Кукуш https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-bara-spomen-kuka-na-gotse-delchev-vo-rodniot-kukush/ Fri, 03 Feb 2023 10:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=604219

Предлагам македонската Влада да поднесе иницијатива до грчката Влада во која ќе побара во Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев која ќе е своевиден музеј, ќе говори за ликот и делото на Гоце како и за неговото семејство и родниот Кукуш во кој пораснал.

Тоа ќе биде и мост за пријателство имајќи ги предвид космополитските идеи и сфаќања на Делчев кои биле далеку пред времето во кое живеел. Една таква спомен куќа ќе биде и достојно признание за неговото дело, бара Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку тие не го направат нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе го направи ова. Затоа што со дела се бранат националните фигури како и самобитноста на македонскиот јазик и македонскиот народ. Не со прифаќање на секоја уцена, не со веднење и виткање на кичмата, туку гордо во промоција на националните и државни херои кои ја изградија и развија идејата за независна Македонија. Еден ваков предлог треба да биде презентиран и во Брисел. Убеден сум дека ЕУ ќе даде поддршка на идејата достојно да се одбележи местото на раѓање на великанот на револуционерната борба и човекот кој бил носител на идеи слични на оние кои Француската револуција ги разнесе низ западна Европа за еднаквост, братство и слобода на кои се темели и денешната Европска Унија, а на која Грција е член, а Македонија еден ден ќе биде член.

The post Николоски бара спомен куќа на Гоце Делчев во родниот Кукуш appeared first on Република.

]]>

Предлагам македонската Влада да поднесе иницијатива до грчката Влада во која ќе побара во Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев која ќе е своевиден музеј, ќе говори за ликот и делото на Гоце како и за неговото семејство и родниот Кукуш во кој пораснал. Тоа ќе биде и мост за пријателство имајќи ги предвид космополитските идеи и сфаќања на Делчев кои биле далеку пред времето во кое живеел. Една таква спомен куќа ќе биде и достојно признание за неговото дело, бара Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку тие не го направат нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе го направи ова. Затоа што со дела се бранат националните фигури како и самобитноста на македонскиот јазик и македонскиот народ. Не со прифаќање на секоја уцена, не со веднење и виткање на кичмата, туку гордо во промоција на националните и државни херои кои ја изградија и развија идејата за независна Македонија. Еден ваков предлог треба да биде презентиран и во Брисел. Убеден сум дека ЕУ ќе даде поддршка на идејата достојно да се одбележи местото на раѓање на великанот на револуционерната борба и човекот кој бил носител на идеи слични на оние кои Француската револуција ги разнесе низ западна Европа за еднаквост, братство и слобода на кои се темели и денешната Европска Унија, а на која Грција е член, а Македонија еден ден ќе биде член.

The post Николоски бара спомен куќа на Гоце Делчев во родниот Кукуш appeared first on Република.

]]>
Македонци му оддадоа почит на Гоце Делчев во неговиот роден Кукуш https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonci-mu-oddadoa-pochit-na-goce-delchev-vo-negoviot-roden-kukush/ Fri, 04 Feb 2022 17:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=454326

Здружението на граѓани Нов АСНОМ заедно со Млади на Македонија денеска му оддадоа почит на македонскиот револуционерен деец Гоце Делчев во неговиот роден Кукуш во Егејска Македонија.

Денеска, на 150 годишнината на денот на раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев овде во Кукуш, македонската нација стои исправена со слични ако не и исти предизвици кои ги имаше Гоце. Гоце се бореше за Македонија на Македонците — ние ја немаме Република Македонија, Гоце го разбираше светот како културно поле за натпревар на народите — денеска во дел од Европската Унија основните човекови права на Македонците да го изучуваат својот јазик, да се собираат во културни, религиозни и политички движења им се скратува а серијата на пресуди за кршењето на нивните права пред судот за Човекови права во Стразбург се игнорира, а ЕК не го спроведува занонот на ЕУ и не ги казнува членките на ЕУ кои го кршат основното човеково право на Македонците во ЕУ. Уште полошо, денеска политичката волја на македонскиот народ изразена на референдумот од 8 Септември 1991 и 30 септември 2018 не се почитува и неговото основно право на самоопределување не се почитува. Затоа ја немаме Република Македонија .Ние од НовАсном заедно со Млади на Македонија се обрзуваме да го следиме патот на Гоце Делчев и да се избориме за нашите основни човекови права и правото на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите Нации. Од патот што го трасира Гоце не се откажуваме и ги повикуваме сите патриоти да ни се придружат во нашата борба за да повторно бидеме победници. Слава му на Гоце, порачаа од Нов АСНОМ.

https://youtu.be/5yhC1eFIvEg

The post Македонци му оддадоа почит на Гоце Делчев во неговиот роден Кукуш appeared first on Република.